Author Topic: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)  (Read 1079 times)

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #15 on: 03.06.2017, Saturday, 11:49:29 »
За 500 евра нема шанси некој  да ти изработи вакво нешто. Него, Маквелд имаше вакви мали стругови и тие беа со цена од 35000 до 54000 ден. Ова беше пред едно 5-6 години. Покрај струговите имаа и координатни глодалки, исто така со минијатурни димензии, сите од марката Електромашинен. Не знам дали ги увезува сеуште. Треба да провериш. Јас лично не би дал за тоа толкава сума, не дека е голема, туку затоа што за тие пари може да набавиш мало руски дребонг со кружна линета, многу подобар од овие, а за 1000 евра веќе имаш   метарски дребонзи, додуша не толку сочувани, ама функционални.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #16 on: 03.06.2017, Saturday, 12:09:59 »
Тоа што го post-ирав е баш она што ми треба. Мало дребонгче. Знам дека може да набавам многу поголем за 1000 евра, ама искрено, не ми треба, а и немам кај да го ставам. Добро, можеби некој ден ќе ми притреба и некој таков, поголем, ама навистина немам кај да го ставам. Работам дома, во зграда и иако немам мал стан (некаде околу 80-тина квадрати), сепак, не можам да го правам цел металостругарска работилница.

Иако преголема ми изгледа цената од 35000 до 54000 денари, сепак, ако може да пишеш каде може да се најдат струговите на Маквелд (наша ли е фирмава ???), да отидам да разгледам, можеби и ќе најдам нешто што ми се допаѓа... ако уште има такви работи да се купат кај нас.

А за Руските мали дребонгчиња, знам дека луѓе ги имаат по дома, арно ама, ем не може да се најдат (треба да киснам секој ден по час или два online по популарниве страни за online огласи), ем не знам каде би можел да купам нов (претпоставувам дека веќе нема нови, но ајде, еве, можеби има, не знам, искрено, не сум навлезен во овие работи).

Цената на Proxxon FD 150/E ми е прифатлива... ем бидејќи никој не сака да се нафати да направи вакво нешто, но и поради што... реално гледано, немам избор. 500 евра и не е премногу за тоа што го нуди дребонгот. Ги има сите поважни опции кои би ги имал и еден поголем дребонг. И, најважната работа, можам да го нарачам online и да ми го донесат до Македонија без некои баснословно големи суми за shipping (бидејќи е мал, се разбира). Ако купам голем, shipping-от може да биде и 50% од сумата на самиот дребонг :S. Искрено, не ми се фрлаат толку пари само за shipping. 20 евра е далеку од премногу, споредено во однос на цената на дребонгот. Имам платено 10 долари за shipping од Америка за минијатурен mp3 плеер... за ова, сигурно би дал 20 евра.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #17 on: 03.06.2017, Saturday, 14:11:28 »
GigaWatt мислам дека ова дребонгче нема можност за режење навој на штрафови.
Нека кажат поупатенинте.
Жан

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #18 on: 03.06.2017, Saturday, 16:50:10 »
Еве еден мој комшија дреар е има мало старо дребонкче советско па го платил 3000марки на времето или 1500евра сегашни
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #19 on: 03.06.2017, Saturday, 17:59:39 »
GigaWatt мислам дека ова дребонгче нема можност за режење навој на штрафови.
Нека кажат поупатенинте.

И да нема, ќе си земам нарезници за тоа. Ама мислам дека има додатоци за такви работи... баш на ebay гледав, не ми текнува сега како се викаше тој делот кој има онакво да се подесува под агол... на средина од дребонгот е... како и да е, има додатоци за тој дел да можеш да нарежуваш навои.

Абе основата мене ми треба, шините, нацентрирани футери со лагери... тоа е тоа што ми треба, а ова дребонгче го има тоа ;).

Еве еден мој комшија дреар е има мало старо дребонкче советско па го платил 3000марки на времето или 1500евра сегашни

Е ова дребонгче чини околу 500 евра заедно со shipping од Германија, што значи дека е далеку од прескапо ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #20 on: 03.06.2017, Saturday, 19:13:39 »
Маквелд се наоѓа на автопатот во близина на нас. Хиподром од другата страна. Машините сум ги гледал додека беа лоцирани кај заводот за заварување Југ , ама одамна се преселени од таму. Најдобро е да побараш телефон да не тепаш пат џабе  (ако не ги увезуваат веќе). Инаку,навој неможеш да правиш на овие мали стругови.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #21 on: 03.06.2017, Saturday, 20:32:51 »
ОК, им најдов број во Златна Книга: +38923173058. Баш така се викаат, Маквелд. Јас пак мислев дека е нешто на латиница, ама изгледа името им е комбинација од МАКедонија и WELD (вари, заварува).

