Author Topic: Поврзување на стар полнач на Micro USB конектор  (Read 623 times)

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Дечки, сакав да искористам стар полнач од мобилен (со стар конектор), го исеков кабелчето на крај и му залемив мини усб конекторче.. Ама не сака да се полни телефонот... има некоја финта или ??
Му донесов GND на металниот дел (оклопот) ама пак не сака. ..
« Last Edit: 15.05.2016, Sunday, 02:20:35 by GigaWatt »
Life is too short to remove USB safely ..

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Она *андроид полнач* 8) како поим е ми е познат.Полнач е полнач. ;)
Еве две три шеми на врзување,види каде си згрешил.





« Last Edit: 15.05.2016, Sunday, 02:52:37 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Фала батка за шемите. Иначе она за „андроид полнач“ по пазариве што продаваат сум слушнал така ги викаат сите полначи со микро-б-усб. Имаш полнач андроид и полнач ајфон :)
« Last Edit: 15.05.2016, Sunday, 02:56:57 by GigaWatt »
Life is too short to remove USB safely ..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Често производителите на мобилни телефони знаат да додадат некоја „цака“ (отпорник со некоја вредност од D+ или D- према GND или Vcc) за да мораш да купиш од нив полнач ако ти се расипа стариот... или ако ти се расипа data кабелот. Често знаат да ги интегрираат овие отпорници и во data кабелот и во полначот. На пример, во полначот има еден отпорник од D+ према маса, а во кабелот има еден од D- према Vcc, така да, мора да ја „погодиш“ комбинацијата „правилен полнач со правилен кабел“ ::). Глупости на квадрат ::). Порано, кога секој производител си правеше различни конектори, на производителите лесно им беше од луѓето да „изнудат“ пари за нов полнач, ама сега, кога (практично, несакајќи) се унифицираше кабелот за полнење (и комуникација), мораше некои други мајмунлаци да прават за да им се продаваат каблите и полначите ::)... инаку, можеше без проблем да земеш полнач од Alcatel и кабел од LG и да полниш Samsung smartphone ;).

Најдобро е да побараш шема според производител. На пример, еве за Samsung што вади ;).

Code: [Select]
https://www.google.com/search?q=samsung+smartphone+charger+schematic&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=0ahUKEwiW08Du6trMAhVB8RQKHX3HC14Q_AUICCgC&biw=1152&bih=715
Пробај некоја од шемите што ќе ти ги извади online. Ако има некои додатни отпорничиња, постави ги според шемата и види дали ќе проработи ;).
« Last Edit: 15.05.2016, Sunday, 02:59:56 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Дечки фала на одговорите.. Го направив полначот, финтата било кратко да се спојат D+ и D- на конекторот и одма почнува да полни  ::) ::)

Еве како треба:



Пробано е на SONY и на Samsung функционира.
« Last Edit: 16.05.2016, Monday, 00:48:55 by GigaWatt »
Life is too short to remove USB safely ..