Author Topic: купувам стара електроника  (Read 944 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: купувам стара електроника
« Reply #15 on: 19.12.2016, Monday, 19:38:59 »
Чисти глупости, со извинување. Не дека не е можно, можно е. Постојат огромни фабрики, големи како РЕК Битола во површина кои се занимаваат со тоа. За 10 грама злато потребни се неколку тона матични плочи или мобилни телефони. Кој е тој жити се кој за 10 грама би се зае**вал со на пример 4 или 5 тона матични плочи? Имам гледано емисија на ТВ за оваа постапка. Поединец нема шанси за ова. Не се занесувајте. Појќе ќар ќе имаш ако собираш пластични шишиња.
Hams do it! With Frequency

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: купувам стара електроника
« Reply #16 on: 19.12.2016, Monday, 21:59:50 »
Бо право си  Z31GH...имам еден другар упорно ми правеше пресметки ако соберел доволно и ги верел во казан со незнам кои киселини, ко ќе завршела процедурата имал многу ќар xD

Батка...тоа “еден куп“ е метафорички  ;D . Самиот знаеш пошто тоа го работиш колку повеќе злато имаше во старите матични плочки и старата електроника, секој контакт е позлатен...ама во секој случај според мене и тоа е неисплатливо.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: купувам стара електроника
« Reply #17 on: 20.12.2016, Tuesday, 13:04:03 »
Дека се вади злато од електронски уреди имам гледано емисија која ја кажува целата пострапка. Фабрика, ејјјј какви погони имаат за таа намена. Огромни се верувајте. Управителот кажуваше дека многу мала количина на злато се вади, односно се рециклира. Се користат најсовремени машини и процедури. Машините за вадење злато ги товара багер со корпа која бери неколку тона стара електроника. Ајде во тој случај тоа се исплатува, ама ако се трткаме со матични плочи на парче, че ни треба цел живот да го поминеме во крпшење и варење на матични плочи за неколку грама злато. А каде се болестите од киселини, хемикалии и така натаму.
Со рециклирање се занимавам и јас, ама не со злато :) Пред крајот на календарската година во отпад фрлам стари железа кои останале како неупотребливи материјали од мојата дреарска струка. Има еден откад што ми ги откупува и шпоновите од прохром и месинг. Парите отпадот ги префрла на мојата трансакциска сметка и после тоа си пополнувам даночна пријава дека имав трансакција и чиста работа . Доколку е потребно и данок ке си платам.
Познавам еден што не можеше да си дозволи костум од Pierre Cardain кој чини 500 евра и човекот береше пластични шишиња и тоа неколку години и на крајот го купе саканиот костум. Затоа велам повеќе се исплаќа рециклирање на пластични шишиња отколку злато од матични плочи

Споено мислење: [time]20 Декември 2016, 14:20:44[/time]
Заборавив да напоменам дека златарите не откупуваат ниту позлатени ланчиња, обетки и прстени. Ако некој знае да вади злато од позлата, тоа најдобро знаат златарите, но и тие не покажуваат никаков интерес, така да не им се исплатува ниту нив
« Last Edit: 20.12.2016, Tuesday, 16:25:45 by Z31GH »
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: купувам стара електроника
« Reply #18 on: 25.12.2016, Sunday, 15:47:43 »
Процедура за вадење на злато од процесори

http://www.youtube.com/watch?v=p9cfzN7fvBU
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: купувам стара електроника
« Reply #19 on: 26.12.2016, Monday, 01:51:59 »
Баш имам дома еден Pentium Pro. Ама не го давам да го прават чорба ;D.

Мислам дека разликата меѓу Pentium и Pentium Pro беше FPU ???. Pentium Pro имаше а Pentium немаше, така нешто ???.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: купувам стара електроника
« Reply #20 on: 26.12.2016, Monday, 18:35:02 »
Самиот човек од видеото кажа дека не се исплатува оваа процедура, бидејќи повеќе го кошта процедурата отколку профитот, башка што е изложен на отровни гасови. Ова видео човекот го направи за едукативни цели.
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6228
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: купувам стара електроника
« Reply #21 on: 27.12.2016, Tuesday, 15:27:03 »
Гледав и едно друго видео каде човек вади злато од SIM карчитки. Имаше полна канта со многу картички. Од прилика извади помалце од 1 грам злато.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: купувам стара електроника
« Reply #22 on: 27.12.2016, Tuesday, 23:27:37 »
А настрана ако се работи за матични плочи, прво се многу по габаритни, треба цела процедура со казани....и плус пред се едно капење треба да се извади цел солдермаск, па да продолжи со процедурата.

за вакви процесори раков „еден куп“ злато :D еден пентиум имам и еден амд, на лик слични на овој, не знам точно шо модел се :)