Author Topic: Автономна WLAN мобилна телефонија  (Read 256 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Автономна WLAN мобилна телефонија
« on: 30.06.2016, Thursday, 00:18:20 »
Се работи за проект за автономна бежична телефонија за која се потребни Wi-Fi рутер, пристапни точки (Acess Point), клиентски WLAN уреди со LAN приклучок и секако смартфони со Андроид на кои е инсталирана апликацијата The Serval Mesh која ја има на Play store.
Прочепкав низ интернет и пријатно се изненадив бидејки ова функционира низ светот а изградено е главно од ентузијасти. Го користат и луѓе кои се наоѓаат во рурални подрачја каде нема мобилна телефонија па нашле начин да си телефонираат меѓу себе на локално ниво, потоа воспоставиле и по далечни линк врски кои ги поврзуваат со други пристапни точки за WLAN телефонија.
Најбитно од се е што нема никаква поврзаност со интернет.
Лично направив тест со 2 пристапни точки кои меѓусебно беа бежично поврзани и одлично функционира. Стрелките покажуваат кој клиент на која пристапна точка/рутер е поврзан.



Секако тоа е само тест а ова може и вака да се интерпретира со што би се постигнало поголемо покривање.



Колку за илустрација еден Wi-Fi рутер има домет од околу 100m, во рурални подрачја каде етерот е чист и има оптичка витливост оваа дистанца ке се зголеми. Ке направам тест па ке презентирам  Со дополнителни надворешни антени дометот би се зголемил на можеби и 1km. Доколку се воведе новиот Wi-Fi стандард 802.11af во тој случај рутерот без посебни антени би имал домет од 1km а може и повеке, со дополнителни антени ке се зголеми на неколку километри што е повеке од одлично.
« Last Edit: 30.06.2016, Thursday, 11:27:15 by DX-er »
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.