Author Topic: Asus EN6200TC GeForce 6200 TurboCache 256MB DDR2 - SFF VGA Extension Port Pinout  (Read 358 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не знам колку се разбира од насловот што всушност сакам да презентирам во темата, но се надевам дека во наредниот дел од текстот малку појасно ќе стане ;).

Станува збор за оваа графичка картичка.



Станува збор за графичка која може да се монтира и во SFF (Small Form Factor) куќиште, а токму тоа и требаше да го направам. Проблемот се јави кога требаше да го преместам VGA конекторот на друг SFF back panel bracket.

Немам слики од сивиот дел од extension кабелот за VGA портот (што всушност не беше ни кабел), но ќе ја објаснам целата ситуација. Под сивата заштитна пластика на која стои "ASUS" логото всушност немаше кабле (како што мислев), туку едно мало PCB кое преку пинчиња беше залемено со плочката од графичката :S. Да бидат работите уште покомплицирани, VGA конекторот не беше класичен со пинови во три реда, туку имаше пинови во два реда :S. И, се разбира, јаготката на шлагот... целата плочка и конекторот ми се распаднаа кога пробав да ги одлемам со лемна станица на топол воздух бидејќи плочката беше многу тенка, а конекторот беше робустно залемен и мислејќи дека ќе можам „вод по вод“ да го врзам со плочката од графичката, пробав да го одлемам... грешка за која платив со доста време и труд :S.

Е сега, многу луѓе ќе кажат „па искористи го DVI портот со DVI to VGA конвертор и нема проблем“ или „зошто па мора баш оваа графичка, има и понови евтини, дури и со HDMI Out, а не само со обичен TV out“. Да, за се ова во право ќе бевте да не знаете под кои услови требаше да се користи графичката. Прво, графичката мораше да се монтира во SFF куќиште. Второ, на компјутерот мораше да бидат два монитори активни во исто време и плус уште еден класичен композитен TV Out излез. Трето, мораше баш оваа графичка да се искористи поради софтверот кој се користеше на компјутерот, а лиценцата му е врзана со хардверот. Така да, кратко кажано, немаше друг избор, мораше да се користи баш оваа графичка.

Еве слики од предниот и задниот дел од графичката пред преправката. Некои работи се сменети (ладилното тело и е додаден кулер за подобро ладење бидејќи истата треба да работи нон-стоп).





На следната слика се прикажани и обележани додатните пинови за VGA конекторот, без додатниот VGA конектор (одлемена е и додатната плочка и самиот VGA конектор).



Ми требаше некое време да најдам кој пин за што е, бидејќи работев со делумно уништена плочка (што всушност требаше да биде extender cable ::)), но на крајот успеав да го најдам pinout-от ;).

Не беше толкав проблем да се најде кои се RGB и H_Sync и V_Sync, повеќе беше до комбинацијата на R, G и B. Тој дел од плочката ми беше уништен и практично нагаѓав кој пин е R, G и B, па ако не е така, ајде, прелемувај, пробај друга комбинација ;D, итн.



Крајните 4 пинови од (од лево према десно, според ознаките што ги имам пишано, тоа се пиновите 13, 14, 15 и 16) не мора да се врзат за ништо. Сите се GND и најверојатно се имаат користено само за подобро заземјување (помало влијание на надворешни електромагнетни пречки на аналогниот RGB сигнал).

Serial Clock и Serial Data пиновите не мора да се врзат за VGA конекторот, може да останат N/C. Се користат за препознавање на производител/модел на мониторот кој е врзан за картичката ;).

За жал, немам слики од крајната изведба (заборавив да сликам :S), но барем го најдов кој е pinout-от, па еве, ако уште на некој му треба (сака да си направи SFF конфигурација со оваа картичка, ако сеуште некој ја има по некоја случајност ;D), бујрум ;).
« Last Edit: 08.08.2016, Monday, 03:21:46 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."