Author Topic: Помош околу прегорено LED напојување  (Read 3123 times)

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #30 on: 14.01.2017, Saturday, 11:04:31 »
Научи  се да кодираш линкови ! Прочитај ги правилата на Форумов !
« Last Edit: 14.01.2017, Saturday, 23:38:29 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #31 on: 14.01.2017, Saturday, 11:27:43 »
Види друже ако можеш ама ако можеш најди нов интегралецот или сличен некој на овој компатибилен на едно вакво слично напојување го користеше еден другар радио станичка напојуваше имав јас транзистори разни сум собирал па ајде смени отпорник па кондензатори па транзисторот па излезе до интегралецот да е џабе се лутавме но добро ти имаше визуелно изгорени компоненти абе нејќам да се праам мајстор и паметен тоа сум го мрзел а чепкам али се мислам дека и интегралецот е отиден ако можеш ако најдеш соодветен смени го друже па може чудо ќе се деси.Друго е кога немаш осцилоскоп. Good luck
« Last Edit: 14.01.2017, Saturday, 11:29:48 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #32 on: 28.01.2017, Saturday, 02:26:54 »
@Ultron7: И јас имав некои обврски и последниов период не се појавував на форумов. Но, еве, да одговорам на некои од прашањата.

Околу Vth-то на двата MOSFET-и, да, можно е да „ми се мушнал“ тој параметар (да не сум го забележал), но искрен да бидам, скоро сите datasheet-ови што сум ги гледал за високонапонски MOSFET-и немале некое толку ниско ограничување на Vth како оној што го гледавме како заменски (13007T). Повеќето биле 1.xxV до кај 12V.

Како и да е, дури и тука да е проблемот, ова лесно се решава со напонски делител. Преполови го напонот за тригерување на MOSFET-от со напонски делител и би требало да работи како што треба ;)... освен ако не изгорел во меѓувреме ;D.

Но, како што пишав, без осцилоскоп овакви проблеми тешко се решаваат. Треба да се види дали воопшто работи UC3843B... бидејќи може и да го купиш, да го замениш и пак да не работи SMPS-от. Зошто... е тоа е веќе сосема друго прашање кое најлесно може да се одговори со адекватна мерна опрема (осцилоскоп).

А за адекватни заменски компоненти, кај нас барем, освен од фурда, од друго место тешко дека ќе најдеш :S. Катастрофа сме за такви работи... но, искрен да бидам, ги разбирам и продавниците за електронски делови. Не им се исплати да прават нарачки за 10 побарувања во годината.

Затоа ebay ми е веќе најчесто користен ресурс за некои специфични работи кои не можам да ги најдам по фурда. Кинезиве нема што не продаваат... и по многу достапни цени. Е сега, да, некое време ќе почекаш, ама тоа е тоа.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #33 on: 28.01.2017, Saturday, 12:53:08 »
За чудо пак, во Логинг има на залиха адекватни замени за компонентите на плочката - за интегралецот ( UC3843B ) по цена од 40 денари и еквивалентни мосфети за приближно 120 денари (сигурно кинезот дава 10-20 за таа цена ама сепак).

Мосфетот во секој случај ќе треба да се смени, дури и да проработи со овој, затоа што моменталната замена премногу би загревала и е очигледно понемоќна. Но сепак ќе направам напонски делител за да го пробам напојувањето.

Доколку не проработи, тогаш ќе причекам за осцилоскопот за да го лоцирам проблемот - може да е до интегралецот, а може и да прави моќниот отпорник со мал отпор ( R4 ) кој не беше заменет со еквивалент ( нели беше целиот како на рингла ставен па не му ја знаеме оригиналната вредност ).

Во меѓувреме направив делумна шема која го покрива влезот, интегралецот и мосфетот во прашање. Остатокот од колото може и од сликите поставени да се види, а и немам време да го доцртам.

Доколку некој е заинтересиран и сака да даде претпоставки, ете го.

П.С. Некоја елегантна идеја за напонскиот делител? Можам некаде да го сменам соодносот на отпорите за да го сменам напонот (ги гледам R5 и R8) или пак некаде да додам од горе отпорник (каде?) ? Искрено колово а и мојот цртеж доволно ме бунат и немам самодоверба да направам такви измени затоа што не сум сигурен како би се однесувало потоа.
« Last Edit: 28.01.2017, Saturday, 13:00:45 by Ultron7 »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #34 on: 28.01.2017, Saturday, 16:02:17 »
За чудо пак, во Логинг има на залиха адекватни замени за компонентите на плочката - за интегралецот ( UC3843B ) по цена од 40 денари и еквивалентни мосфети за приближно 120 денари (сигурно кинезот дава 10-20 за таа цена ама сепак).

За UC3843B, не ме чуди, колку што разгледував online, по отворањево на темава, се користи како SMPS контролер во многу уреди. Значи, не е некој "custom" Кинески интегралец ;).

Доколку не проработи, тогаш ќе причекам за осцилоскопот за да го лоцирам проблемот - може да е до интегралецот, а може и да прави моќниот отпорник со мал отпор ( R4 ) кој не беше заменет со еквивалент ( нели беше целиот како на рингла ставен па не му ја знаеме оригиналната вредност ).

Да, можно е и тој да е проблематичен. Пробај намали му ја вредноста, види дали ќе проработи ;).

Во меѓувреме направив делумна шема која го покрива влезот, интегралецот и мосфетот во прашање. Остатокот од колото може и од сликите поставени да се види, а и немам време да го доцртам.

Одлично ;), браво ;).

Значи, да бидам искрен, можеби си втор или трет член на форумов со кого имам разменувано post-ови и волку детално разгледувал проблем. Браво ;). Ова ми се допаѓа и ова би сакал почесто да го гледам. Повеќето членови се откажуваат кога станува збор за детална разработка на определен проблем. Во определени случаи, навистина не се исплати, не викам не. Ама, јас пак, каков ме дал господ ;D, ако се заинатам за нешто, ма ќе го направам па што сака нека биде ;D.

Искрено, reverse engineering е зезната работа од секој аспект, без разлика дали станува збор за електроника или софтвер, така да, секоја чест за напорот. Се надевам дека трудот ќе му користи и на некој друг ;).

Ако е ова правилната шема и ако нема грешки во примарниот дел, ќе ја прикачам сликата на форумов ;). Така да, само потврди дали нема грешки во шемата. Ако можеш прецртај ја, за да биде по средена. Ако ти е тешко, не е проблем, на кој му треба, ќе се снајде и од оваа ;).

Само ако може со малку поголема резолуција да биде шемата, 800x600 е, некако мала резолуција :S... особено за рачен цртеж.

Секундарната секција и не е баш толку важна. Има само исправувачки диоди и кондензатори... можеби и некој калем за L филтер во комбинација со кондензаторите.

Доколку некој е заинтересиран и сака да даде претпоставки, ете го.

Ќе ја разгледам шемата, ќе видам ако може нешто додатно да биде проблематично ;).

П.С. Некоја елегантна идеја за напонскиот делител? Можам некаде да го сменам соодносот на отпорите за да го сменам напонот (ги гледам R5 и R8) или пак некаде да додам од горе отпорник (каде?) ? Искрено колово а и мојот цртеж доволно ме бунат и немам самодоверба да направам такви измени затоа што не сум сигурен како би се однесувало потоа.

R8 е врзан за пин 3 од UC3843B, а тоа е current sense пин, така да, тука нема што да се преправа. Можно е делот од шемата околу R4 и R5 да ти е згрешен. Некако не ми прави логика, зошто output (triger, пин 6 од IC) би бил врзан за source-от на switching MOSFET-от, а пак уште помалку зошто би требало да тригерува нешто во мрежниот дел (диодите) преку R4 ???.

Можно е R4 и R5 воопшто да не се врзани за пин 6 од UC3843B... провери ова. Можно е R5 да е врзан за пин 7 (Vcc) од UC3843B.

C3 ти е најверојатно грешно обележан и е најверојатно R3. Ако некаде треба да се постави напонскиот делител, тоа треба тука да биде.

Колку што разгледав од блок шемата на UC3843B, output (пин 6) е директно зависен од Vcc, (излезот му е logic buffer кој е директно напојуван од Vcc), така да, VOLOW и VOHI се директно зависни од Vcc. Ако е Vcc околу 15V, сметај дека VOHI на пин 6 треба да биде тука некаде (според datasheet, околу 13.5V). Од друга страна пак, вредноста на VOLOW варира, од 0.1 до 1.6V, што е над 1.5V (минималниот Vth на заменскиот MOSFET), така да, тука е можно да се јавува проблемот, односно UC3843B цело време да го става MOSFET-от во ON позиција (да не менува меѓу ON и OFF), по што реагира заштитата и се гаси SMPS-от.

Може да пробаш со преполовување на напонот. Извади го R3, меѓу пин 6 и пин 5 на UC3843B постави два сериски врзани отпорници од 4.7K. Од врската меѓу нив, извади го напонот за тригерување на MOSFET-от (како што се залемени двата отпорника еден со друг, залеми уште еден вод за таа врска и залеми го другиот крај од водот за гејтот од MOSFET-от).

Пиши што си направил ;).
« Last Edit: 28.01.2017, Saturday, 16:05:27 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #35 on: 28.01.2017, Saturday, 18:47:51 »
Да, можно е и тој да е проблематичен. Пробај намали му ја вредноста, види дали ќе проработи ;).

Ми намигнува цело време, ама незнам на кој напон е врзан па неможам да му пресметам потребна моќност на потенцијален заменски отпорник. Во секој случај прво ќе ја пробаме идејата со напонски делител.

Значи, да бидам искрен, можеби си втор или трет член на форумов со кого имам разменувано post-ови и волку детално разгледувал проблем. Браво ;). Ова ми се допаѓа и ова би сакал почесто да го гледам. Повеќето членови се откажуваат кога станува збор за детална разработка на определен проблем. Во определени случаи, навистина не се исплати, не викам не. Ама, јас пак, каков ме дал господ ;D, ако се заинатам за нешто, ма ќе го направам па што сака нека биде ;D.

Да, надежта е дека ќе му се најде и на некој друг процедурава - макар во општ случај, да проследи еден процес на дебагирање. А овие напојувања се толку фреквентни, не сомневам дека има доста луѓе на кои би им била од полза темава. Патем, и мене ми е мило што се најде некој кој сака да помогне и да соработува.

Ретко се исплати, особено ако немаш барем неколку вишок делови на страна но пак ќе кажам - многу се учи. Всушност, колку е поголем предизвикот толку повеќе е од корист, односно колку е потешка задачата толку повеќе ќе научиш. Мозокот се развива и расте само кога е 'предизвикан' од нешто ново, а повторувањето најверојатно само придонесува за задржување на знаењето и зголемување на ефикасноста пред исти проблеми. Оф-топик.

Ако е ова правилната шема и ако нема грешки во примарниот дел, ќе ја прикачам сликата на форумов ;). Така да, само потврди дали нема грешки во шемата. Ако можеш прецртај ја, за да биде по средена. Ако ти е тешко, не е проблем, на кој му треба, ќе се снајде и од оваа ;).

Не ми е тешко но и неможам да одвојам време во моментов.

Само ако може со малку поголема резолуција да биде шемата, 800x600 е, некако мала резолуција :S... особено за рачен цртеж.

Уфф, сликано е со 12 мегапиксели камера. На телефон со зумирање се гледа одлично, но аплоуд сервисот најверојатно прави попатно компресија. Сепак со отворање на сликата во нов таб се гледа релативно добро, но ако е и така проблем ќе постирам линк од Dropbox за симнување.

Секундарната секција и не е баш толку важна. Има само исправувачки диоди и кондензатори... можеби и некој калем за L филтер во комбинација со кондензаторите.

Намерно е изоставена од цртежот. Можеби со повеќе време и би ја доцртал ама таму е беа правени замени и ми се чини дека е многу генеричка.

Можно е делот од шемата околу R4 и R5 да ти е згрешен. Некако не ми прави логика, зошто output (triger, пин 6 од IC) би бил врзан за source-от на switching MOSFET-от, а пак уште помалку зошто би требало да тригерува нешто во мрежниот дел (диодите) преку R4 ???.

Можно е R4 и R5 воопшто да не се врзани за пин 6 од UC3843B... провери ова. Можно е R5 да е врзан за пин 7 (Vcc) од UC3843B.

R4 и R5 се дефинитивно врзани еден со друг и R5  дефинитивно е врзан на пин 6 (output) од UC3843B.
Тој дел од шемата го проверив сега дополнително, нема грешка тука.

Што се однесува до врзувањето на R4 со мрежниот дел... Ме потсеќа на оној 'feedbacк' делот од SMPS шеми, но токму тој не ми беше јасен (кога општо го разгледував концептоп на функционирање). И тој дел мислам дека се врзуваше во трафото и тука пак доаѓа маглата (збунката) па затоа само ќе го спомнам ова - малку како сугестија, малку како прашање, малку повеќе како идеја.

C3 ти е најверојатно грешно обележан и е најверојатно R3. Ако некаде треба да се постави напонскиот делител, тоа треба тука да биде.

C3 е мал електролитски и се наоѓа долу под малите транзистори. Тој е правилно обележан, но не сум го обележал отпорникот десно од него (кој е патем R13, до зенерките D7 и D8).

R3 е правилно обележан и е поставен веднаш до R4 (потенцирам местоположба затоа што можеби не се познаваат ознаките убаво на сликата, матно е малце). Доколку ставам напонски делител тука, значи дека треба да додадам отпорник во серија со R3 и помеѓу нив да го поврзам R5?

Moжеби C30 ти се видел како C3, но тука многу јасно неможе да има отпорник. Тој е врзан веднаш пред и помеѓу drain и source.

Може да пробаш со преполовување на напонот. Извади го R3, меѓу пин 6 и пин 5 на UC3843B постави два сериски врзани отпорници од 4.7K. Од врската меѓу нив, извади го напонот за тригерување на MOSFET-от (како што се залемени двата отпорника еден со друг, залеми уште еден вод за таа врска и залеми го другиот крај од водот за гејтот од MOSFET-от).

Пин 5 бил GND, лол тоа го барав   :D

Јасна е постапката, утре наутро ќе направам обид со напонскиот делител. Доколку пак нема знаци на живот, прстот ќе биде вперен во отпорникот (R4) и интегралецот, а очите кон осцилоскопот кој е отсутен.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #36 on: 29.01.2017, Sunday, 04:34:36 »
Уфф, сликано е со 12 мегапиксели камера. На телефон со зумирање се гледа одлично, но аплоуд сервисот најверојатно прави попатно компресија. Сепак со отворање на сликата во нов таб се гледа релативно добро, но ако е и така проблем ќе постирам линк од Dropbox за симнување.

Не мора да е 12Mp, може да и направиш resample на... околу 5Mp, нема проблем... само да не биде ептен 800x600.

Инаку, пробав и со отворање во нов таб, не ми ја прикажа поголема од 800x600.

Ај остави ја сега за сега како што е, и онака не сме сигурни дали има грешки во неа или не, кога ќе бидеме горе-долу сигурни дека е точна, тогаш ќе средиме работа ;).

Намерно е изоставена од цртежот. Можеби со повеќе време и би ја доцртал ама таму е беа правени замени и ми се чини дека е многу генеричка.

Да, токму така. Секундарните секции се прилично слични кај скоро сите SMPS-и.

R4 и R5 се дефинитивно врзани еден со друг и R5  дефинитивно е врзан на пин 6 (output) од UC3843B.
Тој дел од шемата го проверив сега дополнително, нема грешка тука.

Што се однесува до врзувањето на R4 со мрежниот дел... Ме потсеќа на оној 'feedbacк' делот од SMPS шеми, но токму тој не ми беше јасен (кога општо го разгледував концептоп на функционирање). И тој дел мислам дека се врзуваше во трафото и тука пак доаѓа маглата (збунката) па затоа само ќе го спомнам ова - малку како сугестија, малку како прашање, малку повеќе како идеја.

Не знам, целата таа врска со R4 и R5 не ми прави логика. Ако се дел од feedback, тогаш што бараат да враќаат назад према trigger output ???.

Не знам... можно е да се дел од некоја филтерска секција ???, pull-up можеби ???. Колкави им се вредностите?

Инаку, да, некои SMPS-и имаат feedback coil (некогаш на примар, некогаш на секундар, почесто на примар) наместо оптокаплер врзан меѓу примар и секундар. Ама ова SMPS си има feedback преку оптокаплер, нема логика да има и преку feedback coil.

C3 е мал електролитски и се наоѓа долу под малите транзистори. Тој е правилно обележан, но не сум го обележал отпорникот десно од него (кој е патем R13, до зенерките D7 и D8).

R3 е правилно обележан и е поставен веднаш до R4 (потенцирам местоположба затоа што можеби не се познаваат ознаките убаво на сликата, матно е малце). Доколку ставам напонски делител тука, значи дека треба да додадам отпорник во серија со R3 и помеѓу нив да го поврзам R5?

Не, мислев на C3 врзан меѓу гејтот на Q1 и пин 6 од UC3843B... или мене барем ми се гледа како C3 на сликата, не знам, можеби ознаката му е и R3.

А инаку, дури сега го видов C3 долу кај зенерките. Тој најверојатно има функција да го држи стабилен напонот за да нема преголеми флуктуации во switching фреквенцијата при мали промени на излезната струја, односно за да фркевентната компензација настане глатко, не нагло ;).

Мислам дека се разбравме околку напонскиот делител ;). Пробај, види што ќе направиш, good luck ;).
« Last Edit: 29.01.2017, Sunday, 05:25:50 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #37 on: 29.01.2017, Sunday, 05:08:48 »

Не, мислев на C3 врзан меѓу гејтот на Q1 и пин 6 од UC3843B... или мене барем ми се гледа како C3 на сликата, не знам, можеби...

Ау дури сега приметив за кој елемент збориш. Потенките линии не се познаваат, инаку тоа си е R3 и е точно обележано (на сликата се гледа како С3).

Не сум дома, вредностите ќе ги пријавам утре  заедно со резултатите од напонскиот делител.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #38 on: 29.01.2017, Sunday, 05:26:04 »
Сега ми текна за што може да биде одговорен R4 ;). За тригерување на MOSFET-от потребно е да се премине Vgs. Шемата беше малку чудно нацртана и затоа не можев да ја најдам врската меѓу сорсот и гејтот, односно од каде се дефинира заедничката точка меѓу UC3843B и Q1. Заедничката „точка“ е R4 ;). Од една страна, R4 е врзан за GND на UC3843B, а од друга страна на сорсот на Q1. Напонскиот делител се всушност R5 и R3, така да, не мора да се додава дополнителен напонски делител ;). Најверојатно не е погодена вредноста на R3 и R4.

Значи, да резимирам. Преку R4 се дефинира минималниот тригерувачки напон на Q1 и најверојатно има многу, многу мала вредност. Разгледај ја шемата за PC SMPS-от што ја имам post-ирано на претходната страна, ќе видиш дека функцијата на R4 во таа шема ја игра R7 и има вредност од 0.22R, така да, не е лошо да пробаш со толкава вредност за R4. R3 и R5 (во комбинација со R4) се одговорни за дефинирање на нивото на VGSon (за да не биде преголем или премал). Таа функција кај шемата што ја спомнав (од претходната страна) ја имаат R8 и R6. Не се буквално исто врзани, но врзувањето е многу слично, така да, можеш со помош на пропорции од вредностите на R8 и R6 да ја добиеш вредноста на R3 бидејќи веќе ни е позната вредноста на R5 (10K). Во шемата што ја спомнав, R6 е 2.2K, а тој се еквивалентира со R5 од овој SMPS, така да, ако R5 е околу 4 пати поголем од R6 од другата шема, а вредноста на R8 од таа шема е 47R, следува дека вредноста на R3 од твојот SMPS би требало да биде околу 200R ;).

Провери уште една работа. Види дали пин 6 од UC3843B преспојува према маса или Vcc. Ако преспојува, UC3843B е дефинитивно изгорен.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #39 on: 30.01.2017, Monday, 14:48:05 »
И јас мислам дека оригиналниот R4 имаше многу помала вредност но не можев да бидам сигурен. Во друго напојуање од овој тип истиот отпорник има вредност од 0.15 оми а мислам дека можам и да најдам соодветна замена. Се надевам 1/2 - 1 ват е доволно.
Ако R4 треба да биде 0.15 оми, R5 има вредност 52.6 оми и сериски се врзани на 30V тогаш... (пресметките ми кажуваат нешто околу 0.05W што не ми е логично).

Патем претходно праша, - R3 има вредност 3.55kOhm.

R3 е оригиналната вредност (или нешто многу приближно) па ќе вклучам да го измерам напонот со мултимер или пак ќе причекам и осцилоскоп за да не го вклучувам повеќе пати.

Исто и прочитав дека сервисерите вообичаено и без проба ги заменуваат интегралците. Со оглед на тоа дека чини колку пакет мастики ќе купам нов а во меѓувреме, бидејќи имам повеќе од овие интегралци ќе ја направам и следнава плочка за тестирање:

Code: [Select]
https://www.electronicrepairegypt.com/uploads/3/9/0/1/3901930/how_to_easily_make_your_own_uc3842__pwm_ic_tester.pdf
Авторот вели ако не свети диодата, тогаш сигурно е оштетен а доколку свети и реагира има шанси да работи, но не е 100%. Сепак доволно е да светне за да знаеме дека интегралецот не би го оштетил (новиот) мосфет, дури и да не е исправен самиот интегралецот.

