Author Topic: 15 Pin VGA Through Hole Connector - Classic & Short (Two Row Pins) Pinout  (Read 458 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Имав потреба да го најдам pinout-от на short type VGA конекторот. Оној кој го имав на располагање, се распадна при вадењето од плочката (отпаднаа пинчињата) и немав евиденција кој пин на кој одговара на класичниот VGA конектор.

За оние кои не знаат, овие through hole mount short конектори имаат само два реда на пинчиња, за разлика од класичните through hole VGA (D-SUB) конектори кои имаат три реда. Гледам се почесто и почесто се користат насекаде... од лаптопи, до SFF (Small Form Factor) графички картички. Имам гледано и Signle Row VGA конектори на лаптопи, но колку што сум забележал, не се through hole (наменети за лемење на површината на плочката, како SMD компоненти).

На следните две слики се гледа разликата меѓу двата типа на конектори.





На првата слика е класичен VGA конекор со пинови во три реда, а на втората е short VGA конктор со пинови во два реда.

Бидејќи ми испаднаа пинчињата од short конекторот кога го вадев, а немав таков ист заменски, морав да импровизирам со вадени класични (3 row) VGA конектори... арно ама, pinout... појма немав ни како да го барам конекторот, а камо ли да најдам pinout :S.

После половина час пребарување, конечно дознав дека сите овие конектори, што не се класични, што имаат пинови во два или еден ред, кратко само ги нарекуваат VGA short (на некои места ги нарекуваа и mini)... или барем така ги нарекуваат Кинезиве, бидејќи најмногу резултати начекав од online shop-ови (aliexpress и слични) ::).

Како и да е, успеав да најдам datasheets со mechanical drawings и од двата конектори, за конечно да успеам да најдам логика како оди распоредот на пиновите конекторите со пинови во два реда. И од сликите беше прилично очигледно... ама ме мрзеше да тупам глава и да цртам на листови ;D. Освен тоа, сега веќе и векторски ги имам во CDR ;).

Еве како оди pinout-от ;). Ставени се и двата типови на конектори (3 row и 2 row) за подобра визуелна перцепција ;). Прикажани се од долната страна (од странта која се монтира на PCB).



Еве download линкови за pinout-от во PDF, CDR и PNG формат ;).

Code: [Select]
http://app.box.com/s/r8tdfypbqlcinol45hauvqcdftr88ugr
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/B9CCDA6C52544D2E8FDB053C068FB834W
« Last Edit: 23.08.2018, Thursday, 02:44:47 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Само сакав да напоменам дека имав грешка направено во распоредот на пиновите во експортираниот PDF фајл од CorelDRAW и дека распоредот беше погрешен во PDF фајлот, но само во него. Изгледа сум го сменил во CDR фајлот, сум го експортирал правилно во PNG, ама сум заборавил да го експортирам во PDF :S.

Грешката е корегирана и правилната верзија е ставена во attachment и во линковите за симнување ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."