Author Topic: Потребна шема и помош за напојување KY-400ATX P4  (Read 2754 times)

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Имаш прва и шеста класа од истиот coolermaster ! ;D  Плус бледи копии кои некои наши фирми ги продаваат како *професионални*.Не читај на интернет ,ами гледај и прашувај што има во МК !!
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Aј вака Батка, не е да се трескам од земја, јасно ми е дека има разлика меѓу различни модели на CoolerMaster, има чкарт, има и добри со квалитетна изведба и компоненти кои коштаат 150 еури па нагоре. Па попрво би ставил поправено квалитетно напојување (од типот електролити и ситници) на нова машина отколку ново за 1000-че што нема скоро никаква заштита, да ризикувам да спалам цела машина. А веќе ако станува збор за поголем дефект, нормално дека оди расход тоа напојување.
Се знае таа стара добра логика, колку пари толку музика, сеуште важи тоа, само што во денешно време треба малку повеќе да се внимава и да се истражи пред да се купи нешто.
Што е со ефтините напојувања проблемот? Закачи му некој малку посилен потрошувач, било повеќе хард дискови, некоја графичка или ете не знам по избор, тоа веднаш изобилува со пад на волтажа и ripple, нема да се осети од одма, ќе го осетиш после некое време, кога ќе почнат да цркнуваат хард дискови, рам мемории, графички карти, кога веќе оверклокот нема да ти биде стабилен како порано и слично, па тогаш се осветлува сликата кај е уствари грешката, не мора целата грешка да биде во напојувањето, меѓутоа прилично е добар причинител на еден куп проблеми.
Никогаш дома немам сменето ни рам меморија, ни хард диск ни ништо, освен некои тапа графички со ладни лемови на BGA чипот, додека на други места се случува да им сменам 3 хард диска во период од 6 месеци, а пц-то ми работи 24/7, веќе бројам месеци како не е исклучен, но си користам саглам напојување, поправено и тоа со сменети електролити ради реда ;)
Е сега може звучам параноично, ама сакам да сум си на колку толку посигурната страна, од пред некое време почнав да ги избегнувам CoolerMaster, а си ги присвоив Corsair и Antec како подобри, мада не мора да значи.

@Z3IGH викаш што ако не си дома кога би се случил некој дефект. А што ако си дома а спиеш во иста соба со компјутерот што работи 24/7 како јас? Дали би ставил кинеска играчка или би фрлил некој денар повеќе да си малку помирен?
Тие 80+ сертификати ти се дека напојувањето нема да добие значаен ripple или voltage drop кога ќе го оптеретиш на 80+% од максималната моќност, мада и тие сертификати не се баш најверни, кинези и тоа лажираат ;D

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Епа без разлика дали спиеш во таа соба или не си дома ако не дај боже се спали такво напојување. И во двата случаеви ќе има штета. Јас кажав едно мое негативно искуство со кинески ѓубриња. Па добро, се е денес кинеско, но и таму имаш класи, евтини и скапи. Не треба да се ризикува со бетонски напојувања, поготово ако имаш некој скап компјутер . Во секој случај треба да се најде добро и квалитено напојување.

п.с. замисли одиш во продавница за компјутерски делови и прашуваш: Дали напојувањата што ги имате содржат бетон?

Инаку како што тргна работата со компјутерите, се е тргнато на бетон и цигли. еве уште еден пример

Code: [Select]
http://thechive.com/2010/07/13/some-dude-bought-this-on-ebay-it-didnt-work-9-photos/
Hams do it! With Frequency

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 691
Има едно правило дека не секогаш цената го диктира квалитетот :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Воглавном,старите поправани напојувања освен за експерименти и напојување на други уреди,не се ставаат на РС.

Ехеееее, колку поправени имам ставено ;D. Кај ќе ми беше крајот ако само за напојувања фрлав пари ;D. Па скоро секој хардверски квар кај нас се сведува на проблем во напојувачка секција (бидејќи кај нас, нали, има најквалитетни напојувања ::)). Да чукнам во дрво, немам многу рекламации ;). Ако може да се направи старото (подмачкување на кулер и промена на електролити), на муштеријата му предложувам тоа прво да го пробам и да видиме како ќе работи. Ако е се ОК (го оставам преку ден, кога сум дома, да работи, нека тераат клипови од YouTube ;)), нека тера со репарирано ;). Ако се сложи, ОК, ако си бара ново, само прашувам во кој ценовен опсег да биде новото ;).

Инаку, со кварови опишани како во темава, не се замарам. Промена на електролити и подмачување на кулер, толку. Ако проработи како што треба, супер, ако не, вади електролитите, фрлај во фурда ;).

Инаку, често репарираните тераат подолго од нови петпарачни ;).

И ако треба да ги смениш пола електролитите и цел куп диоди и транзистори,да изгубиш 3 саата работа да знаеш дека не се исплати!

А да, менување на диоди, трансзистори, ова она... не, немам намера тоа да го правам. Ако пукнало нешто во примар или секундар, има големи шанси се полупроводничко околу таа компонента да е ојдено јабана. Е да, за такви кварови, да, и јас менувам напојување. И не 3 часа, ако фатам да поправам такво напојување, работата знае да се сведе и на неколку дена... и пак може да не проработи :S. Затоа, мирна глава, за кварови од типот „пукнало“, менувам напојување ;).

E ок, но тука нешто смрди. Гледам coolermaster цертифициран со некаков 80+ сертификат и coolermaster несертифициран. Тој сертификат 80+ е некој вид атест или кој знае што, баш пред неколку минути го открив тоа кога гуглав China sh*t coolermaster powersupply  :)
Дали coolermaster кој е серифициран со тој 80+ е квалитетен? Секако цената е поскапа од регуларните напојувања кои немаат таков сертификат.



Според сликата, тоа 80+ се однесува на continuous power, 80% plus ;). Сакаат да кажат, при континуирана оптовареност на 80% и повеќе од декларираната моќност, напојувањето нема да направи проблем ;). Затоа има 80, 80 plus, silver, gold, platinum, тинтири минтири ;).

Инаку, јас не би верувал многу на овие сертификати ;). Најдобар показател за тоа колкава максимална струја може да даде напојувањето во континуитет се Шотките во секундар и switching транзисторите во примар ;).

Има едно правило дека не секогаш цената го диктира квалитетот :D

Токму така ;). Затоа обично купувам на старо ;). Освен тоа што мора да се купи на ново, нели ;D. Не поради друго, можам да отворам и да видам што има внатре ;). А не, на ново, гаранција имало, ова она ::)... и кога ќе откриеш дека е ѓубре, касно е веќе, си го купил ::).
« Last Edit: 05.10.2015, Monday, 01:45:27 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Добро се изначитав од постовите и све што е кажано е ок се согласувам дека имаме еден тон разни пц напојувања кај нас,е сега ако е поголем квар стварно не се занимава со поправка али ипак напојувањето работи со +5 волти ако земам од друго напојување,а работи и со неговото но проблем е покачениот напон за 10-тина волти вкупно 15-тина волти наместо 5 и грее отпорникот за лоад.
IC е 2005B на него пишува и ама ништо не најдов со ова коло на брат Google, па и би направил мини смпс за тие +5в да го вградувам во секое скоро пц напојување со ваков дефек (нешто како уни),а обично 90% од напојувањата овај дел им е слаба точка.Е сега исто се согласувам дека репарирано смпс би било по издрзливо и сигурно од ново.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Гарант има некој полупроводник отидено штом крева напон, провери се убаво.
Еве едно пребарување од гугл што извади, мада мислам и дека не ти е потребно

Code: [Select]
https://www.google.com/search?es_sm=122&biw=1440&bih=775&tbm=isch&sa=1&q=2005B+atx&oq=2005B+atx&gs_l=img.3...2911.4694.0.5172.6.6.0.0.0.0.141.607.5j1.6.0....0...1c.1.64.img..5.1.99.LvzZ_MCFo78

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Цитирам - сега исто се согласувам дека репарирано смпс би било по издрзливо и сигурно од ново.

Па тогаш ајде само репарирани да ставаме! 8) Не знам со што се бафтатае вие,од каде ги набавувате напојувањата, ама не е се така црно со напојувањата како што направивте да изгледа.  ??? Сепак ,било кое напојување има 6 месеци гаранција.Ако некој сака може уште ново да си го репарира,ама тоа не значи секогаш дека подолго ке трае !! Сепак ново си е ново. Никогаш не ставам репарирано напојување,освен ако муштеријата тоа не го бара.Значи,ако се работи за подуени електролити,замена на кулер... тоа е во ред,ке помине.Ама со заменети транзистори,ИК,диоди .... не треба да се ризикува со понови РС.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@Lux: Зуи ли напојувањето?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Батка за репарирано мислам замена на електролити и кулер,во некои случаеви и отпорниците за лоад бидејќи и они најчесто дотрајуваат од температурата на нив,друго не би менувал доколку напојувањето работи,а ако не работи воопшто и има поголем дефект транзистори диоди,одам на дирек ново.

Гига не зуи напојувањето,ке направам нова повратна на надворешна пцб,баш да видам што ке биде,иако опто,и зенер 431 ги заменив,сепак повратната ми е сумлива за ваков квар,зборам сумлива бидејќи имаше отпорник наизглед нов,а со променета отпорност,окулу иц,во тој дел,ова е последно нешто што би пробал,ако не ке иде мала преправка самоосцилирачки смпс 2x28 волти окулу 300w што би го искористил за некој засилувач ;D.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ако не зуи, голема е веројатноста нешто да не е во ред со повратната врска. Следи ги водовите и види кои полупроводнички компоненти се одговорни за +5VSB.

Околу колото, мислам дека најдов datasheet ;). На кинески се некои делови, ама барем pinout има и некои други информации ;).

Code: [Select]
http://monitor.espec.ws/files/at2005b_445.pdf
Мислам дека е тоа што ти треба ;).

Инаку, барајќи на Google, по некои форуми, прочитав дека 2002, 2003 и 2005 се всушност многу слични кола, а конкретно 2002 и 2003 може да ги менуваш едни со други, не прават проблем. Најверојатно важи истото и за 2005. На 2003 еквивалент е SG6105, така да, барај шеми со SG6105 и види дали ќе одговараат. Може да бараш шеми и со 2002 и 2003, но барај ги со префикс "DR-B" (DR-B2002, DR-B2003). Шеми со 2005 не верувам дека ќе најдеш... јас барем, не најдов.
« Last Edit: 06.10.2015, Tuesday, 14:36:12 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Еве после некое време имав малку слободно време да се вратам на проблемот со напојувањето.Ми излезе исто такво напојување али исправно па можев да споредувам односно заменувам дел по дел да заклучам до што е проблемот,и после прередувањето на повратната врска испадна дека е оптокаплерот иако пробав три парчина изгледа за бадијала сум ги чувал ;D,после недела дена се решив да си го вградам истото напојување на еден ком. во работилница и еве што добив.
-компјутерот работи со друго напојување и од него пишувам ;D,но со ова напојување поправеното не се уклучува мониторот,иако имам +5vS / +11,93 /  +5,12  / +3,42 / на бела -4,7V / лилјакова +5.1 / на плава -11,18v  е сега некој совет бидејќи  немам за споредба исто вакво напојување?
ова е шемата.и незнам зошто со IMGUR вејке не е како порано за ставање слики кога ке направиш upload кликаш на слика и правиш copy на линкот сега не е баш така или е до мене :D



Споено мислење: [time]11 Октомври 2015, 18:55:00[/time]
А ха ок еве излегувала сликата.
« Last Edit: 13.10.2015, Tuesday, 10:43:23 by GigaWatt »
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Како тоа не се вклучува мониторот ???. Графичката не дава сигнал за on на мониторот, а компјутерот си работи (HDD работи, диодата трепка, се подига оперативниот систем)?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Како сто пишав со поправеното напојување мониторот исто како да не е приклучен на компјутер,со друго напојување се е ок и од него пичувам на форумов,е сега ги споредив напоните на широкиот приклучок од двете напојувања,и заклучив дека на ова напојување што не го уклучува мониторот му недостига напон од 5v на сивата жица,а пак таа спрема шемата иде дирек од IC 2005B што заклучив дека е и IC-то е пуфнато ;D.па така ќе чека на рафт за IC  од некое друго спалено на поинаков начин :-\
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Замени ги R36 и R53 според шемата погоре на пин 13, и види дали доаѓа 5в до нив, само прилично сум сигурен дека R53 е отиден. Не е страшен проблем ова, ќе го решиш брзо, директно е врзано 5в на Pwr_OK преку отпорник да ја ограничи струјата само, а ти веќе имаш 5в на матична штом се уклучува компјутерот, така да јасно е кај е прекинот, сеа не си веројатно толку баксуз колото да отишло ;)

ЕДИТ: Нема потреба од R36 само R53 провери го
« Last Edit: 14.10.2015, Wednesday, 20:05:54 by Danielco »