Страници: 1 2 [3]   Оди долу
  Отштампај  
Автор Тема: Проблем со LED телевизор Samsung LE40M91BX/XEC  (Прочитана 2847 пати)
0 Члена и 1 Гостин ја гледаат оваа тема.
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #30 пратена : 07 Мај 2017, 18:22:18 »

Со TL866A. Се исплатеше секој денар што го дадов за него, буквално никаде не ме оставил висејќи. Дури на еден наврат успеав да испрограмирам и EC од еден лаптоп со него, оној фајлот од 128KB, нормално, со некое твикче Шмекерко



Ако мене некој ме прашува, ова е алатка која мора секој електроничар да ја поседува, со СИТЕ адаптери и обавезно А верзијата, не CS, А верзијата поддржува ICSP, што знае да биде многу корисно. Најдобрата работа е што не мора фајлот да биде .BIN или .ROM. Ако сака човек може и .JPEG да стави, софтверот и програматорот нема да прават проблем, што ќе му дадеш тоа ќе испрограмира. Корисно во случаи каде на пример биосите од ПЦ и лаптопи се да речеме .F11 екстензија.

П.С. ви текнува на километражите во БМВ возилата? Се користел "специјален програматор" за нив, CarProg, пффффф




Наредно во план ми е да го набавам и ова чудо, со сите постоечки адаптери за него. Којзнае колку лаптопи отишле во вечните ловишта заради немање соодветна опрема.
Код:
http://shop.svod-project.com/index.php?route=product/product&path=60&product_id=52
« Последна промена: 07 Мај 2017, 18:30:16 од Danielco » Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #31 пратена : 08 Мај 2017, 05:26:39 »

Хммм... добра информација Шмекерко. Баш го побарав на ebay, не е прескап, а поддржува голем range на EEPROM-и и FLASH мемории Шмекерко. Дефинитивно ќе ми биде наредно на листа за купување Шмекерко.

Јас од ebay начекав еден џабелеску програматор CH341A Programmer (базиран е на тој LPT/COM Converter Chip, од таму и му доаѓа името). Програмира само 24/25/26 серии на EEPROM-и и FLASH мемории, ама само за тоа и ми требаше. Да бидам искрен, до сега солидно си ја врши работата. Баш сакав да отворам тема за него, односот цена/квалитет е одлична Шмекерко. Мислам дека чинеше 2.нешто долари. За таа пара и опциите што ги нуди е повеќе од одличен Зеленко.

Најдобрата работа е што не мора фајлот да биде .BIN или .ROM. Ако сака човек може и .JPEG да стави, софтверот и програматорот нема да прават проблем, што ќе му дадеш тоа ќе испрограмира. Корисно во случаи каде на пример биосите од ПЦ и лаптопи се да речеме .F11 екстензија.

Не се ослонувај многу на ова. Јас не би запишал со програматор BIOS Update фајл на EEPROM/FLASH. Да, тоа е истиот BIOS, ама распоредот на блоковите во фајлот и она што е запишано во меморијата може да е различно. Ако си забележал, при класичен BIOS Update, не се пребришуваат баш сите блокови од BIOS-от... што значи дека и распоредот на блоковите во овој BIOS Update фајл може да е различен од оној кој лежи во меморискиот чип. Ова најлесно може да го провериш со binary compare на BIOS Update фајлот и Dump од меморискиот чип. Јас баш сум проверувал. Кај некои производители, да, нема разлика, идентични се (по BIOS Update се разбира)... арно ама, кај некои... држ ме мајко Превртување со очи. Големина иста, арно ама блокови измешани или запишани по некој редослед кој само flash-ерот (Award, AMI, чив и да е BIOS-от) може да го препознае и запише како што треба во чипот.

До сега, барем кај матични плочи од PC-иња, искуството ми било 50/50. Кај некои е ист BIOS фајлот и Dump-от, кај некои не. И не е само до производител туку и до серии и чипсети (PCH кај поновиве плочи). Intel решил нешто да смени кај Z97 PCH во однос на BIOS Boot Up Procedure и производителот мора да го следи она што Intel го специфицирал Превртување со очи... што автоматски ја менува целата процедура за BIOS Update и како треба тоа да се изведе. Е кај Z98, Intel решил пак да го врати стариот начин на BIOS Boot Up Procedure и се пак се враќа по старо Превртување со очи. Така да, кај Z97 BIOS Update фајлот и Dump-от се разликуваат, ама кај Z98, иако е понов PCH, се исти Превртување со очи. Е ај најди средина.

Ова е дадено чисто како пример, не дека кај конкретно овие PCH е таква ситуацијата. А да не зборувам и за Dual BIOS плочите на Gigabyte Превртување со очи. Као демек треба BIOS-ите во двата чипа да се идентични, нели... топки кантарови, не се Превртување со очи. Се разликува дел од boot блокот. Кој дел? Ееее, тоа само Gigabyte го знае. Така да, како сакаш заврти, ако сакаш да оправиш плоча со Dual BIOS, ти треба dump и од двата BIOS-и, а и информација кој Dump од кој чип е Превртување со очи. Ај, тоа е лесно, ако не пали со една комбинација, ќе пали со друга (два чипа се, две комбинации може да има), но во секој случај, не ти врши работа само BIOS Update фајлот бидејќи дури и ако е бинарно идентичен со едниот BIOS, не е со другиот, а ако го запишеш истиот во двата чипа, не пали плочата Превртување со очи.

Се разбира, посебна приказна се и OEM плочите за кои нема BIOS Update. Има и вакви ситуации, производителот сметал дека во оригиналната верзија на BIOS-от, нема потреба да менува ништо бидејќи тие плочи се дизајнирани за, на пример, Windows 7 Home Premium (тоа е интерниот договор на производителот на OEM плочата и оној кој ги продава овие конфигурации, HP, Dell, кој и да е) и нема што да бара корисникот да инсталира некој друг OS Превртување со очи. И, автоматски, нема потреба од BIOS Update. Е ај најди BIOS од тие плочи да те видам Превртување со очи. Нема, само BIOS Dump те спасува... ако некој решил да направи од таа плоча... ако не... фрлај во ѓубре.

И лаптопиве се приказна сама за себе. Кај нив пак, до сега немам начекано некој кај кој BIOS Update фајлот е идентичен со Dump-уваниот. Можеби ова било така кај постари модели (некои од пред 10 и повеќе години), ама сега не е. Особено со овие новиве H2O BIOS-и... и големината се разликува. Ај, добро, спакуван е, ќе го отпакуваш. Е кога ќе го отпакуваш, ти го дава во 10 различни фајлови... поделен по блокови се разбира Превртување со очи. Е ај најди кој блок каде треба да оди во EEPROM-от Превртување со очи? Ништо, само Dump те спасува. За среќа, браќа Руси скоро никогаш не ме изневериле Зеленко. Ама и јас не останувам покус, од секое PC или лаптоп кој ќе ми дојде на сервис, без разлика каков проблем имал, задолжително правам Dump на BIOS-от и го споделувам online Шмекерко.
« Последна промена: 08 Мај 2017, 05:42:02 од GigaWatt » Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #32 пратена : 09 Мај 2017, 04:58:08 »

Ај да не дискутираме во темава, бидејќи на никој нема да му текне да бара ваква дискусија во ваква тема.
Ти повеќе бараташ со форумов, ако не ти е тешко отвори една стики тема во која ќе можеме да аплоадираме дампови од разни уреди, пред се десктопи и лаптопи. И јас си правам исто како тебе, се што ќе ми стигне за сервис, кога имам можност вадам дампови. Фак, дури и од кодираниот бројчаник на влезната врата од зградата имам дамп Зеленко

Воопшто не се секирај за хардверско репрограмирање на EEPROM/FLASH со update фајл, верувај милион пати досега тоа сум го направил, и никаков проблем немало. А секогаш ги споредувам бинарно, и секогаш има дури и минијатурна разлика помеѓу дампот и оригиналниот фајл. Има разлика дури и од дампот што сум го извадил јас и дампот што сум го спуштил откај браќата руси, макар била и истата верзија на биос и двете машини биле во одлична работна состојба. Претпоставувам дел од тоа се должи и на програматорот со кој е отчитан дампот Шмекерко

Мојата плоча е Gigabyte GA-Z77-DS3H, dual bios технологија. Мануелно ги апдејтував OROM драјверите во последниот бета биос, и истиот го флешнав хардверски и во двата чипа. Проработе од прва, и работи 24/7, буквално. Малку оверклокуван dual channel 8GB Corsair рам и процесор (i73770), UV400 SSD + WD 1TB EZEX, да не ги споменувам сите уреди кои ги приклучувам секојдневно на него и го малтретирам ко Шеќеринска у собрание Зеленко Зеленко Зеленко

И кај лаптопите има по два биоса, е таму претежно само дамп спасува, освен ако апдејт фајлот после екстракција не содржи да речеме повеќе фајлови од кои еден ќе биде пример 2MB, а другиот 4MB, споредуваш големината со исчитаните фајлови и само флешуваш.

Најзафркнати Update биос фајлови се оние со коишто истовремено се флешува и биосот и ЕС (embedded controller), тешко, понекојпат и невозможно е да се екстрактираат (исклучок на Dell), меѓутоа и да го екстрактираш и да ги добиеш двата фајла, ќе го флешнеш биосот, ама ако немаш како да го флешнеш ЕС, биосот нема да се совпаѓа со верзијата на ЕС и во тој случај биди среќен ако подигне Windows да можеш да го флешнеш преку официјалната алатка. И тоа ми се случи пред месец дена Зеленко затоа сум во план да го набавам SVOD програматорот, ќе користи макар за отчитување дампови од ЕС, и дефинитивно понекогаш и за впишување на фајлови во истите. Згоден е затоа што нема лемење Rx/Tx/KBC IO итн итн, туку само го вметнуваш соодветниот флет кабел во конекторот за тастатурата и читаш/флешуваш.
Сочувана
nsu
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 1197


« Одговор #33 пратена : 09 Мај 2017, 13:06:50 »

Еј и јас ја пратев темава па затоа сега дури се пуштив значи не грее без ладилник не е страшно тера значи топ топ хаубица ете така сега се има и една комплетна тема убаво се е пристапено готово се е и во право си дури Даниелчо можеше и да отвориш друга тема за програматоров ако сакаше нешто подетално да ни потенцираш и објасниш на форумов од кај си го купил и набавил ќе беше убаво  Зеленко али нема проблем ова една убава тема каде што оној што ја отворил цело време беше активен. Шмекерко
« Последна промена: 09 Мај 2017, 13:08:41 од nsu » Сочувана

Talk Hard Steal The Air
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #34 пратена : 10 Мај 2017, 00:46:22 »

Фак, дури и од кодираниот бројчаник на влезната врата од зградата имам дамп Зеленко

Хахаххаха Зеленко Зеленко Зеленко. Ме изнасмеа.

Инаку, да, добра ти е идејата околу темата со dump-ови од уреди. Ќе отворам една и ќе ја pin-увам... само да видам во која подсекција би било најдобро да стои.

А за дискусијава, нека стои тука... ваљда некој ден ќе проработи search-от Зеленко.

Има разлика дури и од дампот што сум го извадил јас и дампот што сум го спуштил откај браќата руси, макар била и истата верзија на биос и двете машини биле во одлична работна состојба. Претпоставувам дел од тоа се должи и на програматорот со кој е отчитан дампот Шмекерко

Да, и јас го имам ова зебележано, ама не е до програматорот со кој е исчитан фајлот. Сум анализрал различни dump-ови, пред се од матични плочи и лаптопи да бидам искрен, и стигнав до заклучок дека најчесто е serial/ID во прашање. Сериски број на лаптоп/матична плоча. Само што корисникот не го интересира тоа, нели, штом дошол кај мене, значи му прошла фабричка гранација Зеленко, него му е важно да работи Шмекерко.

Баш имав една таква чудна ситуација со OEM Win10. Изгледа се врзува не само за модел, туку и за serial и со неговиот OEM код и друг BIOS (dump најден online, од браќа Руси најверојатно, не ми текнува) не сакаше да се активира Windows-от. Јавуваше некој error и кога побарав online, излезе дека error-от се јавува поради тоа што некоја друг лаптоп веќе ја користи таа лиценца... Молам? претходно корисникот си работел најнормално со активиран Win10 Home. Единствено логично објаснување ми беше ова, проверува и serial на лаптоп (матична плоча) и проверува дали е активирана некоја друга машина со тој serial. Јас мислев дека нема да има проблем, дека работата ќе биде plug-n-play со dump-от, арно ама... цврц :S... Win10 се подига, работиш едно 20 минути (со активен Wi-Fi, значи online) и он си проверил изгледа во меѓувреме и... activation error „не знам кој“ Превртување со очи.

А ова за програматорите, бидејќи биле различни, различно исчитале, не мислам дека си во право. Тоа не смее да се случи. Ако се случи, тоа значи дека нешто не е во ред со програматорот. Содржината на било кој EEPROM/FLASH, кога е offline (не е во работа), не треба и не може да се менува, а ако различни програматори различно читаат, една од две работи може да се во прашање. Или некој од програматорите не работи како што треба или EEPROM/FLASH меморијата е проблематична и со еден програматор едно прикажува/исчитува (поради малку повисок или понизок напон на напојување, малку поразличен начин на пристапување кон содржината на EEPROM/FLASH чипот, итн.), а со друг друго. Трето нема.

Мојата плоча е Gigabyte GA-Z77-DS3H, dual bios технологија. Мануелно ги апдејтував OROM драјверите во последниот бета биос, и истиот го флешнав хардверски и во двата чипа. Проработе од прва, и работи 24/7, буквално.

Е мене пак ми се има случено обратното со друга плоча на Gigabyte. Баш имам пробувано, не дека беше проблематичен BIOS-от, туку чисто онака пробував. Го исчитав едниот чип и другиот. Binary compare јави дека е различна содржината. Ај, ОК, можеби нешто погрешно исчитал програматорот. Ги ставив назад, ја пуштив плочата, се подигна оперативниот систем, shutdown и пак пробав да ги исчитам, да не случајно се случила некоја грешка. Пак истиот резултат... на исти локации, исти разлики. Не беа големи, разликите, баше некаде во почетните адреси беа, така да, си реков, ајде, најверојатно е само ID, кој е примарен а кој backup BIOS чип, а најверојатно тоа сам и си го запишува по прво подигање (first boot), така да, ако го запишам еден од двата BIOS-и и во двата чипа, би требало да се подгне, нели Шмекерко. Wrong Превртување со очи. Со било која комбинација не сакаше да се подигне плочата (било кој од двата dump-а запишан истовремено во двата чипа). Само со комбинацијата „правилен dump во правилен чип“ плочата пак се подигна.

Не знам која плоча беше, Z серија на PCH беше, ама не ми текнува на конкретниот модел. Претходно пишав, не знам дали прочита. Intel решиле нешто да сменат кај Zxx серијата на PCH и тоа влијае на BIOS Boot-Up процедурата, па кај Zxy серијата на чипсети со Dual BIOS, ова што го пиша ќе работи, арно ама, кај Zxx нејќе Превртување со очи.

Затоа пишав, нема правила веќе. Порано беше друга приказна... со Legacy BIOS-ите (128, 256KB). BIOS-ите беа поделени на два или три блока. Сега... крај не можеш да им најдеш. Ма цел оперативен систем може да ставиш во тие мемории Шокиран, 4MB, 8MB... па Linux со BusyBox ќе собере како од шала. А и производителиве мислам дека користат такви финти. Сеуште не сум анализирал до толку, ама анимации на мениа, mouse support, flash memory и FAT32 support за BIOS Update... како на друг начин ќе го изведеш тоа ако не со micro kernel Молам?.

... да не ги споменувам сите уреди кои ги приклучувам секојдневно на него и го малтретирам ко Шеќеринска у собрание Зеленко Зеленко Зеленко

И дај престани да ме смееш рано по сабајле Зеленко Зеленко Зеленко. Нема да можам да заспијам сега Зеленко.

Осеќам, утре на работа со колегите „компјутерџии“ ќе падне смеење на репликава Зеленко Зеленко Зеленко.

Порано така бевме познати, како „компјутерџии“ Зеленко Зеленко Зеленко. И мислам дека на никој не му беше јасно што точно правиме Зеленко Зеленко Зеленко.

