Author Topic: Микропроцесори низ форумот  (Read 484 times)

Offline Primology

  • Нов член
  • *
  • Posts: 7
Микропроцесори низ форумот
« on: 13.05.2017, Saturday, 12:05:16 »
Здраво момци,

Јас сум нов бев на поминување ама еве викам уште една тема чисто да дознаам повеќе околу форумот и вас.

Ме интересира колку од луѓето тука се занимаваат еве со Микроконтролери ,модули за истите(од секаков тип) ,а реално и било што поврзано со нив. Ме интересира вашата опрема, почетоци, проекти итн.
Доколку имате време, било што поврзано со темата ве бодрам споделете го! :))

Кој тип/марка на микроконтролери ја користите или ја симпатизирате ?
На кој начин вршите дебагирање ,користите можеби посебна опрема ?
Врз која архитектура е вашиот (омилен) микроконтролер базиран ?
Дали за хоби проектите бирате микроконтролер или целите кон најмоќниот ?
Кој тип проекти најмногу ви носат насмевка ,HMI ,GUI ,Audio ,некој тип периферијали итн ?
Што ве навлече и кога дознавте дека ова ве опушта да го работите како работа или хоби ?
Кога почнавте ,дали со помош на некого или самите ?

Ова се прашања како за старт доколку ви е потребен почеток, но околу одговорот земете си целосна ваша контрола и оформете го на начинот на кој вие сакате!


Во исчекување на вашите одговори,
Primology

Споено мислење: [time]13 Мај 2017, 11:43:12[/time]
Да си го споделам и јас своето..

Почеток: Имав 12-13 години ,немав појма што се ама знаев дека многу ми се свиѓаат! Прв пат ги видов во Логинг Електроникс со големи цени итн. Малку по малку дознавав што и како се микроконтролери. На тие години од познавање на програмирање имав само Pascal ,Batch Scripting, C / C++.
Главно користев батч скрипти поради тоа што ми беа лесни многу и обожавав да играм со конзолата.

Омилени ми се некако PIC-ови ,најмногу имам во нив инвестирано. Со целосните девелоперски плочи ги покривам скоро или сите фамилии на пикови од 8 битни до 32 битни. Забавни ама малку скапи. За хоби најпаметен избор (барем според мене) ви е Arduino од Али Експрес..

Од опрема имам:
• PICKit 3
• EasyPIC v7
• EasyPIC Fusion v7
• Arduino UNO
• Arduino Due
• Orange PI
• ESP8266

Од компајлери:
• mikroC ,mikroBasic ,mikroPascal (сите за сите)
• Arduino IDE
• EasyTFT и EasyGLCD
-- после оваа линија се е непотребно--
• MPLAB X IDE / XC8 XC16 XC32
(повеќе од пола ги имам и избришано поради тоа што ретко ги употребувам)

Чиповите нема поента да ги наведувам, меѓу омилените домашни ми е P32MZ2048ECH124 @ 200MHz / 300DMIPS ,но да би бирал би го заменил за P32MZ2048EFH144 @ 252MHz / 415DMIPS. :o

Зошто ардуино ? Евтино. Купи го ,вгради го цело во проектот. 300денари цело од али експрес ,добиваш и сериска комуникација и се друго..
mE PIC споредено со Arduino Due ?
• Пикот е побрз за дупло, ретко осетливо зависно од проектот.
• Пикот е поскап за дупло ;D

Од софтвер за пик признавам главно само mikroC и сето останато ми е некако мртво, документација ,библиотеки итн.. MicroChip пробуваат нешто цело време али не им е најсјајно ,имаат сега нешто ситно споено со Микроелектроника ,бев повикан во Белград во mE HQ каде што двете компании држеа некој тип воркшоп.
Микроелектроника нудат одлични компајлери снабдени со доста библиотеки како и форум.. али изгор се за хоби.. меѓутоа затоа ардуиното владее кога доаѓаат во игра библиотеки ,туториали ,проекти како и со цената.

Сите ги сакам меѓутоа треба да имаш доста материјални средства за да си играш со EasyPIC-от.. Целата опрема вклучувајќи ги и компајлерите додека од друга страна ардуиното е "џабе"..
Имате проект во некој компајлер на mikroE, а го немате целиот компајлер ? Било кој AVR ,ARM, PIC ,dsPIC , PIC32 ,FT9XX, 8051.. пишете не е проблем ќе ви ги пуштам кај мене на компајл.

Еве некој дел од опремата што ја користам.



и така.. тоа е тоа.. демек хоби (и Freelancer работев/ам ете ај..) ;D ::)
« Last Edit: 13.05.2017, Saturday, 12:53:40 by Primology »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Микропроцесори низ форумот
« Reply #1 on: 14.05.2017, Sunday, 07:44:10 »
Ајде еве, ќе почнам нешто ;).

Немам кој знае што од опрема, PICkit 2, клон, ама доволен ми е за потребите ;). И debugger-от е одличен ;). Е сега, некогаш знае да рипне линија ;D, ама можеби е и до IDE-то (mikroC). Не сум го пробал debugger-от во комбинација со MPLAB.

Имам работено на некои проекти, пред се за контрола на определени индустриски процеси, ама ништо прекомплицирано. Направи ова ако запре она, почекај толку и толку, провери тоа и тоа па продолжи... графички приказ на дисплеј, контрола на машина преку мени... далеку од тоа дека измислував топла вода.

Проектите се proprietary. Купени се заедно со source и сите салтанати, така да, практично, веќе не ги ни поседувам, па по таа логика, не смеам да ги споделувам јавно.

За лични мои потреби, могу малку имам работено со микроконтролери... почнав да работам во IT и некако се отиде во таа насока.

Да се навратам на темата.

Arduino не би користел за сериозни проекти. Лесен е за работа и контрола, ама layer upon layer upon layer... нешто ќе се икомпајлира на шашма во определена комбинација на алатки и ете ти проблем :S. Лично сметам дека комбинацијата compiler --> machine code е најдобра... општо, не само во светот на мкроконтролерите. Ако нешто не е во ред, една од две причини се можни: си направил грешка некаде (во 99.9% од случаите) или компајлерот кикснал некаде (во 0.1% од случаите, но сепак, се случува). Е сега, измножи ја оваа веројатност во toolchain-от на Arduino и ќе стигнеш до некоја прилично голема бројка. Ако toolchain ти е IDE --> Compiler --> Machine code и ако згора на тоа, се е интегрирано во една алатка, шансите за кикснување на некој од нив се прилично мали. А да не го заборавиме и фактот дека има bootloader... ако тој не се подигне, не се подига ништо.

Е сега, ефтин е и ако планираш проект со него за лични потреби (систем за иригација на бавчата ;D или нешто слично), да, би се одлучил за Arduino. Лесен е за работа и контрола, не треба некое посебно предзнаење (освен C... т.е. да програмираш), а и да киксне нешто, тука си, лесно може а го корегираш. Ама ако ти зависат сериозни пари од тоа дали работи тоа чудо или не... не, не би се ослонил на него.
« Last Edit: 14.05.2017, Sunday, 07:50:23 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Primology

  • Нов член
  • *
  • Posts: 7
Одг: Микропроцесори низ форумот
« Reply #2 on: 14.05.2017, Sunday, 17:29:10 »
Се согласувам доста со тоа што го кажа, а за твоите проекти мислам дека се одлични и нема потреба да си ги споредуваш со некој поголем проект, секој проект си носи свои барања и со самото тоа што ти си го добил тоа што си го барал тоа е одлично!

Да ,и јас ардуиното не го сметам за нешто сериозно меѓутоа многу луѓе фрлаат раце по него... Нутела.. (за мене е само крем) меѓутоа луѓето повеќе се радуваат кога гледаат нешто како трепка отколку да му покажеш нешто покомплицирано..

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Микропроцесори низ форумот
« Reply #3 on: 14.05.2017, Sunday, 19:54:03 »
Еве јас да кажам шо имам....

прво, срам ми е да кажам дека скоро и да не знам да програмирам микроконтролери а иам 20год. Имам некоја основа...имам учено и програмирано pic, конкретно се работаше за пробувања и експериментирање, па за да имам солиден избор на регистри и еден куп пинови...користев 16F877...за учење солиден е и моќен, ни 1% не искористив од можностите - логично.  :P

Исто правев еден минијатурен проект со 16F84, како шо кажа гига...уклучи, почекај, исклучи, ако - тогаш. Можев да го изведам и со 12F ама незнаев поинаку тогаш.

Програмирање Ардуино...искрено толку е висока платформата и толку многу библиотеки се достапни, па лесно е програмирањето шо искрено не ни го сметам за програмирање. Си имам програмирано роботска рака, 3 степени на слобода, 4 серво моторчиња....ама не е нишо посебно. Во секој случај за играње, интересна работа е :D (ќе го постирам кодот и нацртот ко ќе ми е готово се)

Моментално дизајнирам “развојни околини“, ако може така да се наречат (а не може). Се работи за обична dumb board, со микроконтролер, и сите основни периферни компоненти како што се: напојување, осцилатор
 пинаут и ICSP пинаут за штекање на pickit2,  за полесна реализација на било кое коло, реализирајќи го остатокот на бредборд. Планирам да ги користам за да си ги проширам знаењата, да куцам да експериментирам, онака за во слободно време.     
 (И тие ко ќе ги завршам ќе ги постирам - летово  :P)

И исто за подобро навлегување и изучување на архитектурите и сл. сакам да научам асемблер да куцам :D

Од опрема, имам пик кит 2 клон, задоволен сум...најмногу е користен за готови кодови.

Користам microC од микроелектроника за пик (freeware). Софтверот шо е од ардуино за ардуино и processing за комуникација.

То е то, од мене :D

п.с. колку те кошташе плочава шо е на сликава од микроелектроника?
ппс дан имате шема/плочка за pickit2 со зиф сокет, т.е. го имам програматорот само на него да укл зиф сокет :D



Offline Primology

  • Нов член
  • *
  • Posts: 7
Одг: Микропроцесори низ форумот
« Reply #4 on: 14.05.2017, Sunday, 20:27:25 »
Одлично, не си го потценувај знаењето ,ти знаеш нешто што јас не знам и обратно. Програмирање е широк поим за мене, претставува слобода и не мораш да знаеш се.

Плочите на микроелектроника чинат грубо 11.000 ~ 13.000 денари без разлика која сите се одприлика таа цена ,на сликата има две плочи ако нешто те интересира поконкретно кажи.

п.с. шема немам никаква.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Одг: Микропроцесори низ форумот
« Reply #5 on: 14.05.2017, Sunday, 23:10:56 »
На времето, пред многу години, ми дојде во раце ЦД Visual Studio 6. Се заинтересирав за Visual Basic и почнав да експериментирам и да учам по нешто. Не бев многу упорен со учењето, па така останав само на бејзикот, не знам ни C/C++ ни асемблер. После неколку години случајно го открив mikroBasic од Mikroelektronika. Многу работи ми беа познати, исти или многу слични со Visual Basic 6, па така почнав да се занимавам со PIC микроконтролери. Имам изработено неколку едноставни, но функционални проекти. Не сум користел други микроконтролери освен PIC12Fxx, PIC16Fxx и PIC18Fxx.
На некој форум го прочитав следново: ако почнеш да користиш микроконтролери, никогаш повеќе нема да употребиш NE555  ;D Во мојот случај испадна точно така. Се што може да се направи со NE555, може да се направи и со 8-пинскиот PIC12F675. Цената на 675-ката е колку цената на 10 NE555, а тоа е околу 1 долар, но јас сепак би одбрал PIC  ;D


stiffy имам правено плочка со ZIF socket, почекај 1-2 дена, ќе ја поставам на форумов.
Жан

Offline Primology

  • Нов член
  • *
  • Posts: 7
Одг: Микропроцесори низ форумот
« Reply #6 on: 14.05.2017, Sunday, 23:40:43 »
Одлично!
Најискрено не очекував дека сите во риплај сте користеле некој од компајлерите на mikroE. :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Микропроцесори низ форумот
« Reply #7 on: 15.05.2017, Monday, 02:13:53 »
Да ,и јас ардуиното не го сметам за нешто сериозно меѓутоа многу луѓе фрлаат раце по него... Нутела.. (за мене е само крем) меѓутоа луѓето повеќе се радуваат кога гледаат нешто како трепка отколку да му покажеш нешто покомплицирано..

Види, како почетна точка е добар... барем јас така мислам. Ама не „углавувај“ на него. Тоа ми е поентата ;). Ако не знаеш ништо за микроконтролери, ОК, почни со Arduino, ама не се крсти само на него. Разгледај, види и други платформи. Поената е да напредуваш, а не да тапкаш во место, тоа па тоа.

Мада, еве, јас искрено, ако би почувал пак од почеток, пак не би почнал со Arduino. Јас сум чуден карактер. На крај сакам да видам machine code. Ако не видам како се искомпајлирала определена иструкција, не ми е интересно. Сакам low level работи... со сите овие cross platform IDE, библиотеки и што ти уште не во светов на компјутерите, па и на микроконтролерите, некако се заборави тој факт: на крајот се се преведува во machine code. Ако не можам лесно да го видам или ако не можам по моја потреба рачно да го корегирам, не сакам таква платформа. Сакам да можам custom да си ја модифицирам програмата. Можеби и никогаш нема да фатам да ги проверам машинските инструкции, ама сакам да ја имам опцијата, ако некогаш ми текне, лесно и едноставно да можам да го направам тоа, без многу „аман, што направи“ од IDE-то.

... па за да имам солиден избор на регистри и еден куп пинови...користев 16F877...за учење солиден е и моќен, ни 1% не искористив од можностите - логично.  :P

Добар почеток ;). И јас почнав со него. Без разлика што не си ги искористил можностите, не е лошо да ги имаш на располагање. Слично на она претходно што го кажав. Можеби никогаш нема да искористам дел од I/O пиновите, ама ете, сакам да ги имам на располагање. Не знам што ќе ми текне да правам некој ден и сакам да ги имам на располагање и оние кои никогаш не сум ги користел.

И исто за подобро навлегување и изучување на архитектурите и сл. сакам да научам асемблер да куцам :D

Ова ти е најпаметната одлука која ќе ја донесеш во твојот компјутерски дел од животот ;D.

Почни со x86 MASM и анализа на работа на програми (подигање, load-ање на библиотеки...). После тоа, се ќе ти биде боза... почнувајќи од C... Visual Studio или некое друго IDE, дури и ако е за микроконтролери... кога ќе ти текне колку линии машински код се потребни за еден if циклус, ќе почнеш да се смееш колку е лесно да се програмира ;D.

Јас намерно така направив. Пројдов доволно долго време со ASM за потоа секој друг јазик да ми биде лесен ;D. Е сега... не секој има нерви за тоа.

На некој форум го прочитав следново: ако почнеш да користиш микроконтролери, никогаш повеќе нема да употребиш NE555  ;D Во мојот случај испадна точно така.

Ау да, апсолутна вистина ;) ;D. Со таа разлика што не ми притребало ништо со 555 веќе подолго време ;D.

Веќе пишав, аут сум веќе во светов на микроконтролерите. Bo IT сум навлезен и чат пат серисирање IT уреди ми е она што ми остана од светот на електрониката. Микроконтролери... ене го дома еден 16F877, 5 години наназад ми стои на протоборд. Го ставив на протобордот и така остана... као демек ќе фатам пак ќе правам нешто ::)... можеби... некој убав ден ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."