Author Topic: Помош околу прегорено LED напојување  (Read 3417 times)

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #15 on: 15.12.2016, Thursday, 21:42:02 »
@nsu и @batka - искрено ја ценам грижата и свесен сум за опасностите. Исто така свесен сум и за нелогичноста и можеби неисплатливоста на проектот, но одиме понатаму. :D

За среќа, успеав да ги идентификувам деловите - поточно интегралецот и сомнителниот транзистор. Исто така и ги пронајдов на AliExpress. Интегралецот по цена од ~1 долар за 10 парчиња, а транзисторот за некои 6 долари од 5 парчиња.

Интересен ми е форматот т.е. "package" на транзисторот (поголем од оние најчести формати на "through-hole" мосфети).

Моментално не сум дома, подоцна ќе ги поставам линковите од даташитовите и ќе поставам слики од елементите во прашање одделно. Најверојатно ќе успеам и да ја проверам исправноста на транзисторот, но не сум сигурен дали би се снашол со интегралецот - можеби ќе имам потреба од осцилоскоп? Откако ќе го видите "pinout"-от најверојатно ќе никнат идеи.

Споено мислење: [time]16 Декември 2016, 16:19:25[/time]
Компонентите се извадени, идентификувани и тестирани.



Плочката по отстранување на елементите:



Идентификација:

Q1 (мосфет - W9NK90Z):
Code: [Select]
http://html.alldatasheet.com/html-pdf/132932/STMICROELECTRONICS/W9NK90Z/1944/1/W9NK90Z.htmlИнтегралец (UC3843B):
Code: [Select]
http://www.onsemi.com/pub_link/Collateral/UC3842B-D.PDFFS1 (осигурувач): 6А 250V fast-acting
C2 (кондензатор електролитски): 100uF 35V
C17 (кондензатор керамички): 470pF 1kV
C30 (кондензатор керамички): 100pF 1kV (B 101K 1kV)

Тестирање:

R4 - 0L (изгорен)
R2 - 100kOhm (исправен)
R3 - 3.77kOhm (оштетен)*
R8 - 10.8kOhm (оштетен)
C17 - 0L (неисправен)**
C2 - исправен**
C30 - 0L (неисправен)**
FS1 - изгорен
Q1 - неисправен

* - не е возможно да се идентификуваат боите и значително изгорен надворешен слој;
** - мерено со мултимер (отпорност и подоцна празнење со волтметар).

Заклучокот за мосфетот беше донесен откако мултимерот прочита куса врска помеѓу Drain (пин 2) и Source (пин 3 / десно), односно 0.001 (подесен за мерење на диоди).

Очекувам проверка и критика на моите мерни постапки и ќе ве замолам доколку некој може да предложи замена за транзисторот која се продава кај нас. Следува проверка и на останатите делови (околните кондензатори и барање начин за проверка на интегралецот).
« Last Edit: 17.12.2016, Saturday, 17:34:33 by GigaWatt »

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #16 on: 17.12.2016, Saturday, 00:18:20 »
Оптокаплерите здрави се? У2 ? Трафото...?
Трафо без осцилоскоп и "Вибратор" нема да провериш. Освен да го расклопиш.
1н4147, најверојатно одат во оптокаплерите...

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #17 on: 17.12.2016, Saturday, 00:51:10 »
Оптокаплерите здрави се? У2 ? Трафото...?
Трафо без осцилоскоп и "Вибратор" нема да провериш. Освен да го расклопиш.
1н4147, најверојатно одат во оптокаплерите...

Ако тргнам по тој пат, би требало да ги одлемам сите елементи и да ги проверам одделно. Можеби тоа е навистина единствениот начин да бидеме сигурни за каде и на што влијаел дефектот но, пак, доколку стварно има дефект во толку многу елементи тогаш поправката не би се ни исплатела. :)

Што се однесува до трафото, зарем не би можел едноставно со мерење на отпор да откријам куса врска?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #18 on: 17.12.2016, Saturday, 04:39:40 »
Q1 (мосфет - W9NK90Z):
Code: [Select]
http://html.alldatasheet.com/html-pdf/132932/STMICROELECTRONICS/W9NK90Z/1944/1/W9NK90Z.html

Високонапонски. Извади било каков од расипано SMPS напојување за PC. Пази, некои може да одат до 400V (напојувањата од PC се half-bridge, не flyback како ова). Не такви, најди некој што оди барем до 500V. Ако нема EMI филтер во примарот од напојувањето, стави му. Исто така, може цел да се извади од SMPS напојување за PC. Ова е заштита од EMI spikes. Ако ставиш транзистор со релативно понизок работен напон, мора да се осигураш дека нема на првиот power spike MOSFET-от да направи „пуф“. Калемот и блок кондензаторот од примарот на SMPS напојувањето од PC се доволни.

Интегралец (UC3843B):
Code: [Select]
http://www.onsemi.com/pub_link/Collateral/UC3842B-D.PDF

Не мора да значи дека е изгорен, има заштити во него... освен ако апла не е видливо од озгора (чурнато куќиште). Извади го и донеси му Vcc на пин 7 (GND е пин 5) со напон близок до максималниот напон на напојување (колку што прочитав во datasheet 30V, значи, со напон од околу 25V). Ако веднаш не чурне, има шанси да е исправен. Ако почне да грее малку (млако), 90% е исправен.

FS1 (осигурувач): 6А 250V fast-acting

Не мора да е fast, стави било каков. Може и со помала вредност (3A).

C2 (кондензатор електролитски): 100uF 35V

Овој изгледа е за standby (startup). Може да ставиш и со поголема вредност, 470uF/50V.

R4 - 0L (изгорен)

Изгледа како некој со мала вредност. Колку за тест проба, земи некој 10Ohm-ски со поголема моќност (тој од сликата изгледа како да е 0.5W, може и 2W). Ако со таков проработи, ама не работи баш како што треба (на пример, се слуша зуење, MOSFET-от грее), намали му ја вредноста до 4.7Ohm-и види дали ќе се подобри ситуацијата. Намалувај се додека не стигнеш до некоја прифатлива операција на работа (напонот е стабилен, напојувањето не зуе, MOSFET-от не грее премногу).

Сите останати компоненти, без разлика дали се исправни според унимер, замени ги. Сите компоненти работат под висок напон. Можно е под тест проба на низок напон да изгледаат исправни, ама кога ќе ги ставиш под „стрес“ (висок напон), цврц, да отиде се.

U2 би требало да биде voltage reference (TL431). Не е лошо и тој да го замениш. Го има во стари SMPS напојувања за PC.

По оптокаплерите, во секундарот, види дали има зенерки. Ако има, провери ги дали се исправни. Ако се неисправни, колку за тест проба, може само да ги извадиш (тие се заштита на секундарот), не мора да ги менуваш. Оптокаплерите провери ги со помош на два унимера (пиши на YouTube, има клипчиња како се проверуваат со два унимери).

И пиши ознаки на плочката, можеби ќе најдеме некоја шема ;).

Пиши што си направил ;).
« Last Edit: 18.12.2016, Sunday, 06:34:08 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #19 on: 17.12.2016, Saturday, 18:56:46 »
GigaWatt, ти благодарам за убавото објаснување и деталните инструкции. Бидејќи имав плочки од стари SMPS напојувања буквално при рака, успеав веднаш да најдам замени за некои делови. Еве што беше сторено до сега:

Го одлемив едниот крај на зенер диодите за да им ја проверам исправноста.
D7, D8 - На мултимерот даваат ~0.6 (сетирано за мерење диоди) во едната насока а 0L во другата, што укажува на исправна диода.

Како што кажа, U2 е Voltage Reference со ознака TL431a и најдов еквивалент од друг производител во ATX напојување.
Уреден и опширен даташит за оригиналниот елемент:
Code: [Select]
http://www.ti.com/lit/ds/symlink/tl431.pdfНо не знам, дали можам овие да ги мерам како класични NPN/PNP транзисторчиња?

Ги отстранив и C15, C16 откако приметив дека маската под нив е здраво изгорена.
C15 - 2A222 Полиестер кондензатор, 100V (изгорен)
C16 - 47 1KV керамички кондензатор (изгорен)

Како замена за MOSFET-от, побарав во купче извадени транзистори и најдов некои од ATX SMPS напојувања како што предложи. Овие два се кандидати како замена за високонапонскиот елемент, но секако се помалку моќни и понеквалитетни (оригиналниот имаше поголем пакет = поубаво ладење а и некои екстра интегрирани заштити):
13007T
Code: [Select]
http://html.alldatasheet.es/html-pdf/281753/SEMTECH_ELEC/ST-13007/865/1/ST-13007.html3866S
Code: [Select]
http://alltransistors.com/transistor.php?transistor=59176Дали некој од овие е соодветна замена?

Интегралецот... Немам извор од 25V DC, па тестирав со 12V (најверојатно бесполезен тест) но не се осети топлина ниту пак "чурна" (претпоставувам ако имаше спој некаков, ќе излезеше "магичниот чад"). Што се однесува до видливо оштетување - нема, нити пак се познаваат изгореници околу пиновите и самото кукиште (како кај другите елементи) но околните кондензатори беа сите изгорени.

Оптокаплерите P1, P2 (B1502 817C) - измерени со оваа метода:
Code: [Select]
http://www.antimath.info/electro/how-to-test-an-optocoupler/LED диодите на двата оптокаплера се здрави (струјата проаѓа само во една насока помеѓу пиновите кај анодата). Со поврзување на анодата со 3V DC, на другата страна (помеѓу емитерот и колекторот) измерив некои мали вредности за отпорот (десетици оми) а претходно (без напојување) добив бескраен отпор (според линкот вредноста на отпорот е некаде во доменот на гига оми), што би требало да значи дека елементите се функционални.

