Author Topic: Помош околу зуење на сите звучници кај Quadro HT-500 Surround System  (Read 3228 times)

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male



Јас сум нешто јалнаж или водот од -5V е фабрички прекинат? Дали да ставам тука воопшто филтер и каде попрецизно, лево или десно?



Ви меѓувреме ги лемам останатите надградби.
« Last Edit: 04.04.2017, Tuesday, 22:55:18 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Е да, така изгледа, како да е фабрички прекинат. Има шанси тука да е проблемот. А зошто фабрички би го прекинале... не знам.

Баш сега го разгледав datasheet-от на M62446, на пин 5 и пин 30 треба да доаѓа позитивен и негативен напон (соодветно) од analog positive power supply. Не знам зошто би го елиминирале овој пин од напојувањето ???.

Освен тоа, уште нешто забележав во datasheet-от.

Quote
Supply voltage range--------------------------±4.5 to ±7.5V(analog), 4.5 to 5.5V(digital)
Recommended supply voltage------------------------±7.0V(analog), 5.0V(digital)

Можно е и да му е малку пренизок напонот за напојување на M62446. Но, ајде, за тоа ќе видиме подоцна.

Ај види дали доѓаат -5V на тој вод што е прекинат и врзи краткоспои го со тенка лицна со пин 30 (оној кој е прекинат). Пушти го во работа засилувачот и ако се е во ред, извади ја лицната и спои го со обична жичка... или калаисај ги двата завршетоци од водот, и тоа ќе заврши работа.

А не ти го разбрав прашањето за филтерот „лево или десно“ ???.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
А не ти го разбрав прашањето за филтерот „лево или десно“ ???.

Направив уште една измена но ми се изгуби истата. Не знам зашто. Ставиви и нова слика. И водот заа напонот од +5V е исто така прекинат еве слика повторно за тоа.



Друго што приметив исто, U105 на шемата е поделен со 5 регулатори на напон а кај мене е обичен 14 пински контролер (TL074CN).

Ко што гледам првите два пина од горе десно се тие за првиот - позитивниот напон, вториот - негативниот напон.

Плочава е најверојатно правена сериски и за аналоген и за дигитален излез на сигнал. Затоа ти спомнав да го видиш лемот на џекот за дисплеј плочата. Залемен е само на пола пинови на плочата а останатите се калаисани и празни. Тука стоел некој друг тип на џек.

Кога сме кај дигиталниот излез/влез, постои ли опција да додадеме оптички вллез/џек?

И кажи ми после секоја додадена надградба на кој пин да ја мерам разликата во зуењето дали се намалува?

Споено мислење: [time]05 Април 2017, 00:21:30[/time]
Ок надградбите со пластичните и керамичките кондензатори се ставени, ситуацијава е следна:

Мерено со сигнал тресерот на самите излези кај џекот повторно добивам зуење.
На едниот пин силно на другиот многу тивко.
Зуењето трае 2 секунди и се губи скоро комплетно на период од 4 секунди.
На прекинатите пинови кај U106 нема напони од +5V и -5V, не стигнав да ги најдам вистинските напони и не ставив таму филтри. Ќе го направам тоа утре.

Сеуште не ми е јасно што го предизвикува тој интервал со прекини на зуењето!



Доста за денес, утре идемо даље. :)
Позз.
« Last Edit: 05.04.2017, Wednesday, 02:14:32 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Друго што приметив исто, U105 на шемата е поделен со 5 регулатори на напон а кај мене е обичен 14 пински контролер (TL074CN).

Тоа се 4 операциски засилувачи и се спакувани во едно куќиште ;). Затоа се обележани со U105-A, B, C и D ;). Сите се напојуваат од истите пинови на куќиштето, тоа е во ред ;).

И водот заа напонот од +5V е исто така прекинат еве слика повторно за тоа.

Е ова е веќе чудно и не би требало вакво да биде врзувањето. Подетално ја разгледав блок шемата од M62446 од datasheet-от и изгледа дека тие напони не му се потребни за напојување, но изгледа му требаат за дефинирање на симетричноста на влезниот сигнал. Една од причините поради која бруи излезот, можно е да е таа.

Како и да е, не штети да ги има тие напони. Земи +5V и -5V од од било кое коло, од U102 до U104 (кое е најблиску до M62446) и додади му ги тие напони (залеми жички за тие пинови) и потоа пушти филтерски степен до (100nF во паралела со 100pF) до GND. Значи, треба да имаш два такви филтерски степени, еден од +5V на M62446 и другиот од -5V.

