Author Topic: Помош околу прегорено LED напојување  (Read 3432 times)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #45 on: 02.02.2017, Thursday, 15:25:58 »
Оо во темава сте се изнапишувале се развила браво секоја чест Ultron7 за упорноста е вака се работи кога се трудиш па види батка и се да смени пак е школа а што не се исплати не али и јас првиот мој свичер вака го средував се скоро му сменив тоа беше свичер од пентиум 3-јка Ultron7 друже земи влези им во некој институт земи осцилоскоп или некаде на пракса каде одиш мада нема врска ќе го средиш и без осцилоскоп многу си упорен браво брависимо  ;D :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #46 on: 02.02.2017, Thursday, 15:54:24 »
Цитирам : Ultron7 друже земи влези им во некој институт земи осцилоскоп  ;D ;D ;D ;D ;D :D :D :D :D :D Го тераш да украде осцилоскоп????? ;) :D А,nsu  не го очекував ова од тебе! ;D ;D ;D ;D ;D да,муабети колку сакаш ама да видиме финале. Ако го прашаш Тома како сервисер, вакви работи не се нафаќа да поправа,бидејќи се премногу евтини ,а не можеш никаква гаранција да дадеш.
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #47 on: 02.02.2017, Thursday, 18:58:55 »
Буквално испадна дека го терам да краде фино нека ги замоли ете сега нов декан има фин е се шалам ќе среди Ultron7 и без осцилоскоп никогаш јас не би ги молел кај некој мајстор би отишол би се срамел би си собрал пари би си купил половен ахахах на крај ајде ќе среди Ultron7 упорен е  ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #48 on: 03.02.2017, Friday, 01:17:11 »
Ако го прашаш Тома како сервисер, вакви работи не се нафаќа да поправа,бидејќи се премногу евтини ,а не можеш никаква гаранција да дадеш.

Да да, ова е повеќе од јасно. Ова не се исплати да се прави... освен ако некој не ми даде барем 20 вакви изгорени со ист проблем и да ми рече дека ми дава по 500 денари од поправено напојување. Тогаш можеби и би се нафатил да ги правам. Не поради друго, на првото ќе се помачиш, ама ако проблемот е ист кај сите, она што си го направил кај првото го правиш и кај сите останати и се оди многу побрзо ;). Ако се најде некое со друг проблем освен оној кој си го „решил“ (поправил), го тргаш на страна, не се прави и крај на приказната ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #49 on: 05.02.2017, Sunday, 23:27:58 »
Тоа е Гига кој ќе прави такво дојде времево сите сме со обврски и да си мајстор веќе се е евтино не ти се исплати али е многу добро за почеток се учи ми се свиѓа тоа што Ultron7 има добар систем на широко ја почна работата и полека не брза а има воља тоа е битно и тука треба сите што се поискусни мислам како тебе да помогнат ете и ти човек имаш обврски али си топ многу му помогна во темата тоа се цени кога се може и колку се може 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #50 on: 06.02.2017, Monday, 00:43:20 »
Па затоа и почнав да пишувам во темава. Бидејќи видов дека Ultron7 студиозно пристапи кон проблемот, а не само со прашање „како да го направам“... теми кои најчесто се без решение или со решение сервирано на тацна ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #51 on: 06.02.2017, Monday, 02:13:06 »
Уште еднаш ви се заблагодарувам на сите. Искрено очекував само неколку кратки предлози но многу пријатно се изненадив. ГигаВат исто како да бил со мене на бирово сето време.

Инаку купив нов интегралецот (сосема истиот модел, пак од СТ) - го има кај Гац за 25 денари. Нема да го заменам додека не го измерам и споредам со стариот (да утврдам дали навистина е во дефект стариот и дали ќе ми биде исправно тест-колото за овие интегралци). Од старт се откачи еден од пиновите на подножјето што го земав (DIP-8, 5 денари кај Гац) па не успеав да го направам колото од минатиот пост.

