Author Topic: Потребна шема и помош за напојување KY-400ATX P4  (Read 2756 times)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Барав на google но без успех ништо за ова напојување.Проблемот беше во изгорен транзистор кој е во склоп со трафо. Е-19 и треба овај трафо преку диода и кондензатор со отпорник према маса паралелно со кондензаторот да дава 5 волти  за Ps+5v,но наместо 5 волти он дава окулу 15-17 волти и ненормално загрева отпорникот за load  што е паралелно со кондензаторот,значи све проверив во овај дел и заменив отпорниците исто блок кондензаторите и све пак 15 волти,исто така да нагласам дека транзисторот осцилира на 150kHz, и мислам дека е превисока фреквенција затоа и дава олку напон,али сепак ми треба помош од вас колеги,а исто и шема.друго заборавив да нагласам дека изгорениот транзистор беше 2SC3150 јас го заменив со 2SC3148, е сега чаре,не ми се растура напојувањето ново е и со 2 вентилатори мислам дека е солидно.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Не би рекол дека е солидно, чини околу 950 денари ново :S подобро расходувај тоа чудо дур не ти биднало некоја беља, на два пати вакви нови напојувања ми имаат рокнато мене, среќа што не ми беа поврзани во тој момент на компјутер.
Еве да видиш како знае да изгледа тоа



Ова беше пукање што ќе го паметам долго ;D
« Last Edit: 04.10.2015, Sunday, 06:33:25 by GigaWatt »

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Незнам како ти дошло до експлозија али ова сто го имаш сликано не е исто со моето,ова со IC ти е на транзисторите за главното трафо и запамтете дека не се пробува пц напојување дирекно на 220в,за да не дојде до БУМ,кога пробувам неисправно пц напојување,или сомнително дури ми нема и постоечкиот нов или стар осигурач прегорено.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1166
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Quote from: Lux
...запамтете дека не се пробува пц напојување дирекно на 220в,за да не дојде до БУМ...
Не разбрав како го испитуваш напојувањето (па и уредите кои се сомнителни или во фаза на поправка), а да нема БУМ !
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Незнам како ти дошло до експлозија али ова сто го имаш сликано не е исто со моето,ова со IC ти е на транзисторите за главното трафо и запамтете дека не се пробува пц напојување дирекно на 220в,за да не дојде до БУМ,кога пробувам неисправно пц напојување,или сомнително дури ми нема и постоечкиот нов или стар осигурач прегорено.

Можеби лошо се изразив, се извинувам, не е исто со твоето, меѓутоа во ист ценовен ранг, тоа сакав да кажам. Како инаку да го пробам ако не на 220v, ново напојување, првпат се уклучува во струја и чурнува после 10 минути работа на idle? Мислам, има начини, сијалици, изолациски трансформатори, чуда врагови, само кој приклучува такво нешто на нов продукт...

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Нема потреба за извинување,секое пц напојување го пробувам преку ламба еве вејке нагласи Даниелчо,а за ново имаш право кој го пробува и кој се сомнева кога е ново,но ете се десло огномет ;D,сепак има ли некој предлог за мојот прв пост,засто ми е напон поголем за 10в,на трафото Е-19 после една диода кондензатор,и отпорник за лоад.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ова беше пукање што ќе го паметам долго ;D

Незнам како ти дошло до експлозија...

Подуен електролит во примар најверојатно. Релативно лесни се за детекција подуени електролити во примар. Шантраат сите напони, PC-то најчесто пали секунда до две и потоа гаси.

@Lux: Ако веќе си решил да го правиш, види кое IC (контролер) го има напојувањето и барај шема по тоа IC. Најверојатно ќе ти извади неколку и нема да бидат идентични со шемата од твоето напојување, но доволно е да се слични.