Па ене гледам и пин 7 од M62446 за ништо не е врзан. Треба пин 7, 10, 12 и 14 сите да се врзани за GND.

Детално разгледај ја шемата од сервисното упатсво и види да не има уште некои недостатоци (неврзани водови) од U101 до U106.

Ко што гледам првите два пина од горе десно се тие за првиот - позитивниот напон, вториот - негативниот напон.

Ако TL074 е во SMD куќиште, пин 4 е +Vcc (+12V), а пин 11 е -Vcc (-12V).

Плочава е најверојатно правена сериски и за аналоген и за дигитален излез на сигнал. Затоа ти спомнав да го видиш лемот на џекот за дисплеј плочата. Залемен е само на пола пинови на плочата а останатите се калаисани и празни. Тука стоел некој друг тип на џек.

Можно е, но не мора да значи. Можно е и да планирале друг тип на конектор да искористат. А можно е и некој друг модел со повеќе функции (друг MCU, чипот на плочката со дисплејот) да се користел за некој сосема трет модел и само плочката за контрола да била иста... кој знае.

Кога сме кај дигиталниот излез/влез, постои ли опција да додадеме оптички вллез/џек?

Па... не ми изгледа како да може. Колку што разгледав, сите интегрирани кола се користат за дигитална контрола на аналоген сигнал... D/A конвертор не видов, така да... дури и да може, не мислам дека ќе ти се исплати.

И кажи ми после секоја додадена надградба на кој пин да ја мерам разликата во зуењето дали се намалува?

Јас би одел со тест проба (краткоспојувам влез и слушам, на звучниците, дали има разлика во зуењето). Ако има (се намалило), одам понатаму, ако не... пак одам понатаму ;D... трета опција немаш. Овие додатни компоненти (филтерските кондензатори) воопшто не му пречат на работата на засилувачот, баш напротив, ја прават работата постабилна и подобра ;). Практично, не можеш ништо да изгубиш дури и ако не го намалат зуењето ;).

Но мора да ја разгледаш и шемата детално, можно е да има уште некои недоследности меѓу практичната реализација и електричната шема. Јас би пробал прво со елиминирање на тие недоследности (напоните што фалат, пин 7 да се врзе со GND, итн.), тест проба, па ако не се подобри ситуацијата, би преминал на монтирање на филтерските кондензатори. Јас пак би ги додал, и откако ќе го елиминирам проблемот (под услов проблемот да биле баш овие Кинески глупости, фали GND, нема analog Vcc... ::)), тие не штетат, и преправките со дебел вод за GND меѓу плочката со засилувачот и некои други измени, би ги оставил, но поентата е да се најде која е конкретно најголемата причина зошто засилувачот зуи кога ќе се врзе со контролната плочка, бидејќи сигурно има некоја причина која „доминира“ ;).

Зуењето трае 2 секунди и се губи скоро комплетно на период од 4 секунди.

Сакаш да кажеш дека се јавува периодично (2 секунди зуи, 4 секунди пауза и пак истото)?

Сеуште не ми е јасно што го предизвикува тој интервал со прекини на зуењето!

Ај провери да не свети дисплејот 2 секунди, па потоа да има 4 секунди пауза, па пак исто (или обратно, 4 секунди свети, 2 секунди пауза) ;D.

На прекинатите пинови кај U106 нема напони од +5V и -5V, не стигнав да ги најдам вистинските напони и не ставив таму филтри. Ќе го направам тоа утре.

Да да, и уште поважно, врзи го пин 7 за GND и провери и сите останати пинови дали се врзани како што треба (според шемата) и кај сите останати интегрирани кола на контролната плочка ;).

EDIT: Подоцна ја видов последната слика. Не си требал да ги врзуваш масите „во серија“, туку „во ѕвезда“ (по еден пар од кондензатори 100nF/100pF со еден вод за маса до истата точка). Знам, така се собираат многу водови, но кај аудио конструкции ова е многу важно (масата да завршува во иста точка).
« Last Edit: 05.04.2017, Wednesday, 02:23:33 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Земи +5V и -5V од од било кое коло, од U102 до U104 (кое е најблиску до M62446) и додади му ги тие напони (залеми жички за тие пинови) и потоа пушти филтерски степен до (100nF во паралела со 100pF) до GND. Значи, треба да имаш два такви филтерски степени, еден од +5V на M62446 и другиот од -5V.
Ги поврзав +5V и -5V но сега и двата напони се спуштија на точно +0.35V. Немам никаде краток спој, не ми е јасно зашто би се десило ова!?

Па ене гледам и пин 7 од M62446 за ништо не е врзан. Треба пин 7, 10, 12 и 14 сите да се врзани за GND.
Го разледав datasheet -от и приметив дека постојат аналоген и дигитален гроунд. Најдов многу добро објаснување за ова каде што пишува дека не е пожелно да се мешаат двата типа. Еве го линкот:

Code: [Select]
http://www.analog.com/en/analog-dialogue/articles/staying-well-grounded.html
Мада мене не ми е јасно каде конкретно на плочава е изведено дигиталното а каде аналогното заземјување!?

Зуењето трае 2 секунди и се губи скоро комплетно на период од 4 секунди.

Сакаш да кажеш дека се јавува периодично (2 секунди зуи, 4 секунди пауза и пак истото)?

Сеуште не ми е јасно што го предизвикува тој интервал со прекини на зуењето!

Ај провери да не свети дисплејот 2 секунди, па потоа да има 4 секунди пауза, па пак исто (или обратно, 4 секунди свети, 2 секунди пауза) ;D.
Прекиниве се случуваат само на излезите, на предпојачалото ги нема. Препоставувам е некој електролит или сл. на појачалото. Зуењето е со голем интензитет во период од 2 сек. и после со многу мал на период од 4 сек. Како да се гаси комплетно целото појачало. Тоа можеме да го решаваме на крај.

EDIT: Подоцна ја видов последната слика. Не си требал да ги врзуваш масите „во серија“, туку „во ѕвезда“ (по еден пар од кондензатори 100nF/100pF со еден вод за маса до истата точка). Знам, така се собираат многу водови, но кај аудио конструкции ова е многу важно (масата да завршува во иста точка).
Решено. :)



Вчера ми се јави пријателот од кој што го купив сараундов пред 15 год. :) Бил кај негов роднина пред некој ден и истиот тој имал ист ваков сараунд но тој не зуел. И за среќа типот повеќе не го користел и планирал да го фрли. (Веќе ги фрлил сателитите, му останал само субвуферот). Пријателот ми го поклони и сега го имам. :) Скршени му се само пластичните штипки на џекот за звучниците но тоа се решава лесно. Лепенката за гаранцијата не му е сеуште скината и не ми се отвара а баш сакам да ѕирнам како е решена ситуацијава таму. :) Еве слика од двата моментално:

« Last Edit: 07.04.2017, Friday, 00:10:28 by GigaWatt »

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Еј значи секоја чест уште еднаш пофалби за Гига легендата стварно до кај се разви темава мерак ми е да читам сум имал вакви проблеми многу добро пристапи до проблемот Гига темелно се. Значи веќе ретко има вакви теми Cevi. секоја чест за упорноста. Cevi да бидам искрен како дури мене ме копка ова да се реши јас би го отворил сараундот што не зуи ама јас не сум ти  8) 8) ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ги поврзав +5V и -5V но сега и двата напони се спуштија на точно +0.35V. Немам никаде краток спој, не ми е јасно зашто би се десило ова!?

Не ми е јасно зошто ова се случило, не би требало да се случи ???.

Одврзи ги додатните +5V и -5V... нека се врати се во нормала.

Го разледав datasheet -от и приметив дека постојат аналоген и дигитален гроунд. Најдов многу добро објаснување за ова каде што пишува дека не е пожелно да се мешаат двата типа. Еве го линкот:

Code: [Select]
http://www.analog.com/en/analog-dialogue/articles/staying-well-grounded.html
Мада мене не ми е јасно каде конкретно на плочава е изведено дигиталното а каде аналогното заземјување!?

Нема аналогно и дигитално... кај повеќето уреди од оваа класа, заедничко е. И од шемата се гледа тоа.

Лепенката за гаранцијата не му е сеуште скината и не ми се отвара а баш сакам да ѕирнам како е решена ситуацијава таму. :)

Па и онака му е истечена гаранцијата одамна... ако сакаш да видиш која е разликата меѓу двата предзасилувачи, слободно можеш да го отвориш ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Cevi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
  • Gender: Male
Не се откажувам јас така лесно. :)
Деновиве сум малку во гужви, прва прилика седнувам пак и идемо даље. Во меѓувреме ќе сурфам по светов да видам дали ќе најдам сличен проблем. Фала ви дечки посебно тебе GigaWatt за времето и ова фала е само за до сега, ќе има уште многу знам понатаму.
Како и да е морам да го отворам другово да му го сменам конекторот за звучниците и тогаш ќе разгледам и рассликам све могуче. :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Ајде отвори го разбуцај го малце смени му конектор и сликај баш ќе не интересира 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш