Author Topic: Како DVB-T усб стик со RTL2832 и R820T да работи на windows 10  (Read 615 times)

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Кога го земав usb DVB-T + DAB + FM Radio стикот, намерата ми беше да го користам како сдр рисивер. Ја има комбинацијата RTL2832 + R820T. Одлично се покажа за целта за која го купив ама некако брзо ми стана досаден. Ако се земе во обзир дека поседувам радиостаница која има рисивер со екстремно широк дијапазон од  0.1 до 1300MHz, стикчево долго време ми стоеше во фиока.
Пред некој ден ми притреба да гледам тв на лаптопот и ми текна да го земам стикчето. На лаптопот имам инсталиран windows10 и непријатно се изненадив кога никако не успевав да го покренам програмот Presto!PVR да скенира канали. Инаку овој програм дојде на цедето со стикот. Финтата е во тоа што навидум се функционира, а кога треба да се скенираат достапните канали, програмот само прелетува преку фрекфенциите и на крај не пријавува ниту еден канал.
Отпрво мислев дека немам прием и дека сигналот е слаб. Земав и подобра антена но резултатот беше истиот. Демек скенира и не наоѓа ништо. Интересен беше и моментот што предходно кога го имам користено стикчево на win7 и xinxp, имаше опција да бираш меѓу  DVB-T, DAB и FM. Овој пат таква опција немаше.
На нет наоѓав разно-разни коментари, но нигде решение како да се користи ваков усб стик на windows10. Конечно денес на еден сајт налетав на коментар дека: кој и да се стави драјвер апдејтот на десетката сам се враќа на верзија на драјвер од 2009. Малку чудно. Ја симнав верзијата на драјвер која ја препорачуваа од Treiber2.zip фајлот од следнава страна
Code: [Select]
http://www.ukwtv.de/cms/downloads-aside/281-dab-player-von-andreas-gsinn.html
Со исклучен интернет (без опција апдејтот да зеза) ја инсталирав оваа верзија на драјвер ама преку избришан предходен драјвер. И види чудо. Стикчето проработи на win10.
Но само што го поврзав лаптопот на нет, повторно изненадување. Апдејтот (како што и пишуваше на страната) повторно си ја врати верзијата на драјверот од 2009.
Е сеа финтата е да се зачува новата верзија на драјверот, а тоа ми успеа на следниов начин.

1.Во Device Manager, под Sound Video & Game Controllers, отвараме со десен клик на Realtek 2832U Device. Тука кликаме на Update Driver Software.
2.Кликаме на Browse My Computer for Driver Software
3.Кликаме на Let me pick from a list of device drivers on my computer
4.Доколку е предходно инсталиран(од линкот погоре), во листата би требало да биде драјверот REALTEK 2832U Device Version: 64.1.801.2012 [01.08.2012] Кликаме Next ...
...и толку. Кај мене веќе не го промени драјверот и после неколку рестартирања, и повторно ја има опцијата да бираш меѓу  DVB-T, DAB и FM.
 

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одлично xantox! Ова ке биде од помош на повеке луѓе кои го имаат овој SDR приемник и Win10
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

TeslaBt

  • Guest
Јас исто имам Win10. Но јас ништо не напрајв и работеше само драјверот го кладов и толку.