Author Topic: Помош околу прегорено LED напојување  (Read 3431 times)

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Помош околу прегорено LED напојување
« on: 14.12.2016, Wednesday, 12:30:02 »
Здраво на сите! Ова е мој прв пост но да не должам тука со претставување, ќе кажам само дека сум студент на ФЕИТ и имам само некои основни познавања од напојувања.

Напојувањето кое е во прашање е Horoz HL549 - 200W 12V напојување наменето за LED диоди (ленти, помоќни диоди итн.) - токму и за што ми треба.
Линк од моделот:
Code: [Select]
http://sintez-led.com.ua/p17349044-blok-pitaniya-horoz.html (описот е тој, но сликата не)

Слики од напојувањето:





Ова го купив свесен дека има некаква грешка (под претпоставка дека е фабричка) но подоцна видов дека има всушност повеќе изгорени елементи:



Од задната страна на плочката не се познаваат изгореници, лошо залемени контакти или нешто нерегуларно.

Мојата претпоставка е дека или ова напојување било преоптоварено, или пак некои се по грешка залемени (што не би знаел без шема). Би сакал да добијам ваше мислење за колку е возможна поправка (доколку се во прашање само видно изгорените елементи, би поминал многу ефтино) и да прашам некој случајно да не има шема за оваа плочка (ваквите напојувања денес се доста фреквентни) и дали би било безбедно да го пробам напојувањето (по замена на видно оштетените делови) со RGB LED лента од 3-6А ?

Ви благодарам однапред на сите за заинтересираноста и времето.

Admin: Кодирај линкови! Пардон.
« Last Edit: 20.12.2016, Tuesday, 02:16:43 by GigaWatt »

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5246
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #1 on: 14.12.2016, Wednesday, 13:04:18 »
Од мое искуство, мислам дека треба да ги провериш и мосфетите (најверојатно мосфети) затоа што има големи шанси тоа да биде исто така изгорено, не сум сигурено колку се исплаќа да биде поправано, но сепак провери ги фетовите исто така има некои интегрални кола кои што се користат за возење (драјвери) на овие фетови. Шансите дека овие се исправни е малечка.

Доколку ги промениш оштетените елементи и сакаш да ја тестираш, јас би пробал на нешто сосема друго, на влезната страна каде што е приклучок за 220 да ставиш сериски сијалица, а на излез каде што се 12В би ставил или моќен отпорник или нешто друго со што би се оптоварило напојувањето.

Ако го најдеш драјверот (интегралното) најверојатно ќе ја најдеш и шемата, овие се скоро сите правени по даташит, со некои малечки измени.

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #2 on: 14.12.2016, Wednesday, 13:14:47 »
Ова напојување чини 1000 денари, слични има и поскапи, а јас го земав 150 денари така да најверојатно би ми се исплатело. Единствено што вакви транзистори немам најдено до сега а и сигурно би чинеле повеќе од 100 денари.

Инаку како би го проверил транзисторот дали е исправен (немам тестер на мултимерот)? Дали има некој брз и едноставен алтернативен начин? И јас се сомневам во него затоа што патот на изгореницата тргнува од едната негова нога.

Патем за тестирање имам отпорник 4.8 оми 5 вати, сигурно би бил доволен а има и самата плочка лед индикатор. Некои, читам, ги тестираат со тоа што го мерат напонот на АС влезот со мултимер (мојот мултимер покажува отворена врска). Но, дали само замената на сите елементи би била доволна, или можеби некој елемент е погрешно избран (вредност на отпорник, кондензатор и сл.)?

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3213
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #3 on: 14.12.2016, Wednesday, 13:46:14 »
од тоа до сега што имам поправано ке треба да ги смениш:
мосфетот
драјверот
делчињата што си се поцрнети (фала богу)

а за транзисторот да го тестираш побарај на интернет како се тестира транзистор (првин побарај даташит за транзисторот), а ако е мосфет можеш просто со унимер да го провериш дали има куса врска помеѓу дрејн-сорс-гејт (истото би важело и за транзистор) а за поправање се исплати.
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1177
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #4 on: 14.12.2016, Wednesday, 18:09:30 »
Ultron7! Сликите кој што се видливи погоре сакаат да кажат многу, ама во суштина не кажуваат ништо.
А зошто?
Па нема никаква ознака, белег на релевантните делови и компоненти, и како сега да размислувам “што е„ кога „не е“.
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Online Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 692
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #5 on: 14.12.2016, Wednesday, 19:17:02 »
ЕДно нешто не ми е јасно кај овие напојувања, скоро 90% имаат осигурувач и пак не врши никаква работа тој осигурувач. Сум имал многу ситуации каде што осигурачот не е ни изгорен а пола напојување стопено. За поправање тешки се овие затоа што ознаките не даваат резултати на интернет, сите се под некој шифри.

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1177
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #6 on: 14.12.2016, Wednesday, 19:30:52 »
Во принцип осигурувачот не е да го заштити уредот (иако тоа би требало да е намената) туку
ДА НЕ СЕ ЗАПАЛИ КУЌАТА.
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #7 on: 14.12.2016, Wednesday, 20:22:44 »
Предлог: не си играј со лошо дизајнирани напојувања, вложи во подобро напојување а не нешто вакво од кај-ти-знае-каде-е

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #8 on: 14.12.2016, Wednesday, 20:34:20 »
Јас имам кола и ја возам ххх години, ама кога ке се расипе одам на мајстор.Ова е преголем залак и за појаки батки од тебе. Бадијала е да ти се објаснува сe за SMPS  напојувања, кога не знаеш да мериш дали е транзисторот исправен.Што рече Тома,гледај да не ја запалиш куќата! :-\
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5246
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #9 on: 14.12.2016, Wednesday, 22:00:28 »
Јас мислам дека треба да проба сам да го поправи, не можам да кажам дали знае или не, ама ако не проба нема да научи, а вака и да го уништи тотално, или пак можеби ќе го поправи, напојувањето нема да направи ништо лошо, само ќе се запознае подобро со елементите тестирање и слично.

Предлогот за даташит е убав, набави даташит и според него одреди ги елементите, која нога што им е, мери ги, најчесто со она што е означено како диода на унимерот се испитува, или пак омски, со што би очекувал одредена вредност која според логика би била нормална за тој компонент, а тоа ќе го одредиме откако ќе почнеш со работа и ќе ни сликаш или напишеш резултати од мерењата.

Немој да го вклучуваш напојувањето во струја се додека не решиш дека поправката можеби е успешна, затоа што можеш само полошо да направиш
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #10 on: 14.12.2016, Wednesday, 22:38:42 »
 Јас мислам дека со неговото  (не)познавање на практичната работа (вели дека не работел ништо!!), останува мислата дека би бил опасен за себе и околината ! Практичната работа се започнува со поедноставен уред,било ново градба или поправка,а не со оваков *можносмртоносен* и уште комплициран и расипан уред! Корпа!!
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #11 on: 15.12.2016, Thursday, 00:35:06 »
Ви благодарам за мислењата дечки.

Најпрвин, @batka - погрешно си разбрал или пак нејасно сум напишал некоја реченица, но не ми е првпат да поправам или правам плочки - всушност имам направено неколку помали кола, logic level конвертори, разни плочки со lm317, расипани рутери, поправка на адаптери (најчесто замена на кондензатор/транзистор/осигурувач) итн. Сепак, не сум апсолутен почетник, но од SMPS напојувања познавам само основна теорија на работа а од искуство имам само модифицирано АТХ напојувања (така моментално и ги контролирам LED лентите).

Би било бесцелно да купам нов LED driver - можев да замолам поискусен колега да ми го состави целиот систем дома кога започнав (очигледно не било тоа целта). Со други зборови, поважно ми е да научам отколку да 'ќарам' или искористам. (поздрав до @Devil).

Поздрав и до @Bojan за коментарот со нај-конкретни насоки.

Ќе ја надополнувам темата со понатамошните мерења и искуства во текот на овој процес - мене лично ми се најубави оние теми (и на странски форуми) каде може да се следи целиот процес на дебагирање, различните пристапи и мислења. Поздрав до сите!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #12 on: 15.12.2016, Thursday, 03:32:13 »
Во принцип осигурувачот не е да го заштити уредот (иако тоа би требало да е намената) туку
ДА НЕ СЕ ЗАПАЛИ КУЌАТА.

Да, баш така ::).

До некаде се сложувам си мислењето на Devil, затоа, ајде, еве ќе пробаме да го направиме.

Прво е прво. Devil има спомнато datasheets, јас прво би одел на следиов начин. Види дали има некои ознаки на плочката (сериски број, модел, ден-месец-година на производство) и да видиме дали Google ќе извади некоја шемичка за тие ознаки ;). Ако не извади ништо, ќе мора „пешки“, како што пиша Devil :S.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #13 on: 15.12.2016, Thursday, 11:18:40 »
Цитирам : *Здраво на сите! Ова е мој прв пост но да не должам тука со претставување, ќе кажам само дека сум студент на ФЕИТ и имам само некои основни познавања од напојувања.*

Извини,јас сватив дека немаш искуство,ама сепак овие модули се направени за *една употреба* и честопати треба многу знаење и работа па да се управат.Тоа ми е зборот,подобро купи ново,отколку да имаш проблеми и несакани последици.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #14 on: 15.12.2016, Thursday, 19:48:32 »
И јас имав вакво напојување незнам дали е истото но изгледа не е но во иста ваква кутија беше 700денари 600 и нешто али тоа беше 10 ампери имаше и поевтини помали за 300 на пример баш за лед диоди напојувања беа го земав моето од Бриколаш а го имаше и во Електрометал иста цена е ми се чини дека беше 8) ;D
« Last Edit: 17.12.2016, Saturday, 16:51:06 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш