Author Topic: Помош околу зуење на сите звучници кај Quadro HT-500 Surround System  (Read 3220 times)

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Гледам има и еден голем смд интегралец, ако е некој микропроцесор или сл. неговата дигитална маса би требало да е одвоена од масата на аналогниот дел...

Кој е тој интергралец ако може поточно да ми кажеш да му ја проверам масата?
Инаку тие две маси што спомнав дека ги споив се фабрички споени на самата плоча. Прекинот беше прво на еден џампер кој што беше одлемен од едната страна а втората маса на плоча не беше фабрички врѕана но на шемата стои дека треба да биде. Еве ги прекинав повторно двете маси пошто немаше ефект. Палењето-гасењето сеуште го има. Ако може да ми дадете вредности на напон во стендбај и при вклучено да ги измерам би било одлично. Евентуално кога би можел некој да ми даде шема од напојувањево топ би било. Таа што ја имам е од ревизија 2.0 а мене плочава ми е 1.0. Не ми е јасно каде на која компонента треба да има маса а каде не треба пошто ми фали шемата.

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Кој е тој интергралец ако може поточно да ми кажеш да му ја проверам масата?

На последната слика, залемен е од страна на бакарот.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Кој е тој интергралец ако може поточно да ми кажеш да му ја проверам масата?

На последната слика, залемен е од страна на бакарот.

Не е поврзан на аналогната маса проверив. По дијаграмот 14-пин е тој за неговата маса. Ги проверив сите 4 можни комбинации и на ниеден не е поврзан.

Споено мислење: [time]03 Февруари 2017, 22:23:54[/time]
- Првиот влеѕен напон од трансформаторот ми е 17V, после грецот се качува на 23V. Гледано по дијаграмот треба да имам 25V на целиот дел за појачување/филтрирање на напонот наменет за останатите 5 звучници. Диодите/грецот ги извадив сите 4 и ги измерив на диода мод. Сите дадоа скоро иста вредност во еден правец 440 (не знам што означува оваа вредност). На кој начин напонот се крева од 17 на 23V и како да го дотерам до 25V. Кои компоненти да ги променам и со какви вредности (Диодите или Филтер/Електролитите)?

- Вториот влезен напон е 35V. После ректифаерот е 43V овој напон оди низ напојувањето за сабвуферот и плус дава два излезни напони (преку конектори) кон втората плоча. На првиот конектор (дво жилен) според вредноста испринтана на втората плоча треба да добијам напон од +19V и -19V. Јас моментално имам +23V и -23V. На вториот конектор (тро жилен) според вредноста испринтана на втората плоча треба да имам 1.STB 2.GND 3.+12V. Mоменталните вредности ми се 1.STB ( :) )  2. GND (Заради претходните комбинации со масите тука немаше присутна маса, му поврзав и сега има)  3. +13V

Препоставка:
 Трансформаторот има влеѕен напон од 230V, нашава градска мрежа е 220. Автоматски имам пад од неколку волти (Тие 2V). Колку игра улога разликава во напоните за стабилноста на целиот систем и колку ова има поврзаност со зуењето?

Со оглед дека ќе изгубам повеќе време додека го направам Signal Tracer-от а ќе го направам обавезно за да убрзам процес ќе ги сликнам сите компоненти од горе и според дијаграмот ќе мерам и маркирам за секој дел посебно дали има маса или не. Штом проверам ќе објавам скица со статистики.
« Last Edit: 03.02.2017, Friday, 22:26:23 by Cevi »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Диодите/грецот ги извадив сите 4 и ги измерив на диода мод. Сите дадоа скоро иста вредност во еден правец 440 (не знам што означува оваа вредност).

Најверојатно си ги мерел на омско подрачје и тоа ја означува нивната „отпорност“ (колку што може да интерпретира унимерот) во проводна насока.

По правило, треба да имаш подрачје за мерење на диоди на унимерот на кое на краевите на сондите обично се појавува некој напон (мал, до кај 3 или 4V најверојатно, зависи од унимер до унимер) и овој напон може да го „бутне“ (намали) ако диодата е ставена во проводна насока, при што на дисплејот ќе се покаже падот на напонот на диодата во проводна насока. Ако прикаже 0.0V или OL (Out of Limit, Out of Range) во двете насоки, диодата е прегорена.

На кој начин напонот се крева од 17 на 23V и како да го дотерам до 25V.

Напонот се исправува (се прави едноанасочен од наизменичен) и затоа се дигнува. Правилото е:

(вредност на еднонасочен напон) V--- = (корен од два, 1.41) * (вредност на наизменичен напон) V~

Ова е совршена ситуација, кога диодите би немале пад на напон во проводна насока. Од вредноста која ќе ја добиеш за еднонасочниот напон, минусирај ја вредноста за падот на напонот на една диоди (кај класични исправувачки диоди, околу 0.7V) помножена со два (за full bridge rectifier, грецов спој). Значи, минусирај околу 1.5V и ќе ја добиеш ведноста на еднонасочниот напон кој треба да го добиеш по кондензаторите за филтрирање (големите кондензатори врзани по грецот).

Напонот не може да го кренеш, освен ако не ставиш диоди со помал пад на напон. Вакви диоди се Шотки диодите. Истите имаат пад на напон од околу 0.2V, што значи дека вкупниот пад на напон за full bridge rectifier изведен со вакви диоди е околу 0.4V, од каде следува дека доколку искористиш вакви диоди во грецот, еднонасочниот напон ќе рипне за околу 1V (1.5V - 0.4V =~ 1V).

Но, Шотки диодите се брзи (fast, super fast, ultra fast), што значи дека практично, нема да филтрираат ништо од мрежниот EMI (електромагнетен шум) и поради тоа, најверојатно само ќе ја влошиш ситуацијата. На пример, можно е да пуштиш фен на истата фаза и да го слушаш фенот како работи на звучниците. Затоа и се ставаат „класични“ (спори) диоди во класични напојувачки степени (мрежен напон --> трансформатор --> грец --> кондензатори за филтрирање). За разлика од нив, бидејќи се брзи, Шотки диодите се користат во SMPS напојувања (switching напојувања).

Инаку, Шотки диоди може да извадиш од било кое напојување за PC... под услов да не се изгорени, но пак ќе напоменам, не би ти препорачал да ја правиш оваа преправка, нема потреба. Ако засилувачот работи како што треба на 23V, нема потреба да се преправа, разликата во напонот е мала.

Евентуално може да пробаш да ги замениш кондензаторите по грецот (да додадеш некои во паралела на постоечките или да ги замениш со некои со поголема вредност) и да видиш дали ќе рипне напонот и дали евентуално ќе исчезне бруењето. Ако се намали бруењето, најверојатно тука бил проблемот (поддимензионирана напојувачка секција). Додади уште некој електролитски кондензатор во паралела на постоечките или стави поголеми и проблемот би требало да го снема ;).

Препоставка:
 Трансформаторот има влеѕен напон од 230V, нашава градска мрежа е 220. Автоматски имам пад од неколку волти (Тие 2V). Колку игра улога разликава во напоните за стабилноста на целиот систем и колку ова има поврзаност со зуењето?

Не би требало да игра некоја улога доколку напојувањето на уредот е правилно димензионирано, но со Кинескиве направии... никогаш не можеш да бидеш сигурен.

Инаку, и кај нас мрежниот напон е 230V (не знам од која година, но некој период наназад е веќе 230V). А дека може да варира од населба до населба и од оптовареност на напојувачката мрежа (особено во зимно време), да, така да, ништо чудно да измериш и 220V сега, во ек на грејна сезона. Дури и добро е ако измериш 220V, проблем е ако измериш 180V :D.
« Last Edit: 04.02.2017, Saturday, 00:13:47 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Незнам за другите градови и места ама кај мене и во ек на сезона и навечер Гига 225 волти преку ден 232/233 така се држи изгледа дека сум до трансформаторот карши мене е прва куќа.Ретко ич не сум видел да падне под 220 а камоли на 180 е незнам сега како е по другите места градови.Во секој случај тоа со шотки диоди никако евентуално тоа масите да се досредат и излезните електролити ако ги појачаш нешто ќе видиш дали ќе се смени ајде ќе го направиш сигнал трасерот а инаку тие два волти ништо нема да ти сменат значајно другар битно е се да е стабилно во напојувањето масите ајде ќе го направиш сигнал трасерот ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 257
  • Gender: Male
за да откриеш од каде иде брумот моја препорака ти е како прво да не го закачуваш конекторот што ти е со каоаксијални кабли  што им носи аудио на засилувачите и да видиш дали бучи без конекција со другата плоча (селекторот) ако не бучи тогаш брумот ти иде од сигнал процесорот што ти е на селектор плочата. Тие од мајка не ги биваше многу бучеа уште нови, неможеш комплетно да го убиеш брумот.Од самиот сигнал процесор иде некој таков тивок брум.
« Last Edit: 05.02.2017, Sunday, 19:45:28 by dimce »

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Е да тоа се почетоците а пак сега се е со процесори сега тој треба многу да е квалитетен сум видел еден мајстор како Lordzi правеше појачала и беше добар го зимам Lordzi за пример пошто од него имам земено до сега три појачала пет другари се на двајца јас им направив а три Lordzi сум земал за да речам ајде симболична цена а се топ грмат човекот се со мерак и убаво прави треба уште едно да земам. Да бегам од тоа што сакав да го кажам. И мајсторов многу одавна кај што одев кога почна да погани а јас мал 15 години почна да погани вика и Pioneer го зафркна како марка почнале и авто радиа да фабрикуваат процесорчиња никакви и го искрши едно со чекан дека го правев вели за многу близок пријател инаку ќе кажел не се прави.Ваљда другар Cevi не си таа среќа да е до процесорот оти ако тој внесува крчкање ништо не правиш ама Димче пази членот Cevi вели дека порано му се изгубил шумот па сега кога го сервисирал пак се вратил. Луѓе имав стар сараунд купен 2007 со купон од 3000 денари од Техно маркет кај стадион после една година ми цркна гледав многу филмови на него тогаш испадна дека е ласерот не ги читаше го исчистив прашина многу де ќе прочита де нема да прочита лупање у подрум пошолтел од стоење кабелот му смрди на мувла извинете го уклучувам после девет лета ова лето што ни пројде 2016 поврзувам звучките никакви смрдат пушти еден филм два три десет работи бе динк изгледа со ова кинезиве ти што викаш Cevi нов крчел после не крчел друже со кинезиве знаеш како е некад остави го мувла да фати чудо работи после остави го некое време после нема да крчи. Ај се шалам ќе го склопиш сигнал трасерот ќе видиш се што ти пишаа пишавме ваљда не си таа среќа да излезе да е до процесорот Димче што вика друже  8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Ок значи прво да се пофалам, само што го заврчив сигнал тресер - от на GigaWatt (Да си ми жив и здрав друже). :) Работи од прва бучи растура. :)

На брзак и на кратко. Зуењево се јавува при пуштање на сараундод од Standby во On функција. Без разлика дали имам поврзани кабли на влезовите или не.

Што искомбинирав последно. Поврзав звучник на излезот за сараунд (center out). На главниот џек за напон директно од трансформаторот кој што праќа два напони 36V и 17V му ставив три жици. Една за маса а другите две на доводот од 17V. Жиците ги залемив на конекторот на плочата. Значи го изоставив напонот од 36V кој што оди за сабвуферот. Зуењето уште го имаше непроменето. Дали ова значи дека проблемот не е во насока на појачалото за сабвуферот и истото можам да го изолирам како главна причина?

Во врска со тресерот. Дали да ги поврзам и двете плочи комплетно и да го пуштам да зуи ко шо зуи и со тресерот (со граундод на масата) полека да тргнам по водовите? Од каде прво да почнам да тестирам пред грецот или после него? Која е веројатноста да се оставам на место при висок напон ( не дај Боже ) и на кои моменти би требало да пазам од висок напон?

Еве слика уз пут од тресерот и тука да се пофалам. :)


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Значи го изоставив напонот од 36V кој што оди за сабвуферот. Зуењето уште го имаше непроменето. Дали ова значи дека проблемот не е во насока на појачалото за сабвуферот и истото можам да го изолирам како главна причина?

Па, ако останало зуењето непроменето, да.

Во врска со тресерот. Дали да ги поврзам и двете плочи комплетно и да го пуштам да зуи ко шо зуи и со тресерот (со граундод на масата) полека да тргнам по водовите? Од каде прво да почнам да тестирам пред грецот или после него? Која е веројатноста да се оставам на место при висок напон ( не дај Боже ) и на кои моменти би требало да пазам од висок напон?

Околу трасерот и зуењето, најдобро е ако ги врзеш сите влезови за маса (ги краткоспоиш) и тогаш да почнеш со анализата.

Инаку, почнуваш од влезот. Колку што помнам, имаше шема ставено во првиот post од темава. Следи го патот на сигналот, компонента по компонента и види во која алка од ланецот на сигналот ќе се појави зуењето. Со шема полесно е, но и без шема може да се прави ова.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Кога велиш "кратко споиш" мислиш да пуштам напон низ масата? На пр. од самиот трансформатор или било кој друг извор на напон? Колкав напон е нај идеален за тресерот да биде ефикасен. Тресеров моментално нема извор на тон. Не стигнав да му поврзам но можам ли како ваков да го искористам или? Кој е почетокот на масата? Оној кај напојувањето или сосем на другава плоча кај што се влезовите и излезите? Извини за аматерскиве прашања али се губам у поимиве.

Споено мислење: 08.02.2017, Wednesday, 14:07:33
Ок си играв со тресерот до сега.

Што утврдив: Зуењето се јавува со многу ниска фрекфенција на самите влезови (сите 6). Појачалото го презема истото и го појачува бетер. Прекините од 3 секунди се јавуваат исклучиво на појачалото така да таму ќе го барам тој проблем на крај.

Ме интересира:
Како можам да го исфилтрирам зуењето од сам старт? Да сменам некој постоечки кондензатор или да го надградам со појак?

Дали можеби узрок за зуењето е интергралецот IC M62446 SMD. Како можам да утврдам дали е до него (какви мерења да му направам)? Еден чини скоро 100 ден. на Ali Express. Во Гац е 450 ден. Ако купам нов која е веројатноста и тој да зуе?

Поздрав.
« Last Edit: 08.02.2017, Wednesday, 14:07:33 by Cevi »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Кога велиш "кратко споиш" мислиш да пуштам напон низ масата? На пр. од самиот трансформатор или било кој друг извор на напон?

Значи врзи го влезот (audio in, средниот пин од RCA конекторите) со маса. Поедноставно, направи си машки RCA конектор во кој краткоспоени се контактот за маса (ширмот) и средниот пин (за сигнал).

Тресеров моментално нема извор на тон. Не стигнав да му поврзам но можам ли како ваков да го искористам или?

Во конкретниов случај, не ти ни треба сигнал генератор (извор на тон). Баш напротив, ти треба тишина. Затоа го краткоспојуваш влезот со маса, за да бидеме сигурни дека нема никаков брум (шум, зуење) да доаѓа од влезот на засилувачот.

Кој е почетокот на масата? Оној кај напојувањето или сосем на другава плоча кај што се влезовите и излезите?

И двете би требало да се исти. Провери со инструмент поставен на beeper подрачје, би требало да свири ако пипнеш на масата на плочката за засилувачот и плочката за напојувањето. Сепак, подобро е ако го врзеш крокодил штипчето од трасерот на некое место од масата кое е поблиску до местото на кое мериш. Практично, ова би значело дека ако го следиш сигналот (го бараш брумот) во влезниот степен (во близина на RCA конекторите), подобро е ако крокодил штипката ти е врзана за, на пример, некоја од масите на RCA конекторите. Како што се движиш кон другиот крај на плочката, подобро е ако ја преместиш крокодил штипката на место (маса) поблиску до таа точка која моментално ја испитуваш.

Не знам дали разбираш која е поентата на ова преместување на масите (крокодил штипчето). Бидејќи бараме брум, пожелно е што помалку брум да внесуваме во самиот сигнал трасер (за да може полесно да го забележиме оној кој го бараме), а тоа може да се постигне со скратување на мерните кабли и скратување на растојанието меѓу мерните точки. Има и други начини, но во конкретниот слуај (при користење на сигнал трасер), овие може наједноставно да се применат.

EDIT: Околу зуењето на влезот. Краткоспои ги влезовите (сите 5) како што пишав и провери дали пак ќе има зуење.
« Last Edit: 09.02.2017, Thursday, 01:41:26 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Кратко и јасно - потенциометрот за волумен на нула, ништо вклучено на влезовите. Ако и тогаш има брум, дефинитивно имаш проблем со умасувањето. Побарај имаше постови за тоа на Форумов. И уште нешто - ако *од мајка е утнато* умасувањето, господ напомош, може само експериментално, со обиди и преврзување на масите во една точка нешто да се направи! Многу време треба, а резултат  ..... 8) ???
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Во право е batka. Ако е „од мајка утнато“, ќе ти треба многу стрпливост, а можно е и да не го оправиш.

Така да, прашањето е, how deep do you want to go down the rabbit hole ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Ок, мал апдејт. :)

Ги краткоспоив сите влезови. Го пратев зуењето кое што води се до влезниот напон од +23V и -23v (а на плочата стои 19V). Прва компонента после џекот со прав напон е отпорник од 100 оми и 1/2 W. На излезот од отпорникот се јавува зуењето, пред него има големо бучење предизвикано од правиот напон од 23V.

Отпорникот го одлемив и измерив и даде 99 оми, значи е ок.

Прашање.
Дали правиот напон од +23V треба да има толку јако брановидно бучење? Со оглед дека зуењето е вклучено во тоа бучење како да продолжам да го следам понатаму?

Дали зуењето да го решавам на предпојачалото или на појачалото?

Каков звук реално би требало да продуцира тресерот кога ќе го поврзам на еднонасочен напон од 23V?

Edit: Истото зуење со бајаги помал интензитет се јавува на грецот и на вториот џек за напојување од 11V наизменичен напон. Ова напојување доаѓа директно од трансформаторот. Дали можеби главниот извор е токму тој?
« Last Edit: 09.02.2017, Thursday, 18:36:59 by Cevi »

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 257
  • Gender: Male
Провери дали има брум после стабилизаторите 7815 и 7915 после нив иде на 7805 и 7905 па на сигнал процесор па од него иде во втората плоча 5,1 засилувачот. Тебе ти е од интерес да видиш после стабилизаторите на напон дали има брум. После нив не би требало да има брум. Врзи ја масата од пиновите на селекторот со масата на појачалото а кабелот што носи аудио од препојачалото FL,FR, LR,RR,CRNTAR WOOFER мери со тестерот дали иде брум на конекторот мери ја дури и масата ако иде брум само од масата скини  ја жицата со клешта а маса нека си зима преку жицата од пиновите што ке ја залемиш.Вие вуфери се зафркнати од мајка  не ги бива.Уште фабрички го имаа тој проблем.Јас бев сервисер за нив и ти кажувам дека ке загинеш додека го решиш ако воопшто го решиш.Со среќа.

« Last Edit: 09.02.2017, Thursday, 22:34:56 by dimce »