Author Topic: Универзални рачни и електрични алатки и алати  (Read 2419 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Имам некаде post-ирано слика на форумов од ова „алатче“, ама не ми текнува каде. Пред некој ден некаде низ работилница го изгубив (кој знае каде сум го затурил во тој хаос ;D, најверојатно некаде е паднато, ама кој да знае каде ;D), па по таа иницијатива решив да си направам ново ;).

Еве неколку слики од новото „универзално алатче“ ;D.





Тоа што претходно го имав, му имав направено потенка дршка, ама и оваа не е лоша ;). Инаку, алатот не е бургијата, ако некој случајно се збуни ;D, туку шилецот (иглата) на другиот крај од бургијата ;). До сега, барем за мене, имал буквално илјадници примени :).

Еве неколку слики кои прикажуваат за што се може да се користи ова алатче ;).

Чистење на вакуум пумпи ;).



Вадење на осигурувачи на кулери... па и од многу други уреди ;).



Исправање на малечки ситни пластични клапни, држачи, итн. ;).



Гребење на бакарни и други видови на метални повшини, вадење на гареж, киселина од батерии, чистење на оксидирани или оштетени водови, итн. ;).



Гребење на пластични затки, чепови, итн. ;).



Голем дел од овие работи може да се прават и автоматски, со помош на гравирка или некој друг сличен алат, но понекогаш, прецизноста е пресудна, а се разбира дека прецизноста се намалува колку е потежок алатот кој се користи/држи (можно е да ви се лизне на страна и несакајќи да поткачите некоја компонента :S).



Е сега, што ви треба за да го направите ;).

1) Шипче со адекватна дебелина. Може буквално да биде било што (како што се гледа, јас имам искористено стара бургија ;D) и да има било каква форма. Всушност, пожелно е да нема кружна форма (за да не се лизга по работната маса), така да, шипчиња со шестоаголен, па дури и квадратен напречен пресек, би биле подобар избор отколку кружни. Шипчиња... па скоро од се може да извадите: оски од серво уреди од стари CD-ROM-ови, стари VHS плеери/рикордери, стари CD/DVD плеери, стари скршени шрафцигери... од кај најдете, од таму ;), само да ви одговара дебелината и должината. Околу должината... не можам да ви помогнам, варира од рака до рака, така да, ќе си определите врз база на фатот на вашата рака. Дебелината... пожелно е да биде подебело од 3mm, за подобар фат и полесна натамошна изработка и доработка ;).

И, се разбира, најважно е да е направен од метал кој може да се леми. Во принцип, тука спаѓаат скоро сите пораспространети метали (кои најчесто може да ги најдете во стари уреди, „фурда“): железо, челик, месинг, бакар, но не и алуминиум. Од моето досегашно искуство, најдобро е ако шипчето е железно. Доволно тврд е, а може и релативно лесно да се обработува (буши). Челикот е малку тежок за обработка, но затоа нема да имате проблеми со оксидација и дршката секогаш ќе ви биде сјајна. Бакарот е многу лесен за обработка и калај најлесно се фаќа на него, но мек е и знае да се свитка (ако малку појако стиснете со алатчево). Освен тоа, брзо оксидира, така да, не би рекол е најдобар избор за дршка на алатчево.

Алуминиумот не може да се леми (барем не со класичен калај), така да, за оваа намена, не ви одговара алуминиумско шипче... или или шипче од некоја легура на алуминиум (оние сивите легури што... колку што знам, правени се од метален отпад и кој знае што има во нив ::)). Лесно се познаваат алуминиумските шипчиња, лесни се и кога ќе пробате да ги сечете со шмишајбна, не летаат искри од листот на шмишајбната. И од бакарот не летаат, ама бакарот барем по боја се познава, а алуминиумот... може на прв поглед да личи и на железо, така да, не е лошо прво да проверите дали може да се леми ;). Ако не може, алуминиум е ;).

2) Дебела игла. Најдете ја најдебелата игла што ја имате дома и скратете ја до адекватната должина. Која е адекватна должина... не би знаел да ви кажам, повторно, ова е индивидуално, можеби некој ќе сака подолг врв, некој пократок... зависи. Во секој случај, не е пожелно да биде предолга иглата (малку да е скратена) бидејќи можно е да се свитка додека ја употребувате. Така да, најдобро е ако ја кратите по малку или скратете ја до некоја должина, па пробајте. Ако не одговара, скратете ја уште малку ;).

3) Моќен леткум ;). Во превод, пожелно е да имате лемна станица, но и леткум од... 60-тина вати би требало да заврши работа ;).

4) Бормашина и шмишајбна, или, уште подобро, шрафилица и гравирка со додаток за малечко шмишајбниче ;).



Е сега, како се прави ова алатче ;).

1) Ако шипчето е предолго, го скратувате до адекватната должина со помош на шмишајбната или гравирката со додаток за малечко шмишајбниче. Ако не знаете колку е доволно, скратувајте по малку и потоа поставете ја во рака дршката (шипчето), движете ја малку низ рака и видете дали ви одговара тежината и должината. Ако мислите дека е ОК, тоа е тоа ;). Ако не сте сигурни, не го скратувајте премногу шипчето, секогаш може да се оземе, ама тешко може да се додаде ;).

2) Бушите дупка со должина од 1cm до 1.5cm во средината на шипчето (не мислам на средината по должина, туку по напречен пресек... иако мислам дека е очигледно од сликите, но, за секој случај, да наведам ;)). Со колкава бургија... зависи колку е дебела иглата. Ако имате на располагање и шублер или (уште подобро) микрометарски винт, измерете ја дебелината на крајот од иглата (до каде што ја имате исечено), додадете уште 0.1 или 0.2mm и бушете со бургија со добиената дебелина. Ако не можете да најдете бургија со адекватна дебелина (на пример, ви излегла вредност од 1.3mm), бушете со наредната вредност која е „стандардна“ (во конкретниот случај, околу 1.5mm). Од моето досегашно искуство, најчесто доволно дебела е бургија од 1.5mm ;). И да има малку фазла простор, не е проблем, тој ќе се пополни со калај, а дури и да не се пополни, ако е добро фатен калајот со површината на дршката (шипчето) и иглата, верувајте, нема да мрдне иглата ;).

Најдобро е ако бушите со шрафилица на мала брзина (почнувате полека, нели, дур си направи бургијата лежиште), па потоа можете слободно да го стиснете копчето до максимум ;). Ако не ви е точно на средина дупчето, не е проблем, ова може подоцна да се искорегира ;), а и да не се искорегира, не е голем проблем ;). Бормашините се тешки и затоа не би ги препорачал за оваа намена. Од друга страна, гравирките имаат голем број на вртежи, така да, можно е лесно да се оштети бургијата, особено ако дршката е челична :S. Ако немате шрафилица (како мене ;D), ќе мора да ја ладите бургијата од време на време. Или вадете ја од дупката, почекајте да се олади и потоа пак бушете или ладете ја со моторно масло или вода (систем „капка по капка“ ;D).

Значи, најдобар (но и најспор ;D) избор е шрафилица, но во прицип, може да се користи било кој алат кој го имате на располагање, а е наменет за бушење ;).

3) Претходно скратената игла ја ставате во дупчето и проверувате дали должината и е адекватна. Ако должината не одговара, кратете ја по малку (2, 3mm) и видете кога ќе ви одговара должината ;). Кратете со помош на шмишајбна или гравирка со додаток за малечко шмишајбниче. Практично, ќе заврши работа и поголема цвикцангла, но, прво, тие ќе ја скршат иглата и не знаете кое парче каде ќе зврши :S (парчињата ќе се разлетаат на различни страни) и, второ, цвикцанглите најверојатно ќе бидат оштетени на местото на кое сте ја стиснале иглата. Ако се доволно големи, оштетувањето најверојатно ќе биде минимално и нема да пречи при работа, но ако се помали, можно е иглата да направи поголемо оштетување и практично, цвикцанглите да станат неупотребливи :S.

Околу летањето на парчиња кога иглата се скратува со помош на цвикцангла, ова лесно може да се реши ако едно од парчињата го држите со рака (она парче кое ви треба ;), каде што е врвот на иглата ;)), така да, треба да се грижите само каде ќе летне другото, но сепак, можно е да се случи да не го најдете, а бидејќи станува збор за челик, најчесто неправилно се кршат парчиња (не е мек метал и не се витка како бакар или железо) и можно е крајот кој сте го откинале да е остар и некој ден (не дај боже) несакајќи да стапнете или да се наденете на него.

Затоа, најсигурна опција при кратење на иглата е шмишајбна или гравирка со адекватен додаток. Ако немате при рака, позајмете од некој ;).

4) Ја ставате иглата во дупчето и лемите околу него ;), слично како да лемите компонента на плочка, но најверојатно ќе ви треба поголема стрпливост ;). Притоа, дршката се поставува вертикално и се држи со некој помошен алат (клештичка, „трето раче“ или нешто слично), но немојте да ја ставате дршката на менгеме. Менгемето одзема голем дел од топлината при лемењето, така да, можно е да не можете добро да ја залемите иглата за дршката.

Ако имате леткум со температурна регулација (лемна станица), најверојатно ќе треба го поставите на максимална температура (околу 400 степени). Кинеските "combo" лемни станици (SMD лемна станица со додатна обична лемна станица), обично одат до 480 степени, но оваа температура најверојатно е превисока. За овие лемни станици, 3/4 од отклонот на потенциометарот би било доволно ;). Ако има скала со температурни ознаки, поставете ја станицата на 400 степени и по потреба, подесувајте (повеќе или помалку).

За оние кои имаат обични леткуми или леткуми со регулација со триак, поставете го потенциометарот за контрола на триакот во максимална позција (максимална температура) и откако ќе се загрее леткумот, поставете го врвот до металната дршка (шипчето) и иглата за да почнат да се греат ;). Држете го врвот од леткумот во таа позиција едно 10-тина до 20 секунди. Ставете малку калај (кој содржи флукс, се разбира) и видете дали ќе почне да се леми целата конструкција. Ако сеуште не се леми, најверојатно не е загреана доволно. Можно е леткумот да ви е преслаб или да не сте ја грееле конструкцијата доволно. Загрејте ја целата конструкција пак (овој пак, подолго) и пробајте пак. Ако повторно имате проблеми, можно е да е проблематичен калајот. Купете поквалитетен калај или паралелно со калајот стопете и малку калафониум врз конструкцијата. Ако пак имате проблеми или ако калајот се фаќа само на иглата, но не и на дршката, најверојатно дршката е алуминиумска :S. Ќе треба да најдете друга. Затоа, најдобро е прво да пробате дали се фаќа калај на дршката пред да ја бушите ;). Со ова, ќе добиете и претстава од прилика колку време треба за да се загрее дршката ;). Калајот кој ќе се фати на дршката лесно може да се отстрани со вакуум пумпа или со шмишајбна за повторно да добиете рамна површина на која може да бушите ;).

Откако ќе ја залемите целата конструкција, оставете ја неколку минути да се олади (5 минути се повеќе од доволно) и ако ја држите со клештичка, гледајте да бидете што е можно помирни, барем првите 20-тина секунди за да може калајот убаво да се стегне за целата конструкција. По првите 20 секунди, можете да ја спуштите дршката на маса и да почекате целосно да се олади ;).



Па, горе долу, тоа е тоа. Ако имате некои прашања, идеи, итн., слободно пишете ;).

ПС: Оригиналниот наслов на темата беше „Универзално алатче“, но, подоцна темата си завзеде сопствен правец, така да, соодветно беше да се смени и името на темата ;).
« Last Edit: 07.04.2018, Saturday, 02:02:16 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: Универзално алатче
« Reply #1 on: 10.01.2016, Sunday, 09:50:58 »
Гледам си го преврзал и прстот  ;D Од алатот ли е? 
Hams do it! With Frequency

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2688
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Универзално алатче
« Reply #2 on: 10.01.2016, Sunday, 10:23:12 »
За вакви работи незаменливи се забарските алатки, кој може да најде, има разни шила, полуги, шпакли и што не... После одреден број стерилизирања потемнуваат и не се повеќе за медицинска употреба, па ако го замолите убаво вашиот стоматолог може да добиете неколку бесплатно... ;) Исто така доста се корисни и хируршките хемостати, ги гледав на бувљак, за држење мутерчиња и сл. на недостапни места се незаменливи...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9297
  • оптимист до крај!
Одг: Универзално алатче
« Reply #3 on: 10.01.2016, Sunday, 16:44:07 »
Добродојдовте во 2016 и пожелувам повеќе слични теми како ова на Лордзи!! Само напред,секој има некоја своја *цака* и добро е да се слушне за тоа на Форумов,
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2688
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Универзално алатче
« Reply #4 on: 10.01.2016, Sunday, 18:18:05 »
Си ме помешал со GigaWatt , негова е темата... :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Универзално алатче
« Reply #5 on: 10.01.2016, Sunday, 19:18:24 »
Гледам си го преврзал и прстот  ;D Од алатот ли е? 

Хахахахах ;D ;D ;D, не, не ми текнува од што беше, ама не беше од алатчево ;D. Сликиве се сликани поодамна. Сакав да отворам тема за алатчево од поодамна, ама никако да стигнам, и сега, кога требаше да си правам ново, апро по тоа, си викам, ај веќе кога го правам, да ја отворам и темава ;).

За вакви работи незаменливи се забарските алатки, кој може да најде, има разни шила, полуги, шпакли и што не... После одреден број стерилизирања потемнуваат и не се повеќе за медицинска употреба, па ако го замолите убаво вашиот стоматолог може да добиете неколку бесплатно... ;) Исто така доста се корисни и хируршките хемостати, ги гледав на бувљак, за држење мутерчиња и сл. на недостапни места се незаменливи...

