Author Topic: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи  (Read 1755 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Видел до сега некој вакво нешто?

Го начекав на еден продолжен кабел со 6 приклучоци. Порано ставаа шрафови кои имаа само глави како поп-нитни или клинци... нема шанси да го отвориш освен ако не ги уништиш целосно главите на шрафовите со бормашина... при што треба да работиш многу, многу внимателно да не ја уништиш и пластиката околу и под шрафот... а и да не ја стопиш, бидејќи шрафот се загрева со бушење. Само не ми е јасно како ги зашрафуваа тие шрафови со рамни глави ???... ОК, се разбира дека е машински, ама како ???... не ми е јасно. Евентуално да ги зашрафувале, па намерно да им ги уништувале главите за да не можеш да ги одшрафиш, ама па не гледа како би ги уништиле со некој машински алат без притоа да не ја загреат и стопат пластиката од загреаниот шраф (поради триењето нели).

Изгледа се префрлиле на некој друг систем... ваљда Кинеска работа е ова, кој знае, иако на продолжните кабли „као демек“ пишува дека се произведени во EU (yeah, right ::)). Прв пат сега го видов ова и ова веќе некако прави логика. Користат некој посебен шрафцигер за зашрафување. Знае некој каде би можел да се најде или дали има некое кодно име (secure ??? или нешто слично)? Знам дека може сам да си направам, ама не би се гњавел за еден продолжен кабел, некако ќе се снајдам за еден. Прашањето ми е повеќе за во идно време... да не фатат и на други уреди да им шибаат вакви па да не треба да уништувам шраф по шраф за да одшрафам монитор или телевизор ::).

Го поставува прашањето бидејќи еднаш имам начекано монитор со шрафови со полукружни глави... слични на оние старине шрафови со „минус“ на нив... само што овие шрафови немаа ништо на нив ::)... слично како и оние од продожните кабли со плоснати глави, само што овие беа уште по зезнати. Ако е главата плосната, ај, некако ќе успееш со бормашина да ја уништиш главата... ама ако ти е полукружна... ај да те видам. Сум се е*аал со гравирка со 0.7mm бургија да искирнувам прво, па потоа менувај бургија по бургија, димензија по димензија на бормашина за да ги уништам главите ::). Жив кошмар. Не сакам да го преживеам тоа пак... затоа си прашувам на време ;D.

EDIT: Сега баш нешто читав online, тие што се рамните без ништо на нив се викат oval security. Како се зашравуваат? Ееее, што се не ќе им текне ::). Главата не им баш кружна туку им е малку елиптична ::)... и затоа може да се зашрафуваат и одшрафуваат, ама со посебен шрафцигер и не смееш да ги престегаш инаку ќе ја уништиш елиптичноста.

EDIT 2: Всушност има два типа. Едните се баш кружни, Јапоска направија се (и они се за*бани ;)) и се отвораат со посебен шрафцигер кој има керамички греач во него. Шрафцигерот се оклопува околу шрафот и го загрева се додека не се прошири доволно за да се стегне околу оклопот (шрафциегерот), а потоа одшрафуваш. Clever ;).

EDIT 3: Не успеав да најдам како се вика ова чудново шрафче од сликата, ама изгледа е некоја варијатна на Tri-Groove шрафови... ама и за класичните Tri-Groove шрафови, шрафцигерите се многу скапи (побарајте online). Арно ама некој дечко начекал ваков Tri-Groove шрав некаде и му требало да го одшрафи и сам си нашол решение ;).

Code: [Select]
http://www.johnath.com/projects/securitybits/
Може да се примени и во конкретната ситуација, само што ќе треба рабовите да се направат малку по остри ;).

И на крај сам си најдов одговор ;D. Ама ајде, нема везе, еве како може да направите шрафцигер за овој тип на шрафови, со мала модификација на методот се разбира ;).
« Last Edit: 24.05.2017, Wednesday, 06:31:19 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Сакав истото да ти го пишам, мора сам да правиш штрафцигер, нема друго чаре, јас уште си чувам некои за триаголнестите и оние со две боцки штрафови што беа, што сум ги правел на времето кога немаше баш да се купат... :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
За триаголните е лесно прав на пола исечи го а за овие ех ова мајсторисување мислам дека еден мајстор ми направи еднаш баш се зезнати овие Гига што ги постира ако ги најдам ќе ги сликам чудата модифицирани мада не работам баш периодов 8)
« Last Edit: 24.05.2017, Wednesday, 11:25:41 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да да, се разликуваат од тие Tri-Groove, не се исти... ова е некоја custom модификација... намерно, да не можеш ни со Tri-Groove шрафцигер да ги одвртиш :S.

Имам за повеќето вакви secure шестоаголни додатоци за шрафцигер, ама за ова немам. Ништо, ќе најдам некој стар имбус и како што пиша LordZi, од него ќе го правам шрафцигерот ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
Торкс набиј му. Или торкс со ситни заби.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не е node, groove e. Node-от имаат дупка внатре, а трите парченца се испакнати навнатре. Овој е groove. Нема каде што на набуташ. Од озгора е рамен. Само оние три засеци ги има од краевите на шрафот. Како рамномерно, на секои 120 степени, да си отсекол по едно ситно парченце од шраф со полукружна пресечена глава (почнува полукружно, па звршува отсечено, практично напречниот пресек на главата наликува на трапез, со тоа што страните на трапезот се малку заоблени).
« Last Edit: 27.05.2017, Saturday, 16:05:49 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Го зачував написот од линкот бидејќи можно е да не ми текне за некое време каде сум ја прочитал оваа идеја ::) ;D, да се изработи шрафцигерчето од хексагони (имбуси), така да, еве го и тука на форумов ;).

Code: [Select]
http://app.box.com/s/o89xqj6mkguv6bp52gvky1wn6mpxichg
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/E76DD14B751840509731522C60730B83Y
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
Ќе влезе ќе влезе торксот, со чекан и тоа како ќе влезе  ;)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Ако треба и песна ќе пее и оро има да игра еј сега не дека имам некој алат којзнае што но имаме ајде малце повеќе од основен да речеме малку повеќе од она што го имаат средните технички училишта ај вака да се изразам. ;D ;D ;D Еј кога бев 14 години кога имав дури и под базично ниво од алат нешто кога ќе ме изнервираше земи искрши го  ;D ;D ;D па после фрлај пари купувај што од бувљаци што од Германија дедоми ми носеше алат многу добри штрафцигери крстачи торксови прави ех времиња. Ај да не се враќам на стариот јас да тролам многу еј Гига ти некогаш од нервоза имаш како помал некој уред искршено ;D ;D ;D
« Last Edit: 27.05.2017, Saturday, 21:33:40 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не... не се нервирав како помал... сега да ::) :'(.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Мислам дека тоа не е завртено со штрафцигер. По мое тоа е клин како рибина коска, еднаш кога ќе влезе нема вадење, а онај дел што личи како за штрафцигер е фактички деформација од алатот за стегање, односно удирачот што го заковува клинот. Тоа е мое мислење бидејќи тие три засечени како за штрафцигер се многу плитки како што гледам.
ПС. не ја читав цела тема :) само што го видов шптрафчето или заковката, што и да е дадов само мислење
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Z31GH ти имаш огромно искуство мило ми е што се јави е ако испадне така а чим му личи на Z31GH така би требало да е така ;D ;D ;D ;D.Ајде да таткаме ако е така Гига бормашината  ;D ;D 8) лечи нерви бормашина ;D ;D 8)
« Last Edit: 30.05.2017, Tuesday, 16:59:57 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
nsu, фала. Сум видел вакви заковки притиснати со преса, па претпоставувам дека е така. Останува да видиме кога ќе се извади :)
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Нема проблем Z31GH како сте вие добри.Сите ќе видиме Гига што ќе извади што ќе направи. Trust in GigaWatt be smart be like him ;) ;D ;D
« Last Edit: 30.05.2017, Tuesday, 17:05:53 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Најверојатно нема да видиме бидејќи продолжниот кабел веќе не е кај мене, а не стигнав да направам еден таков шрафцигер од имбус, така да... ќе остане мистерија.

Во секој случај, не е лоша идејата за изработката на шрафцигерот ;)... ако воопшто може да се отшрафи ова... што и да е ::).