Author Topic: Помош околу зуење на сите звучници кај Quadro HT-500 Surround System  (Read 3227 times)

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Значи сараундов го имам некои си 15-ина години. Кога го купив уште од старт имаше проблем со зуење на сите 5 звучници плус и на сабвуферот. Го однесов на сервис дур беше под гаранција и после скоро месец дена дремење таму ми се јавија да си го земам пошто не се праел. (Видео Дата). Го користев така со зуење за да после неколку години случајно сам по себе шумот се изгуби. Последниов период се слушаше остро краткотрајно пуцкетање во субвуферот. После некој период ми рикна звучникот од него и на крај и главниот осигурач на трансформаторот. :)
Е сега, до кај стигнав.
 Го извадив звучникот и видов дека калемот му е отиден. Го дадов на премотување пошто конусот и се останато му беше во стабилна состојба а и не ме се купува нов за да не го рикнам и тој.
 - Го сменив главниот осигурач. (3.15A)
 - Ги сменив двата високонапонски транзистори SC5200 и A1943. Најдов и два подуени мали електролоти и нив ги сменив. Проработе ко шо треба но зуењето повторно се врати.

Најчест проблем во оваа ситуација е напонот кој не е добро исфилтриран. Знам дека треба да ги сменам големите електролити и евентуално да ги надградам истите. Е сега која комбинација ја препорачувате?

Со обзир да уште кога го купив чудово од сам старт зуеше малку ми е шубе да ставам кондензатори со исти параметри е сега ако одам на варијанта за поголеми кои би биле нај идеални.

Успеав да најдам PDF од дијаграмот од плочките но проблемот е што дијаграмот е за ревизија верзија 2.0 а кај мојата плоча стои ревизија 1.0. Многу елементи фалат на плочава и има многу премостувања и прекинати џампери и сл. (Кој знае кој се не го чепкал чудово).

Друго што приметив е дека на верзијата 2.0 напоните се 25V а јас ги немам тие туку кај мене се 23V.
Трансформаторот е со 3 различни напони:
 - Сини две жици - 35.2V до 35.4V
 - Жолти две жици - 17.1V до 17.2 V
 - Зелени две помали жици - 10V до 10.1V

Во прилог ставам слики од плочките за напојувањето и електрониката како и од трансформаторот и дијаграм шемата во PDF.

Внимание: Имам основно познавање од електроника и однапред се извинувам за можната гњаважа. :) Имам само кинеско мултимерче и леткумче. Камо да имав осцилоскоп али немам. :)

Трансформаторот





Напојување Горна и Долна Страна (Крш)







Електрониката Горна и Долна страна



« Last Edit: 14.02.2017, Tuesday, 02:46:07 by GigaWatt »

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Како нов член само да те опоменам да си ги прочиташ Правилата на Форумот,посебно како се кодираат линкови! Сега ќе поправам,ама пази друг пат!!
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Како нов член само да те опоменам да си ги прочиташ Правилата на Форумот,посебно како се кодираат линкови! Сега ќе поправам,ама пази друг пат!!

Мој пропуст се извинувам. Искрено се измачив малку околу сликите и ги поставив така на крај. Ги прочитав правилата и начинот на поставување и сега ми е појасно.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Електролитите според сликите ми изгледаат доволно големи (под услов да не се исушени) за да го филтрираат напонот.
Моја претпоставка е дека зуењето можеби потекнува од лошото разведување на масите, овде на иста плочка има повеќе посебни засилувачи, филтер за сабвуферот итн., прашање е колку е тоа добро изведено...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
LordZi е најверојатно во право.

Ако имаш сигнал трасер при рака, краткоспои го влезот на засилувачот (сите влезови) и види во кој степен се јавува зуењето. Ако се јавува само во определен степен, најверојатно има некој проблематична пасивна компонента во тој степен. Ако се јавува секаде (од втора или трета компонента на влезот) и се зголемува се до излезните транзистори, најверојатно има некој проблем со масата.

EDIT:

Сега видив што имаш пишано дека имаш од мерна опрема. Само со таа мерна опрема, најверојатно нема да најдеш каде е проблемот. Конкретно јас, вакви проблеми само со сигнал трасер решавам. Има шеми по форумов за сигнал трасери. Не се комплицирани за изработка, а многу корисни се ;).
« Last Edit: 02.02.2017, Thursday, 01:14:03 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ShAdOw

  • Глобален Модератор
  • Експерт
  • *****
  • Posts: 882
  • Gender: Male
  • shadow@elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
batka нема потреба од опомена сепак се работи за нов член, неможеме на овој начин да му посакаме добредојде. :)

Cevi, добредојде на форумот, јас ги средив сликите, за почеток послушај ги советите на колегите за сигнал трасерот.
Јас со моето знаење несебично помагам на другите на кои им е потребна помош. Кога ќе дојдеш да читаш на форумот не дреми и не биди скржав помогни! Нема ништо лошо да ти се случи ако споделиш знаење со некој друг.

