Author Topic: CH341A Programmer  (Read 1816 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
CH341A Programmer
« on: 06.06.2017, Tuesday, 01:55:00 »
Го купив овој програматор од ebay бидејќи ми требаше програматор за 25 Flash сериите на EEPROM-и, а за да го подесиш PICkit 2 да може да програмира и вакви EEPROM-и, треба сам да го дефинираш протоколот за комуникација PC-->PICkit 2-->EEPROM, да видиш кој е chip ID, евентуално fuse bits, распоред по блокови... многу комплицирано беше. Најдов и една алатка која го олеснуваше додавањето на нови чипови во програматорот на PICkit 2 (XML based е фајлот од PICkit 2 кој ги чита информациите за протоколите за програмирање на EEPROM-ите и останатите серии на PIC микроконтролери кои по default немаат поддшрка од PICkit 2), ама немав трпение и тоа да го правам, кога ќе ми текнеше дека за секој различен производител на EEPROM-и ќе треба да менувам chip ID, и уште некои други параметри, па згора на тоа, ако ми се погоди некој лев производител од кој не можам да најдам datasheet за EEPROM-от... иди па снајди се ::).

Инаку станува збор за овој програматор ;).



Стигна баш вака како што е на сликата, со додатната плочка за SMD EERPOM-и. Инаку, моментално, најниската цена на ebay со free shipping му е 1.99 (2) долари ;). За мене лично, ова е џабелеску во однос на тоа што го има на него и кои опции ги нуди ;). Оној јас што го нарачав, беше малку поскап, 2.7 долари или тука некаде. Еве и линк.

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/263009571923
Овој се разликува од оној кој јас го нарачав, овој е „као демек“ gold plated, тантара пантара ::)... фала за Кинеско злато, не ми треба, ако може без злато, подобро би било ;D. Без разлика, тоа е тоа што ви треба ;). Пакувањето се разликува (плочка, боја, димензии), ама истиот уред е ;).

Разгледував секакви програматори, од најевтини до најскапи... овој, барем во моментот кога ми требаше, ми ги задоволуваше барањата. Ги програмира сите 8 пински серии на 24/25/26 (имало и 26 ???, кој да знае ;D) EEPROM-и, од класични до flash. Софтверот за програмирање е многу лесен за работа. Бираш производител, бираш EEPROM, и толку. Копираш, програмираш содржина, може и да верифицираш по читање или запишување (binary compare), има и класичен hex едитор, Chip Search (корисно ;)) и Chip Detect (не работи баш како што треба :S)... во принцип, се што би требало да има еден програматор за EEPROM-и ;).

Еве и слика од софтверот.



Програматорот го користи CH341A, кој е всушност LPT/COM-To-USB Converter чип (hence the name ;)), така да, како и секој USB уред, кој не спаѓа во класата на USB Flash Memory, мора да инсталирате драјвери за да работи. За среќа, има драјвери за x86 и x64 оперативни системи, а се фаќаат на сите верзии на Windows, од XP па наваму. Го пробав на WinXP x86, Win7 x86/x64 и Win8.1 x86/x64, работи без проблем, а ако работи на Win8.1 без проблем, од искуство, би требало да работи и на Win10 без проблем ;). Драјверот се инсталира преку Device Manager (нема автоматизирана инсталација, а и подобро што нема, откако еднаш ќе се инстлира, си стои во Driver Store) и потоа го јавува или како Interface Device (LPT/EPP) или како дополнителен COM порт, во зависност од тоа како ќе се постави jumper-от P/S (Parallel или Serial Emulation, дали да емулира паралелен или сериски порт). Имам пробано да го користам и во двата мода, ама не знам зошто, софтверот не детектира дека е приклучен програматорот кога работи во Serial мод (некој bug најверојатно... а можно е и да е некое подесување, можеби не сум го расчепкал доволно софтверот), така да, го оставив да работи во Parallel (LPT/EPP) мод. И онака не ми е гајле како работи се додека работи ;D.

Мала мана е тоа што доколку смените USB порт на кој го приклучувате програматорот, драјверот пак се инсталира (сам, се разбира, веќе стори во Driver Store ако еднаш го имате инсталирано) и тоа одзема малку време (малку лош дизајн на драјверот, изгледа се врзува за USB порт). Ама па секогаш може да го испоштракате на сите USB порти на PC-то на кое планирате да го користите и да се инсталира на сите USB порти и решен проблем ;D.

Однос цена/квалитет... no comment. Одлично сработено, плочката е одлично залемена (барем на оној кој мене ми стигна), не бараше прелемување или нешто слично, се работи како што треба out of the box... одлична Кинеска направија ;) 8).

Софтверот, за жал, не можам да го споделам јавно бидејќи е пиратски. Изгледа некој Кинез ја има направено оригиналната верзија од овој програматор (бидејќи има опција интерфејсот да биде и на Кинески), а нели, Кинези како Кинези ::), прават копија од се, па и од нивните ::) ;D, и направиле копија и од ова 8). Пишете ми приватна порака или mail (го имам ставено на профилот) ако сакате да ви го пратам ;).

ПС: Не ги следете ознаките за поставување на чиповите на 16 пинскиот ZIF Socket од софтверот, обратни се од ознаките на програматорот ;D. Барем на мојот беше така. Дури и да ја поставите обратно меморијата, најверојатно нема да ја изгорите, ама за секој случај, следете ги ознаките за поставување на чиповите на програматорот, не на софтверот (онаа сликичкана долу лево на главниот прозорец од софтверот... епа не треба така, обратно од тоа треба ;D). Истото важи и за SMD верзиите на EEPROM-ите, следете ги ознаките на програматорот.
« Last Edit: 14.06.2018, Thursday, 22:41:08 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
Одг: CH341A Programmer
« Reply #1 on: 06.06.2017, Tuesday, 19:58:46 »
@GigaWatt

 ти пратив меил, ама за жал ми се врати назад, дали е актуелна твојата меил адреса што ти е наведена во профил!?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: CH341A Programmer
« Reply #2 on: 07.06.2017, Wednesday, 00:27:17 »
Да, активен ми е, редовно го користам... всушност, само тој mail редовно го проверувам (имам и други)... не знам зошто ти вратил назад daemon-от ???.

Пиши ми го твојот mail ако не во PM и ќе пробам јас да ти пратам ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: CH341A Programmer
« Reply #3 on: 11.07.2017, Tuesday, 01:51:01 »
Си купив и ваква штипка ;).



Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/182400513120
Баш ја пробав, одлично си функционира, одлично се стега околу чипот. Супер се покажа, исчитав еден BIOS onboard (без одлемување) и пак го запишав, немаше никаков проблем ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: CH341A Programmer
« Reply #4 on: 11.07.2017, Tuesday, 09:21:43 »
Корисна работа, јас си направив вакви од PCI конектори од стара матична... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: CH341A Programmer
« Reply #5 on: 11.07.2017, Tuesday, 09:57:56 »
Тие од PCI слотови добро стегаат околу чипот на плочата?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: CH341A Programmer
« Reply #6 on: 11.07.2017, Tuesday, 12:11:24 »
Да, со помош на ластиче... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
Re: CH341A Programmer
« Reply #7 on: 16.04.2018, Monday, 16:15:43 »
Конечно после 6 недели од нарачката. :)

« Last Edit: 16.04.2018, Monday, 23:17:17 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #8 on: 16.04.2018, Monday, 17:20:16 »
На здравје, со среќа да си го користиш ;).

Jumper-от е за бирање на мод/емулација, Serial (RS-232) или Printer (LPT). Стави го во LPT позиција. Не знам зошто, никако не успеав да го проработам кога е подесен како COM порт да работи.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
Re: CH341A Programmer
« Reply #9 on: 16.04.2018, Monday, 19:03:14 »
Фала Гига,

Моментално џамперот е на 1-2, треба да го ставам на 2-3?

Инаку баш сега пробав да исчитам еден биос, ама не го препознава чипот AMIC A25L080.
Чипот е ставен во слотот за 25-ки со знакот према рачката за затегање, мислам дека така треба и да биде.

edit:
Гига,
Пробав со џампер 2-3 + инсталирав драјвер, вака воопшто не сака да се конектира со програмерот, а со џампер 1-2 се врзува како што треба ама не препознава чип.
Пробав со една друга верзија на софтвер (постара 1,13) и тргна работава, го препозна чипот и го исчитав како што треба.
Е сега каде е штосот не знам, инаку првично пробував со верзијата ти што ми ја даде. :)

edit:2
Сум се прелажал самиот себе, и со постарата верзија ништо, го чита чипот ама само на празно, кога ќе направам detect ми дава све unknown.
Пробано и со верзија v1.29, иста ситуација како и v1.13.
хмм

edit:3
Ај да бидам појасен, во првиот едит кажав дека го препозна чипот, но тоа беше погрешна моја констатација додека не го разгледав софтверот.
Пробав и друг чип од друга матична (mx25l1605dpi-12g), но и кај него истата ситуација.
Други идеи немам :)

Ова го добивам со твојата верзија кога ќе направам детектирање.



А во друга верзија на софтверот при детектирање ми дава од левата страна непознати карактеристики, практично пак не го детектира чипот.



Драјверите си ги покажува како уредно инсталирани, во спротивно нема да стои долу лево во програмот дека е конектирано.
Со џампер на 2-3 LPT не можам да остварам никако конекција.
Пробано на две различни конфигурации, едната со Win7, другата Win10. Истите работи се случуваат и кај двете конфигурации.
Заглавив поштено :D
« Last Edit: 14.06.2018, Thursday, 22:38:04 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #10 on: 16.04.2018, Monday, 23:54:16 »
Моментално џамперот е на 1-2, треба да го ставам на 2-3?

Не знам дали е ист распоредот како кај мене (мојата плочка има малку подруга форма, оваа е малку по fancy :)) и дали jumper-от го поставуваат сите на иста позиција. По default, од Кина ми стигнаа со jumper-от во LPT (printer port) позиција.

Вака направи. Стави го USB-то како што е подесено сега (по default) во PC. Кога ќе се појави како Unknown Device во Device Manager, десен клик --> Update Driver Software и посочи го кон фолдерот со драјверите. Не се секирај, он сам ќе си ги најде ;). Ќе пребара низ давата фолдери, и тој за LPT и тој за COM и ќе си ги најде адекватните драјвери ;). Е потоа, види како каков тип на Device ќе го инсталира, дали како COM порт или како LPT порт. Ако е како LPT, нема проблем, тоа е тоа што ти треба ;)... но не е лошо да го инсталираш и како COM порт (премести го jumper-от во другата позиција), колку за проба (баш ме интересира дали ќе работи, мада само под XP пробав, ама кај мене не работеше :S), а и за да го имаш инсталирано драјверот во Driver Store ;). Ако се инсталира како COM порт, премести го jumper-от во другата позиција, другата сигурно е LPT, и повторно десен клик --> Update Driver Software, посочи го кон фолдерот со драјверите и остави го да си ги најде драјверите. Провери во Device Manager, овој пат би требало да имаш инсталирано виртуелен LPT порт ;).

Чипот е ставен во слотот за 25-ки со знакот према рачката за затегање, мислам дека така треба и да биде.

Да, по правило така треба да биде. Води се по ознаките на плочката, тие треба да се точни... мада, со Кинезиве, никогаш не се знае :-\. Ако почне да грее чипот, знај дека сигурно си ја зезнал насоката. Не се секирај, не мора да значи дека е зезнат, смени ја насоката на чипот и пробај пак, би требало да може да го препознае програматорот ;).

Инаку баш сега пробав да исчитам еден биос, ама не го препознава чипот AMIC A25L080.

Тоа е bug на софтверот... или лош крак, не знам, не сум сигурен, но не работи како што треба auto detect опцијата. Ќе треба рачно да го избереш чипот од листата на производители и EEPROM-и.

Има и постари верзии од софтверот. Можно е само да се разликува бројот на поддржани EEPROM-и, другото би требало да е исто. Ако ти пречи тоа со auto detect, пробај со постари верзии, можно е кај нив да работи како што треба (немам пробано со постари верзии, оваа е најнова кракувана).

Пробав со џампер 2-3 + инсталирав драјвер, вака воопшто не сака да се конектира со програмерот, а со џампер 1-2 се врзува како што треба ама не препознава чип.

И кај мене вака се однесуваше. Изгледа jumper позицијата 1-2 му е за LPT, а 2-3 за COM. Баш така се однесуваше и кај мене. Драјверот се инсталира, нема проблем, ама ако е во COM позиција, софтверот не го детектира. Изгледа овие се некои generic копии, имаат и COM и LPT опции за различни софтвери. Најверојатно овој не е единствен софтвер кој работи со овие програматорчиња, ама па јас по софтверот го најдов хардверот, па затоа мислев дека овие програматорчињава се Кинески копии од оригиналниот хардвер :-\. Нема везе, ако работи како што треба со jumper-от во позиција 1-2 и софтверот го препознава програматорот, терај така ;).

Пробав со една друга верзија на софтвер (постара 1,13) и тргна работава, го препозна чипот и го исчитав како што треба.
Е сега каде е штосот не знам, инаку првично пробував со верзијата ти што ми ја даде. :)

Штосот ти го пишав погоре :). Не работи auto detect на таа верзија :). Јас рачно ги бирам од листата. Очигледно и на останатите верзии не работи како што треба auto detect или можно е да е поврзано нешто со хардверот, можеби оригиналниот хардвер кој доаѓа заедно со софтверот има и некоја дополнителна компонента, транзисторче можеби за инвертирање на податоци или нешто слично. Можно е тоа да му е една од заштитите :), кој знае, можеби податоците за детекција ги праќа инвертирани, па се активира некој пин од CH341A за да активира некој транзистор пак да ги инвертира податоците (двојна инверзија = нормална логика)... не знам :D, претпоставка ми е ова. Но, искрен да бидам, нема да ме чуди ако излезе некоја ваква 'рчка ;D.

Ај да не цитирам се, гледам дека и остатокот од post-от ти е поврзан со проблеми со детекција на чипот. Значи, кратко и јасно, auto detect не работи како што треба. Рачно избери го чипот од листа, не кликај на auto detect, потоа само кликни на Read и би требало да го исчита без проблем ;). Е сега, ако не можеш да го најдеш баш тој чип во листата, на пример, ознаката на листата е MX25L1605, а чипот има ознака MX25L1605XXX, избери го MX25L1605 и тогаш кликни на auto detect, би требало да се појави едно прозорче кое ќе ти даде да бираш меѓу, на пример, MX25L1605XXX и MX25L1605YYY, и ти ќе си избереш MX25L1605XXX ;). Ако не ти даде такво прозорче, ништо терај со generic избраниот чип (MX25L1605) од листата, ќе го исчита, нема да има проблем ;). Последните ознаки се најчесто за тип на куќиште, ревизија или температурни граници на работа на EEPROM-от/FLASH-от, најчесто нема разлики во начинот на складирање на податоците меѓу MX25L1605XXX и MX25L1605YYY ;).

Со џампер на 2-3 LPT не можам да остварам никако конекција.

Мислам дека 2-3 е позиција за COM, не за LPT, кај мене работи како што треба на LPT... не сум 100% сигурен за ова, не сум го користел некое време (барем два или три месеци), ама се мислам дека така беше ???.
« Last Edit: 17.04.2018, Tuesday, 00:02:03 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
Re: CH341A Programmer
« Reply #11 on: 18.04.2018, Wednesday, 17:27:03 »
Да тргнам по ред.

Со драјверите немам никаков проблем, џампер на 1-2 е COM порт а 2-3 LPT порт, така и ми ги пријавува во дивајс менаџер. Во било која од верзиите на софтвер со COM се врзува коректно а со LPT не остварува никаква конекција, така да останува да работи со COM (џампер 1-2).
Кај тебе се обратни џамперите заради друга изведба на овој програмер (претпоставувам).

еве ја позадината на програмерот каде има некои ознаки за џампирањето на 1-2 и 2-3.



Во врска со позиционирањето на чипот се ориентирам спрема насоките од програмерот, полукружниот дел го ставам во правец на рачката за затегање, не сум пробал обратно од страв да не го уништам чипот затоа што пробувам со чип од матична која ми е во функција (тежок хазард правам со ова), а можеби и тука лежи зајакот - кој го знае. :)

Пробав и на еден постар лаптоп кој што го имам со Win XP, сите процедури запазени за инсталирање на драјвери и на крај резултатот е ист како и претходните тестирања.

А резултатот во кратки црти е овој:
Со твојата верзија никако не бива, бирам модел на чип од страна, пуштам да го исчита, долу во прозорецот за активности ми јавува дека не наоѓа чип.
Во постарите верзии, бирам  модел на чип од страна, тргнува да чита од 1 до 100% (го гледам и LED-от дека свети додека чита, односно престанува да свети кога ќе дојде до 100%), но во табелата од исчитаното има само „нули“, нема никакви други знаци и симболи како што треба да се појавуват при исчитување. Ова го проверив со "open" на биосот *.bin кој претходно го симнав од официјалната страна, чисто заради споредба и проверка.
Да напоменам дека низ тестирањето не правев “детект“ бидејќи констатиравме дека не работи тоа чудо.

Останува да се сомневам дека програмерот ја нема таа среќа да работи како што треба, т.е. има некоја фабричка маана.

Ако имаш некоја друга идеја кажи, ако не нека е наздравје бричење.
Или да ризикувам да пробам со обратно ставање на чипот во слотот на програмерот (да направам харикири) :D

@GigaWatt фала за претходниот пост и одвоеното време. :)
« Last Edit: 18.04.2018, Wednesday, 19:06:40 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #12 on: 18.04.2018, Wednesday, 19:03:55 »
Баш сега проверив како го јавува мојот во Device Manager во модот во кој работи. EPP значи Enhanced Parallel Port. Значи како што пишав, кај мене го чита како што треба кога работи како LPT порт.











А еве како го чита во модот во кој програматорот не го детектира.











Дали и кај тебе го јавува исто (во било кој од двата мода) или како друг тип на device го јавува?

@GigaWatt фала за претходниот пост и одвоеното време. :)

Нема проблем ;).
« Last Edit: 14.06.2018, Thursday, 22:29:51 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
Re: CH341A Programmer
« Reply #13 on: 18.04.2018, Wednesday, 20:01:25 »
Ме буниш, велиш дека ти работи како LPT порт.
Quote
Значи како што пишав, кај мене го чита како што треба кога работи како LPT порт.

А подолу се демантираш самиот себе COM5 LPT!
Quote
А еве како го чита во модот во кој програматорот не го детектира.
Изгледа збунка :)
Ај провери, јас во меѓувреме ќе проверам и ќе јавам за тоа како ги јавува кај мене двата мода.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 785
Re: CH341A Programmer
« Reply #14 on: 18.04.2018, Wednesday, 20:23:10 »
Не се демантира туку ти ги покажува двете опции.
Како LPT работи, како COM не работи.
Барем јас така разбрав, прочитај го постот уште еднаш.
Жан