Инаку, некој праша за ознаките на плочката - јас не успеав ништо конкретно да најдам на интернет (тоа ми беше првото пребарување) но во секој случај: S-200-5A-PCBV00 (2012-10-31)

Следува сумирање на резултатите и составување на список за заменски делови - досега повеќето се ефтини и чести (најверојатно имам замена за секој од нив некаде низ плочкиве).
« Last Edit: 18.12.2016, Sunday, 06:01:03 by GigaWatt »

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #20 on: 17.12.2016, Saturday, 19:24:01 »
Колега секоја чест темата е на место вака како кажа изгледа е до изгоренитете делови смени мосфет и види низ тоа плочките најди и отпорници би требало да имаш а и евтини се смени најди тоа што имаш низ плочките не се премногу критични вредностите и пробај па пишини многу ме интересира што си направил како ќе се понаша е да имаше осцилоскоп еден за интегралецот
« Last Edit: 17.12.2016, Saturday, 20:30:11 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #21 on: 18.12.2016, Sunday, 06:28:54 »
Но не знам, дали можам овие да ги мерам како класични NPN/PNP транзисторчиња?

Не, не можеш. Замени го од некое расипано SMPS напојување од PC, овие компоненти и онака ретко горат. Освен тоа, ако зенерките се ОК, најверојатно и TL431 е ОК ;).

Како замена за MOSFET-от, побарав во купче извадени транзистори и најдов некои од ATX SMPS напојувања како што предложи. Овие два се кандидати како замена за високонапонскиот елемент, но секако се помалку моќни и понеквалитетни (оригиналниот имаше поголем пакет = поубаво ладење а и некои екстра интегрирани заштити):
13007T
Code: [Select]
http://html.alldatasheet.es/html-pdf/281753/SEMTECH_ELEC/ST-13007/865/1/ST-13007.html3866S
Code: [Select]
http://alltransistors.com/transistor.php?transistor=59176Дали некој од овие е соодветна замена?

Ниеден од овие не може да биде директна замена. И двата се високонапонски switching NPN транзистори. Тебе ти треба MOSFET. Може да се преправи напојувањето да работи и со NPN транзистор наместо MOSFET, ама ќе треба дополнителни промени да се прават во примарот. Види ако можеш да најдеш високонапонски MOSFET од некое расипано SMPS напојување за PC. Ако не успееш, ќе ја разгледуваме и оваа опција.

Интегралецот... Немам извор од 25V DC, па тестирав со 12V (најверојатно бесполезен тест) но не се осети топлина ниту пак "чурна" (претпоставувам ако имаше спој некаков, ќе излезеше "магичниот чад"). Што се однесува до видливо оштетување - нема, нити пак се познаваат изгореници околу пиновите и самото кукиште (како кај другите елементи) но околните кондензатори беа сите изгорени.

Врзи два извори од 12V во серија, така ќе добиеш 25V. Дури и да се SMPS, не е проблем, колку за тест проба, не би требало нешто да им се случи. Ако чуеш некое чудно зуење кога ќе ги врзеш во серија, одврзи ги и смени некој од нив со некое друго SMPS напојување.

Ако пак ништо не се случува, замени ги сите компоненти освен MOSFET-от, стави го интегрираното коло и приклучи го под напон напојувањето. Види дали има напон на Vcc и колкав е. Ако има напон и ништо не се случува (нема „пуф“), стави го и MOSFET-от. Ако не работи SMPS-от, ќе бараме каде има проблем.

Не знам дали имаш на располагање осцилоскоп. Се што не спаѓа во доменот на „подуени кондензатори“ кај SMPS напојувања, најчесто само со осцилоскоп се решава.

Оптокаплерите P1, P2 (B1502 817C) - измерени со оваа метода:
Code: [Select]
http://www.antimath.info/electro/how-to-test-an-optocoupler/LED диодите на двата оптокаплера се здрави (струјата проаѓа само во една насока помеѓу пиновите кај анодата). Со поврзување на анодата со 3V DC, на другата страна (помеѓу емитерот и колекторот) измерив некои мали вредности за отпорот (десетици оми) а претходно (без напојување) добив бескраен отпор (според линкот вредноста на отпорот е некаде во доменот на гига оми), што би требало да значи дека елементите се функционални.

Да, би требало да се ОК ;).

Инаку, некој праша за ознаките на плочката - јас не успеав ништо конкретно да најдам на интернет (тоа ми беше првото пребарување) но во секој случај: S-200-5A-PCBV00 (2012-10-31)

Примарот би требало да e сличен на оваа шема.



Батали го секундарот, трафото може да се мота да го дава кој сакаш напон. Во конкретниот случај, важен ни е примарот. Разгледај, види дали ќе најдеш некои сличности ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #22 on: 18.12.2016, Sunday, 23:36:29 »
Во текот на нареднава недела најверојатно ќе добијам пристап до осцилоскоп, па ќе имам шанса убаво да ги проверам некои елементи.

Најдов потенцијална замена за MOSFET-от во плочка за напојување од стар HP принтер:
Code: [Select]
http://store.alhekma4u.com/2sk1603-k1603-mosfet-n-channel-900v-2-5a-40w-5-8-ohm-to-220f/Но, овој е 2.5А, 40W, за разлика од оној кој го заменувам (8А, 160W). Не знам, која е минималната вредност потребна на оваа плочка?

Интегралецот го испробав со АТХ напојување од 24V (-12V и +12V каналите - претходно го избегнував ова). Ништо не се случи.

Утре ќе ја скицирам плочкава (рачно, барем сегментот кој го сервисираме) па ќе се обидеме да споредиме, затоа што мене вака 'од око' не ми оди баш (искуство).

Подолу - сумирање за кои делови треба да се сменат (не сметајќи на интегралецот и мосфетот), а подоцна и нивно поврзување:

1. J1(жица)
2. R2(100kOhm 1W)
3. R3(3.77kOhm 1/4W)
4. R4(0.15/1.86kOhm 1W)*
5. R8(10.9kOhm 1/4W)

6. C2(100uF 35V електролитски)
7. C15(2.2nF 100V полиестер)
8. C16(47pF 1kV керамички)
9. C17(470pF 1kV керамички)
10. C30(100pF 1kV кермички)

11. P1, P2 (оптокаплерите ги враќаме)
12. U2(Vref, го враќаме)
13. FS1(6А, 250V)

Q1 и U1,  се на stand-by.

* - не ми се јасни ознаките, ќе пробам најверојатно со 4.8 омски 5W отпорник (најмала вредност што ја имам со поголема моќност) па ќе видиме.

Сега останува да видиме дали може да се искористи мосфетот од принтерот (може?) и да одлучам дали ќе почекам да го проверам интегралецот со осцилоскоп. Патем, како би го направил тоа?
« Last Edit: 19.12.2016, Monday, 01:03:50 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #23 on: 19.12.2016, Monday, 01:44:15 »
Во текот на нареднава недела најверојатно ќе добијам пристап до осцилоскоп, па ќе имам шанса убаво да ги проверам некои елементи.

Не е до проверка на елементите. Ќе ти треба ако треба му се прави troubleshooting на напојувањето откако ќе се замени се што може да се замени (да се најде на лагер во Македонија).

Најдов потенцијална замена за MOSFET-от во плочка за напојување од стар HP принтер:
Code: [Select]
http://store.alhekma4u.com/2sk1603-k1603-mosfet-n-channel-900v-2-5a-40w-5-8-ohm-to-220f/Но, овој е 2.5А, 40W, за разлика од оној кој го заменувам (8А, 160W). Не знам, која е минималната вредност потребна на оваа плочка?

Ако дава 200W на 12V, тоа се 200W/12V=16.7A. Еве, нека одат 50W на топлина (не би требало повеќе бидејќи е SMPS напојување), тоа е вкупна потрошувачка од 250W. 250W/230V=1.09А. Остануваат уште 1.5A фазла ;). Не е проблем, би требало да работи како што треба ;). Мислам дека и RDSon му е поголемо од оригиналниот, што значи дека повеќе ќе грее, ама ќе си видиш. Ако проработи напојувањето по промена на компонентите, ќе ставиш нешто да го оптерети (LED диоди, моќен отпорник, било што). Остави го да работи некое време. Ако не прегрее транзисторот, не би требало да има проблем ;). Ако направи „пуф“ или ако изреагира заштитата... ќе мора да најдеш помоќен и со пониско RDSon.

Интегралецот го испробав со АТХ напојување од 24V (-12V и +12V каналите - претходно го избегнував ова). Ништо не се случи.

Би требало да е ОК ако ништо не се случило ;). Бидејќи ништо не се случило, дури и да е неисправен, најверојатно ништо нема да се случи (нема да се пушти напојувањето). Он ги дава switching сигналите за MOSFET-от. Ако не даде сигнал, MOSFET-от нема да прејде од OFF во ON и автоматски ништо нема да се случи ;).

Во секој случај, само како мерка за претпазливост, врзи сијалица од 75W во серија со колото за напојување ;).

Исто така, чисто да знаеш, не знам колку се разбираш во електроника, но ако случајно се решиш да го испитуваш напојувањето со вариак (трансорматор со променлив излезен напон), немој. SMPS напојувања не се испитуваат вака. Класичен трансформатор или мотор, да, може вака да го испитуваш, ама не и SMPS напојувања. Со вариак, само може да го изгориш напојувањето... и да кажеш „ова не се прави, има и некој друг проблем“, а всушност проблемот бил тоа што си искористил вариак за да му го намалиш влезниот напон :S.

Утре ќе ја скицирам плочкава (рачно, барем сегментот кој го сервисираме) па ќе се обидеме да споредиме, затоа што мене вака 'од око' не ми оди баш (искуство).

Нема проблем ;). Пробај направи reversing на шемата од ППК-то и види дали примарот е сличен ;).

4. R4(0.15/1.86kOhm 1W)*

...

* - не ми се јасни ознаките, ќе пробам најверојатно со 4.8 омски 5W отпорник (најмала вредност што ја имам со поголема моќност) па ќе видиме.

Мене не ми е јасно тоа што ти си го пишал ;D. 0.15/1.86K ???. Што ти значи ова?

Ако ова е оној расцветаниот моќен отпорник, ти пишав. Пробај со било која ниска вредност до кај 10-тина Ohm-и, колку за проба би требало да биде адекватна замена. Моќност, и тоа ти пишав, 2W па нагоре ;). Ако проработи се како што треба, остави го, не го менувај, очигледно вредноста не му е критична ;).

Сега останува да видиме дали може да се искористи мосфетот од принтерот (може?) и да одлучам дали ќе почекам да го проверам интегралецот со осцилоскоп. Патем, како би го направил тоа?

Стави ги сите компоненти освен MOSFET-от. Врзи го напојувањето на мрежен напон (преку сијалица). Ако ништо не направи „пуф“ и ако сијалицата не засвети (не би требало ни да жари без MOSFET-от), врзи го мерниот пин на осцилоскопот на пин 6 (пинот кој оди кон гејтот на MOSFET-от), а GND на пин 5. Ако добиеш редица импулси --- пауза (половина секунда, секунда, две... зависи од IC до IC) --- редица импулси --- пауза, итн., IC-то е ОК. Во превод, ова значи, сакам да го пуштам напојувањево, ама нешто не ми иде (не знае дека му фали моќното другарче ;D). Можно е да има на пин 6 и континуирана низа импулси. Во принцип, добар знак е ако добиеш било што друго на осцилоскопот, освен права линија ;). Стави го MOSEFT-от и пушти го пак (повторно, редно врзана сијалица со мрежното напојување). Ако напојувањето даде 12V на излез и сијалицата не свети (или жари малку), значи работи, јееееее ;) ;D. Извади ја сијалицата и приклучи го директно на мрежен напон, би требало се да си проработи ОК ;). Ако се работи ОК без сијалица, исклучи го, врати ја назад сијалицата и приклучи товар на излезот (моќни LED). Ако се е ОК, сијалицата или малку ќе жари или воопшто нема да свети, а LED диодите ќе светат ;).
« Last Edit: 19.12.2016, Monday, 01:49:32 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #24 on: 19.12.2016, Monday, 01:59:38 »
Во секој случај, само како мерка за претпазливост, врзи сијалица од 75W во серија со колото за напојување ;).
Претпоставувам сијалицата би имала улога како некаков осигурувач? И груб индикатор за тоа колку струја повлекува колото? (така ми делува)
И дали е во ред да ставам од 60W? (поголема е веројатноста таква да ми лежи по дома)

Исто така, чисто да знаеш, не знам колку се разбираш во електроника, но ако случајно се решиш да го испитуваш напојувањето со вариак (трансорматор со променлив излезен напон), немој. SMPS напојувања не се испитуваат вака. Класичен трансформатор или мотор, да, може вака да го испитуваш, ама не и SMPS напојувања. Со вариак, само може да го изгориш напојувањето... и да кажеш „ова не се прави, има и некој друг проблем“, а всушност проблемот бил тоа што си искористил вариак за да му го намалиш влезниот напон :S.
Сум читал за вариаци, но немам таков по дома. А и не ја гледам поентата во случајов (попрвин би помислил дека некој елемент не би добил доволно јака струја за да проработи правилно).


Мене не ми е јасно тоа што ти си го пишал ;D. 0.15/1.86K ???. Што ти значи ова?

Ако ова е оној расцветаниот моќен отпорник, ти пишав. Пробај со било која ниска вредност до кај 10-тина Ohm-и, колку за проба би требало да биде адекватна замена. Моќност, и тоа ти пишав, 2W па нагоре ;). Ако проработи се како што треба, остави го, не го менувај, очигледно вредноста не му е критична ;).

Ќе ставам 4.8 оми 5 вати, па ќе видиме. Инаку, најверојатно е 0.15 оми (не знаев дека во пракса се користат волку ниски вредности? Всушност ни по книгиве не сум сретнал).

Уште еднаш, ти благодарам за деталните совети (и предвремениот траблшутинг со сијалицата)! :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #25 on: 19.12.2016, Monday, 02:21:31 »
Претпоставувам сијалицата би имала улога како некаков осигурувач? И груб индикатор за тоа колку струја повлекува колото? (така ми делува)
И дали е во ред да ставам од 60W? (поголема е веројатноста таква да ми лежи по дома)

Па... да, така некако му доаѓа ;). Само што не е индикатор за потрошената моќност, туку е само „реверзибилен осигурувач“. Пратктично, ако нешто не е во ред, ќе светне. Ако е се во ред, или ќе жари или воопшто нема да свети... зависи колку е моќен потрошувачот што го врзуваш во серија со сијалицата.

Влакното од сијалицата кога е ладна има релативно мала отпорност, така да, ако се врзе во серија со потрошувач кој не влече премногу струја (тука не спаѓа калорифер или греала), сијалицата ќе се однесува како краткоспојник со некоја мала отпорност. Но, ако нешто не е во ред со потрошувачот кој си го врзал во серија со сијалицата (во краток спој е), сијалицата ќе изреагира, ќе засвети, а струјата која е „наменета“ да оштети уште некоја компонента од неисправниот уред, ќе се истроши на неа ;).

И да, моќноста на сијалицата не е екстремно критична, може и 60W-на да ставиш ;).

Слична функција имаа и сијалиците кои ги поставуваа едно време во звучници. Не знам колку си стар, ама порано, кај појако озвучување, ова беше „стандардна пракса“. Подоцна почнаа да ставаат PTC отпорници... за да не биде звучникот истовремено и light show ;D. Освен тоа, сијалиците не се отпорни на удари, па при транспорт на звучниците можно е некоја сијалица да се скрши, па звучникот да не работи поради една сијаличка ::). Инаку, целта на овие сијалици (24V-ни, од камиони) им беше иста: да се истроши моќноста од засилувачот која можно е да ги прегори звучниците на сијалиците ;).

Сум читал за вариаци, но немам таков по дома. А и не ја гледам поентата во случајов (попрвин би помислил дека некој елемент не би добил доволно јака струја за да проработи правилно).

Не би добил доволно висок напон, со што би повлекол поголема јачина на струја за да искомпензира колкава моќност/напон (зависи дали има врзано на излез од напојувањето потрошувач или не) треба да даде на излез напојувањето (тоа е дефинирано со екстерните компоненти на IC-то), со што ќе се оштети некоја компонента (MOSFET-от и можеби некои околни). Ако немаш ништо приклучено на излез од напојувањето (ако работи во празен од), можно е и ништо да не изгори, ама најверојатно ќе зуи и ќе почне да чури некоја пасивна компонента, а MOSFET-от можно е да прегрева.

Ќе ставам 4.8 оми 5 вати, па ќе видиме. Инаку, најверојатно е 0.15 оми (не знаев дека во пракса се користат волку ниски вредности? Всушност ни по книгиве не сум сретнал).

Во напојувачки секции, особено примарни, каде што се работи со високи напони (или општо, во напојувачка техника), најчесто се користат или екстремно мали вредности или екстремно големи вредности ;). За моќностите, најчесто оние кои имаат екстремно мали вредности имаат голема моќност, а оние кои имаат екстремно голема вредност имаат мала моќност... но и ова не е правило, зависи која е намената на отпорниците (каде се поставени и која им е задачата). Разгледај шеми од SMPS напојувања за PC, SMPS напојувачки степени од CRT телевизори (па и од LCD), високонапонски степени од CRT монитори и телевизори, ќе видиш дека е така ;).

Уште еднаш, ти благодарам за деталните совети (и предвремениот траблшутинг со сијалицата)! :)

Нема проблем ;). Со среќа ;).
« Last Edit: 19.12.2016, Monday, 02:43:59 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #26 on: 19.12.2016, Monday, 02:49:47 »
Трафото нр можеш да го измериш со обичен унимер, само осцилоскоп.
Додека да се наполнат ц1 и ц2 сијалицата интензивно ќе свети, а потоа ќе има доволно енергија да се уништт и 50 мосфети паралелно врзани.
Колото е наменето за 12в и не може да работи секундарот на друг напон.
Мада трафото може да провериш визуелно дали е здраво односно дали му фалат парчиња и дали е распукано. Едино со мултимер може да провериш дали има куса врска помеѓу одделените секции на изводите.

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #27 on: 12.01.2017, Thursday, 18:59:20 »
Се извинувам за 'задоцнувањето' на тие што заинтересирано следеа, но факултетските обрвски не дозволуваа премногу време за домашни проекти.

Сега најдов време да поминам кај Гац и да ги докупам компонентите што недостасуваа. Заменети се (покрај компонентите од претходно):

R2 - 100kOhm 2W заменет со 97.6kOhm 1/2W
R3 - 3.77kOhm 1/4W заменет со 3.54kOhm 1/4W
R8 - 10.8kOhm 1/4W заменет со 10kOhm 1/4W

C30 -  100pF 1kV заменет со еднаков
C15 - 2.2nF 100V заменет со еднаков
C16 - 47pF 1kV заменет со еднаков
C17 - 470pF 1kV заменет со еднаков

По упатсвото на GigaWatt го тестирав напојувањето сериски врзано со 60-ватна сијалица. Сијалицата накратко светна (не многу јако) само кога ги приклучив во струја, а потоа вооптшо не жареше. На влез од напојувањето измерив 230 волти и после 1 минута ништо не прегреа (ништо видливо или 'миризливо' не се случи) но на излез немаше напон.

Осцилоскоп немав за да проверам дали интегралецот му праќа сигнали на транзисторот.

Сега се прашувам, што би можело скрос да го кочи излезот?

Споено мислење: [time]14 Јануари 2017, 01:48:48[/time]
По повторно (и подетално) разгледување и споредба на документацијата за оригиналниот и заменскиот мосфет, дојдов до претпоставка дека токму тука е проблемот.

Имено, иако според пресметките на GigaWatt максималната струја од 2.5А и моќноста намалена на 40W сепак би требало да е доволна проблемот лежи во друга карактеристика - Rgs или Rth (напонскиот праг на вклучување) им е различен.
Оригиналната компонента

Code: [Select]
http://html.alldatasheet.com/html-pdf/132932/STMICROELECTRONICS/W9NK90Z/5844/3/W9NK90Z.html
има Vth од 3.75-4.5V, додека пак истата каректеристика кај заменската компонента

Code: [Select]
http://store.alhekma4u.com/content/Transistors/FET/2SK1603.pdf
изнесува 1.5-3V. Значи колото ја преминува горната граница на заменскиот мосфет и тој или не се активира или се активира во неправилни интервали.

Некако има смисла со оглед на тоа дека има влезен напон (правилно поврзани жици), осигурувачот не изгоре а сепак нема излезен напон. Нема ни некакви зуења или пак знак од сериски врзаната сијалица (не светеше воопшто).

Без осцилоскоп (и проверка на интегралецот) не продолжувам, но размислувам за замена за транзисторот (моменталниот ионака би греел премногу). Ако не се лажам, се што е рејтирано над 300V и 2A би било соодветно, па го кандидарам следниот:

Code: [Select]
http://www.loging.mk/1389/181683/0/ShowProduct/N-kanalen_MOSFET
Атрактивен Rdson и атрактивна цена (во споредба со 300-1000мкд).
« Last Edit: 28.01.2017, Saturday, 02:13:56 by GigaWatt »

Offline Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1177
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #28 on: 14.01.2017, Saturday, 04:13:05 »
Вака на невидено а од моја практика, кога е во кратка врска W9NK90Z тогаш многу голема веројатност е дека UC3843B е неисправно а јас или не видов или не си напишал дека си го заменил туку имаш само идентификација за UC3843B. Според тоа на мислење сум дека премногу се мислиш околу транзисторот.
За W9NK90Z замена е STW9NK90Z  а еквиваленти се:


Code: [Select]
http://alltransistors.com/mosfet/crsearch.php?&struct=MOSFET&polarity=N&pd=160&uds=900&id=8&rds=1.3&caps=TO247
Code: [Select]
http://alltransistors.com/pdfview.php?doc=stb9nk90z_stf9nk90z_stp9nk90z_stw9nk90z.pdf&dire=_st
↓ Type   Pol   Struct   Pd   Uds   Ugs   Id   Tj   Tr   Cd   Rds   Caps
9N100   N   MOSFET   160   1000   30   9   150   95   160   1.2   TO247
9N95   N   MOSFET   160   950   30   9   150   120   175   1.05   TO247
9N90   N   MOSFET   240   900   30   9   150   120   175   1.05   TO3P_TO247_TO220F_TO220F1_TO220F2
10N90   N   MOSFET   183   900   30   10   150   54   245   1.15   TO247_TO3P
AOK10N90   N   MOSFET   403   900   30   10   150   105   190   0.98   TO247
AOK9N90   N   MOSFET   368   900   30   9   150   80   152   1.3   TO247
APT1001R1BN   N   MOSFET   310   1000   30   10.5   150   11   280   1.1   TO247
APT1001R1BVFR   N   MOSFET   280   1000   30   11   150         1   TO247
APT1001R2BN   N   MOSFET   310   1000   30   10   150         1.2   TO247
APT1001R3BN   N   MOSFET   310   1000   30   10   150         1.3   TO247
APT1001RBLC   N   MOSFET   280   1000   30   11   150   11   280   1   TO247
APT1001RBN   N   MOSFET   310   1000   30   11   150         1   TO247
APT1001RBVFR   N   MOSFET   278   1000   30   11   150   11   280   1   TO247
APT1001RBVR   N   MOSFET   280   1000   30   11   150   11   280   1   TO247
APT10050B2VR   N   MOSFET   520   1000   30   21   150   13   595   0.5   TO247
APT10078BFLL   N   MOSFET   400   1000   30   14   150   5   410   0.78   TO247
APT10078BLL   N   MOSFET   400   1000   30   14   150   6   430   0.78   TO247
APT10086BLC   N   MOSFET   370   1000   30   13   150   10   350   0.86   TO247
APT10086BVFR   N   MOSFET   370   1000   30   13   150   10   350   0.86   TO247
APT10086BVR   N   MOSFET   370   1000   30   13   150   10   350   0.86   TO247
APT10090BFLL   N   MOSFET   300   1000   30   12   150   5   338   0.9   TO247
APT10090BLL   N   MOSFET   300   1000   30   12   150   5   338   0.9   TO247
APT1201R2BLL   N   MOSFET   400   1200   30   12   150   9   391   1.2   TO247
BFC41   N   MOSFET   310   1000      11   150      2400   1   TO247
IPW90R120C3   N   MOSFET   417   900      36            0.12   TO247
IPW90R340C3   N   MOSFET   208   900      15            0.34   TO247
IXBH20N140   N   MOSFET   200   1400      20   150         0.33   TO247
IXBH20N160   N   MOSFET   200   1600      20   150         0.33   TO247
IXBH40N140   N   MOSFET   350   1400      40   150         0.24   TO247
IXBH40N160   N   MOSFET   350   1600      40   150         0.24   TO247
IXFH10N100   N   MOSFET   300   1000      10   150         1.2   TO247
IXFH10N90   N   MOSFET   300   900      10   150         1.1   TO247
IXFH12N100   N   MOSFET   300   1000      12   150         1.05   TO247
IXFH12N100F   N   MOSFET   300   1000      12      250      1.05   TO247
IXFH12N100P   N   MOSFET   463   1000      12      300      1.05   TO247
IXFH12N100Q   N   MOSFET   300   1000      12   150         1   TO247
IXFH12N90   N   MOSFET   300   900      12   150         0.9   TO247
IXFH12N90P   N   MOSFET   380   900      12      300      0.9   TO247
IXFH12N90Q   N   MOSFET   300   900      12   150         0.9   TO247
IXFH13N100   N   MOSFET   300   1000      12.5      250      0.9   TO247
IXFH13N90   N   MOSFET   298   900      13      250      0.8   TO247
IXFH14N100   N   MOSFET   360   1000      14   150         0.75   TO247
IXFH14N100Q2   N   MOSFET   500   1000      14      300      0.95   TO247