А зошто не можам навои да правам на овие мали стругови? Треба рачно да се врти футерот полека, затоа?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #22 on: 03.06.2017, Saturday, 20:57:30 »
Да, од таму е името Маквелд. Навој не можеш да правиш, затоа што ножот кај овие мали стгругови не може да се движи автоматски паралелно со водилката,туку само рачно (со винт).  Кај струговите на кои може да се прави навој, носачот на ножот може да се движи по водилката со константна брзина. Него обично го движи една осовина со навој (голем шраф со крупен навој) која се погонува од менувачот на дребонгот, кој се наоѓа доле лево под стезната глава (американ) на стругот. На менувачот има табела по која се поставуваат преносите  за да реже соодветен навој. Овие маливе дребонзи ти се за пиксни -миксни :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #23 on: 03.06.2017, Saturday, 21:04:29 »
Ма доволно ми е и тоа. На крајот на краиштата, ако ми треба такво нешто, сам ќе си наравам ;)... или ќе нарачам некој додаток, Кинезиве за скоро се имаат решение ;). Веќе имам еден дребонг, нели може друг со него да си направам ;D. Нели така беше муабетот ;), дребонгот е единствената алатка во металостругарската работилница која може да ги реплицира сите други алатки ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #24 on: 03.06.2017, Saturday, 22:12:12 »

Ова е тој голем штраф или навојно вретено. Со негова помош се синхронизира движењето на ножот со вртењето на главата (футерот). Без тоа не може да се реже навој.
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #25 on: 05.06.2017, Monday, 02:54:47 »
Добро, тоа е веќе премногу, не ми треба тоа. Имам нарезници и урезници од M3 до M5, а тие најмногу и ми требаат, немам намера да режам цоловни или некои леви навои, така да, тоа ми е практично непотребно... барем сега за сега, ако некој ден ми притреба, или ќе замолам некој да го направи или сам ќе си најдам начин да го направам ;).

Инаку, за оние на кои не им беше баш јасна процедурава за нарежување на навои (како мене ;D), дури и по сликите и текстуалното објаснување, еве еден клип на кој е визуелно прикажано како изгледа тоа. За таквите како мене, изгледа еден клип или презентација во живо вреди повеќе од 1000 зборови ;D.

Thread cutting closeup

Или овој клип... имаше многу мистични зборови во овој ;D ;D ;D. „Магијата“ од почетокот на клипот ја објаснува на крајот... интересно ;), искрено, не ми текна, се чудев како го направил тоа ;D.

Another Thread Cutting Video?!

Има и други клипови, побарајте "lathe screw thread cut" или нешто слично на YouTube, ќе извади барем 20-тина клипови со оваа содржина ;).
« Last Edit: 05.06.2017, Monday, 03:08:14 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 473
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #26 on: 05.06.2017, Monday, 13:17:00 »
за навој режење се незгодни, и по скапички.....а и незнам колку би ги користел ако не си баш навлезен во таа струка. Настрана под 20мм вретено тешко да режиш ако се работи за поголема должина :D Разликата е што на погонот е врзана едната “оска“ од стругот.

Quote
„Магијата“ од почетокот на клипот ја објаснува на крајот... интересно Шмекерко, искрено, не ми текна, се чудев како го направил тоа Зеленко.

Мноогу интересно...јас вака шипка имам поделено на пола, на едната страна нарежав навој, на другата врежав навој и во средина стегав лист од циркулар, а шипката како осовина беше....со врвна прецизност  ;D ...не беше моја идејата, ама мноогу интересно е :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Build Your Own Metal Working Shop From Scrap (by David Gingery)
« Reply #27 on: 05.06.2017, Monday, 16:06:31 »
Веќе пишав, немам потреба од режење навои, а и од тоа што прочитав и видов online, потребен е цел преносен/редукторски систем (...ваљда така некако би се викал ???), така да тоа само ќе ја зголеми комплицираноста и големината на дребонгот.

Кратко и јасно, она што го има Proxxon FD 150/E е она што ми треба ;).