Author Topic: Тема за побарувања на книги  (Read 2382 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Тема за побарувања на книги
« on: 11.05.2017, Thursday, 06:01:51 »
Мислам дека нема стриктно ваква тема, нормално ќе се разменуваат книги од овладта на електониката и "соседните" области, не станува збор за стрипови  ;D
Да почнам прв,
Дали има некој нешто од Николај Лобачевски и/или од легендарниот Панчо Врангалов, без разлика дали е  во елелтонска форма, дали може да се копира или купи по некоја нормална цена (10 еу)
Барав на нет од Николај, ама испод 100-тче не најдов, па може да е некој по уходан..
Админ, ако веќе има тема бриши, али би те замолол да ме известиш во пп да не се чуда кај е темата :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #1 on: 12.05.2017, Friday, 01:17:59 »
Панче Врнгалов другар слушнав дека бил страв и трепет
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #2 on: 14.05.2017, Sunday, 18:48:52 »
Да да, а и книгите му се ептен исцрпно објаснети,  како и предавањата.

Offline evilcomputer

  • Нов член
  • *
  • Posts: 2
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #3 on: 03.06.2017, Saturday, 15:34:40 »
Здраво на сите ;D,

Да не има некој електронска верзија (pdf) учебникот Електроника 2 од Проф. Методија Камиловски.

Ви благодарам многу однапред.

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #4 on: 05.06.2017, Monday, 13:20:23 »
Имам една од Камилоски, ќе ја постирам. Само незнам дали е таа што ја бараш.

Споено мислење: 05.06.2017, Monday, 13:21:12
грешка, Електроника 1 ја имам :/

Offline taurus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #5 on: 05.06.2017, Monday, 13:41:08 »
Стави ја Електроника 1, од корист ќе е на некој.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #6 on: 05.06.2017, Monday, 15:27:07 »
Еј stiffy ај биди фин и ставија
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Online Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5246
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #7 on: 05.06.2017, Monday, 15:33:28 »
Ако книгата е со копирајтс немој да ја ставате тука, споделете си ја ако планирате помеѓу вас..
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10857
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #8 on: 05.06.2017, Monday, 15:40:56 »
Во право е Devil. Наша книга е, може проблем да ни направите.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #9 on: 05.06.2017, Monday, 17:38:40 »
нсу пиши ми меил пп ќе ти ја пратам.  ;)

Книгава е над деценија стара, Камилоски прашање дали е жив...а професориве без авторски права и бутур ни ја даваат во пдф да ја копираме на факс. Така да не сметам дека би имало проблем..ама како што ќе речите  :). Ако ми дозволите ќе ја постирам, ако не за секој случај по меил најдобро  ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #10 on: 05.06.2017, Monday, 20:22:23 »
Ами ај пратија и на вака.. во пп или меј ќе ти треба? Фала.

Offline DL1BT

  • Нов член
  • *
  • Posts: 21
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #11 on: 05.06.2017, Monday, 22:30:05 »
нсу пиши ми меил пп ќе ти ја пратам.  ;)

Книгава е над деценија стара, Камилоски прашање дали е жив...а професориве без авторски права и бутур ни ја даваат во пдф да ја копираме на факс. Така да не сметам дека би имало проблем..ама како што ќе речите  :). Ако ми дозволите ќе ја постирам, ако не за секој случај по меил најдобро  ;D

Жив е и сеуште пие пиво. Книгата е со авторски права во МК :-)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10857
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #12 on: 06.06.2017, Tuesday, 00:05:26 »
Книгава е над деценија стара, Камилоски прашање дали е жив...а професориве без авторски права и бутур ни ја даваат во пдф да ја копираме на факс. Така да не сметам дека би имало проблем..ама како што ќе речите  :). Ако ми дозволите ќе ја постирам, ако не за секој случај по меил најдобро  ;D

Мислам дека е жив и дека уште предава... дали е редовен професор или вонреден сега, не знам, ама знам дека ми беше во комисија на дипломска, а дипломирав пред... 4 години, така нешто, 2013-та.

И да, даваат да се копира бидејќи и онака само по 500 копии се прават од книгата, не ни можеш да ја најдеш во оригинална верзија, се печати... колку да се испечати бидејќи е поднесено барање до УКИМ за издавање на академска литература, бла бла бла, и мора некако да се оправдаат тие средства.

А сега ги дваат така бидејќи ем не им одобруваат средства веќе (сега веќе им бараат да имаат идадено написи во некои странски академски списанија или нешто трето, не бараат да имаат издадено своја книга, тоа беше еден краток период и го укинаа тоа кога видоа дека ќе треба барем 2/3 од професорите да ги бркаат од работа бидејќи дали 20% нив си ја знаат работата и проблематиката како што треба ::)), ем поради тоа што мислам дека е задолжително во електронска форма да ги има материјалите, а опционално е дали ќе бидат во печатена. Кога видоа дека 10% од оваа академска литература не можат да ја продадат во книжарници... си рекоа, за*би, ова е само трошење на време и хартија, дај во електронска и готово ;). Искрено, паметна одлука ;). Исто е со стручната литература на многу други факултети под УКИМ... Машински, Шумарски, Медицински, Технолошки, ФИНКИ, итн. Исклучок се, како и секогаш, Правен и Економски ::), нели, она мора од секаде пари да млатат, па и од книгите ::), мораш да купиш книга, инаку, немаш право да полагаш ::).

А дека можно е да има проблем, можно е. Зошто? Бидејќи оваа книга ја има само во печатена верзија. Никој (издавачката куќа или авторот) ја нема ставено online и во електронска верзија, ниту пак има пишано во самата книга дека смее да се умножува и споделува без дозвола од издавачката куќа или авторот. Има посебни GPL лиценци, за кои издавачките куќи и авторите кај нас воопто не ни знаат, кои го дозволуваат ова. Дури добиваш и свој сајт (под некој domain на GPL, не ми текнува точно како беше) на кој може да си направиш една проста web страна и линк за download на книгата, без ограничување во однос на времетрање (страната ќе постои се додека постои GPL, така да... практично вечно), но... кој да знае и да се информира, така ::). Згора на тоа, твојата книга е заштитена од страна на GPL, интернационална организација, така да, ако некој стави цитат или има нешто искористено во свој труд од твојата книга, мора да наведе од каде го има земено тоа ;). Кај нас, со нашите заштити на авторските права, тешко дека ќе успееш ова да го докажеш, а дури и да го докажеш... никому ништо. GPL е сосема друга работа... дечките кои се зад GNU и GPL многу сериозно го сваќаат ова и има некои ретки исклучоци каде ова се толерира. DD-WRT е типичен пример, но бидејќи firmware-от е многу популарен, а и лиценцата што треба да се плати, ја плаќаш само ако сакаш да активираш Super Channel, така да, практично ги имаш сите опции кои ги нуди firmware-от, освен Super Channel, и затоа не го чепкаат тој проект од GNU... иако реално крши некои од правилата на GNU GPL.

Најдобро е да не ја post-ираш тука јавно, споделете си ја едни меѓу други преку mail ;). Ја има и на Scribd. Само пишете "metodija kamilovski elektronika 1 pdf" на Google, првиот линк што ќе го извади е од Scribd ;).
« Last Edit: 06.06.2017, Tuesday, 00:08:44 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #13 on: 06.06.2017, Tuesday, 08:42:06 »
Па и не му е лоша толку книгата баш е разбирлива мене ми се допадна 8) ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Одг: Тема за побарувања на книги
« Reply #14 on: 06.06.2017, Tuesday, 12:09:57 »
Па ако не бараат права нека биде објавена....