IXFH15N100   N   MOSFET   360   1000      15   150         0.7   TO247
IXFH15N100P   N   MOSFET   543   1000      15      300      0.76   TO247
IXFH15N100Q   N   MOSFET   357   1000      15      250      0.7   TO247
IXFH15N100Q3   N   MOSFET   690   1000      15      250      1.05   TO247
IXFH16N120P   N   MOSFET   660   1200      16      300      0.95   TO247
IXFH16N90   N   MOSFET   360   900      16   150         0.65   TO247
IXFH16N90Q   N   MOSFET   357   900      16      250      0.65   TO247
IXFH18N90P   N   MOSFET   540   900      18      300      0.6   TO247
IXFH20N100P   N   MOSFET   660   1000      20      300      0.57   TO247
IXFH24N90P   N   MOSFET   660   900      24      300      0.42   TO247
IXFR10N100Q   N   MOSFET   250   1000      10   150         1.2   TO247
IXFR12N100Q   N   MOSFET   250   1000      12   150         1.05   TO247
IXFR24N100   N   MOSFET   416   1000      22   150         0.39   TO247
IXFX13N100   N   MOSFET   360   1000      13   150         0.9   TO247
IXFX14N100   N   MOSFET   360   1000      14   150         0.75   TO247
IXFX15N100   N   MOSFET   360   1000      15   150         0.7   TO247
IXFX16N90   N   MOSFET   360   900      16   150         0.65   TO247
IXFX24N100   N   MOSFET   560   1000      24   150         0.39   TO247
IXFX26N90   N   MOSFET   560   900      26   150         0.3   TO247
IXTH10N100   N   MOSFET   300   1000      10   150         1.2   TO247
IXTH10N90   N   MOSFET   300   900      10   150         1.1   TO247
IXTH12N100   N   MOSFET   300   1000      12   150         1.05   TO247
IXTH12N100L   N   MOSFET   400   1000      12      1000      1.3   TO247
IXTH12N100Q   N   MOSFET   300   1000      12      740      1.05   TO247
IXTH12N90   N   MOSFET   300   900      12   150         0.9   TO247
IXTH13N110   N   MOSFET   360   1100      23   150         0.92   TO247
IXTH14N100   N   MOSFET   360   1000      14   150         0.82   TO247
P0990AU   N   MOSFET   250   900   30   9   150   104   197   1.3   TO247
SML1001R1BN   N   MOSFET   230   1000      10.5   150      2950   1.1   TO247
SML1001R3BN   N   MOSFET   310   1000      10   150      2950   1.3   TO247
SML1001RBN   N   MOSFET   310   1000      11   150      2950   1   TO247
SML100B11   N   MOSFET   280   1000   30   11   150      3050   1   TO247
SML100B13   N   MOSFET   370   1000      13   150      3700   0.86   TO247
SML100T21   N   MOSFET   520   1000      21   150      6600   0.5   TO247
STW11NK90Z   N   MOSFET   200   900      9.2            0.98   TO247
STW12N120K5   N   MOSFET   250   1200      12            0.69   TO247
STW12NK90Z   N   MOSFET   230   900      11            0.88   TO247
STW12NK95Z   N   MOSFET   230   950      10            0.9   TO247
STW13N95K3   N   MOSFET   190   950      10            0.85   TO247
STW13NK100Z   N   MOSFET   350   1000      13.5            0.7   TO247
STW15NK90Z   N   MOSFET   350   900      15            0.55   TO247
STW20N95K5   N   MOSFET   210   950      15.5            0.33   TO247
STW21N90K5   N   MOSFET   210   900      17            0.299   TO247
STW25N95K3   N   MOSFET   400   950      22            0.36   TO247
STW9NK90Z   N   MOSFET   160   900      8            1.3   TO247
« Last Edit: 14.01.2017, Saturday, 04:17:01 by Toma »
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #29 on: 14.01.2017, Saturday, 04:25:13 »
Имаш право дека е голема веројатноста интегралецот да е оштетен - и не, не го заменив. Можеби би било добро да го заменам и тој, под услов да најдам од друго SMPS или ако има на лагер ефтина замена кај нас.

Барањето на замена за транзисторот е засновано во главно врз дебелината на новчаникот, достапноста кај нас и колку би се исплатела замената. Сепак со детален преглед низ разните документации се учи многу а исто така и со самиот траблшутинг (тоа е за мене 'ќар').

Патем, како што се дискутираше и претходно мислам дека нема потреба да се бара мосфет со моќност >160W како во линкот. Во секој случај, првичниот заменски транзистор не го најдов на списокот, ниту пак оној од логинг.

Еве по-опширна листа. Камо ова да беше каталог во некоја наша продавница...
Code: [Select]
[url=http://alltransistors.com/mosfet/crsearch.php?struct=MOSFET&polarity=N&pd=40&uds=300&ugs=0&id=8&tj=0&fr=0&cd=0&rds=1.3&caps=TO247]http://alltransistors.com/mosfet/crsearch.php?struct=MOSFET&polarity=N&pd=40&uds=300&ugs=0&id=8&tj=0&fr=0&cd=0&rds=1.3&caps=TO247[/url]
« Last Edit: 14.01.2017, Saturday, 11:05:41 by batka »