А и всушност не е ни важно, затоа што нема да направам друга проба се дури не купам нов мосфет - ќе пробам и без мосфетот претходно, но откако ќе му го знам напонскиот праг на активација (за да можам да ги одредам потребните отпорници за напонскиот делител).
Патем, можеби и претходно го споделив но ова е мосфетот кој го имам на пик:
Code: [Select]
http://www.loging.mk/1389/181683/0/ShowProduct/N-kanalen_MOSFET

До тогаш, нема што да се каже. Да најавам и подолг "response time" од моја страна, затоа што ќе имам доволно обврски периодов. Да не помислите дека сум се откажал  ;)

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #52 on: 06.02.2017, Monday, 02:34:55 »
Инаку купив нов интегралецот (сосема истиот модел, пак од СТ) - го има кај Гац за 25 денари. Нема да го заменам додека не го измерам и споредам со стариот (да утврдам дали навистина е во дефект стариот и дали ќе ми биде исправно тест-колото за овие интегралци). Од старт се откачи еден од пиновите на подножјето што го земав (DIP-8, 5 денари кај Гац) па не успеав да го направам колото од минатиот пост.

Директно леми ги компонентите во воздух за UC3843B, нема проблем ;). Колку што ја разгледав тест шемата, тешко дека ќе го изгориш UC3843B ако го користиш пишаниот напон за напојување ;). Всушност, интегрирани кола од овој вид (SMPS контролери) најчесто горат или од over voltage на Vcc, или поради прегорување (краткоспојување на сите пинови) на MOSFET-от... други ситуации се многу ретки.

Во конкретнава ситуација, не верувам дека откажала компонентата преку која се напојува UC3843B, туку дека SMPS-от бил преоптеретен или неадекватно ладен, па откажал MOSFET-от, а со тоа, евентуално и UC3843B.

А и всушност не е ни важно, затоа што нема да направам друга проба се дури не купам нов мосфет - ќе пробам и без мосфетот претходно, но откако ќе му го знам напонскиот праг на активација (за да можам да ги одредам потребните отпорници за напонскиот делител).

Пишав, ама ајде, пак ќе пишам.

Не мислам дека бил тоа проблемот при првата проба. Мислам дека бил неадекватниот избор на R3/R5. Разгледај ја шемата од Sunny ATX230 од претходната страна, мислам дека ќе ти стане јасно на што мислам ;). Имам објаснето во тој post кои треба (од прилика) да бидат вредностите на R3 и R5, а и зошто мислам дека вредноста на R5 која ја имаш измерено дека не е онаа која треба да биде (и според color code и според шемата на Sunny ATX230).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Ultron7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #53 on: 03.04.2017, Monday, 21:56:11 »
Време е да и се вратиме на плочкава односно напојувањево. Најверојатно одамна не сме во 'ќар', но да ја завршиме работата.

Да се навратиме малку на последниот тест, односно единствениот тест до сега кој вклучуваше проба на напојувањето на мрежен напон. За време на тестот не се случи ништо, но беше потврдено дека напојувањето добива соодветен напон на влез (на излез немаше знаци на живот). Колото беше активирано со оригиналниот интегралец и еднаш со заменски мосфет, еднаш без - без промена на резултатот.

Го повторив овој тест, но овој пат врзан на шуко со сопствен 'паѓачки' осигурувач (кој после еден електричен потрес бев потсетен дека е безполезен доколку склопот е обратно поврзан на друг шуко). После можеби не цела минута операција, напојувањето се претвори во скара - со други зборови, изгоре R8 (видно, единствено тој).
Колото беше вклучено на мрежен напон, со заменети фаза и неутрално, и изваден мосфет. На негово место односно на пристапите каде што би биле врзани Gate и Source поврзав мултимер и осцилоскоп (да, конечно најдов - и самиот мина низ поправка). Мултимерот беше сетиран на подрачје AC 20V (очекуваниот сигнал е периодичен, па сметам не би биле нешто попрецизни со DC подрачје).

Фасцинантна приказна, но на следнитe цртежи е објаснето сето ова:

Долниот цртеж го илустрира очекуваниот резултат.

Во моментот на пишување, обидувајќи се да ја најдам и допишам вредноста на R5, увидов дека од некоја причина не постои. Односно, незнам што се случило и во кој момент сум го извадил (и со која цел). Истотака неможам да утврдам на колку тестови се повторила оваа грешка.

Сега е јасна причината за прегорување на R8. Всушност причината е иста - протекување на преголема струја. Без отпорникот R5 па дури и со несоодветен сооднос на напонскиот делител R5-R4, Source-от на транзисторот добива погрешна вредност за напонот.

Единствениот корисен заклучок кој претходеше на овој тест е следниот
Мосфетот кој го купив како заменски има вредност за Vgs = 4.5V, тоа значи дека потребна ни е потенцијална разлика од 4.5V помеѓу Gate-от и Source-от на мосфетот. Gate пинот на мосфетот е врзан за Output пинот на интегралецот (UC3843B) кој преку квадратна функција го менува напонот помеѓу 30V и 0V , преку единствен отпорник R3 кој би можел единствено да ја регулира струјата, притоа не влиаејќи на фреквенцијата, фазата и напонот.
Source пинот е поврзан во средина на напонскиот делител, односно висината на напонот на пинот е во зависност од двата отпорника, додека пак фреквенцијата и фазата би биле исти како на Gate-от.

Според шемата во претходните слики, заклучуваме дека во случај кога сигналот е висок (+30V на Output), напонот на Gate е 30V, додека пак на Source 'паѓа' зависно од делителот. Нас ни е потребен пад од 4.5V во однос на Gate-от, затоа што нели Vgs = 4.5V па оддтука пресметуваме сооднос на отпорностите 1 : 5.7 за R4 : R5

Бидејќи мосфетот е активиран напонски, ме буни потреба од ниски вредности (како што заклучивме од примерите во праксата) за R4 i R5. Исто така, колку е витална улогата на R3?
« Last Edit: 04.04.2017, Tuesday, 01:49:20 by GigaWatt »

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу прегорено LED напојување
« Reply #54 on: 04.04.2017, Tuesday, 01:37:01 »
Единствениот корисен заклучок кој претходеше на овој тест е следниот
Мосфетот кој го купив како заменски има вредност за Vgs = 4.5V, тоа значи дека потребна ни е потенцијална разлика од 4.5V помеѓу Gate-от и Source-от на мосфетот. Gate пинот на мосфетот е врзан за Output пинот на интегралецот (UC3843B) кој преку квадратна функција го менува напонот помеѓу 30V и 0V , преку единствен отпорник R3 кој би можел единствено да ја регулира струјата, притоа не влиаејќи на фреквенцијата, фазата и напонот.
Source пинот е поврзан во средина на напонскиот делител, односно висината на напонот на пинот е во зависност од двата отпорника, додека пак фреквенцијата и фазата би биле исти како на Gate-от.

Тоа што цело време пробував да го објаснам. Изгледа сега го свати ;). Затоа цело време ти викав разгледај ја шемата на Sunny ATX230, има многу сличности, ќе ти стане појасна ситуацијата ;).

Според шемата во претходните слики, заклучуваме дека во случај кога сигналот е висок (+30V на Output), напонот на Gate е 30V, додека пак на Source 'паѓа' зависно од делителот. Нас ни е потребен пад од 4.5V во однос на Gate-от, затоа што нели Vgs = 4.5V па оддтука пресметуваме сооднос на отпорностите 1 : 5.7 за R4 : R5

Прочитај од еден претходен post.

Ако R4 треба да биде 0.15 оми, R5 има вредност 52.6 оми и сериски се врзани на 30V тогаш... (пресметките ми кажуваат нешто околу 0.05W што не ми е логично).

R5 има вредност од 10K... ја исчитав од сликите.

Ако си го мерел со унимер, најверојатно и тој отпорник е изгорен.

Патем претходно праша, - R3 има вредност 3.55kOhm.

Ова нема логика. Види го делот од шемата што ти ја post-ирав претходно. Еве го делот со R3.

Види ја вредноста на R8 (R3) и вредноста на R6 (R5). Нема логика R3 да има толку голема вредност бидејќи тогаш нема да може да го тригерува MOSFET-от. Напонскиот делител R3/R5 треба да има функција на бафер, ништо повеќе од тоа... колку да не се земе излезот од UC3843B директно од пин 6 (trigger out).

Бидејќи мосфетот е активиран напонски, ме буни потреба од ниски вредности (како што заклучивме од примерите во праксата) за R4 i R5. Исто така, колку е витална улогата на R3?

Уште еднаш ќе ти пишам, разгледај ја шемата на Sunny ATX230. Верувај, појасна ќе ти стане работата бидејќи шемата е пологично нацртана ;). Таму R4 е R7 (0.22R). Еве ќе ја прецртам твојата шема за да ти биде работата појасна ;).

Те буни позицијата во која го имаш нацртано R4, тоа е тоа ;). А вредноста е ниска бидејќи се користи за sense на струјата низ MOSFET-от... можно е и да има и некоја мала пригушувачка функција, од напонски peak-ови, но пред се се користи за sense.

А улогата на R3... па мислам дека е очигледно дека MOSFET-от нема да се тригерува без R3 ;D... така да... апсолутно треба ;D.

И вредноста на R5 не е ниска, 10K е.
« Last Edit: 04.04.2017, Tuesday, 01:45:36 by GigaWatt »