Не се чуди ако никогаш не успееш да го направиш. Имам тупено мозок над ATX-ови, од скапи до петпарачни, проблемот често бил лоша изработка или прегревање (кулерот престанал да врти), што довело до дефектот кој моментално го има ATX-от. Како и да е, и во двата случаи, тешко се наоѓа каде е проблемот бидејќи, колку што имам констатирано, проблемот не е само на едно место, на повеќе места е... зависи од изведбата и што довело до проблемот (прегревање или лоша изработка).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Не би рекол дека е солидно, чини околу 950 денари ново :S подобро расходувај тоа чудо дур не ти биднало некоја беља, на два пати вакви нови напојувања ми имаат рокнато мене, среќа што не ми беа поврзани во тој момент на компјутер.
Еве да видиш како знае да изгледа тоа



Ова беше пукање што ќе го паметам долго ;D
Сум видел и каде каде по расцветани електролити онака на најевтините напојувања од 400 и нешто денари што излегоа едни за пестотче што се вика скоро заборавив како се викаа.
Quote
Можеби лошо се изразив, се извинувам, не е исто со твоето, меѓутоа во ист ценовен ранг, тоа сакав да кажам. Како инаку да го пробам ако не на 220v, ново напојување, првпат се уклучува во струја и чурнува после 10 минути работа на idle? Мислам, има начини, сијалици, изолациски трансформатори, чуда врагови, само кој приклучува такво нешто на нов продукт...
Али ова ептен треба да си малер ново напојување и одма да ти пукнало сешто значи може со електроникава еј :o 8) :o 8)
« Last Edit: 04.10.2015, Sunday, 06:33:43 by GigaWatt »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Како што кажа @GigaWatt, не е за чудење и ако никогаш членот не го поправи, со оглед на евтините кинески делови и ненормално глупите изведби внатре, и да, проблемот неретко е на повеќе места. А не е па секогаш проблемот до цената, пример има поскапи напојувања кои се исто така неквалитетни со некои стварно банални дефекти, што човек не би помислил дека може на напојување од неколку илјадарки да му се случи, како на пример пеплосани филтри, стопени трансформатори итн. Не знам дали ја имате видено темата од еден форум со рецензијата за Хантол "бетонското" напојување

Code: [Select]
http://forum.it.com.mk/threads/napouvae-hantol-hpsu585p.35879/
До тој степен да оди кинезот, да става бетон во напојување, и сето тоа да помине "незабележано" кај нашиве трговци е малку чудно, ама сешто бива. Пред некој ден расходував едно CoolerMaster Еxtreme Plus 550w, влезните филтри ќумур црни, мосфет изгорен, погореле осигурачи, блок кондензаторите ни 20% од вредноста немаат, излезните филтер електролити подуени, абе да не му се верува на човек, а возено на офис конфигурација, ни малтретирано ни ништо, старо преку сила 2 години. Како не ми текна да го сликам да видите урнебес :S
Затоа му велам на членот нека расходува тоа чудо, кога тогаш пак ќе му направи штета, не дај боже голема..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ја прочитав рецензијата. Немам купено поскапо Hantol напојување за да може да потврдам дали работите се навистина такви како што се напишани, а од друга страна, не можев да ги отворам сликите (мора да се логирам за да ги видам, а немам account на it.com.mk и искрен да бидам, немам намера да правам за неколку фотографии), така да, ќе коментирам само за она што го прочитав и ќе кажам дека... не ме чуди.

Hantol, како и многу други „измислени“ брендови, се брендови кои откупуваат готови Кинески производи и ги брендуваат. Во оваа класа спаѓаат и Gembird и многу други. Ова секој може да го направи. Отвораш фирма, ја регистрираш како фирма која има свое производство, а во меѓувреме, се договараш со некоја Кинеска фабрика околу цени, што да се штампа на производот (производител, модел), итн.

Ќе искоментирам само околу капацитивноста на кондензаторите во примар која што членот на it.com.mk ја измерил. Верувајте, земете било кое напојување, од најевтино до најскапо, и измерете му ги кондензаторите во примар, ќе стигнете до истиот резултат. На кондензатори од ATX напојување декларирани како 470uF/200V, немам измерено поголема капацитивност од 330uF. Да бидам искрен, не сум мерел кондензатор од некористени напојувања, но не верувам дека е голема разликата, плус 20 или 30uF, не верувам дека ќе биде повеќе. Значи, кратко и јасно, бидете среќни ако капацитивноста е 2/3 од декларираната. Ако е половина, добро би било да ги смените, но не е критично бидејќи не мора да значи дека се суви. Имам измерено и 180uF на кондензатор деклариран како 470uF, напојувањето сеуште работи.

