Страници: [1]   Оди долу
  Отштампај  
Автор Тема: 802.11AF, нов Wi-Fi стандард со поголем домет на радио сигналот  (Прочитана 1360 пати)
0 Члена и 1 Гостин ја гледаат оваа тема.
DX-er
Администратор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 8836


Народен Херој!


WWW
« пратена : 21 Јуни 2016, 10:44:45 »

802.11AF е нов Wi-Fi стандард кој е во план во иднина да се реализира и моментално нема уреди со поддршка на истиот.
Со оглед дека овој стандард ке користи фрекфенции под 1GHz, или поточно кажано на UHF бандот 470 до 710 MHz, ке овозможи поголем домет иако ке користи иста предавателна моќност како и сегашните Wi-Fi уреди на 2400 MHz. Секако новиот AF стандард пред се ке биде наменет за руралните подрачја каде има потреба за поголема покриеност со радио сигнал. Модулацијата ке биде BPSK а пропусниот опсег е 6 до 8 MHz (26.7 Mbit/s за 6 и 7MHz и 35.6 Mbit/s за 8MHz ) што значи не може да се очекуваат огромни брзини на пренос на податоци како кај 802.11N или 802.11AC но ке биде и повеке од доволен за VoIP комуникација, прелистување на WEB содржини, проверка на E-Mail, па и видео содржини и сл. на повекемина корисници во еден момент или доколку се користи за домашни потреби од страна на едно просечно четири члено семејство, без проблем ке може да гледаат и Full HD видео содржини. Со комбинирање на четири радио канали одеднаш ке се постигне поголема брзина а таа би била 426,7 Mbit/s со 6 и 7 MHz канали и 568,9 Mbit/s за 8 MHz канали. Дометот се предвидува да биде до 1km. Бидејки овој стандард сеуште не е конечно пуштен во употреба се размислува и за воведување во експлатација VHF подрачјето.

Иустрациска споредба во покривањето со радио сигнал во споредба со другите Wi-Fi стандарди:



Ако имате куќа или викендица некаде надвор од градот, во село или на планина можете да планирате да си набавите уреди со поддршка на 802.11AF стандардот.


* wifi.jpg (69.08 KB, 595x465 - прикажано 208 пати.)
« Последна промена: 21 Јуни 2016, 11:23:51 од DX-er » Сочувана

СТОП за приватни репетитори во HAM !

кликни тука за инфо околу форумот.
Страници: [1]   Оди горе
  Отштампај  
 
Префрли се на: