Страници: 1 2 [3]   Оди долу
  Отштампај  
Автор Тема: Помош околу напојување на телевизор LG 19LG3050  (Прочитана 493 пати)
0 Члена и 1 Гостин ја гледаат оваа тема.
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #30 пратена : 11 Јуни 2017, 01:53:49 »

Да, нема везе како ги приклучуваш. Неонка ко неонка, како сакаш врзи ја, ќе работи Шмекерко.

Патем, тој кондензатор се користи или за напојување или за start-up на SMPS контролерот, едно од тие две, зависи со каков контролер е изведен SMPS-от. Слободно може да ставиш и некој со поголема вредност. Јас најчесто ги менувам со дупло поголема од онаа која е ставена, но во конкретниот случај, слободно може да го смениш и со 100uF/50V Шмекерко. Ќе го продолжиш животниот век на напојувањето, бидејќи и онака тие се поддимензионирани (ставани се гранични вредности, колку да работи). Истото важи и за електролитите во секундарот Шмекерко.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
nsu
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 1197


« Одговор #31 пратена : 11 Јуни 2017, 09:26:03 »

Да д барем тоа го знам дека кај неонките немора ништо да запамтуваш сосема сеедно е.Еј супер што да речам за волку брзо време си го поправи телевизорот.Уште еднаш секоја чест за Toma, Lordz,i Гига супер беше се.Значи една добра тема каде Марко цело време беше активен и работеше на случајот ако одевме и со оф ние тоест јас малку таму за работниот напон на кондензаторите ова она еј ваква плоча било онаква. Сепак се научи нешто и од оф топикот.И се увуде и типот на дефектот секој дефект се третира со респект и се пишува и памти значи до едно електролитче само Шмекерко Зеленко
« Последна промена: 11 Јуни 2017, 09:31:37 од nsu » Сочувана

Talk Hard Steal The Air
bicikle
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 2647



« Одговор #32 пратена : 12 Јуни 2017, 21:37:22 »

Па... ако ставиш поголем кондензатор во контролата ќе треба подолго време да проработи контролата, што игра клучна улога во вакви напојувања при каток спој на самиот старт...
Сочувана
nsu
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 1197


« Одговор #33 пратена : 12 Јуни 2017, 22:14:35 »

Е ова не сум го знаел обично не се сметам за некој кој многу разбира добро во некоја област знам ВФ техника горе доле што ќе се деси ако измениш нешто но ова не сум го знаел инаку ако на пример пошто за ваков дефект би побарал помош и јас како Марко исто.Не би се осмелил да намалам капацитивност или зголемам тука пошто реков монитирите и телевизорите дури сега нешто еве проучувам.Е па и денес барем веќе прелесно се наоѓаат компоненти за кондензатори правиме муабет Ладен Зеленко
Сочувана

Talk Hard Steal The Air
Toma
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 1066


Дали доблеста ви е приоритет...


« Одговор #34 пратена : 12 Јуни 2017, 22:15:58 »

Претпоставувам дека кондензаторот на плочката е C101 а на преходната шема е C115 и е врзано на 4 извод од STR W6252 а тоа е Vcc па според тоа може и поголема вредност!
Пример во сликата каде е 47uF.

« Последна промена: 13 Јуни 2017, 01:45:32 од GigaWatt » Сочувана

Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! Зеленко
Наместо со - Цитирано - одговарај со - ОДГОВОР -
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #35 пратена : 13 Јуни 2017, 01:33:53 »

Па... ако ставиш поголем кондензатор во контролата ќе треба подолго време да проработи контролата, што игра клучна улога во вакви напојувања при каток спој на самиот старт...

Претпоставувам дека кондензаторот на плочката е C101 а на преходната шема е C115 и е врзано на 4 извод од STR W6252 а тоа е Vcc па според тоа може и поголема вредност!

Toma добро пиша.

Тој кондензатор е секогаш под напон, така да, секогаш е полн (кога е приклучен телевизорот/мониторот во штекер се разбира), поради што, воопшто нема да пречи ако се стави кондензатор со поголема капацитивност или поголем работен напон. Како што пишав, баш ќе се продолжи животниот век на напојувачката секција (практично, на самиот уред бидејќи 90% од проблемите кај LCD мониторите/телевизорите се во напојувачката секција или се последица на проблеми во напојувачката секција).

Во конкретниот случај, ако се разгледа напојувачката секција на LG 19LG3050 (плочката), очигледно е дека овој кондензатор е ставен преблиску до ладилното тело на STR-W6252, така да, јас кога би го правел овој телевизор, би го дислоцирал овој кондензатор, подалеку од STR-W6252. Претпоставка ми е дека една од главните причини поради која овој кондензатор се исушил е токму таа... добро, главна е тоа што е Кинеско ѓубре Зеленко.
« Последна промена: 13 Јуни 2017, 01:35:35 од GigaWatt » Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
MarkoMK
Експерт
****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 949



« Одговор #36 пратена : 13 Јуни 2017, 13:10:07 »

ОК ќе ставам кондензатор од 100 uF на тоа место..
Фала на сугестиите  Шмекерко Шмекерко
Сочувана

Life is too short to remove USB safely ..
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #37 пратена : 13 Јуни 2017, 16:50:19 »

И стави го подалеку од ладилното тело на STR-W6252 (дислоцирај го).
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
nsu
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 1197


« Одговор #38 пратена : 13 Јуни 2017, 19:35:26 »

Така е да не ти го суши и тоа е правило еве сега еден пријател правел појачало јаките филтерските кондензатори веднаш до интегралецот ги ставил.Веднаш до излезниот степен па и кулер ако му стави  Ладен
Сочувана

Talk Hard Steal The Air
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12488


Не фалширам


« Одговор #39 пратена : 14 Јуни 2017, 00:43:40 »

Тоа е класичен напојувачки степен. Кај нив и не важат баш овие правила. И кај многу фабрички засилучвачи изведбата е таква, кондензаторите од напојувачкиот степен се веднаш до ладилното тело на излезниот степен и тоа не е некој голем проблем. Тие кондензатори се најчесто со релативно висок квалитет, а освен тоа, работат на ниска (мрежна) фреквенција (не работат во импулсен режим, не „пеглаат“ импулси), така да, практично скоро никогаш не се сушат. А и да се подсушат малку, не е проблем, ова малку се одразува кога не работат на висока фреквенција во импулсен режим. Можеби ќе слушаш малку брум, ама во над 90% од случаите, засилувачот ќе работи како што треба Шмекерко.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
nsu
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 1197


« Одговор #40 пратена : 14 Јуни 2017, 08:28:55 »

Еј да значи Гига ова нема врска а и јас сум го гледал во многу засилувачи е вака Епа добро мада другарчево се прави со стари елементи вадени му беа којзнае од каде така да тоа не важи за него.Значи сега ми е јасно дека тоа не е никаков проблем  Ладен Cheesy
Сочувана

Talk Hard Steal The Air
Страници: 1 2 [3]   Оди горе
  Отштампај  
 
Префрли се на: