Author Topic: Помош околу напојување на телевизор LG 19LG3050  (Read 1599 times)

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Здраво колеги. Ми треба помош, се работи за монитор телевизор LG, напојувањето не работи. Еве слика од плочката:



Не можев да најдам шема, обележаните кондензатори на сликата беа подуени ги сменив сите, исто така го сменив и регулаторот STR-W 6252 ама пак не сака да уклучи. Треба да има 5.1 и 15 волти на излез ама на 15 волтниот излез добивам 0,5 v.

Исто така, пред да ги заменам кондензаторите се слушаше некакво пиштење, ама сега и тоа го нема...
« Last Edit: 13.06.2017, Tuesday, 02:39:07 by GigaWatt »
Life is too short to remove USB safely ..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10794
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу напојување на монитор 19LG3050
« Reply #1 on: 07.06.2017, Wednesday, 01:25:15 »
Види дали има зенерки околу оптокаплерите (можно е да се SMD и да се од долната страна на плочката). Ако има, извади ги и провери ги. Можно е некоја од нив да е во краток спој. Ако има некоја во краток спој, извади ја, тие се заштитни. Пушти го напојувањето. Ако проработи, може и да ја изоставиш зенерката/зенерките во случај да не најдеме шема од напојувањето. Ако не е проблемот во нив (ако сите се исправни) или ако не проработи напојувањето, ќе бараме шема и ќе разгледаме подетално каде може да биде проблемот ;).
« Last Edit: 07.06.2017, Wednesday, 01:27:14 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9352
  • оптимист до крај!
Мене ми дава LG 19LG3050 LCD TV , а не монитор !? Објасни за што конкретно се работи??
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Во право си батка се работи за телевизор а не монитор.. моја грешка.. се извинувам
Life is too short to remove USB safely ..

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2727
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Кај U303 плочката е целата потемнета од греење, провери ги деловите околу него, а не е лошо и да го смениш. Тоа е претпоставувам некој драјвер во примарот, провери дали дава нешто на излез (осцилира).
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1171
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Еден пример зошто се потребни сите податоци па и составот со ознаката на „главните„ елементи во тој степен.
19LG3050-ZA.AEUGLBP
19LG3050-ZA.BEUGLBP
Колкав е работниот напон на мрежниот електролит и колкав е напонот кај него!
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10794
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Исто така, пред да ги заменам кондензаторите се слушаше некакво пиштење, ама сега и тоа го нема...

Сосема нормално, тоа најверојатно било од електролитите. Ако било од некој од трансформаторите, ќе го имало и откако си ги сменил електролитите.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Еден пример зошто се потребни сите податоци па и составот со ознаката на „главните„ елементи во тој степен.
19LG3050-ZA.AEUGLBP
19LG3050-ZA.BEUGLBP
Колкав е работниот напон на мрежниот електролит и колкав е напонот кај него!


Напонот на мрежниот електролит е 325 волти, а самиот електролит е за 450 V,
Life is too short to remove USB safely ..

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1171
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Quote
19LG3050-ZA.AEUGLBP
19LG3050-ZA.BEUGLBP
Не напиша дали има суфикси после 19LG3050!

Quote
Еден пример зошто се потребни сите податоци па и составот со ознаката на „главните„ елементи во тој степен.
Се мисли дали има и кои се „интегралците„ од долната страна на плочката.
Дали има OZ9938GN или слично и која е позицијата , дали има и други „интегралци„.

Quote
Напонот на мрежниот електролит е 325 волти, а самиот електролит е за 450 V
Зошто би ставиле електролит со работен напон од 450V а измерениот напон е 325V. Би требало по некоја логика тој напон да е околу 380V

Постави слика од другата(задната) страна на плочката.
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10794
  • Gender: Male
  • Не фалширам
1.41 * 230 - 1.4 =~ 323V. Не гледам зошто напонот би бил 380V.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1171
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Quote
Зошто би ставиле електролит со работен напон од 450V
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10794
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Поентата ти е дека оправдано е да се стави електролит со работен напон од 450V само ако напонот на краевите е 380V? Можеби таков имале... ми се има случано многу пати да начекам вакви изведби кај Кинескиве направии... немале 400, имале 450 на располагање со исти димензии, ама помала капацитивност... стави што имаш... таа логика ја тераат. А може и само на штампата да го пишува тоа... и тоа го имам начекано. Као демек работен напон му е 16V, оптовари го со 12V, грее. Очигледно е дека е 10V-ен, ама што пишале, а што е реалноста се две различни работи.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1171
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
PFC (power factor correction; also known as power factor controller) is a feature included in some computer and other power supply boxes that reduces the amount of reactive power generated by a computer. Reactive power operates at right angles to true power and energizes the magnetic field.

Некои напојувања работат на 323V а некои на 380V.
Во прилог шема (како пример) каде се гледа како се добиваат 380V.




Code: [Select]
https://electronics.stackexchange.com/questions/182579/are-typical-computer-power-supply-units-leading-or-lagging-power
« Last Edit: 13.06.2017, Tuesday, 02:42:42 by GigaWatt »
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
1.41 * 230 - 1.4 =~ 323V. Не гледам зошто напонот би бил 380V.
Кај многу тв-иња не со CRT LCD пример има напон баш напротив од 380 волти еве тоа квартот LCD што прашував за екранот кога не му чинеше имаше 380волти напон.Ете Тома објасни како се добива  ;D Значи мора 450 инаку ќе направи fireball бам бам само како кондензаторите во моето прво појачало старо се дуел се полнел и само имаш едно бам мора 450волти  инаку бам бм бам бм абе најак звук е
« Last Edit: 08.06.2017, Thursday, 19:12:42 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DL1BT

  • Нов член
  • *
  • Posts: 21
Напојувањето на сликата _нема_ PFC во него. 450V кондензатори наместо 400V најчесто се ставаат за да се зболеми времето на живот на кондензаторот (што во овој случај не е ситуација)