Author Topic: Кутии од стари компјутерски 5.25" оптички уреди (ODD, Optical Disc Drive)  (Read 1829 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Идејава ми дојде откако видов колку вакви стари оптички уреди имам, од CD/DVD-ROM-ови до стари комбо CD-RW/DVD-ROM уреди, па и стари CD/DVD-R/RW/RAM уреди. Дел од нив се сеуште исправни, но веќе неупотребливи. Во оваа класа не би ги ставил CD/DVD-R/RW/RAM уредите, но еве, на пример, CD/DVD-ROM уредите се веќе практично неупотребливи. Ретко кој веќе користи било каков тип на оптички уред, ама ако користи, би сакал да ги има сите функции (не само read, туку и write опцијата на CD и DVD медиуми). BluRay режачите никогаш не „фатија“ како технологија, пред се поради падот на цените на класичните и транспортни HDD уреди, така да... такви скоро никој и нема во неговата колекција на ODD уреди ;D, без разлика дали се исправни или не.

Од друга страна, сигурен сум дека секој од нас има барем еден или два оптички уреди по дома кои се или неисправни или едноставно obsolete (неупотребливи во денешно време). Што од промената на интерфејсите (од IDE на SATA), што од самите опции кои ги нуди уредот... во секој случај, дури и да се исправни, практично се неупотребливи во денешно време.

Висината на 5.25"-ните оптички уреди е 4cm (поточно 1.625", 41.3mm), со што се совршени за поставување на мали уреди во нив ;). може дури да се постави и некој мал трансформатор во нив, а предност е тоа што се метални, па може електромангнетното поле од трансформаторот лесно да се елиминира со залемување на дополнителни лимени парчиња околу него ;).

Е сега, како дојдов до идејава. На страна ми стоеше еден уред (VGA Splitter) на кој требаше да му се преправи влезниот порт. Беше направен за стариот стандард, од времето на CRT мониторите, кога се користеа VGA Extender Cables, а не VGA Cables. VGA Extender каблите беа со еден машки VGA приклучок на едниот крај и еден женски VGA приклучок на другиот крај бидејќи повеќето CRT монитори си доаѓаа заедно со нивен VGA кабел. Имаше некои поскапи модели кои имаа и RGB влезови, па кај нив беше VGA влезот изведен како кај новиве LCD монитори, без кабел, само со женски VGA приклучок, но овие монитори беа поскапи и поретки, па затоа, кога ќе требаше да се продолжи VGA кабелот, се користеше VGA Extender Cable, а не како сега VGA кабел (машки приклучок и на двата краја).

Како и да е, иако постар, VGA Splitter-от работеше одлично и со денешниве повисоки резолуции, но мораше да се преправи влезниот (машки) приклучок во женски бидејќи каблите кои може да се начекаат во денешно време се скоро исклучиво VGA Cables (машки-машки), а не VGA Extender Cables (машки-женски). Проблемот се јави кога сватив дека нема да може преправката да ја направам директно на самата плочка и едноставно на местото на стариот женски приклучок да залемам машки. Распоредот на пиновите е инверзен :S. Од друга страна, кутијата за VGA Splitter-от беше многу квалитетно и добро изработена и искрено, жал ми беше да ја касапам и да правам уште една дупка некаде на неа... практично „дупка до дупка“ да биде кутијата :S. Непотребно касапење на прилично добра кутија.

Немаше друга опција освен да правам нова кутија, која планирав да ја правам со лемење на лимчиња вадени од 5.25" drive bays. Постарите куќишта имаа дебели лимови, па и овие лимчиња им беа прилично дебели, а за среќа чувам дома колекција вакви лимчиња (знаев дека некој ден за нешто ќе ми притребаат ;D), па си реков... ајде, тоа е тоа, многу работа ќе има во ова, прво од аспект на поставување на лимчињата под прав агол за да се склопи кутијата како што треба, па потоа се останато, но тоа е тоа, штом решив да не ја касапам оригиналната кутија, ќе мора некоја друга да направам.

Не сакав да се фатам веднаш за работа бидејќи знаев колку работа ме чека (ме мрзеше ;D), така да, го оставив сплитерот на страна и нешто друго фатив да работам.

Во меѓувреме, ми требаше нешто да ископирам од некои DVD-иња на кои уште ми стојат некои податоци (постари програми, backups, итн.) и забележав дека ластичето од транспортот на режачот почнало да зеза (ќе заглави при отворање на фиоката, па треба да го акнеш уредот/куќиштето малку од озгора за да ја отвори фиоката ;D, знаете како е, сигурно ви се има случено ;D). Си викам, ај и онака треба да ја исчистам машинава, не е чистена кој знае од кога, па ај и режачот да го средам ;). И сега, за да не излезе работава дека неспремен почнувам, почнав да ги вадам сите ластичиња од стари оптички уреди кои ги имам по дома. Ги чував, а ни сам не знаев зошто ги чував... си викам, ај има електромоторчиња во нив, LED, ласерски диоди, 3.5mm стерео конектори... ќе се најдат за нешто ;D. И како што ги вадам... ми светна дека јас всушност за овој VGA Splitter рачно ќе правам кутија, односно дел од кутија, од оптички уред ;D. Извадив што извадив ластичиња и тргнав еден на страна, да разгледам дали новава идеја ми е изводлива ;). Се разбира, ластичето од транспортот на режачот сеуште не е сменето ;D. Ова беше поинтересно ;D.

Изборот падна на еден стар TEAC CD-ROM... не поради друго, знам дека постарите имаат подебели лимови, па кутијата ќе биде поробустна ;).

Еве како изгледаше CD-ROM-от пред преправката.



А еве го уредот кој требаше да се стави во новата кутија.



Прво мораше да се извадат налепниците од кутијата. Ова го правев со метална жица за миење садови (за рибање, кога ќе ви загори нешто ;D, па морате да го гребете од лонецот, тавчето, што и да е ;D).



Наредно, требаше да се обележи каде ќе се сече лимот, односно каде ќе треба да се превиткува лимот.



И еве како изгледа исечениот горен дел од CD-ROM-от. Знам, едната страна е крива, ама на едниот крај од кутијата почнав да сечам од ќошот со шмишајбната и некако ми забега и... така, крив излезе едниот раб. Добро е што не се познава премногу кога ќе се склопи целата кутија ;). Сепак, еве, совет за сите оние кои планираат нешто вакво да прават, почнете со сечење страна по страна, а не од ќошот на кутијата ;). Јас мислев дека така ќе биде по прецизно и плус „ќе утепам две птици со еден камен“ (ќе го исечам лимот од страна и плус дел од лимот од горниот дел на кутијата), арно ама, се излажав :S.



Еве како изгледа долниот исечен дел од CD-ROM-от и искирнираните линии каде треба да се превитка лимот за да се направи предната страна од кутијата ;). Јас кирнирав со гравирка со додаток за шмишајбна (малечка шмишајбничка). Може да се кирнира и со некој друг алат... во моментов не ми текнува што друго би можело да се искористи за оваа намена ;D, но сигурно има нешто ;). Поентата е тие места да бидат водилки, да биде потенк лимот за да може полесно да го свиткате ;). Ако само обележите каде треба да се витка, при виткање може да ви се извитка целиот лим, а не само на местото на кое сте обележале. Освен самото кирнување, ќе треба и да отсечете дел од заоблените рабови на основата (се гледа на сликата) под агол од 45 степени (може и малку поголем, не е проблем, може да има фазла простор) за кога ќе ја свиткате кутијата, тие делови од рабовите да се спојат под прав (или скоро прав) агол. Знам, кирнувањето не ми е баш идеално, ама набрзина беше правена кутијава и на неколку места крива ми излезе кирнувата линија.



А еве како изгледа долниот дел од кутијата превиткан, со што се оформува предната страна од кутијата ;). Е сега, заборавив да го сликам долниот дел од кутијата од страна за да се види како изгледаат оние мали делчиња од рабовите на кутијата кои се сечени под агол од 45 степени, за да се види како се вклопуваат овие делчиња кога ќе се свитка долниот дел, ама мислам дека е видливо од последната слика како всушност се вклопуваат ;). Е сега, јас користев само менгеме и раце за виткање на лимот, па затоа морав да оставам малку поголем дел од горната страна (она горно парче од првата слика свиткано под 90 степени во однос на новата предна страна од кутијата) за да може на менгеме добро да го стегнам овој дел. Ако оставите помалку лим, нема да може на менгеме добро да го стегнете и при виткање, може да ви излезе од менгемето овој дел и да го превиткате лошо :S. Јас оставив околу 1.5cm за овој дел. Тој дел всушност го оформува горниот раб од кутијата и и додава на крутост на кутијата кога целата ќе се склопи ;). Почнувате со виткање на тој дел и потоа одите понатаму, со виткање на долниот раб од предницата на кутијата. Може и да не го сечете долниот дел од кутијата на CD-ROM-от со фазла делот од 1.5cm. Може прво да ја свиткате, за да го оформите горниот раб од предницата на кутијата, па потоа да сечете колку што сакате (0.5cm, 1cm, 1.5cm...), ама ова ми текна подоцна ;D, а кутијата веќе беше исечена, така да... малку доцна беше ;D.