Мислам дека само станува збор за намерен mislabeling. Намерно се декларираат кондензаторите дека имаат поголема капацитивност. Е сега, зошто го прават ова... можеби бидејќи знаат дека има „IT гуруа“ кои разбираат по нешто и сакаат нивниот производ да личи на high quality PSU, а е многу поевтин од тоа... можеби треба да помине некој quality check, а капацитивноста на кондензаторите во примарот се дел од тој тест... кој знае.

Е сега, од друга страна, отворете AT напојување од почетокот на 90-тите и измерете ги кондензаторите во примар... сигурно не отстапуваат од декларираната капацитивност за повеќе од 20 или 30uF ;).

До тој степен да оди кинезот, да става бетон во напојување, и сето тоа да помине "незабележано" кај нашиве трговци е малку чудно, ама сешто бива.

А ти мислиш дека трговците проверуваат што увезуваат ;D ???... особено нешто што е Кинеско ѓубре, а кај нас се продава како бренд, хахахаха ;D ;D ;D.

За Cooler Master, не ме чуди, пред некое време чув дека веќе и они купуваат готови Кинески модули, само дизајнот на кутијата и распределбата на деловите е нивна, чув и дека Nichicon и Rubycon веќе ги нема во нивните производи, така да, поголем дел од парите одат за брендот, а квалитетот... повисок е во однос на петпарачните Кинески напојувања, но далеку од тоа што беше.

А инаку, да, мој совет е исто така да го расхода напојувањето и да купи ново. Не се исплати да се поправа, а дури и ако го поправи, ако направи некој поголем проблем во тек на работа... кој знае што се може да изгори.
« Last Edit: 04.10.2015, Sunday, 06:24:37 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Не знаев дека не ги отвара без акаунт, сори мај бед :) немам намера да изгледа како реклама или не знам што, само сакав да посочам на нашите продукти ;)





Ако не си купил досега хантол напојување, немој ни од сега да почнуваш ;D
А потполно се согласувам за се што кажа, поготово за "измислените" брендови, тука се вбројуваат и нашите ценети АМЦ и нивната "low budget" изведба на Quart продуктите, измислен бренд, па дури и регистриран лажен веб сајт, прогуглај ако не ми веруваш ;D а неколку пати имам начекано на алиекспрес понуди за брендирање телевизори, таблети, телефони итн, ако сакаш наместо амблемот на самсунг може да стои Македонско знаме доколку си спремен да платиш :D

Капацитивноста да бидам искрен, не ја имам мерено многу многу на филтрите во примар на поновите напојувања, па не можам да кажам точно, но затоа имам електролити извадени од најмалку 10 години старо напојување, пишува 680mf, на инструмент покажува ~670mf, што чисто се сомневам дека е резултат кој може да се најде во денешниве "извикани" напојувања.

CoolerMaster, хммм, прича сама за себе, ма во секое што го имам отварано досега стојат електролити Capxon, Teapo и слични на нив, што веднаш ми кажува колку вреди тоа напојување, а ги фалат небаре се којзнае што, Nichicon и Rubycon се поим за нив :)

Еве и да видите како изгледа внатрешноста на "квалитетните" CoolerMaster
Code: [Select]
http://www.jonnyguru.com/modules.php?name=NDReviews&op=Story5&reid=430Истото напојување 80+ кај нас чини 5500 денари, што воопшто не е мала цена ако веќе бараме некој квалитет, плус и филтрите внатре играат ламбада, воопшто не се прицврстени, па доаѓа и до осцилации, чудни звукови (coil whine) и горење на делови со тек на време. После ваквите согледувања, па како да користам некое евтино напојување од нецели 1000 денари, па уште и да му го препорачам на некого :S
Има луѓе што не се разбираат или не погледнале, па мислат дека ги лажам и сакам да им соберам многу пари кога им склопувам машини, чист пример за тоа ми е зетот, ете морав да му набутам напојување од 900 денари на i5 машина, ама што да правам кога не слуша ;D некој ден ќе сфати дека сум во право, само кога не знам ;D
Пред некое време добив на поклон неколку исправни евтини напојувања, некои ганц нови, некои половни, сите беа исправни, освен она што пукна, само ги пробав колку да знам какви се, и одма се расходуваа без многу размислување.

