Author Topic: CH341A Programmer  (Read 2103 times)

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 181
Re: CH341A Programmer
« Reply #15 on: 18.04.2018, Wednesday, 20:58:00 »
@Zan
Можеби сум ги погрешно протумачил редоследот на сликите и изјавите.

@GigaWatt

Еве како ги пријавува кај мене двете варијанти:

Paralel port (кај мене преку овој порт го препознава програмерот) џампер 1-2

И како Serial port (драјверите се во ред но не го препознава програмерот) џампер 2-3

Инаку според шемата џампер 2-3 на прави никаква врска, 3 никаде не оди :)

« Last Edit: 18.04.2018, Wednesday, 23:29:44 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10794
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #16 on: 18.04.2018, Wednesday, 23:15:21 »
Можеби сум ги погрешно протумачил редоследот на сликите и изјавите.

Да, првата серија на слики е во модот во кој работи (LPT), а втората е во модот во кој не работи (COM) ;).

Paralel port (кај мене преку овој порт го препознава програмерот) џампер 1-2

И како Serial port (драјверите се во ред но не го препознава програмерот) џампер 2-3

Ете така, и кај мене е исто. Софтверот за програмирање го препознава програматорот кога работи во LPT мод, но не го препознава кога работи во COM мод ;). Ти претходно го имаше пишано обратното дека софтверот го препознава програматорот кога работи во COM мод, а не го препознава кога работи во LPT мод ;).

Без разлика, сега се разбравме ;). Софтверот го препознава програматорот кога програматорот е во LPT мод ;).

Инаку, и од сликите што ги стави се гледа, на ист начин ни ги чита и во LPT и во COM мод, така да, не ќе да е тоа проблемот :S.

Можно е навистина да е проблематичен програматорот :S.

Ај вака, пиши ми приватна порака, ќе се договориме каде да се најдеме, ако си од Скопје, да не фрлаш пари за џабе, ќе ти дадам да пробаш со мојот. Ако работи се како што треба (чита, запишува, нема проблем), значи да, најверојатно програматорот е проблематичен :S.

Проверив да видам што опции има во Operate --> Operate Option, ама нема кој знае што :S. Претходно немав чепкано таму бидејќи се работеше како што треба. Ај види дали е се вака подесено кај тебе?

Инаку според шемата џампер 2-3 на прави никаква врска, 3 никаде не оди :)

Да, знам, и кај мене е слично. Ако е џамперот поставен меѓу двата назначени пина значи дека работи во LPT мод, изваден џампер значи дека работи во COM мод.
« Last Edit: 14.06.2018, Thursday, 22:12:39 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10794
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #17 on: 18.04.2018, Wednesday, 23:35:38 »
И уште нешто што ми текна да пробаш... евентуално да пробаш да смениш верзија на драјвер... иако, и јас пробав, бидејќи само верзијата на COM драјверот е понова и никаква разлика не направи, софтверот пак не го детектира програматорот.

Code: [Select]
http://www.onetransistor.eu/2017/08/ch341a-mini-programmer-schematic.html
Code: [Select]
http://www.wch.cn/product/CH341.html
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 181
Re: CH341A Programmer
« Reply #18 on: 20.04.2018, Friday, 13:49:34 »
Мистеријата зошто не работеше програмерот е разрешена. :)
Откако заклучив дека не е софтверски проблем (посебно драјвери) ја разгледав со лупа позадината на програмерот за да констатирам дали е во ред со лемовите, на едно место приметив дека калајот од едното ноже е разлиен на соседните два пина што се за програмирање на SMD eeprom, овде падна сомнежот дека можеби тука е проблемот зошто не работи како што треба програмерот.

Пред:

Потоа:

Истиот го прелемив без да има кратка врска со околните пинови, морам да истакнам дека кинескиот калај беше премногу крут (цврст) што морав малку повеќе да го загреам за да се растопи, сепак внимавав да не го прегреам за да не го растопам ZIF слотот.
И да, го уштекав програмерот и почна да си чита и верификува како што треба.

Да, кинезите имат масовно производство на најразлични модули кои им се по багателна цена, но за жал контролата на квалитет понекогаш им е затаена и затоа во промет пуштат нетестирани модули кои со ваква ситна грешка не работат како што е предвидено, затоа секогаш прво детална проверка на изработката модулот па потоа пуштај го во функција.

Фала на сите на сугестиите за решавање на овој проблем, посебно на @GigaWatt.
« Last Edit: 20.04.2018, Friday, 15:43:13 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10794
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #19 on: 20.04.2018, Friday, 15:18:34 »
Баш ми е мило што си го средил проблемот ;). Многу блиску ги ставиле SMD вдодовите до лемната точка :S. Се препокиваат со silk screen-от... тоа не е добар дизајн :S.

Сега работи и со најновата верзија (1.30)? И дали ти работи и auto detect опцијата?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 181
Re: CH341A Programmer
« Reply #20 on: 20.04.2018, Friday, 15:28:43 »
Quote
Многу блиску ги ставиле SMD вдодовите до лемната точка :S. Се препокиваат со silk screen-от... тоа не е добар дизајн :S.
Штеделе на место.

Ги пробав сите верзии што ги симнав во меѓувреме, сите работат.
Да, работи и верзијата 1.30, работи и auto detect, исфрла некоја минорна грешка (на auto detect) но сепак работи. :)
Принтскринот е од v1.30.

Наредно е да си доземам уште една штипка :D
« Last Edit: 20.04.2018, Friday, 15:34:12 by krema »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10794
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #21 on: 20.04.2018, Friday, 15:45:03 »
Да, да, на тоа мислев, штеделе :S.

Гледам има излезено нова верзија, 1.33. Уште пред некое време е излезена, ама немаше крак од неа. Ако направиле и ако ја најдем, ќе пишам, па кој ја сака, нека пише приватна порака ;).

Баш ме интересира дали ќе работи и auto detect како што треба со оваа поновава верзија ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10794
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #22 on: 13.06.2018, Wednesday, 00:27:22 »
Само да потврдам, detect опцијата работи како што треба со верзија 1.29 од софтверот :). Пробано со MX25L8005M2C-15G.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 181
Re: CH341A Programmer
« Reply #23 on: 13.06.2018, Wednesday, 00:38:06 »
Тоа е добра вест.

Инаку во меѓувреме нарачав и една штипка за програмеров, дојде релативно брзо но сеуште не сум ја пробал, се надевам дека работи. :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10794
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #24 on: 14.06.2018, Thursday, 11:21:38 »
Дај провери како е се залемено, очигледно баксуз си за такви работи ;D ;D ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 181
Re: CH341A Programmer
« Reply #25 on: 14.06.2018, Thursday, 14:30:41 »
Хехе,
Прва прилика кога ќе наидам на SMD ќе проверам. Визуелно прегледав и изгледа дека е се во ред. :)

« Last Edit: 14.06.2018, Thursday, 15:53:19 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10794
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #26 on: 14.06.2018, Thursday, 17:38:03 »
Еве и корегиран English.ini language file за софтерот за програматорот ;)... бидејќи тој кој стига заедно со него е Кинеско-Англиски ::) :D.

Само ископирајте го во Languages фолдерот во оној директориум во кој ви се наоѓа софтверот и пребришете го оригиналниот ;). Евентуално, ако сакате да го задржите оригиналниот, сменето го името на English.ini во English.ini.bak пред да го ископирате корегираниот фајл ;).

Овој корегиран Англиски фајл е работен на 1.30 верзијата од софтверот, но најверојатно ќе работи и со постари и понови верзии ;).

Code: [Select]
http://app.box.com/s/ld2yd9o98o7ql458rvxs6fengwn93wnn
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/CE32DD87E4EB4E7ABC079F8967824507W
« Last Edit: 14.06.2018, Thursday, 22:44:40 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 181
Re: CH341A Programmer
« Reply #27 on: 14.06.2018, Thursday, 18:47:23 »
Фала, сега ќе чекаме и на v1.33 :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10794
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #28 on: 14.06.2018, Thursday, 22:47:08 »
Ја имам 1.31, ама некракувана :S.