Да да, во право си ;). Ете, видиш, не ми текнало до сега ;). Ќе пробам ако можам да најдам ;).

А хемостати се оние што личат на ножици, ама всушност се како клештички на крајот? А имаат и краен дел за „заклучување“ во определена стегната позиција, така?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2688
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Универзално алатче
« Reply #6 on: 10.01.2016, Sunday, 20:45:18 »
А хемостати се оние што личат на ножици, ама всушност се како клештички на крајот? А имаат и краен дел за „заклучување“ во определена стегната позиција, така?

Токму така... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9297
  • оптимист до крај!
Одг: Универзално алатче
« Reply #7 on: 11.01.2016, Monday, 00:02:53 »
Sorry GigaWat ! ;D Изгледа Божиќ не ме напушта лесно . 8) Се на се освен името ништо друго не повлекувам - да се знае! Добра тема!
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Универзално алатче
« Reply #8 on: 11.01.2016, Monday, 07:51:52 »
Хахаха ;D ;D ;D, нема везе, здрави и весели само нека сме сите ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: Универзално алатче
« Reply #9 on: 12.01.2016, Tuesday, 18:48:11 »
Ваков алат користам и јас.  Еве ја мојата верзија на истиот, не е правен од мене, фабрички е. Принцип на пенкало. Го користам веќе 10 години и шилецот е секогаш остар и досега не сум го острел.





Досега многу ми се има најдено во машинската струка, како и во електрониката  :)

Hams do it! With Frequency

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Универзално алатче
« Reply #10 on: 13.01.2016, Wednesday, 00:04:58 »
Да да, принципот е горе-долу, тој ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: Универзално алатче
« Reply #11 on: 14.01.2016, Thursday, 01:19:10 »
Темата за ваков алат ми даде инспирација да се обидам да направам еден таков и за чудо испадна успешно. Методот е едноставен, иако тука нема лемење или заварување на тврдиот шилец. Потребни се само два елементи, и тоа мека шестоаголна шипка и една бургија од 2,5 мм.



Тенката шестоаголна шипка е дебела 5мм


Прво се задупчува за да се отвори лежиште за бургијата да биде во центар.


Се отвара дупка со бургија 2,5мм отприлика 10мм во должина.

Бургијата беше целата жртва на овој проект, но бидејќи не се толку скапи, отприлика 30-40 денари воопшто не се двоумев да ја искористам како шилец. Откако ја скршив на менгеме ја ставив во отворот на шестоаголната шипка.


За да се избегне заварување или лепење со лепило или било што, кое нема да помогне да се залепи една бургија, имам еден посебен докажан метод за ваква работа. Деловите како што се се ставаат отприлика 10мм во футерот од машината.


Следниот чекор е интересен. Се стега колку што се може на пакновите, го стега на три места исто како да е со преса срегнато. Шипката е мека и за подобро да се стегне на клучот од главата стегав колку што можам со шипка.


Резултатот се гледа одма. Се гледа трага од пакнот на алатот, тоа како вдлабнат правоаголник. Такви траги има три, на секоја втора страна на шестоаголната шипка. Сега бургијата е толку стегната што гарантирано никогаш нема да излезе  :)


Острење на шилецот


Завршна фаза, оборување на ивиците.




Готово  ;)


Целата процедура траеше 10-тина минути

« Last Edit: 14.01.2016, Thursday, 01:39:11 by Z31GH »
Hams do it! With Frequency

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Универзално алатче
« Reply #12 on: 14.01.2016, Thursday, 08:27:30 »
Браво, одлично ;), супер изведено ;). Далеку поедноставно од мојот процес ;). И како што пишав, дефинитивно е подобро да имате било какво друго освен кружно шипче на располагање ;). Шестоаголно е одлично ;). Јас немав на располагање некое друго (или не барав доволно добро низ дома, можеби и сум имал ;D).

Вакво алатче може да послужи за некои погруби работи ;). А дури и да се истапи врвот, секогаш може пак да си го наострите ;).

А шипчето е алуминиумско?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: Универзално алатче
« Reply #13 on: 14.01.2016, Thursday, 16:15:50 »
Не, шипчето е од челик кој нема гарантиран состав и има низок процент на јаглерод. Мек е и може да се кова како сакаш, а пред се доста е евтин :)
« Last Edit: 14.01.2016, Thursday, 16:24:42 by Z31GH »
Hams do it! With Frequency

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 777
Одг: Универзално алатче
« Reply #14 on: 14.01.2016, Thursday, 17:48:11 »
Јас користам старо, наострено штрафцигерче  ;D
Жан