И кај лаптопите има по два биоса, е таму претежно само дамп спасува, освен ако апдејт фајлот после екстракција не содржи да речеме повеќе фајлови од кои еден ќе биде пример 2MB, а другиот 4MB, споредуваш големината со исчитаните фајлови и само флешуваш.

Да, знаат такви финти сега да прават. И не е едниот backup на другиот. И производителиве си е*але мајката. Може поголемиот да содржи компресиран backup од оригиналниот. Ова еднаш го имам забележано кај extracted BIOS Update од еден понов HP лаптоп. Backup-от е најверојатно failsafe, ако поради X причини не успее BIOS Update, Баш го анализрав со IDAPro и поголемиот содржеше и некои други работи кои не се достапни како опции во менито на BIOS-от Шмекерко. Од serial, до анализи слични што ги имаат електроникиве по колите... „километража“ (колку има работено Зеленко), SMART Data Backup, Shock Sensor Counter, Hardware encryption support (иако овој модел немаше таква опција) и ред други работи.

Ај, ова е тема сама за себе, на дискусијава може да и нема крај. Reverse engineering е тема без крај Cheesy.

Најзафркнати Update биос фајлови се оние со коишто истовремено се флешува и биосот и ЕС (embedded controller), тешко, понекојпат и невозможно е да се екстрактираат (исклучок на Dell), меѓутоа и да го екстрактираш и да ги добиеш двата фајла, ќе го флешнеш биосот, ама ако немаш како да го флешнеш ЕС, биосот нема да се совпаѓа со верзијата на ЕС и во тој случај биди среќен ако подигне Windows да можеш да го флешнеш преку официјалната алатка. И тоа ми се случи пред месец дена Зеленко затоа сум во план да го набавам SVOD програматорот, ќе користи макар за отчитување дампови од ЕС, и дефинитивно понекогаш и за впишување на фајлови во истите. Згоден е затоа што нема лемење Rx/Tx/KBC IO итн итн, туку само го вметнуваш соодветниот флет кабел во конекторот за тастатурата и читаш/флешуваш.

Да, и јас се соочив со истиот проблем пред некое време и јас стигнав до истиот заклучок. Алатки дефинитивно се потребни, но стојат на листа за нарачување... барем сега за сега Шмекерко. Се надевам дека за брзо време ќе ги имам на располагање Шмекерко. А во меѓувреме, ќе гледам до максимум да ги искористам опциите на оние кои веќе ги имам Шмекерко.
« Последна промена: 10 Мај 2017, 02:05:09 од GigaWatt » Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
Danielco
Стручњак
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 113



« Одговор #35 пратена : 12 Мај 2017, 10:47:20 »

Еве за во иднина, можеби ќе ти користи

Код:
http://www.badcaps.net/forum/showthread.php?t=49539

Мене ми заврши доста работа, и на овој начин вратив лаптоп во живот кој бил отфрлен од три сервиси пред мене. Какво чувство човече, јеааааа Зеленко
Жал ми е што ТЛ866 при поддршка од околу 14000 чипови, нема опција за читање/впишување на Nuvoton, KBC, ITE, ENE и сличните чипови, меѓутоа кога ќе се посвети човек малку, и тоа е можно.

И ајде жити се отвори пинувана тема да можеме да си разменуваме дампови, шеми и разни тракатанци. Баш ми било драго да можам да си соработувам со мои луѓе наместо да скитам по руски, бразилски индиски и којзнае какви форуми. А јас кога ќе имам повеќе време ќе направам колку што можам и умеам подетална рецензија за програматоров.

Во меѓувреме, ова е местото од каде што го купив.

Код:
https://www.aliexpress.com/item/TL866A-programmer-High-speed-USB-Universal-TL866-AVR-PIC-Bios-51-MCU-Flash-EPROM-Programmer-21/1617419600.html

Дејв од EEVblog има направено кратка видео рецензија, не ги опишува сите можности на програматорот, меѓутоа може да се добие некоја генерална идеја околу него.


Сочувана
Страници: 1 2 [3]   Оди горе
  Отштампај  
 
Префрли се на: