Author Topic: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)  (Read 1078 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)

Ова е серијал на книги од некој Американец David Gingery, а издадени се во 1982. Барајќи нешто online како сам да си изработам дребонг, го начекав серијалов ;). Да бидам искрен, многу малку литература има на оваа тематика. Планови за изработка... јок. Има некој open source дребонг, ама па многу е комплициран за изработка, а не сум доволно спремен со машинска терминологија, ниту пак знаење, сам да ги сменам некои работи кај тoj open source дребонг. Инаку, идејата за тој дребонг потекнува од овој серијал на книги и е делумно базиран на дребонгот опишан во овој серијал на книги (втората).

Инаку, серијалот содржи 7 книги.

01. The Charcoal Foundry
02. The Metal Lathe
03. The Metal Shaper
04. The Milling Machine
05. The Drill Press
06. The Dividing Head & Deluxe Accessories
07. Designing & Building The Sheet Metal Brake

download links:

Code: [Select]
http://app.box.com/s/a4wfs7wicocth1cnabr8fhkhxes5ju7g
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/F95A83E49141470C8F043FCE71790E55W

ПС: Ако некој има и може да сподели планови за изработка на микро (мини, како и да ги викаат) дребонг за обработка на метал, како што е Grizzly G0745 (видео подолу), нека отвори тема или пак ако не може (не смее) да ги сподели јавно, нека ми пише приватна порака ;).

Grizzly G0745 4" Swing by 6" Travel Micro Metal Lathe Unboxing

Уште подобро, ако знае некој каде може да се купи нешто вакво во Македонија, нека пише ;).

Однапред благодарам ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5237
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #1 on: 22.05.2017, Monday, 20:03:42 »
Интересна тематика, нај искрено не знам како и каде ќе најдеш делови за ова, знам дека има во бугарија специјализирани продавници каде може да се набават посебно елементи за стругови, од мали до најголеми, ама не се сеќавам како се викаше, ќе пробам да откријам ќе ти кажам можеби ќе најдеш нешто интересно.

Инаку јас го гледав овај канал на јт каде што прави нешто од нула

Code: [Select]
https://www.youtube.com/channel/UCNSeIhPizwD2Psgd2fgeR-g
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #2 on: 22.05.2017, Monday, 21:03:28 »
И јас имав желба за diy дребонг, но ми се виде многу комплицирано.
Треба да имаш машини за да направиш машина или да дадеш еден куп пари по мајстори.
Во секој случај, интересна тема, пиши што ќе направиш  :)
Жан

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9336
  • оптимист до крај!
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #3 on: 22.05.2017, Monday, 23:01:35 »
Прашајте го Z31GH , тој е специјалист за такви работи. ;D
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #4 on: 22.05.2017, Monday, 23:31:57 »
Па добро...и е малку комплицирана тематика.  ;D

Пред се јас мислам дека финансиски се пречките....барем мене во се што сум тргнал, финансиски сум бил спречен да завршам. (моментално цнц машина, немам пари за мотори  ;D).

Сега разгледував во книгава планот и нацртите....ама ова е баш скроз фабрички струг. Не верувам дека и алатничар би се нафатил за изработка.

Би ти предложил, да ти нацртам јас предлог...ти да си го корегираш по свој вкус, да се направат две оски за работа, релативно лесна би била изработката со тоа што ти треба добра столбна бушилица за во 90 точно да бушиш и би биле две навојни вретена и 4 росфрајтни или светло валани шипки и неколку линеарни и обични лагери.

Идејава моја може да се реализира на дрво, лесно обработливо и евтино ама лоша прецизност и со тек на време се олабавува. Или железо, шо лоша страна е ќе мора швајцовање.

Футерот не верувам дека е можно да се изработи, ќе мора да се купи и исто и конус со футер и со центар ќе се купи.

Моторче, за оваа димензија, две ременици со клинест кајш, за ако заглави да може да проклиза и да го исфрли да не предизвика штета, и моторче снажно од шрафилица јака на 24волти и импулсно напојување моќно.

Ова би била една груба перспектива, и нафрлано се....ако има некој искусен алатничар можда и ќе ме искритикува и ќ ерече дела мн “летам“...ама јас мислам дека е изводливо.  ;)

За се што треба на струг да се сработи, Z3gh... (му го заборавив никот ;D) ако се нафати...и јас тука сум да ти помогнам, имам пристап до солиден алат.

навојни вретена трапезни T8, 30цм парче со се лагери, лежишта и мутер се околу 10-15усд. (2 парчиња)
Светло валани шипки Ф8 се 80-100денари 2 метра, а росфрај се околу 320ден 2 метра (потребно ти е метар макс) и линеарни лагери се за 6 усд можеш од две до 10 парчиња да добијаш во зависност од конструкцијата.

Е сега за футер...јас мислам дека најпаметно и најевтино за ова димензија на стругот би поминал со еден футер од бушилица за погонскиот футер(150денари од кај албанцине од на пазар), а за тој фиксниот футер јас би одел со обично футерче од гравирка 5усд.  ;D

Тоа е од мене..  ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #5 on: 23.05.2017, Tuesday, 01:54:42 »
Инаку јас го гледав овај канал на јт каде што прави нешто од нула

Code: [Select]
https://www.youtube.com/channel/UCNSeIhPizwD2Psgd2fgeR-g

Абе ова се убаво... ама огромно е чудово. Треба посебна соба да имам само за него.

Дај види тоа со Бугарија ако има нешто, ако не, јок, џабе ми е ова... немам намера да правам нешто волкаво. Прво немам кај да го ставам, второ, и да имам, што ќе ми е, не ми треба толкав струг.

И јас имав желба за diy дребонг, но ми се виде многу комплицирано.
Треба да имаш машини за да направиш машина или да дадеш еден куп пари по мајстори.
Во секој случај, интересна тема, пиши што ќе направиш  :)

Па, и мене така ми изгледа работава, ама не се откажувам ;) ;D. Инаку, тој open source дребонг е бетонски :o ;) 8). Да не ти се верува ;D. Ама држи вода муабетот. Само треба да се поставени на правилно место елементите, додај арматури, бетонирај и толку ;). Има на YouTube клипови од вакви изработени дребонзи ;). Ама ако нешто не си поставил како што треба или ако сакаш нешто да преправиш... треба нова бетонска основа да правиш :S. Освен тоа, кој знае колку ќе тежи тоа чудо ;D.

Прашајте го Z31GH , тој е специјалист за такви работи. ;D

Го имав еднаш прашано. Ми пиша дека повеќето дреари сами си ги прават дребонзите... да, лесно е кога веќе имаш еден да направиш друг. Јас немам ниеден, а сакам само еден ;D, не сакам да си направам друг со првиот, доволен ми е тој ;D.

Ај, еве, јавно нека биде, тогаш мислам дека разменувавме приватни пораки. Ако има некој дреар на форумов или ако некој познава некој дреар кој сака да се нафати да ми направи дребонг, нека ми даде број, mail, било што, да исконтактирам со човекот, кој и да е, да видиме цена, ова она... па ако ми дозволи, и јавно ќе пишам, ако се договориме, колку ме чинело, ова она, детали. Ако дозволи и контактот нека му стои јавно, кој сака, нека му се јави.

И во втората книга од авторов на серијалот пишува дека металниот дребонг е единствената машина во металуршка работилница која може да се реплицира самата или да ја реплицира било која друга машина. Јасно е и зошто напопуларна му била втората книга од серијалот ;). А и така е, реално гледано ;). И во сите останати делови од книгите, секаде го користи дребонгот за правење на сите останати машини... ама ај иди направи го него ::). Тоа е како леткум и унимер во електрониката... само што ни едниот ни другиот не може да се реплицираат сами себе, ама за среќа евтини се ;D. Има планови во втората книга, да, ама тие се... далеку над тоа што ми треба мене. Тоа е дребонг баш за мала металуршка работилница... мене ми треба за ситнурии. Затоа и го ставив клипот од Grizzly G0745. Е, толкаво чудо ми треба ;). Не би било лошо да е малку поголем од тој, ама и тој би ми вршел работа ;).

Пред се јас мислам дека финансиски се пречките....барем мене во се што сум тргнал, финансиски сум бил спречен да завршам. (моментално цнц машина, немам пари за мотори  ;D).

Нека ти купи татко ти, евтини са ;D ;D ;D.

Не знам дали на некој ќе му текне од која реклама беше оваа реплика ;D.

Ај, шала на страна, може од ebay да си нарачаш, не се прескапи ;). Далеку од цената на еден дребонг, на пример ::).

Сега разгледував во книгава планот и нацртите....ама ова е баш скроз фабрички струг. Не верувам дека и алатничар би се нафатил за изработка.

Па тоа ми беше и мене муабетот. Не ми треба толкаво чудо, тоа е за металостругарска работилница. Мене ми треба ситнуријана на клипот. Знаеш ли некој кој би се нафатил тоа да го направи... ама без нацрти, никаде не можам да најдам планови за нешто толку мало. Сите планови кои ги најдов беа за изработка на дребонзи за во погон ::).

Би ти предложил, да ти нацртам јас предлог...ти да си го корегираш по свој вкус, да се направат две оски за работа, релативно лесна би била изработката со тоа што ти треба добра столбна бушилица за во 90 точно да бушиш и би биле две навојни вретена и 4 росфрајтни или светло валани шипки и неколку линеарни и обични лагери.

Идејава моја може да се реализира на дрво, лесно обработливо и евтино ама лоша прецизност и со тек на време се олабавува. Или железо, шо лоша страна е ќе мора швајцовање.

Футерот не верувам дека е можно да се изработи, ќе мора да се купи и исто и конус со футер и со центар ќе се купи.

Моторче, за оваа димензија, две ременици со клинест кајш, за ако заглави да може да проклиза и да го исфрли да не предизвика штета, и моторче снажно од шрафилица јака на 24волти и импулсно напојување моќно.

Ова би била една груба перспектива, и нафрлано се....ако има некој искусен алатничар можда и ќе ме искритикува и ќ ерече дела мн “летам“...ама јас мислам дека е изводливо.  ;)

За се што треба на струг да се сработи, Z3gh... (му го заборавив никот ;D) ако се нафати...и јас тука сум да ти помогнам, имам пристап до солиден алат.

навојни вретена трапезни T8, 30цм парче со се лагери, лежишта и мутер се околу 10-15усд. (2 парчиња)
Светло валани шипки Ф8 се 80-100денари 2 метра, а росфрај се околу 320ден 2 метра (потребно ти е метар макс) и линеарни лагери се за 6 усд можеш од две до 10 парчиња да добијаш во зависност од конструкцијата.

Е сега за футер...јас мислам дека најпаметно и најевтино за ова димензија на стругот би поминал со еден футер од бушилица за погонскиот футер(150денари од кај албанцине од на пазар), а за тој фиксниот футер јас би одел со обично футерче од гравирка 5усд.  ;D

ОК, третина од работите што ги пиша ги разбрав, третина не, а третина не ни знам што се ;D, ама нема везе, ти ја разбрав поентата на муабетот ;).

Значи, дрербонгот треба да е метален и да може да обработува метал, не само дрво. По net-ов, дребонзите ги делат на wooden lathe и metal lathe... и поделбата не е направена врз база на тоа од што се направени, сите се метални (или бетонски, како што пишав за тој open source дребонгот). Поделбата е направена врз база на тоа што може да обработуваат. Ваљда овие за дрво немаат толку добро изработени ножиња ли... појма немам. Само знам дека ако може да обработува метал, сигурно може да обработува дрво. Е мене и двете ми требаат... а и за пластика ќе ми треба. Значи не правам составни делови од кран, ми треба за ситнурии, но и за метални ситнурии ќе ми треба.

А околу футерите... па... не ми се сложил баш со тебе, тие футери фаќаат до кај 10-ка... некои има одат до 12-ка, ама тие се поголеми и поретки се. Би сакал да може да обработам некоја шипка на него. Значи не мора да оди до 40mm, ама што знам... барем до кај 20mm да оди, би било пожелно.

И околу предлогот за изработка на нацрти/планови... ајде, еве, фати нешто, кога ќе имаш време, направи... мене не ми се брза. Ова ми е план за во иднина... мислам на набавката на дребонг, така да, не ми е ништо итно ;). Сега почнав да разгледувам бидејќи забележав дека се почесто и почесто имам потреба од вакво нешто, па импровизирам (бормашина на менгеме надополнето со гравирка ::)).
« Last Edit: 23.05.2017, Tuesday, 04:28:41 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #6 on: 23.05.2017, Tuesday, 04:39:05 »
јасно, те разбирам  ;D

Quote
Значи, дрербонгот треба да е метален и да може да обработува метал, не само дрво. По net-ов, дребонзите ги делат на wooden lathe и metal lathe...

па дрвените се по не прецизни по габаритни и имаат една ко потпиралка за рачно да потпреш нож и да обликуваш. Толку јас знам од разликата меѓу нив...имам и на таков и на таков работено...мали обични :D

Предложив дрво иако не преферирам, затоа што е поевтино и полесно за обработка за конструкција. А дека би било нешто долготрајно...не верувам.

За футерите....твој избор...многу поевтина алтернатива е...класичните футери за дребонг се со еден чуден навој како спирала и секоја котва ја придвижува навнатре...а скапички се да купиш. Зато предложив обичен. 

Ај деновиве ќе седнам нешо ќе поднацртам...па се надевам ќе испадне нешто.  :D

Бтв сега се сетив, еден чичко имам...има струг можда 20х35цм е цела машина и целосно функционална....по ѕверска работа немам видено. Ќе ти ја сликам, и ќе прашам од каде му е, пошто прејака е  ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #7 on: 23.05.2017, Tuesday, 15:08:08 »
Предложив дрво иако не преферирам, затоа што е поевтино и полесно за обработка за конструкција. А дека би било нешто долготрајно...не верувам.

Епа тоа ми беше поентата ;). Не дека јас ќе живеам 200 години, ама дребонг од дрво... нема да издржи повеќе од 10-тина години... барем јас така мислам.

За футерите....твој избор...многу поевтина алтернатива е...класичните футери за дребонг се со еден чуден навој како спирала и секоја котва ја придвижува навнатре...а скапички се да купиш. Зато предложив обичен.

Погрешно ме имаш сватено. Не дека обичен футер нема да врши работа. Да, ќе врши, ама проблемот е максималната димензија до која може да се отвори... 12mm... толку.

А за тоа може да му ја мислам и подоцна. Не е проблем, тоа може да се менува по потреба. Поголем проблем е самата конструкција.

Бтв сега се сетив, еден чичко имам...има струг можда 20х35цм е цела машина и целосно функционална....по ѕверска работа немам видено. Ќе ти ја сликам, и ќе прашам од каде му е, пошто прејака е  ;D

Епа ајде, прашај. Ако не, може и да се измерат димензии, ова она, па копија да се направи ;). Или само копија на констукцијата, моторот, сите останати работи кои не се пресудни за функционирањето на самата конструкција, може да се прават на принципот „кој што има на располагање“, така да, секој да си ја направи како што му одговара ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #8 on: 24.05.2017, Wednesday, 17:48:56 »
Нека ти купи татко ти, евтини са
Не знам дали на некој ќе му текне од која реклама беше оваа реплика
Миле Паника од К-15, само не можам да се сетам за што беше рекламата  ;D
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #9 on: 24.05.2017, Wednesday, 20:34:09 »
За Нинтендо ;D. Што пари испофрлав како дете за дискети за тоа чудо ;D ;D ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3211
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #10 on: 25.05.2017, Thursday, 22:37:47 »
прво...за прецизност ако сакаш знај пари ке треба да дадеш зашто колку по прецизно сакаш дел да изработиш толку по прецизно треба да ти биде направено машинчето. разлика помеѓу струг за дрво и струг за метал е начинот на прицврстување на парчето за обработка, држачот за алатот и брзина на вртење зашто метал се обработува на помала брзина за разлика од дрво...

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/50-mm-within-three-jaw-chuck-manual-lathe-tool-Internal-thread-M14X1-free-shipping/32313537148.html?spm=2114.01010208.3.9.p7BEWS&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_1_10152_10065_10151_10068_5010018_10136_10137_10157_10060_10138_10155_10062_10156_437_10154_10056_10055_10054_10059_303_100031_10099_10103_10102_10096_10147_10052_10053_10107_10050_10142_10051_5170018_5190019_10084_10083_10080_10082_10081_10110_519_10111_10112_10113_10114_10179_10183_10182_10185_10078_10079_10073_10123_142,searchweb201603_4,ppcSwitch_2&btsid=a546352f-1acc-414b-8b33-7b298a4a145b&algo_expid=347515c2-5baa-40ae-a1d3-58580586b53e-1&algo_pvid=347515c2-5baa-40ae-a1d3-58580586b53e
еве и футер од али експрес :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #11 on: 25.05.2017, Thursday, 23:56:06 »
Знам, ги гледав овие додатоци и на ebay, тие не се проблем, тие ќе ги набавам. Прашањето беше дали некој сака да се нафати да направи вакво нешто. Мал дребонг (струг) за обработка на метал. И пари не се проблем... да не е некоја баснословна сума во прашање се разбира. Гледав цени на вакви мали дребонзи, имам толку за давање, ама ај иди донеси ги во Македонија :S. Shipping-от ќе ме чини колку целиот дребонг ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #12 on: 02.06.2017, Friday, 20:55:42 »
Еве, најдов една со... па релативно прифатлива цена и shipping.

Proxxon FD 150/E Lathe

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/352067790588
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #13 on: 03.06.2017, Saturday, 03:18:39 »
И закон ;D ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #14 on: 03.06.2017, Saturday, 11:27:54 »
Ако може некој да ми изработи нешто вакво за помалку од 500 евра, нека пише ;).

Притоа, ќе напоменам дека не мора да ја изработува електорниката за контрола. Важен ми е само механичкиот дел. Тоа можам и сам да си го изработам. Дури ни мотор не мора да има... се тоа сам ќе си најдам и направам. Евентуално преносот ако може да го изработи... ако не, не мора ни тоа, сам ќе си фатам ;).
« Last Edit: 03.06.2017, Saturday, 11:29:54 by GigaWatt »