Author Topic: Универзален осигурувач  (Read 1683 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Универзален осигурувач
« on: 28.01.2017, Saturday, 02:55:56 »
Проблематикава не е баш нова, ама мислам дека не е отворена тема до сега за конкретно ваков дизајн ;). Инаку, идејата ми дојде од следнава тема.

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13793.0


Се надевам дека од сликата е јасно за што станува збор ;). Сериски врзана сијалица со потрошувач ;).

Претходно, користев сериски врзана сијалица за вакви работи, но ја лемев или со клеми некако ја прикачував, па ќе ми паднеше, па леле да не прегорела, па хаос на работна маса, да не се скрши, пазиш да не ставиш нешто на неа :S. Освен тоа, треба да лемиш и прелемуваш секој пат кога ќе треба на некој друг потрошувач да ја ставиш, а можеби ќе имаш потреба за послаба или појака сијалица, па лепи жички за неа (бидејќи скоро сите се веќе со алуминиумски винтови и не може да лемиш жички за винтот ::)). Вака, ем може да си ставам сијалица со адекватна моќност, ем ќе искористам веќе постоечките буксни што ги имам направено со кркодил штипчиња на краевите и завршена работа ;).

Еве уште некои слики ;).

















Не мислам дека треба да цртам шема како е направено се ова... ако некој смета дека треба да нацртам, не е проблем, пишете во темава, ќе додадам и шема ;).

А еве го и универзалниот осигурувач во акција ;D.









Намерно пробував со асинхрон мотор бидејќи знаев дека сигурно ќе изреагира на него ;) (голем товар), но го пробав и на лемната станица што ја имам, реагираше и на неа кога ќе изреагираше термопарот (ќе се пуштеше леткумот) ;).

Реално, ваков уред најмногу би се употребувал за испитување на трансформатори (и распоред на примарни и секундарни намотки) и SMPS-и. Но, може и многу други намени да му најдете... од едноставен димер за леткум, ограничувач на моќност/вртежи на мотор, итн. ;).
« Last Edit: 28.01.2017, Saturday, 14:53:13 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #1 on: 28.01.2017, Saturday, 10:02:15 »
Браво за идејата!
« Last Edit: 28.01.2017, Saturday, 10:16:36 by LordZi »

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #2 on: 28.01.2017, Saturday, 10:14:30 »
Ова е многу едноставна, а екстра корисна работа... :)) Многу често ја користам мојата, кај мене е заедно во кутија со електронскиот товар, има само едно прозорче... ;)

People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #3 on: 28.01.2017, Saturday, 11:48:36 »
Значи Lordzi кој уметник си ти еј човеку
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #4 on: 28.01.2017, Saturday, 14:52:00 »
Ја знам „тест кутијата“ на LordZi ;). Нема што, кај LordZi се е цакум пакум ;).

Намерно не ја ставив во кутија за да може да биде транспортна. Инаку, да, и на тоа размислував, во некоја кутија да ја ставам ;).

А да, заборавив да напоменам дека целата метална конструкција е заземјена ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #5 on: 28.01.2017, Saturday, 15:13:22 »
Топ Гига така е по прописот и напред решетката од бакар си ја направил убаво си си ги залемил жиците оп одма идеа  ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 407
  • Gender: Male
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #6 on: 29.01.2017, Sunday, 14:03:54 »
Она на тастер шо личи на штекерот шо е монтирано, тастер  е ?

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #7 on: 29.01.2017, Sunday, 17:13:39 »
Може да е тастер но и немора да е тастер ми личи како оние прекинувачите од старине радио германските Grounding касетофоните и постарите телевизори имаа ваков прекинувач сличен неверувам да е тастер сепак ќе каже Гига
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #8 on: 29.01.2017, Sunday, 22:36:26 »
Дур се смилува гига да каже, да си ја проба среќата:
Ако констатораме дека иредот кој го тестотаме е во ред, се премостува сијалицата и уредот работи под полна пареа, односно во нормален режим на 220в(кој има среќа да има 220в  во штекот)
Извомете на шала

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3213
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #9 on: 29.01.2017, Sunday, 22:48:46 »
прекидач е за премостување на сијалицата. и јас имам едно вакво направено да го сликам па да се пофалам со него :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 407
  • Gender: Male
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #10 on: 29.01.2017, Sunday, 23:13:21 »
Аха, фала.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #11 on: 30.01.2017, Monday, 01:00:38 »
Затоа и реков мора да е прекинувач Бојан стави слика од твоето чисто ме интересира твојата изработка а твоја изработка еднакво на твоја идеа еднакво на повеќе идеи ќе земам и јас ќе си направам вакво нешто многу е корисно а и ми треба интересно ми е ова на Гига имам и јас такви мали жички дебели бакарни од ротор на стартер алансер ми се корнети. Од 2012 до сега собрав 3 и пол кила бакар се од разни моторчиња што од штрафилки што од брисачи прскалки вентилатори од коли разни трафоа неисправни а од роторите од алансери многу тешко некоја поголема жица да откорнеш се кинат сега се дадов во отпад немам веќе бакар и за лек само тие мали дебели жички неколку од еден ротор еве им фина намена е кога ќе те задеси нешто се да исфрлиш од метали што си имал во гаража сега немаш ни за лек да намоташ некој калем а имав клопчиња бакарни со разни димензии кога ми треба нешто за ВФ вадам калеми стари намотани од некоја стара радиостаница али слабо чепкаме електроника периодов толку веќе послабо. Еј да си го продадеш цел бакар тешко одмотуван па пазен мазен исправан клопчето или поголемите парчиња жица цели трафоа сум ги одмотувал ќе се замоташ со дугачки жица па исправај ја па мотај ја во клопче да ја чуваш. Отиде се тоа рацеве ми знаат низ што се не поминале ;D
« Last Edit: 30.01.2017, Monday, 01:07:42 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #12 on: 30.01.2017, Monday, 01:36:38 »
Она на тастер шо личи на штекерот шо е монтирано, тастер  е ?

Не е тастер прекинувач е. Го монтирав за да можам полесно да правам ON/OFF на уредот кој е под тест, а да не морам притоа да го вадам и гасам од штекер. На пример, многу SMPS напојувања за PC немаат ON/OFF прекинувач, па морам да ги приклучувам и исклучувам ако сакам да сменам нешто.

Освен тоа, практично е. Се ставаш на определена далечина и го стискаш прекинувачот за ON/OFF, бидејќи иако има сијалица врзано во серија со потрошувачот, никогаш не знаеш кога нешто може да направи „паааууу“ и притоа, не дај боже, да се повредиш. Не сме совршени, грешки правиме, понекогаш, иако не треба, работиме уморни и... се случуваат непредвидени работи :S.

А инаку, врзан е во ред со сијалицата... поконкретно, бидејќи е двоен прекинувач (ја прекинува и фазата и нулата, намерно избрав таков, од сигурносни причини), едниот од двата прекинувачи е директно врзан со еден од од водовите, а другиот е врзан во серија со сијалицата, па дури потоа се враќа назад водот кон шетекерот.

Ај, еве вака да поедноставам.


         |--> машка буксна (~ напон) --> прекинувач --> женска буксна
220V~ -->|                               |   |   |
         |--> машка буксна (~ напон) --> прекинувач --> сијалица --> женска буксна


Значи, не е прекинувач кој ја премостува сијалицата, туку најобичен прекинувач кој само ја прави ON/OFF на напонот кој доаѓа до сијалицата и потрошувачот.

Од 2012 до сега собрав 3 и пол кила бакар се од разни моторчиња што од штрафилки што од брисачи прскалки вентилатори...

Провери од тоа вентилаторите да не ти е случајно „Кинески бакар“ ::).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12555.0
« Last Edit: 30.01.2017, Monday, 03:25:26 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #13 on: 30.01.2017, Monday, 14:39:32 »
Гига продаден е веќе кај нас во еден отпад 230е бакарот од другата страна на Вардар мислев за вентилатори од возила оние вентилаторрите за ладење кај парното па топло да зема од моторот исто од вентилатор од хладњак од автомобил термо прекинувачот што го отвара такви вентилатори малце имаат бакар директно ги фрлам во ѓубре ради тоа баш немам веќе бакар малце 30 грама си оставив 1милиметар жица  8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Универзален осигурувач
« Reply #14 on: 30.01.2017, Monday, 23:50:03 »
Овие бакарни „лицни“ се вадени од некој „не знам колку амперски“ напојувачки кабел. Не знам каде го најдов парчево... може да беше и на улица ;D. Инаку, заедно беа впредени како обичен напонски кабел... само многу подебели. Може имаше некои 200, 300 грама бакар во нив... не знам, не измерив. Поентата ми беше да го направам уредов, не да пресметувам што и колку чини. Ако е работава за „колку чини“, кој знае колку калај истрошив за да ги залемам металните и бакарните елементи заедно, па што... ако фатам да гледам цена на се, ехеееее, кај ќе ми е крајот ;D.
« Last Edit: 30.01.2017, Monday, 23:52:14 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."