@lux, доколку го поправаш и ти прифали некое делче, пиши го слободно, ако го имам го добиваш гратис ;)
« Last Edit: 04.10.2015, Sunday, 13:46:50 by Danielco »

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Ух долга тема, но секој од нас можеби бил жртва на вакво нешто. Пред 13 години купив компјутер од АМЦ. Со тек на време мораше и тој да се надоградува, рам, графичка плоча, хард диск итн, но ете и еден ден дојде напојувањето на ред. Не знам од кој продавница од Битола го купив но паметам дека го платив 3000 денари. Не знам која марка беше, ептен некоја што прв пат ја чув, но продавачот ми гарантираше дека е топ модел. По нецела година ми се запале компјутерот од напојувањето, следеше експлозија и пожар. Пожарот не беше голем бидејќи навреме го совладав. Напојувањето стопено, матичната плоча прегорена, рамот и графичката исто. Мислам само хард дискот преживеа. Но ова беше одамна и не сум сигурен што останало цело, но факт е дека почнало се од напојувањето.
Во ниеден случај не го поправај, може да ти се случи истото што и мене, а замисли во тој момент да не си дома? Не ризикувај и фрлај го тоа ѓубре, фа*ен чајнис шит.
Навистина се разочарав од COOLER MASTER по ова што кажавте. Ги почитував најповеќе, но по ова.... не знам, ја изгубив довербата. Но во врска со coolermaster, можно ли е да има клонови или копии што го носат тоа име? Дали фабриката до долку ниско падна да си го валка името?

Споено мислење: 04.10.2015, Sunday, 18:46:24
не ја сфатив поетата со бетонот во напојувањето  ???
Hams do it! With Frequency

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ако не си купил досега хантол напојување, немој ни од сега да почнуваш ;D

Може да купам некое петпарачно, од 500 денари бидејќи тие сите се исти и онака ;D. А Hantol е, а некое no name, исто се фаќа ;D.

CoolerMaster, хммм, прича сама за себе, ма во секое што го имам отварано досега стојат електролити Capxon, Teapo и слични на нив, што веднаш ми кажува колку вреди тоа напојување, а ги фалат небаре се којзнае што, Nichicon и Rubycon се поим за нив :)

Во постарите Cooler Master напојувања, ставаа Nichicon и Rubycon ;). Ако најдеш некое постаро Cooler Master напојување, од пред 10 или повеќе години, отвори го, сигурно ќе начекаш некој од овие два бренда ;). Не беа сите кондензатори Nichicon или Rubycon, но повеќето во секундар, особено на излезот од напојувачките rail-ови, беа ;).

Cooler Master беа како Petrof во светот на пијаната и пијанината. Од скапите брендови, беа најевтини. Сега, мислам дека најсигурна опција за ново напојување е една од две. Или да купиш поскапо напојување од некој не премногу извикан бренд во светот на напојувањата (Spire или некој друг бренд кој е од поодамна естаблиран, но не е баш некој главен играч) или да опрчиш некоја баснословна сума на пари за PSU од Antec или некој друг hi end бренд. А добра опција се и серверските напојувања ;). Не се џиџани (сребрени, црни), ама повеќето од нив се ѕверови ;). Само да најдеш некое кое ќе може да се монтира на стандардно ATX куќиште ;)... или евентуално го собира со мали модификации (нови дупки за шрафови ;D).

Еве и да видите како изгледа внатрешноста на "квалитетните" CoolerMaster
Code: [Select]
http://www.jonnyguru.com/modules.php?name=NDReviews&op=Story5&reid=430Истото напојување 80+ кај нас чини 5500 денари, што воопшто не е мала цена ако веќе бараме некој квалитет, плус и филтрите внатре играат ламбада, воопшто не се прицврстени, па доаѓа и до осцилации, чудни звукови (coil whine) и горење на делови со тек на време. После ваквите согледувања, па како да користам некое евтино напојување од нецели 1000 денари, па уште и да му го препорачам на некого :S
Има луѓе што не се разбираат или не погледнале, па мислат дека ги лажам и сакам да им соберам многу пари кога им склопувам машини, чист пример за тоа ми е зетот, ете морав да му набутам напојување од 900 денари на i5 машина, ама што да правам кога не слуша ;D некој ден ќе сфати дека сум во право, само кога не знам ;D
Пред некое време добив на поклон неколку исправни евтини напојувања, некои ганц нови, некои половни, сите беа исправни, освен она што пукна, само ги пробав колку да знам какви се, и одма се расходуваа без многу размислување.

Не мора да значи ;). Во некои случаи повеќе се исплати да купиш no name напојување отколку скапо напојување ;). Имаше пред околу 10-тина години едни 350W-ни no name ATX-ови во (не премногу ;D) shiny silver кутии, тие одлично се покажаа. Ми имаат носено P4 машини од тој период, многу од нив имаа такви напојувања ;). Кај нив проблем беа само кондензаторите на секундар, ги менуваш и тераат ;). Може да ги користиш и на понови плочи. Не се 24 пински, ама повеќето плочи и онака работат и без тие додатни 4 пина, така да, не беше проблем да работат и на LGA775 плочи ;). Е сега, не може да ставиш некоја кој знае каква графичка на таа конфигурација, ама office машина и те како добро ќе ја возат ;).

А за денешниве конфигурации (LGA1150, 1155, 1156...), не ни треба кој знае какво напојување. Процесорите имаат многу добар power management и не корнат како порано. Графичките се тие што корнат сега струја. А и плочите веќе имаат одлични заштити и веќе скоро сите плочи се со solid state електролитски кондензатори, така да, за office конфигурација, не гледам поента да се купува кој знае какво напојување. Ако нема некоја ѕвер графичка, нема поента да се купува скапо напојување ;).

Навистина се разочарав од COOLER MASTER по ова што кажавте. Ги почитував најповеќе, но по ова.... не знам, ја изгубив довербата. Но во врска со coolermaster, можно ли е да има клонови или копии што го носат тоа име? Дали фабриката до долку ниско падна да си го валка името?

Не, не се клонови во прашање. Едноставно... како и многу други брендови, и они се префрлија на Кинески outsourcing. Многу поевтино е, а името веќе си го направија.

Да бидеме искрени, нивните најскапи напојувања се навистина добри, ама да се опрчам 200 и кусур евра само за напојување, немам намера ;D.

не ја сфатив поетата со бетонот во напојувањето  ???

На местото на кое треба да има филтерски калем со големо феритно јадро, за филтрирање на EMI, има бетонско блокче, а жиците се краткоспоени уште на почетотокот на „калемот“ ::). Овие калеми малку личат на трансформатори, со тоа што понекогаш лимовите не им се гледаат (залиени се) и затоа може вакви далавери да прават ::). Ти си мислиш дека филтерот е добро залиен и изолиран, всушност, станува збор за бетонско блокче ::). Бетон ставаат за да биде тежок „калемот“, железните лимови тежат и мора некако да го направат да биде автентично и во тежина ::).
« Last Edit: 04.10.2015, Sunday, 19:46:25 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Не е сонце се што свети! 8) Даниелчо, има COOLER MASTER и COOLER MASTER.Зависи од каде го купуваш,а не само колку  плаќаш! ;D. И најдоброто и најскапо напојување не е гарант за ништо.освен за тоа дека ќе пооди подолго време пред да *крцне*.Најчесто е ашинапричината во мрежниот напонот на кој го користите компјутерот.За поправка на напојувања не се траќај од земја ,бидејќи  сигурно на нова машина нема да ставаш поправено напојување.Воглавном,старите поправани напојувања освен за експерименти и напојување на други уреди,не се ставаат на РС.И ако треба да ги смениш пола електролитите и цел куп диоди и транзистори,да изгубиш 3 саата работа да знаеш дека не се исплати! За Z31GH - она со бетонот се однесува на составот на придушниците во некои напојувања каде место јадро се става бетон а наместо намотки има само едно парче лак жица! Ш ;)тедат батките на се!
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
E ок, но тука нешто смрди. Гледам coolermaster цертифициран со некаков 80+ сертификат и coolermaster несертифициран. Тој сертификат 80+ е некој вид атест или кој знае што, баш пред неколку минути го открив тоа кога гуглав China sh*t coolermaster powersupply  :)
Дали coolermaster кој е серифициран со тој 80+ е квалитетен? Секако цената е поскапа од регуларните напојувања кои немаат таков сертификат.

« Last Edit: 05.10.2015, Monday, 01:28:38 by GigaWatt »
Hams do it! With Frequency