Author Topic: Помош околу сервисирање лаптоп Asus X551CA  (Read 932 times)

Offline Gavro

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
  • Gender: Male
Здраво колеги.
Како што гледате според насловот, ми треба помош околу сервисирање на лаптоп на пријател. Проблемот е следен: не пали никако, не полни, не свети ниедна сијаличка, еден доста чест проблем со кој  сум се среќавал. но сепак не знам сè и затоа барам ваша помош.
Да наведам некои работи кои се проверени да не пишуваме по двапати :)
Полнач: 100% здрав и работи
DC џек: добар контакт, не зуе пецкања и др.
SMD: е дечки друго освен осигурачите не сум проверувал, до тука ми е школото ЗА ЖАЛ  :'(  :'( (знам дека кога ќе се појави еден ваков *колега* на сите вас ви се откажува од животот  ;D ).
Пред се преферирам да работам според шема но никаде не најдов, ако најде некој би го замолил да стави линк.
P.S: 19 волтниот реил го нема никаде и незнам кој интегралец му е псу  на многу од интегралците има некој код што ни чичко гугл неможе да го најде
« Last Edit: 11.06.2016, Saturday, 15:10:53 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу сервисирање лаптоп Asus X551CA
« Reply #1 on: 11.06.2016, Saturday, 17:18:40 »
Ја има шемата online, ама Виетнамциве и Русиве уште не ја даваат бесплатно. Пишав на некои форуми, можно е некој да ја даде... ако сакаш да почекаш.

Во меѓувреме, измери ги сите MOSFET-и во напојувачкиот степен. Ако се е во ред, следи го напојувачкиот rail и мери, дел по дел, каде има, каде нема напон, дали доаѓа switching сигнал до MOSFET-ите, итн. Некаде мора нешто да фали.

И неколку слики не се на одмет, да имаме претстава за што се работи.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Gavro

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
  • Gender: Male
Дечки се извинувам поради каснењето на одговор.
Инаку немам интернет овие денови а моментално сум на гости  ;D. Само еден краток одговор, инаку еден мосфет мислам дека би требало да е, покажува куса врска с-д ;д-с исто и со гејт, гејт дрејн сорс се е кусо исповрзано  :o .
Елементот носи ознака М3024М. Би ставил и слики ама немам време треба да ги прикачам на нет а потоа на форумот. Кога ќе стигне нет дома обавезно постирам. Поздрав

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу сервисирање лаптоп Asus X551CA
« Reply #3 on: 15.06.2016, Wednesday, 16:29:50 »
Ваков ли е?



Одлеми го и види дали навистина се краткоспоени сите изводи.

EDIT: Datasheet не можев да најдам (не знам од каде ги нашле податоците на долниот линк), но ако се точни, најверојатно станува збор за N-канален MOSFET со следните карактеристики: 30V, 30A, Rds = 9mOhm.

Code: [Select]
http://www.elektroda.pl/rtvforum/topic3068538.html#14886400
Практично, било кој N-канален MOSFET од матична плоча би ти завршил работа ;).
« Last Edit: 15.06.2016, Wednesday, 16:36:07 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Gavro

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
  • Gender: Male
Одг: Помош околу сервисирање лаптоп Asus X551CA
« Reply #4 on: 16.06.2016, Thursday, 14:19:12 »
Гига, баш таков е. Изваден и тестиран и нема грешка, точно е сите пинови краткоспоени. Да не знаете од кај би можело да се купат :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу сервисирање лаптоп Asus X551CA
« Reply #5 on: 16.06.2016, Thursday, 22:52:09 »
Гига, баш таков е. Изваден и тестиран и нема грешка, точно е сите пинови краткоспоени. Да не знаете од кај би можело да се купат :)

EDIT: Datasheet не можев да најдам (не знам од каде ги нашле податоците на долниот линк), но ако се точни, најверојатно станува збор за N-канален MOSFET со следните карактеристики: 30V, 30A, Rds = 9mOhm.

Code: [Select]
http://www.elektroda.pl/rtvforum/topic3068538.html#14886400

Вади MOSFET-и од матични плочи и провери дали имаат слични карактеристики. Напонот да не е под 30V, струјата која може да ја издржи да не е под 30A, а за Rds... се што е до кај 20mOhm-и е прифатливо. Како ќе го монтираш (залемиш) за основата (ладилното тело), односно практичната изведба, бидејќи најверојатно нема да бидат во исто куќиште... тоа останува на тебе ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Gavro

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
  • Gender: Male
Дечки, порачав од алиекспрес. Ако стасаат ке видиме дали ке има некакви резултати. Мада мислам дека такви делови не се купуваат од али се е копија, карактеристиките ако се БЛИЗУ до оние на оригиналот добро е :D :D

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Паметен чекор би било да се проверат и лемните точки да не се во краток спој, а и целата секција според логика да се ѕирне, затоа што ти може да монтираш и нови мосфети, ама да траат ~20ns ;D

Тие мосфети веројатно имаат и некој драјвер, ако успееш да го идентификуваш, не е лошо и него да го провериш. Појди од влезот и цепај натака, па до кај стигнеш, стигнеш :D тури и некоја слика како што ти рече Гига, може ќе можеме да помогнеме.

Offline Gavro

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
  • Gender: Male
Одг: Помош околу сервисирање лаптоп Asus X551CA
« Reply #8 on: 16.07.2016, Saturday, 21:05:00 »
Здраво дечки.
Радосна вест  ;D ;D.Стигнаа интегралците од ало-експресно :P . Имав среќа и испадна дека само мосфетот е бил кварот на лаптопот. Сменет е, работи нормално и нема гајле лаптопот. ВИ БЛАГОДАРАМ МНОГУ НА СИТЕ и имајте убав ден  :)