Author Topic: "Чудно" напојување  (Read 2613 times)

Rodan

  • Guest
"Чудно" напојување
« on: 15.12.2015, Tuesday, 22:21:48 »
Здраво момци,ке ве замолам за совет,насока,размислување................

Имено,направив напојуванје наменето повеќе за напојување на радиаматерски станици со фиксен напон од 13,8в.Може да се регулира напонот од 0-30в и струјата од 0-20а,но за да не се случи некој(или јас) случајно да го помрдне потенциометарот за напонска регулација и ДА ОТИДЕ СТАНИЦАТА(ја користам оваа прилика да му се ЗАБЛАГОДАРАМ на "Z31GH" за несебичната подршка и совети во текот на склопувањето и на "Hahahaha" за изработката на плочката и V A метрите),ја направив фиксна без можност за штелување(на сликиве сеуште не е средена).

Се случува следново-Кога ке врзам на него обичен отпор како на сликава сијалиците 2х55w,тогаш се е во ред,напонот скоро и да не паѓа(околу20мв),струјата е некаде околу 10,5А  исто не мрда,ладењето се вклучува и така може да тера со саати.................

Е сега,проблемот настанува кога ке врзам радиостаница(нели тоа му беше намената  :(  ),од некои причини кога ке почнам да емитирам ,еден(или повеќе незнам) од излезните транзистори почнува да шушти и автоматски напонот паѓа од 2 до 3в!!! и станичката се исклучува ........кога ке го мрднам кабелот за напојување на станицата,или ја поместам целата кутија од напојувањето за 20 до 30 сантима ШУШТЕЊЕТО ПРЕСТАНУВА и напонот се враќа на 13,8в????..и се нормално си работи(станицата зема околу 10А на предавање ,а напонот скоро и да не паѓа).........
Сето ова да биде уште по чудно,кога јас се движам околу напојувањето,или му се приближувам да го фатам со рака а не го допирам,СЕ СМИРУВА и како ништо да не било.....само што ќе ја повлечам раката назад повторно почнува да варира и шушти........

Морам да напоменам дека антената ми е надворешна и е многу блиску до прозорот во собата каде што се напојувањето и станицата,се е во радиус од 3 до 4м2.
Дали е некаква интерференција од антената бидејки предавам на 50w моќност,или е до квалитетот на излезните транзистори......дали треба да се вградат некакви филтри и каде......НЕЗНАМ.

Би ви бил благодарен за некакво инфо........
Поздрав
Игор







« Last Edit: 15.12.2015, Tuesday, 23:02:52 by ShAdOw »

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #1 on: 16.12.2015, Wednesday, 00:15:21 »
Најверојатно станицата капацитивно го оптеретува напојувањето и напојувањето (очигледно не добро дизајнирано) почнува да осцилира. Не ја приклучувај повеќе затоа што може да ја оштетиш. Постирај ја шемата на направената регулација - треба да се компензира повратната врска.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #2 on: 16.12.2015, Wednesday, 05:19:51 »
Добро е да ја постираш шемата. Дали имаш заземјување на напојувањето? Тоа што ќе се смири напојувањето ако го допреш ми личи на лошо заземјување, не сум баш некој добар електроничар или електричар, но мислам дека и тоа може да е причината
Hams do it! With Frequency

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #3 on: 16.12.2015, Wednesday, 09:19:57 »
Проблемот е во повратната вф енергија која ти се враќа во напојувањето преку жиците и го буни uA723. Брзо решение би било да ставиш две феритни калеми извадени од компјутерски напојувања на плусот и на минусот и напојувањето да доаѓа преку нив.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Rodan

  • Guest
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #4 on: 16.12.2015, Wednesday, 15:11:14 »
Z31GH- не е до заземјувањето ,добро е заземјено...........

Еве ја шемата....ако можете нешто да видите воопшто


BorceBT-Дали зборуваме за феритни калеми како на сликата долу,и како да се врзат,дали сериски посебно на плусот еден и посебно на минусот еден(значи едниот крај на намотката према напојувањето ,а другиот према станицата/излезот)........и дали кога ке протече 11 и повеќе А струја на нив нема да имаме пад на напон или загревање на истите?.......




А овој не ни знам како да го врзам(кој со кој крај)......








Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #5 on: 19.12.2015, Saturday, 08:25:22 »
Зборувам за торусната намотка. Да, сериски и мислам дека 10А нема да биде проблем за нив. Ако сепак малку греат скрати ја жицата на половина или стави подебела жица.
« Last Edit: 19.12.2015, Saturday, 08:27:02 by BorceBT »
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #6 on: 19.12.2015, Saturday, 16:09:10 »
Јамката треба да се компензира, се сомневам дека калемите ќе помогнат.

BTW: Со еден 2N3055, ни под _разно_ нема да може да добиеш 20A. More like 5 then 20

Rodan

  • Guest
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #7 on: 19.12.2015, Saturday, 16:45:52 »
Se izinuvam shto pishuvam latinica,no ne sum doma vo Sk i nemam blisku kompjuter...........
Inaku,vchera gi lemev kalemite i imame podobruvanje od negde 30 procenti.....znachi ne e sjajno ,povtorno poluduva naponot,shushtat tranzistori itn....
Inaki ne e eden 2n3055 ,imam staveno 5 tranzistori i toa se shto mozev da najdam okolu mene,znachi 2 se 3055 ,2 se 3771i eden nekoj MJ (ne miteknuva tochno)...site se od 16do 20amperi TO-3.......

Ke trebabpo seriozno da se prijde na problemov....Milerov Efect,dali imash nekoj predlog shema...shto da se vmetne i kade?!?
Pozdrav od Gevgelija
Igor

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #8 on: 19.12.2015, Saturday, 21:21:03 »
Здраво Игор,

Те молам стави подобар скен од шемата. Истотака, би ти предложил да не ставаш различни излезни транзистори - нема да ги делат струите како што треба.

Ако проаѓаш низ Скопје, контактирај ме да ти дадам 2N3055 (упарени) транзистори.

Rodan

  • Guest
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #9 on: 19.12.2015, Saturday, 21:28:57 »
Im staviv po 0,2 oma/5w na site emiteri za da se izednachi strujata......ima premnogu loshi tranzistori u prodazba....mi izgorea vekje nekolku 3055 i toa na pomalce od 5A.......gi nema veke tie od pred 20 godini,"vistinskite" 2n3055....ova denes e najchesto gjubre......A podobra shema nemozam da stavam,oti neznam tuka da prefrlam pdf fajlovi...ako sakash pishi mi go vo poraka  tvojot mail pa da ti prefrlam pojasen scan

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #10 on: 19.12.2015, Saturday, 21:39:51 »
5А ти е многу за 3055, кога редиш повеќе транзистори, ако сакаш да ти траат, рачунај по 2А, највише 3А на еден 3055, и тоа со многу добро ладење... Отпорниците помагаат до негде, ама не го елиминираат проблемот со различни струи ако не се упарени транзисторите.
« Last Edit: 19.12.2015, Saturday, 21:42:30 by LordZi »
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #11 on: 19.12.2015, Saturday, 22:52:50 »
Па ОК, 5A комотно може 2N3055 да издржи под услов да не дисипира премногу моќност на него. Сум го возел и над 10A, но со помалку од 3 волти пад на напон на него (види SOA во datasheet).

Rodan

  • Guest
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #12 on: 19.12.2015, Saturday, 22:56:16 »
Vistinskoto prashanje e sega:Dali problemot opishan pogore moze da dojde od razlichni vrsti tranzistori....ili ne.
Ako ne ,da gi smenam site isti??????......ete predlozete vie koi /kakvi mokjni tranzistori da stavam A PRITOA DA NE GORAT LESNO......oti prviot pat koga go probav napojuvanjeto imashe sijalici kako potroshuvach,i koga izgore eden od tranzistorite celiot napon od vlezot mi go dade na izlez .......40 v,srekja shto ne beshe vrzan nekoj osetliv potroshuvach......nema kvalitetni TR ili jas neznam koi i od kade da g ikupam

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #13 on: 19.12.2015, Saturday, 23:08:29 »
...но со помалку од 3 волти пад на напон на него (види SOA во datasheet).

Е, тоа е тоа што многумина не го читаат и после се целите зачудени „зошто ми прегоре, у даташитот пишува 15А“... ;) :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Одг: "Чудно" напојување
« Reply #14 on: 19.12.2015, Saturday, 23:10:25 »
Vistinskoto prashanje e sega:Dali problemot opishan pogore moze da dojde od razlichni vrsti tranzistori....ili ne.
Ako ne ,da gi smenam site isti??????......ete predlozete vie koi /kakvi mokjni tranzistori da stavam A PRITOA DA NE GORAT LESNO......oti prviot pat koga go probav napojuvanjeto imashe sijalici kako potroshuvach,i koga izgore eden od tranzistorite celiot napon od vlezot mi go dade na izlez .......40 v,srekja shto ne beshe vrzan nekoj osetliv potroshuvach......nema kvalitetni TR ili jas neznam koi i od kade da g ikupam

Не. Недобро балансирање на струи ќе доведе до горење на транзистори или создавање на температурен градиент (нерамномерна топлина). Она што тебе ти се случува (скоро сум сигурен во тоа) е дека контролната јамка е фреквентно нестабилна. Побарај на интернет *Amplifier stability analysis* имаш тон материјал.

Споено мислење: [time]19 Декември 2015, 23:11:57[/time]
Чеееек!!!! Сега видов - пинот број 13 на uA723 никаде не е поврзан ??? Или јас не гледам добро?

Споено мислење: 19.12.2015, Saturday, 23:22:57
@Rodan

Поврзи ~470pF кондензатор на пин 4 (IN-) и на пин 13 (FREQ COMPENSATION)
« Last Edit: 19.12.2015, Saturday, 23:22:57 by MilerovEfekt »