Еве и поедноставена шема од делот кој го разгледуваме (вредностите се напишани погоре во текстот):

« Last Edit: 30.01.2017, Monday, 23:39:43 by GigaWatt »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #40 on: 30.01.2017, Monday, 14:53:13 »
Прочитај ги правилата и кодирај линкови!!! ???
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #41 on: 30.01.2017, Monday, 15:00:36 »
Се извинувам. Баш припазив на кодирањето ама или погрешно сум стиснал или глувчето повторно ме извиси. Од сега рачно ќе си ги куцам HTML кодовите...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #42 on: 30.01.2017, Monday, 23:29:57 »
И јас мислам дека оригиналниот R4 имаше многу помала вредност но не можев да бидам сигурен. Во друго напојуање од овој тип истиот отпорник има вредност од 0.15 оми а мислам дека можам и да најдам соодветна замена. Се надевам 1/2 - 1 ват е доволно.

Јас би играл со 2W... како сакаш.

Ако R4 треба да биде 0.15 оми, R5 има вредност 52.6 оми и сериски се врзани на 30V тогаш... (пресметките ми кажуваат нешто околу 0.05W што не ми е логично).

R5 има вредност од 10K... ја исчитав од сликите.

Ако си го мерел со унимер, најверојатно и тој отпорник е изгорен.

Патем претходно праша, - R3 има вредност 3.55kOhm.

Ова нема логика. Види го делот од шемата што ти ја post-ирав претходно. Еве го делот со R3.

Види ја вредноста на R8 (R3) и вредноста на R6 (R5). Нема логика R3 да има толку голема вредност бидејќи тогаш нема да може да го тригерува MOSFET-от. Напонскиот делител R3/R5 треба да има функција на бафер, ништо повеќе од тоа... колку да не се земе излезот од UC3843B директно од пин 6 (trigger out).

Исто и прочитав дека сервисерите вообичаено и без проба ги заменуваат интегралците. Со оглед на тоа дека чини колку пакет мастики ќе купам нов а во меѓувреме, бидејќи имам повеќе од овие интегралци ќе ја направам и следнава плочка за тестирање:

Code: [Select]
https://www.electronicrepairegypt.com/uploads/3/9/0/1/3901930/how_to_easily_make_your_own_uc3842__pwm_ic_tester.pdf
Авторот вели ако не свети диодата, тогаш сигурно е оштетен а доколку свети и реагира има шанси да работи, но не е 100%. Сепак доволно е да светне за да знаеме дека интегралецот не би го оштетил (новиот) мосфет, дури и да не е исправен самиот интегралецот.

Го разгледав тестерот, лесен е за изработка, може и во воздух да го изработиш.

И, пред да го правиш, провери го она што ти пишав, дали е краткоспоен пин 6 со пин Vcc или GND на UC3843B... бидејќи ако се краткоспоени, UC3843B е сигурно изгорен.
« Last Edit: 30.01.2017, Monday, 23:32:05 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1166
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #43 on: 31.01.2017, Tuesday, 20:21:02 »
На сликава,
 
грецот составен од диодите D1, D2, D3, D4 не е точно нацртан што ме тера да мислам дека и во останатиот дел има доста грешки!

Сликај ја плочката од „долната“ страна, ќе биде полесно за „распознавање“ на шемата и елементите.
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #44 on: 01.02.2017, Wednesday, 20:21:23 »
Навистина и мене ми беше чудна шемата - пример D8 зенерката е врзана во круг, оптокаплерот Р1 е директно врзан на 230 волти, има нелогички врски кај интегралецот... Само тоа не е толку проблем, туку фактот што не гледам логика вака, на ваков * начин* да се учи. Подобро смени се комплет, веројатно ке те чини помалку од 1000 денари. Иначе, имав еден колега кој еднаш смени се во еден уред и го среди, ама го чинеше повеќе од нов. Во секој случај само за забава во слободно време , а и да го поправиш случајно, немаш гаранција дека долго ќе работи. Најди си осцилоскоп,без него само ќе луташ.
« Last Edit: 01.02.2017, Wednesday, 20:33:35 by batka »