Author Topic: Чудно шрафче - со каков шрафцигер би можело да се одшрафи  (Read 1913 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Пред некој ден случајно листав каталог, ги начекав овие, па се сетив дека некој прашуваше некаде, тек сега ми текна кој каде:

Code: [Select]
http://www.kupialat.mk/index.php?route=product/product&path=171&product_id=2323


Code: [Select]
http://www.kupialat.mk/index.php?route=product/product&path=171&product_id=2324


Опрости администрацио ако се понашам како бот од гугл адс со последниве постови, добронамерни се.
п.с. на истава страница може да се најдат додатоци за тие штафчињата како - ама со ќушка в среде.Одприлика вака изгледа (- -). Кој не го мрзи да листаили кој си е на мака :)
« Last Edit: 07.10.2017, Saturday, 02:28:15 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не, не се овие такви. Овие се како триаголни ѕвезди (Tri-Secure, некако така се викаа). Овие се Tri-Groove... односно не се ни Tri-Groove, некоја custom варијанта на Tri-Groove се. На првата страна од темава имам ставено во еден post како може да си направиш шрафцигер за Tri-Groove од хексагони (имбуси).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13979.msg121072#msg121072
Разгледај го attachment-от, ќе видиш која е разликата ;).

Инаку, комплетчиња со secure додатоци за шрафцигер (оние, со наставци што се) има на ebay, од T-Secure до овие триаголни ѕвезди... секакви има, ама од овие најкористените типови на secure screws, нема за поспецифичните (Oval Head, Tri-Groove, итн.). Комплетче од 30 парчина (или 20 и нешто, не сум сигурен) е околу 10 долари, далеку од скапо ;). Доаѓаат само како наставци, без шрафцигер. Имам купено едно, ми се има најдено до сега многу пати ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Може да ме излажало окото, не велам не, мене ми зачичеа како да се таман, а за 50 денари да стругаш цел ден не бива :) ни за 10$ :)
А може и да има на сајтот, гледав комплети ама лошо се сортирани, не им обратив баш внимание :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не знам дали има Англиска поддршка, т.е. дали артиклите им се напишани со Англиски опис (description), ама пишав, најблизок до оној тип на шрафцигер што би ги одшрафил овие шрафови е Tri-Groove.

Инаку, update, сега ми текна дека сопственикот на продолжниот кабел ми се јави за ми каже дека прекинувачот на продолжниот кабел не му работел и дека пробал сам да го отвори, па бараше совет како да го отвори, ова она... како и да е, парче го направил целиот, ама сепак, го прашав да ми каже дали шрафовите се шрафови или клинови/нитни (како што спомна Z31GH) и да, шрафови се, имаат винт ;). Значи, може да се одшрафат, ама треба да имаш некој „нинџа“ Кинески шрафцигер ;D или сам да си направиш адекватна адаптација на Tri-Groove за овие шрафови.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Лично јас бургија/брусалка(шмишајбна) им мавам одма. Мада добро е да се има секјурити сет, знае да биде фрустрирачки понекогаш. Само која е потребата од безбедносен штаф на предмет од 300 денари....

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Проблемот е што овие се навнатре (околу нив има пластика, не се површински). И јас имам пробано такви да ги вадам со бургија, ама конкретно кај оваа пластика од новиве готови продолжни кабли со 6 приклучоци (не знам дали знаеш каква е пластиката... некако чудна е, се витка и ако ја бушиш летаат ситни парчиња од неа... не знам како да опишам), не можеш да го правиш тоа. Имам пробано и јас еднаш, парче ги направив сите дупки. Ми се лизнуваше бургијата или ќе ја отстранам главата и наеднаш, ќе ми пропадне навнатре бургијата и ојде горниот дел од пластиката и практично неупотреблива е таа дупка. Од 6 дупки, на 5 ми се случи или едното или другото (или да ми се лизне бургијата и да ја зезнам пластиката околу шрафот, или да ја изедам главата со бургија и потоа да ми лизне надолу), така да, веќе немам намера да се зезам со такви решенија, барем не на овие продолжни кабли. На крајот мораше по цел продолжен кабел на спојните линии на двете пластики (долната и горната) да топам „течна пластика“ (пластични патрони) за да може да ги стегнам двата дела. За работење, си работи продолжниот кабел, ама не изгледа убаво... барем не од долната страна, а и ако сакам да го отворам, немам како, залиен сега цел. Ќе треба со скалпел да сечам, па пак да топам пластика... више дара него масло :S.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Знам какви се, никакви, затоа не ги штедам, ќе ги прошлакам со лепак и хајт. Ако е за некој друг ќе го испратам в железара да купи кавел штекер и утикач да не го мислам :)