И еве како изгледа кутијата кога е склопена ;). На првата слика е прикажан предниот дел, на втората долниот дел, на третата е прикажан задниот дел, а на четвртата е горниот дел. Знам, виткањето е далеку од идеално, ама со тој алат и време што го имав на располагање, мислам дека е прилично добро ;).



Бидејќи кутијата била наменета со шрафовите да ја држи и пластиката и дел од плочките од CD-ROM-от, се јавува простор меѓу делот каде што влегува шрафот и местото на кое е винтот. Не знам точно колкава е разликата, не ја измерив... од око изгледаше како да околу 5mm. На тоа место додадов дистанцери направени од шајбни (наједноставно ми беше) залемени за долниот дел од кутијата (местото во кое треба да влезат шрафовите). Исто така, задниот дел од кутијата, местото на кое стоеја IDE и Molex конекторите зјаеше, така да, мораше со нешто да го покријам тој дел. Исеков парче лим од извадени front panel 5.25 инчни drive bays и го залемив за задниот дел ;). За поестетски изглед, може да искористите и дел од останатите парчиња лим од кутијата, со што лимот ќе има иста нијанса, а освен тоа, иста дебелина ќе биде лимот (парчето лим кое јас го додадов беше потенко :S), но нејсе, тоа е тоа, прво ми текна на тоа, бидна што бидна ;D. Парчињата може и да ги пунктирате, не мора да се лемат... може и да ги шрафите, лепите... како сакате :).



И еве како изгледа склопената кутија со дистанцерите и додадениот лим. Далеку од лошо ;)... барем според мене ;D. На долните две слики (левата) се познава делот каде што промашив и на криво го исеков страничниот дел од кутијата, ама искрен да бидам, ситуацијата изгледаше далеку полошо кога ја немав склопено кутијата. Кога ја склопив, видов дека малите свиткани парчиња од долниот дел на кутијата делумно ја покриваат оваа аномалија ;), така да, ситуацијата е далеку од кастастрофална ;).



Еве како изгледа кутијата по бушењето на дупките за конекторите. Бушењето најдобро е да се изведе со CNC машина, за да бидат правилно (како што треба избушени). Или, евентуално, треба многу да се пази. Како што веќе пишав, немав многу време на располагање, а естетиката не беше пресуден фактор, важно беше кутијата да биде робустна, така да... испаднаа како што испаднаа :S. Дупките ги правев со гравирка и различни димензии на бургии за да го изглодам одној дел од лимот кој не треба (немам посебен додаток за гравирката како глодалка за метал). Се познава на делови каде што ми „забегала“ бургијата од гравирката, но ова лесно се покрива со боја ;). За жал, лошо направените дупки за конекторите не се покриваат со боја, но... тоа е :S.



И, за крај, целиот уред сместен во кутијата ;). Немојте да се смеете за „предната маска“ на кутијата ;D, важно беше само да е означено што каде треба да се приклучи ;D. Инаку, со дополнителна предна маска можеше делумно да се максираат лошо избушените дупки за конекторите, ама, бидејќи немав време да ја правам, кутијата си остана таква „чопава“ ;D. Со боење и предна маска, голем дел од нестатоците може да се покријат ;). А добро е и тоа што лимовите од овие стари оптички уреди се правени од необоен лим, така да, не мора претходно да ја вадите претходната боја или да корегирате ако некаде бојата сте ја оштетиле при виткање или бушење на дупките, туку само боите ;).



Бидејќи се метални, кутииве практично може да се користат за било каков тип на уреди ;), аудио, дигитални, RF... било што. Целите се метални, така да може да се користат и како ладилни тела за некои од елементите на уредот кој треба да се смести во нив ;), а исто така, веќе наведов, бидејќи се метални, може и да се лемат и да се прикриваат недостатоци, да се додаваат прегради, итн. ;). Дури може и да споите две вакви една врз друга ако една ви е ниска, па да добиете двојно повисока кутија ;). Можете да ги залемите двете страници и со тоа, ќе добиете една голема кутија ;). Практични се за доработка бидејќи веќе дел од кутијата имате изработено, а лимовите им се прилично дебели ;).

Јас имам еден куп вакви стари оптички уреди на располагање, така да... сега имам со што да си играм ;D.
« Last Edit: 20.05.2017, Saturday, 13:45:55 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Леле Гига пак си игра значи хахаах легенда си Гига фиоки правиш сталажи се па така треба од се што се има по дома да се направи нешто 8) ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Абе фурда има колку сакаш ;)... време се нема :S.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Фурда бе Фурда леле зборов првпат го слушам Фурка има село кај Дојран.Фурна е направа за печење на погачи леб. Али Фурда бе Фазла е вишок али Фурда бе првпат слушам  ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Бравос...секоја чест.

Вака треба сите да постираме постојано и да споделуваме на сите области за да е жив форумот. Не е топла вода изумов, ама е идеа и треба да се цени било кој пост.  90% од нас го гледаме форумов како "имам проблем" troubleshoot или како "купи продај".

Бравос на вас неколку души на ентузијазмот што го држите форумов. Ме инспирира да ја тргнам малку себичноста од мене и да споделам некои мои креации и измошљотини ;D Ај уште една недела полагање, и потоа ќе сум слободен...ќе постирам неколку теми ^_^

п.с. Овие цд ром-и само со напојување на 3.2мм џек даваат аудио сигнал? Како цд плеер дали самостојно може да се однесуваат?

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 789
п.с. Овие цд ром-и само со напојување на 3.2мм џек даваат аудио сигнал? Како цд плеер дали самостојно може да се однесуваат?
Даваат аудио сигнал, но нема како да го контролираш, освен ако има на него копчиња Play/Next.


Интересна идеја GigaWatt :)
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@stiffy: Фала, верувај, ова ми е едно од моите врвни „механичарски“ (се што не е електроника) подвизи ;D. Тотален дудук бев за вакви работи, ама еве, некако, полека, полека, се искалувам и на тоа поле ;).

И да, може индивидуално да се користат, под услов да има кочиња како што пиша Zan. Имам дома неколку вакви, со Play/Next и Stop/Eject копчиња. Сигурно 2 или 3 од нив се исправни, бидејќи ги имам користено во комбинација со SMPS од PC како замена за мини транспортен CD плеер... бидејќи дискмените на времето беа скапи ;D.

Скоро сите постари оптички уреди можеа независно да работат како CD плеери. Имаа и заден аудио излез, бидејќи во тоа време, PC-ињата и не беа баш моќни, па да очекуваш додека работиш нешто на него и да декодира PCM сигнал од CD/DVD-ROM беше... mission impossible. На постарите членови на форумот сигурно им текнува, имаше еден посебен, најчесто сив, кабел со 4 пинови со кој се врзуваше задниот аудио излез од оптичкиот уред со CD In влезот (да, имаше ваков влез ;)) на постарите аудио картици ;)... практично, постарите аудио картици имаат два линеарни влеза, еден беше Aux In, а другиот беше CD In, со тоа што CD In беше интерен интерфејс (немаше надворешен back panel конектор за него), ама без разлика, тоа не значеше дека не можеш да го користиш како линеарен влез за нешто друго ;). Баш имавме направено со еден другар мини дво канално PC миксерче со едно програмче и овие два влеза ;). Само што, квалитетот на звукот беше... држ ме мајко ;D. Добро, да бидам искрен, не звучеше како транзисторче, ама далеку беше од денешниве onboard HD картици.

На постарите членови сигурно им текнува на Audiograbber, програмче без кое не се можеше ;D. Инаку, станува збор за Audio CD Ripper, подоцна EAC (Exact Audio Copy) се користеше бидејќи престана да се развива Audiograbber, мислам дека последна верзија беше 1.83. Како и да е, имаше некои CD-иња кои едноставно не сакаа да се rip-уваат преку IDE/ATA/ATAPI интерфејсот (дигитално)... заштитите не беа проблем, Audiograbber имаше дополнителни опции за заштитени аудио дискови. Поголем проблем беше изгребано CD :S. За некои CD/DVD-ROM-ови, ова беше кошмар. Можеби и ќе го исчита CD-то, ама нема да може да го rip-ува како што треба бидејќи беше изгребано... ќе сецкаше или ќе рипнуваше на некои делови од траката... жив кошмар, особено ако станува збор за некоја навистина добра трака/песна ;). Е, тука опцијата за CD In Rip беше навистина корисна ;). Всушност, Audiograbber само ќе му дадеше команда за Play на определена трака на CD-то, сивото кабле ќе го дадеше сигналот до аудио картицата, а таа го grab-уваше сигналот и го снимаше во PCM WAV (тогаш беше мисловна именка да копираш и конвертираш во исто време ;D, прво се копираше во WAV, па се конвертираше во... нешто, MP3 @ 128kbps најчесто ;D). Е сега, квалитетот на снимката не беше ист. Нивото на шум беше далеку повисоко и квалитетот на сигналот беше далеку од сјаен, ама барем не сецкаше траката ;). Можеби ќе имаше по некое „цст, цст цст“ на некои делови од траката (она, кога сака да сецне, ама... никако да го направи тоа ;D), ама барем не ти го прекинуваше задоволството ;)... многу, и тоа „цст, цст“ беше непријатно за слушање, ама повеќе се трпеше од прерипување ;) ;D.

Имаше и еден проект со некој PIC (уште мислам дека го чувам некаде на PC ;D) кој што ги генерира ATA/ATAPI командите кои се одговорни за playback на аудио CD преку 40 пинскиот IDE интерфејс. Проектот беше со целосна контрола: Play, Pause, Stop, Next, Previous, премотување назад, напред... имаше и 2 X 16 LCD дисплеј на кој се прикажуваше траката, времетрање, CD Text (ако има)... сите салтанати. Практично го претворуваше стариот CD-ROM во класичен CD плер кој... па од дигитален аспек, имаше и повеќе опции од обичен CD плеер. На пример, колку што помнам, имаше опција и да прикаже уште колку секунди се останати од определена трака. Значи траката тера, ти прикажува минути:секунди колку истерала / уште колку минути:секунди останале од траката ;). Прилично корисно ако си DJ ;). Можеше уште да се надградува проектот со дополнителни опции, но за жал, не живна бидејќи се појави прилично доцна (2004, 2005-та, така нешто), а и кај поновите оптички уреди веќе почнаа да ја вадат опцијата за независен playback на Audio CD, така да... отиде во вечните ловишта. А и аудио DAC-овите на CD-ROM-овите беа далеку од сјајни. Да, за просечен корисник, ОК беа, ама малку по изострен слух ако имаш... катастрофа беа :S... многу полоши беа од дискмените, а камо ли од класичен CD плеер. Кој сакате CD плеер земете го, и најевтиниот, пак подобар DAC имаше отколку CD-ROM :S. Практично, CD-ROM-овите со предни копчиња за Play/Next и Stop/Eject ги користевме само ако ептен ептен немавме со што друго да го „вртиме“ CD-то.

@Zan: Фала ;). Имам намера уште некоја да направам, ќе ставам слики и од тие кутии во темава ;).
« Last Edit: 21.05.2017, Sunday, 16:09:17 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Quote
Тотален дудук бев за вакви работи, ама еве, некако, полека, полека, се искалувам и на тоа поле

Полека, се' бидува...јас така научив солидно работам на дребонг :D само желба треба и време чат-пат  ;D

Quote
На постарите членови сигурно им текнува на Audiograbber, програмче без кое не се можеше


И јас имам користено аудиограбер...само не за таа намена....директно од ЦД граб правев за да ги снимам во компјутер/цд во мп3 формат пошто некои од форматите дискменот не ми ги читаше  ;D

иначе прашував пошто имав видено нашкола такви цд-роми и ми се направи филм да си направам еден преносен cd плеер, сега видов и ме потсети...дефинитивно ќе биде  ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Па да де, да, за тоа се користеше Audiograbber. Поентата ми беше дека имаше и функција CD In Rip. Пишав за што беше корисна, кога CD не сака дигитално да го изрипува ;). Не знам дали и EAC има слична опција... не сум рипувал CD... не знам од кога ;D. Дури ми се случувало, го имам дома, или оригинал или копија од оригинал... кој ќе го бара сеа, дај да видам дали го има во FLAC на rutracker ;D ;D ;D.

иначе прашував пошто имав видено нашкола такви цд-роми и ми се направи филм да си направам еден преносен cd плеер, сега видов и ме потсети...дефинитивно ќе биде  ;D

Дочитај ми го до крај претходниот post, ќе видиш дека нема поента. Многу лоши DAC-ови имаа. Доволно колку за просечен PC корисник, ама далеку од тоа дека може да му парира и на најевтиниот CD плеер. Полоши DAC-ови можеби (и тоа можеби, не сум сигурен) имаат само Кинескине DVD плеери. Не сите, дел се добри, ама некои... ::)... no comment. И тоа за Audio CD, за MP3 playback, бетер се ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Аку, проблем ми е мене на вибрации како ќе се однесува...затоа што сакав да направам зафрканција, кај едно другарче за во кола... застава 12.

Му поклонав едно старо појачало со 5 појасен еквилајзер заборавив марка...постариве електроничари сигурно го знаат, и со ова комплетно ретро ќе биде. :P

Така да на толку брчење од моторот дефинитивно никој нема да замери на звукот....проблем се вибрациите, да не почне да се д’тка, а сум прилично сигурен...така да ко и 90% од идеите ќе заврши в канта  ;D