Author Topic: Максиграф  (Read 2378 times)

Offline MiloshChorbikj

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
  • Gender: Male
  • Beagle ???
Максиграф
« on: 05.01.2016, Tuesday, 11:37:42 »
Здраво дечки, нов сум во форумов, нешто ако згрешам, не се лутете многу  ::)

Вработен сум како електро инженер во средно голема-фирма и моментално сметката за електрична енергија ни станува сериозен проблем, посебно максиграфот.
Ме интересира дали некој има искуство во контрола на максиграфот ?
Знам дека мери во интервал во 15 мин, знам дека не треба да се пуштаат сите мотори наеднаш, знам дека на евтина тарифа не работи максиграфот и моментално работам на изработување на план на работа на фирмата во смени и кои машини во која смена, и што е можно повеќе пати месечно да има и трета смена, така да, било каква дополнителна инфромација или совет би бил добродојден.


Religion will never understand science and science will never give a shit about religion.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
Одг: Максиграф
« Reply #1 on: 05.01.2016, Tuesday, 14:28:51 »
не сум уходан баш во таа област, меѓутоа, општо земено,со поголема ефикасност се намалува потрошувачката. Пред некој ден гледав некој материјал бизмут телурид (bi2te3) кој што ја претвара топлината во ел. енергија...
да не објаснува натака сигурно ме сваќаш што сака да кажа....
Друг предлог, акумулација на ел.енергија, така да фирмата како потрошувач има некја константна потрошувачка која ќе биде близу номиналната потрошувачка, па ќе немаш шпицови во графикот. Секако треба да се земе во редвид тука ефикасност на акумулаторите и инверторите, но  најмногу трошоците за оддржувањето на истите.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1824
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Максиграф
« Reply #2 on: 07.01.2016, Thursday, 09:59:58 »
Имаш две варијанти за решавање на проблемот: да ги стартуваш моторите со преклопување од триаголник во ѕвезда (за да влечат помалку струја на старт) или да им ставиш фрекфентен регулатор на секој и да го наместиш да го стартува моторот меко (од нула вртежи до нормалните). Втората варијанта е поскапа но се исплати на долг рок. Исто така за да ја намалиш реактивната снага мерете точно ф и ставете соодветен ормар со кондензатори на секоја машина или еден голем со преклопници за сите. Има ваков уред автоматизиран за да се купи ама како и секогаш не е евтин.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline trtkolo

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Одг: Максиграф
« Reply #3 on: 07.01.2016, Thursday, 18:08:53 »
Да се стартуваат моторите ѕвезда - триаголник тоа се решава со склопки и временско, но исто така да внимаваш на пуштањето да пушташ еден по еден мотор доколку има повеке, да не бидат сите истовремено пуштени.

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 411
  • Gender: Male
Одг: Максиграф
« Reply #4 on: 07.01.2016, Thursday, 21:00:22 »
И од мене мал одговор,
Прво не наведе колку изнесува потрошувачката, бидејќи имаш опција да работиш и без максиграф но цената по киловат е друга. Можност има во трета смена после 22:00 часот тогаш мерените вредности не се земаат од максигафот.
прати ми ПП за број на корисник од фактурите  па ќе ти пресметам варијанта за поефтина сметка.

Code: [Select]
http://www.evn.mk/Business-customers/Produkti-i-ceni/Energy-supply.aspx

Offline MiloshChorbikj

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
  • Gender: Male
  • Beagle ???
Одг: Максиграф
« Reply #5 on: 08.01.2016, Friday, 08:51:34 »
Фала многу за одговорите.

Во погонот вкупно имам повеќе од 45 мотори.
Некои од нив се врзани во ѕвезда-триаглоник, на 15тина има и softstarter-и за меко стартување...
Кондензаторски батериите за анулирање на реактивната енергија имам купено, нив ќе ги поставам на пролет, да затопли малце, многу тешко се работи со каблите ова време, пукаат...
Моторите, нема правило, некогаш мора да бидат пуштени во исто време поголем број од нив, некогаш не... Голем дел од работата на фирмата е по нарачка, така да, нема правило, шема на работа не може да се направи...
Трета смена, е во план, ќе работиме. Сега од Јануари почнавме да работиме 2 смени, барем машините ги поделив на пола, еден дел од машините да се пуштаат во прва смена, другата половина во втора смена. Така мислам дека максиграфот би се намалил за 40%...
Број на корисник од фактура е: 002364401

« Last Edit: 08.01.2016, Friday, 23:18:34 by GigaWatt »
Religion will never understand science and science will never give a shit about religion.

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 411
  • Gender: Male
Одг: Максиграф
« Reply #6 on: 08.01.2016, Friday, 15:56:41 »
Предлог:
не чекај да се стопли туку активирај ги кондензаторслите,макар и провизорно ако има услови за тоа, безбедно затворено место.
Имаш многу реактивна енергија, ако ја намалиш на помалку од 20% од активната не се наплатува(пресметува)
Максиграфот од 119 кВати е доста голем, а колку е инсталираната моќ на вкупните потрошувачи?
Во старите механиќки броила во вклопниот часовник имаше помошна излезна фаза која даваше напон во трање од 9 секунди кога не мери максиграфот, за стартање на моторите, па повторно мери 15минути, и се така циклично. денешните електронски броила ја изгубија таа опција.
Гледај да во исто време не се активираат повеќе снажни ел. мотори,ако процесот дозволува да не одиш повеќе од 50кВати.  :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Максиграф
« Reply #7 on: 09.01.2016, Saturday, 00:06:53 »
Огромна реактивна енергија имаш
Quote
Гледај да во исто време не се активираат повеќе снажни ел. мотори,ако процесот дозволува да не одиш повеќе од 50кВати.  Смешко
Токму така убаво кажано.Јас погрешка место овде тој големиот пост ти го пишав во другата тема другар кај струјомерите но си видел сигурно.И сакав но не најдов во кој емитер објаснувааа многу добро за мек старт на моторите значи се преку склопки вклучување исклучување да ти оди кондензаторските батерии ставај ги одма и тоа она што во тој огромен пост додека филозофираф не го спомнав она што го рече борче го изумив да го кажам од толкав пост се заборавив и многу стари инжинери истото го имаат зборено а тоа е преклопувањето од триаголник во ѕвезда.Иначе околу колку мотори ќе работат се зависи од процесот на тоа неможеш да влијаеш а тоа во големиот пост го образложив онака опширно како што мислев.И она што го рече борче со фреквентен регулатор е најскапо решение но најдобро.Но сега да не правиме преидеално се но со тие кондензаторски батерии чим ги имаш мести ги ќе ја намалиш реактивната енергија значително ќе се анулира во секој случај нема да е волку висока.Но малку со контроли почести стегни ги на работа таму се надевам дека баш не те мрзеше и го прочита мојот голем пост во темата кај што пишав ,ќе сватиш сигурно што сум мислел.Сепак имаш голема реактивна енергија убав совет сега даде и didy на крај.
Предлог:
не чекај да се стопли туку активирај ги кондензаторслите,макар и провизорно ако има услови за тоа, безбедно затворено место.
Имаш многу реактивна енергија, ако ја намалиш на помалку од 20% од активната не се наплатува(пресметува)
Максиграфот од 119 кВати е доста голем, а колку е инсталираната моќ на вкупните потрошувачи?
Во старите механиќки броила во вклопниот часовник имаше помошна излезна фаза која даваше напон во трање од 9 секунди кога не мери максиграфот, за стартање на моторите, па повторно мери 15минути, и се така циклично. денешните електронски броила ја изгубија таа опција.
Гледај да во исто време не се активираат повеќе снажни ел. мотори,ако процесот дозволува да не одиш повеќе од 50кВати.  :)
Ова болдираново од многу постари сум го слушнал исто баш вака околу новите и старите броила.Но што знам него процесот дали ќе му дозволи повеќе од 50 киловати да не оди.Многу мотори има и што вика некогаш повеќе им работат некогаш помалце зависи како работа имаат.Се надевам дека ќе го решиш проблемот ќе се анулира малку таа реактивна енергија се најдобро од мене ;D
« Last Edit: 09.01.2016, Saturday, 00:17:24 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline MiloshChorbikj

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
  • Gender: Male
  • Beagle ???
Одг: Максиграф
« Reply #8 on: 12.02.2016, Friday, 10:53:25 »
Update: Вредноста на врвната моќност ја симнав за 40kw некаде околу 30000 денари за месец Јануари.

Ме интересира, дали некој знае кај може да се набави броило кое ќе дава аларм кога врвната моќност ќе се приближи до предходно зададена вреднос. Сум слушнал дека вакви уреди постојат, меќутоа не знам каде да ги побарам или од каде можат да се набават ???
Religion will never understand science and science will never give a shit about religion.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Максиграф
« Reply #9 on: 12.02.2016, Friday, 13:32:48 »
Quote
Вредноста на врвната моќност ја симнав за 40kw некаде околу 30000 денари за месец Јануари.
Добро е продолжете така  ;D плус со уште посветеност се ќе се среди.
Quote
Ме интересира, дали некој знае кај може да се набави броило кое ќе дава аларм кога врвната моќност ќе се приближи до предходно зададена вреднос. Сум слушнал дека вакви уреди постојат, меќутоа не знам каде да ги побарам или од каде можат да се набават Молам?
Сум чул за ова но незнам кај може да се набави.Можеби некој поупатен во оваа проблематика ќе знае
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DeVe

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
Одг: Максиграф
« Reply #10 on: 11.04.2016, Monday, 14:50:22 »
Update: Вредноста на врвната моќност ја симнав за 40kw некаде околу 30000 денари за месец Јануари.

Ме интересира, дали некој знае кај може да се набави броило кое ќе дава аларм кога врвната моќност ќе се приближи до предходно зададена вреднос. Сум слушнал дека вакви уреди постојат, меќутоа не знам каде да ги побарам или од каде можат да се набават ???


Поздрав,

еве случајно налетав на темава и само да се надоврзам на твоето барање. за броило кое дава аларм, незнам може постои, но знам дека ова може да се направи со ПЛЦ и да се конфигурира да дава аларм секогаш кога енергијата е поголема од некоја претходно зададена вредност.

А исто така, за намалување на максиграфот, голема улога игра и инсталирањето на фреквентни регулатори. Самиот софтстартер врши регулирање при пуштање на моторот, т.е ја намалува струјата на пуштање (во зависност како е конфигуриран софтсратерот), додека фреквентниот регулатор ја регулира брзината, а и со тоа моќноста во текот на работењето на моторот.
« Last Edit: 12.04.2016, Tuesday, 10:05:25 by DeVe »

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Максиграф
« Reply #11 on: 11.04.2016, Monday, 15:39:40 »
DeVe, пред да се вклучиш во дискусијата прочитај ги правилата...
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0

Quote
1. Јазик и писмо

1.1. Официјален јазик на форумот е Македонскиот, а официјално писмо е кириличното. Задолжително е коментарите (post-овите) да се пишуваат на Македонски јазик со кирилично писмо (Македонска поддршка). Доколку не знаете како да подесите Македонска поддршка на вашиот компјутер, тоа можете да го најдете во другите теми од оваа секција.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio