Author Topic: Искуства со инвертери за заварување  (Read 541 times)

Offline Clear Sky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
  • Gender: Male
  • Се шо се прај е убоо!!!
Сакам да купам апарат за заварување за домашна употреба.Се двоумам дали да купам апарат со трансформатор од старо околу 100е или да купам инвертер 300А со 1 година гаранција околу 9000 ден.
Дали имате искуства со инвертерите и како се покажале?
Поточно ваков сакам да земам
Code: [Select]
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1792716

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Искуства со инвертери за заварување
« Reply #1 on: 25.07.2016, Monday, 18:53:41 »
Го гледав и јас и некако ми е многу евтин за тие какрактеристики што се наведени на плочката. Пред да се одлучиш појди до Маквелд. Имаат поевтини инвертори од Електромашинен. Имаат голем објект во Инџиково да автопатот. Сервисот им е сериозен да знаеш. Инаку, инверторите генерално повеќе се расипуваат од  трансформаторските. Имам пријател кој ги сервисира и има работа преку глава. Ако се решиш за трансформаторски, гледај интермитенцијата (работниот циклус) да не му е под 70-80 ампери на 60%. Иако препорачуваат послаб апарат за домашна употреба не ти препорачувам . Апаратот може долго време да не го употребуваш, но некогаш доаѓа ред 7-8 електроди една по друга да “свиткаш“. Со трансформаторски неможеш да заваруваш со базична. Но, со базична е тешко да работиш и со инвертор, таа е за про заварувачи. Остај ги демонстраторите по сајмовите, тие глумат просечни заварувачи а обично се 7-8 категорија заварувачи.  Друго, трансформаторскиот е потпорен на аљкави (лоши) завраувачи и почетници. Секое “фаќање лак“ или лепење електрода за апаратот е стрес. Трасформаторот нема електроника и нема мака.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Одг: Искуства со инвертери за заварување
« Reply #2 on: 25.07.2016, Monday, 19:41:31 »
rel заварување или гасно? за рел ако е трансформатор - ич не се думај, само да е бакарен. ако бараш за гасно инвертер, пефтини се, а профи ти е 1500евра нагоре :(