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Не го скаравме,само мала опомена  8) Правилата треба да се прочитаат :) ;) Што се однесува до проблемот мој совет е да земеш се да прелемиш, можно е да имаш и ладен лем некаде,особено каде што има повеќе жици заедно споено на плочата ( некоја заедничка маса) ,а и не е лошо и некој електролит да пробаш да замениш ( стави - извади- пробај систем  8))
« Last Edit: 02.02.2017, Thursday, 10:16:50 by batka »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Лошо разведување на маси а друго што би било овој е чест дефект кога имаме вакви случаеви кај сите поискусни мајстори што сум праксирал истото ми го рекле ваљда не се стари сто години елелктролитите. Не верувам тоа да бидам искрен мразам вакви случаеви повеќе засилувачи кога има филтри се набиено да беше ВФ техника ќе мораше се да се оклопува дупло ќе си влијаат едни со други. Самоосцилации но добро што да се прави таков е аудио системов  8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Смени ги електролотите, имаат по 15 години. Провери ги диодите/грецот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Добро да треба да се сменат големите електролити стари се али мислам дека тоа нема многу да помогне при зуењето но добро не велам не сепак масите им се на сите заеднички тоа е проблемот најчесто но сепак добра е варијантата да провери и диодите сите пошто и тие прават некоја форма на сигналот од напојувањето треба да е права линија DC струјата како да се напојува од батерија но сепак никогаш исправената струја не е рамна линија како батерија но тоа нема врска сега и некое додатно филтрирање да прави незнам но сепак и јас масите би ги земал како најголем проблем пред се но не се исклучува нормално менувањето на електролитите  8) 8) 8)
« Last Edit: 02.02.2017, Thursday, 22:25:44 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Штом го снемало зуењето по некое време, можно е и некој лем да е проблематичен.

Сепак, не е решение се да се прелеми (освен ако навистина нема голем број на ладни лемови). Најдобро е ако се открие каде е проблемот... а веќе пишав како најлесно може тоа да се открие.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Ок моментално вака стојат работите:

Прво да се извинам уште еднаш за нејаснотиите околу правилата на форумот. Сепак тоа се основни правила на секој форум и секој член е должен да ги испочитува. Мило ми е што ме прифативте.

Прогрес до сега:
 - Успеав да најдам неспоен џампер за масата и тоа оној кој што ја пренесува масата на втората плоча со електрониката. Зуењето се уште го има но овој пат има нова ситуација. Штом го пуштам системот во период од некои си 10 секунди зуењето е константно и потоа се губи, после интервал од точно 3 секунди повторно се јавува и повторно за истото време пак се губи. Значи се губи комплетниот сигнал до звучникот (пуштив радио да шушти ради контрола).
 - Ги извадив (еден прво после двата) големите електролити (оние за сабвуферот) - зуењето останува исто.
 - Ги вратив нив и ги извадив (еден прво после двата) другите електролити (за останатите 5 звучници) - зуењето пак останува исто со екстра брановиден звук.
 - Ги извадив сите 4 диоди/грецот (оние за 5-те звучници) и ги проверив, сите се исправни.
 - Не успеав да го проверам бриџот (оној за сабвуферот) али мислам дека не мења тоа моментално.

Прашања:
 1. Интервалот од 3 секунди ми личи на отиден кондензатор или пак евентуално едно од релејата. Мислење?
 2. На втората плочка има 3 мосфети TO-220 првиот е само со хитсинк, вториот е ок визулено а третиот е позеленет позади (влага/температура). Дали да ги мењам - ќе има ли ефект?
 3. Аматерско прашање. На шемата напоните се 25V а јас имам 23V. Како што можам да приметам едино напојувањето ми е верзија 1.0 а шемата е за 2.0. Имам екстра транзистори и отпорничиња кои што ги нема во шемата. Ако оваа верзија 2.0 значи подобрена верзија дали да пробам да се обидам да ја модифицирам постоечкава плоча според шемата? Но пак ме кочи трансформаторот кој што фабрички не ги дава напоните предвидени во верзијата 2.0. Дали има голема разлика во тие 2V за функционалноста на целиот систем?

Значи, зуењето го имав од сам старт кога го купив кршов. Лоша математика е што го однесов на сервис пошто беше под гаранција и ми го вратија во иста состојба. Е сега, дали фабрички било премостувано и прелемувано или пак во сервис го правеле тоа не знам. Факт е дека прво ги смениле излезните електролити и кога увиделе дека не е до нив почнале да ја цепкаат масата во делови за да можеби го откријат проблемот. За ова кажуваат скинатите џампери и ископаните канали на плочата кои што после ги мрзело да ги сменат и преспојат па шлапнале жици насекаде.

Утре ќе тркнам до БТ или Логинг и ќе земам делови за сигнал тресер-от тука на форумов што е. Да го склопам него па дај Боже да го откријам проблемот.  

Едит: Трансформаторот праќа 3 волтажи. Две одат во појачалото а третата во електрониката. Да не случајно таму е проблемот?
« Last Edit: 03.02.2017, Friday, 03:11:13 by Cevi »

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Да пробаш со гнд да поиграш ...?

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Да пробаш со гнд да поиграш ...?

Бев до Логинг земав делови за Signal Tracer от на GigaWat. Го немаа само најбитниот TDA 7052. Кај можам да го искпопам чудово иначе? Имам два авто радиа, имам две компјутерски напојувања, една плоча од двд плеер, компјутерски звучници со скинат кабел за напојување. Ќе морам изгледа да прошетам до другиве евентуално БТ да видам за овој TDA 7052.

Ќе ја тестирам сега вторава плоча да видам како стои со масата. Се нешто ми мириса дека кај неа ќе да е жариштето. Седнувам сега и до Недела не станувам. :) Ме мучи ова сега што се пали гаси само на секои 3 секунди. Ова се деси откако до-споив две маси кои што беа намерно или ненамерно неповрзани за главната.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Гледам има и еден голем смд интегралец, ако е некој микропроцесор или сл. неговата дигитална маса би требало да е одвоена од масата на аналогниот дел...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio