Author Topic: Проблем со лаптоп  (Read 570 times)

Offline DEAFDEEJAY

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
Проблем со лаптоп
« on: 20.02.2016, Saturday, 15:15:28 »
Здраво на сите. Се викам Александар од Куманово.
   Сакам, да поставам прашање во врска со лаптоп.
Имам лаптоп на кој му е скршен и изгорен влезот за полнач, така да нема никаква опција да го вклучам да почне да работи.
   Имам идеја но ви пишувам на сите :D за да ми кажете дали е изводливо или  воопшто да не се трудам.         Па вака...  Бидејќи батеријата од лаптопот е со 4 - ќелијни батерии (MH12210)
тие се со 3,6 V со 2600 mAh, така да се распределени на 4 волтажи и тие се: 14.4, 10.8, 7,2 и 3,6V.
Дали постои опција на излез од оригиналниот полнач со 14,4V  да се распредели напонот на предходно наведените напони, (на некој начин да се раздели) и истите напони да се поврзат наместо батериите па така батеријата напојувана со полнач од лаптоп да се врати пак назад во лаптоп.

Благодарам однапред!!

Со Почит,

Александар Димитриевски
« Last Edit: 20.02.2016, Saturday, 17:20:52 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со лаптоп
« Reply #1 on: 20.02.2016, Saturday, 17:31:04 »
Прво, наведи го брендот и моделот на лаптопот, можеби може да се поправи влезот за полначот. Овој дел од плочата е најчесто изведен со некој SMPS контролер и MOSFET-и кои ги дваат потребните напони за работа на лаптопот и полнење на батеријата. Ако е изгорен SMPS контролерот, проблемот е покомплициран... ќе треба да бараш друг контролер од некој друг лаптоп или да го купуваш од ebay. Ако се изгорени само MOSFET-ите и некои други околни полупроводнички компоненти, заштитни диоди и слично (ова е почестата ситуација), реално гледано, може да се поправи лаптопот и пак да работи со полнач ;).

Околу второто прашање... можеби и може да се изведе, но ова е прекомплицирана преправка. Поедноставно е прво да се провери тоа што го пишав (кои полупроводнички компоненти од напојувачката секција се изгорени) отколку тоа да го правиш.

Не знам колкаво искуство имаш со оваа проблематика, но ако никогаш до сега не си отворал лаптоп или не си го отворал за ништо повеќе од менување на HDD, додавање на RAM, чистење и слично, не пробувај ништо од ова што го пишав погоре. Однеси го на сервисер, мислам дека има шанси да се поправи и пак да работи со полначот.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Проблем со лаптоп
« Reply #2 on: 22.02.2016, Monday, 00:06:05 »
Батка ,тоа ти е како *перпетум мобиле* да правиш ! Не помислувај да распоредуваш напони, ниту да правиш хирургија на батерии.Во батеријата (во пластичното кукиште мислам ) си има батеријата електроника  и без неа не помислувај да ја полниш или приклучуваш на лап топ! Оди во првиот подобар сервис,нека ја прегледаат плочата, што рече Гига : дали е до прилкучокот, контролерот, некоја диода за заштита или сл. Поправи го во сервис каде ке добиеш и гаранција.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.