Author Topic: Проблем со пумпа за топол воздух  (Read 2156 times)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Проблем со пумпа за топол воздух
« on: 26.03.2017, Sunday, 20:03:41 »
Имам проблем со леткум на топол воздух. Проблемот е тоа што пумпата само брмчи а не дува воздух.
Вака изгледа



Видов дека подвижниот дел што е на средина, се заглавува во една крајна позиција.
Откако ќе го размрдам малку лево-десно, работи нормално се додека не го исклучам. На следното вклучување пак стои во една позиција.
Претпоставувам дека проблемот се јавил поради тоа што леткумот на топол воздух не бил користен долго време. Дали некој има предлог како да се реши овој проблем?


На втората слика, подвижниот дел е лево, а на третата е десно.






« Last Edit: 25.09.2017, Monday, 20:58:24 by Zan »
Жан

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #1 on: 26.03.2017, Sunday, 20:37:34 »
залепен е за мембраните подвижниот (белиот) дел?....ако мојш да го извадиш, од работење е некој дел истрошен. И дали оди до крајна десна позиција или центар и лево?(како на гифот)

А ако не е некој “забец“ направен туку заглавува од триење, вазелин малку би бркал работа :D

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #2 on: 26.03.2017, Sunday, 21:24:49 »
Краевите на белата пластика се конусни, и на нив се навлечени мембраните.
Нема истрошен дел, туку од долго стоење, мембраните станале крути и тешко се поместуваат.
Кога го поместувам со рака, се движи од крајна лева до крајна десна позиција, но кога работи и кога ќе се исклучи, тогаш застанува во крајна лева положба, па потоа не може повторно да почне да се движи.
Не знам од каков материјал се мембраните, претпоставувам дека се гумени. Како може да ги омекнам, да се движат полесно? Постои ли некое средство за премачкување?
Жан

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 542
  • Gender: Male
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #3 on: 26.03.2017, Sunday, 22:00:27 »
Пробај со најобични масло за подмачкување на велосипед. Можеби претходно било намачкано со некое масло, но поради долгата не употреба се исушило, така што коефициентот на триење е зголемен.  ;)

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #4 on: 26.03.2017, Sunday, 22:07:13 »
Пробај премачкај ги гумените мембрани со глицерин, тоа би требало да ги омекне, глицерин има во повеќето аптеки...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #5 on: 26.03.2017, Sunday, 23:59:59 »
Jaс ставам павлиќева маст за деца ;D ;D
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #6 on: 27.03.2017, Monday, 01:28:27 »
Глицеринот глицерин другар батка ме изнасмеа легенда  ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #7 on: 27.03.2017, Monday, 10:29:49 »
Глицеринот ја јаде гумата, во секој случај пробана е ова маст на детските газиња и нема мака  :D ;)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #8 on: 27.03.2017, Monday, 12:07:06 »
Е да јаде гумата точно еден мајстор за да ја подмачка гумата од вакум пумпата секогаш велеше уље али не синтетичко прирородно уље на природна база со што ги мачкаат бебињата а и тебе те мачкале ми вели уље на природна база само велеше какво е тоа уље незнам е само овој совет не сум го послушал бебешко уље да барам додека други се и етанол со калофониум за заштита на плочките или нитро разрегивач и калофониум и така други цаки  8)
« Last Edit: 27.03.2017, Monday, 22:25:55 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #9 on: 27.03.2017, Monday, 13:47:08 »
ахам...значит гумата укрутена е....има еден куп работи шо можат да ја омекнат гумата, ама незнам како ќе влијаат на неа. Со четче со ацетон, глицерин шо рече ЛордЗи...пробај рачно механички размрдај ја, и со нешо на природна база...вазелин, павловичева - Батка кажа....алкохол 96% пробај да намачкаш, тој не е штетен за гума...

Или подгреј ги мембраните со фен едноставно....мислам дека ќе пуштат. То е исто ко еурокремон на зима требит да свиткаш 4 лажички, а на лето е убајна за мачкање  ;D ;D

и кажи шо ќе напрајш! :D




Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #10 on: 27.03.2017, Monday, 19:54:15 »
Никаков алохол,колофониум, глицерин... Очигледно баба Рада често сте ја гледале! :D :D  Провери дали е гумата цела, во ред,да н е е скината или евентуално ронлива и напукната. Порано и обична беби крема стававме  на ролерите на видеата.Значи никаков алкохол!!
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #11 on: 27.03.2017, Monday, 22:10:59 »
Фала за советите.
Мембраните се здрави, не се искинати и не се ронат, само се тврди, цврсти, нефлексибилни.
Павловичева маст мислам дека е скапа. Може нешто друго? Бекутан на пример? :D
Жан

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #12 on: 28.03.2017, Tuesday, 00:53:56 »
Во краен случај може и коломаз од колите.Ако имаш некое старо видео со механички запчаници извади од нив силиконската маст,она белата. Ако не - Бекутан! Павлиќевата не е поскапа од Бекутанот! ;D ;D
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #13 on: 28.03.2017, Tuesday, 01:04:42 »
Ептен отидовте, од павловиќева до коломаст... :D
Пак ќе ви кажам - глицерин, медицинскиот глицерин од аптека не е исто со глицерин за кочници, овој медицинскиот се користи доста и во козметика, сапуни и сл., ако не смета на човечка кожа, нема да смета и на гума...  ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Проблем со пумпа за топол воздух
« Reply #14 on: 28.03.2017, Tuesday, 08:33:10 »
Е да баш така па не за џабе глицерински сапун се вика а го користат многу си знаат тие што работат козметика  8)
« Last Edit: 28.03.2017, Tuesday, 08:37:50 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш