Author Topic: Чуден проблем со лаптоп  (Read 736 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Чуден проблем со лаптоп
« on: 17.07.2016, Sunday, 12:18:14 »
Пред извесно време одеднаш се појавија два чудни проблеми со лаптопот.

1. Кога ке стиснам на копчето за уклучување, ке светне LE диодата дека е под напон но екранот не се пали, го гасам, пак го палам и пак исто, третиот пат пак исто и дури од четвртиот пат се пали и екранот. Секој пат така, од 4ти пат се уклучува екранот.

2. Не го чита хард дискот, иако е исправен.

Двата проблеми се појавија едновремено.

Што може да е проблемот према вас и дали има надеж да се пробува да се поправи ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Чуден проблем со лаптоп
« Reply #1 on: 17.07.2016, Sunday, 22:21:16 »
1) Што лаптоп е (производител, модел).

2) Што оперативен систем користиш?

3) Ако е Win8, Win8.1 или Win10, дали имаш исклучено hybrid shutdown?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6242
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Чуден проблем со лаптоп
« Reply #2 on: 17.07.2016, Sunday, 22:36:48 »
Fujitsu-Siemens Esprimo mobile V5535, го користев со WinXP со години. Потоа му инсталирав Win7 и работеше некое време па се појавија овие проблеми.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline TONI

  • Нов член
  • *
  • Posts: 2
Одг: Чуден проблем со лаптоп
« Reply #3 on: 18.07.2016, Monday, 09:27:52 »
Најверојатно имаш хардверски проблем со I/O контролерот. Тој е заслужен за препознавање и работа на хард дискот, како и за препознавање на екранот како хардвер па побуда на графичкиот чип за да добиеш слика...
Сум решил неколку такви до сега, ако сакаш можам да ти помогнам околу проблемот.
Но за секој случај ако омаш 2 рам слота извадиги рамовите и пробај прво со едниот ра со другиот рам, може да имаш срејќа од старост да нема добар контакт со рам меморијата.
« Last Edit: 18.07.2016, Monday, 09:35:10 by TONI »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Чуден проблем со лаптоп
« Reply #4 on: 18.07.2016, Monday, 09:48:36 »
TONI е најверојатно во право. Бидејќи станува збор за постар лаптоп, најверојатно е проблематичен southbridge-от или northbridge-от, а ако има и засебен графички чип (прочитав online дека имал некој SiS графички чип), можно е и тој да е проблематичем.

Во секој случај, ако е навистина тоа проблемот, за целосно сигурно решавање на проблемот потребно е да се направи reballing на дел од чиповите (или сите, треба да се разгледа дали проблематичен е само еден или повеќе). Може да се реши проблемот и со reflow, поедноставно е и поевтино, но нема гаранција колку време ќе работи лаптопот како што треба... иако и со reballing можно е „операцијата“ да не е 100% успешна (зависи кој правел reballing и како го правел), но дефинитивно има поголем процент на долготрајна успешност во однос на reflow.

Јас лично, не би вложувал пари за толку стар лаптоп. Се што е под 2011 или 2012 произведено, веќе не се исплати да се прави. Сега да земеш двојадрен или четворојадрен Celeron, ќе го изеде Core2Dou-то од секој аспект, а тие лаптопи се сметаат за starter модели и се до кај 15, 16 илјади. Со овој што го имаш, само ќе се гњавиш. И да го направиш овој проблем трајно, за некоја година ќе се јави некој друг... дали дискот, дали екранот... нешто ќе почне да откажува.

Помина времето „купувам еднаш и го терам ехееее“... се станува старо и демоде за година или две, така да, јас не глеам поента да се вложува во нешто волку старо.

Но, како сакаш, изборот е твој ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."