Author Topic: Помош околу проблем со контрола на подводна пумпа (submersible pump, ракета)  (Read 3190 times)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Дечкото од видеото е болесник Гига. Не би можел да така најчесто тие кондензатори се по 20микро фаради он си има како моторот асинхрон од машината за перење главна намотка и помошна намотка на статорот низ која струјата ќе доцни зад напонот и оп подвижен момент уште поубаво е кога ќе се стави кондензатор тој обратно од калемот има карактеристики но многу поубаво за моторот ќе си има убав старт мек добар а ако претеруваш преку 20микрофаради кондензатор ништо нема да осетиш нема што побрзо да се уклучува моторот теоретски стартот би бил побрз подобар со поголема капацитивност но практично нема врска.Само релеј ете Девил даде супер SSR е супер предлог леле Девиле колку добар линк од теорија и се си дал баш ова го барав.Гига а колку метра тие овој подводен мотор кој се наоѓа во бунарот одалечен од куќата земи кабел закопај го еј и во секоја соба по еден прекидач и рачно кликни и кога ќе мисли некој дека е доста нека сопре.Или веројатност малце отиди еден процес измериму карихирам пример еден саат работи наполнил завршил работа треба да исклучи земи му еден електромеханички тајмер со саат што се штелува да нема електроника има такви порано за термо акулумациони печки се користел пушташ само да се пушта на евтина а да се гаси на скапа струја печката епа така овој преку оние тајмерине како од втора светска војна има да ѕвони ко саат. Гига си видел вакој тајмер за покренување на монофазни и трофазни печки збориме за аналоген тајмер со синхрон мотор внатре.Проферив има и контактор внатре може да уклучува и монофазни и трофазни асинхрони мотори дури појаки па не баш слаби појаки од твојот со средна моќност но поголема од твојата од 800 вати. Види го линков си видел вакво нешто.

Kako povezati tajmer za TA pec

Еј за последнава идеа да влечеш кабли не земај здраво за готово па да влечеш кабли подземни надземни какви сакаш.Девил оти по насоките на Девил многу добри линкови постираше 8) ;)
« Last Edit: 09.06.2017, Friday, 15:12:22 by GigaWatt »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Што се однесува до тоа тријак или не. Него измилсив јас тоа у гаража, туку сум го прочитал кога сум полагал енергетска електроника. И за офф/он важи тоа, не само кога тријакот регулира.

Да проверам дали сум те сватил правилно. Ако планирам да го користам триакот само за ON/OFF, може да го сменам и да го користам место релето. Ако планирам да правам контрола врз брзината на работата на пумпата, нема да можам само со обичен триак. Правилно разбрав?

@Devil: Фала, ќе го земам и тоа во предвид ако планирам да ја преправам електрониката за контрола. Не поради друго, имав на располагање неколку зезнати електроники, сите беа „чурнати“ кај релето :S.

@bicikle: Фала за информацијата... во тој случај, ќе го оставам тој што е. И онака нема проблеми при start-up пумпата, ама мислев, ај, еве нека има фазла.

Гига а колку метра тие овој подводен мотор кој се наоѓа во бунарот одалечен од куќата земи кабел закопај го еј и во секоја соба по еден прекидач и рачно кликни и кога ќе мисли некој дека е доста нека сопре.

Не е многу далеку, ама ова не е решение. И со жени имаш работа ;D, можно е некој/некоја (поверојатно некоја :D) да заборави да го исклучи моторот и он ќе пумпа, ќе пумпа на затворена чешма и... ќе изгори на крај.

А и ставање на прекинувачи не е решние. Куќата е на два спрата. Треба и на горниот и на долниот спрат да бушам и да ставам дозни :S... а и плочата треба да се буши, тоа башка :S. Па и тоа не оди :S.
« Last Edit: 09.06.2017, Friday, 15:11:12 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Ех ништо инаку сакав да ти речам колку го познаваш штемајскиот занает цели дозни би поставил знам прочитав дека е на два спрата цели кабли би пуштил во секоја соба уредно се разбира не многу е непрактично и глупаво ама не ти бил далеку бунарот од куќата плус за жени чим се работи за жени чим се работи јасно е се  8) ;D ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
Гига, малце ако размислуваме во друг правец... ти колку време го користиш тој хидрофор???
Пошто со тек на време се намалува количината на вода која може да се црпе од изворот, па оттука можно е и самата пумпа да не е дефектна, туку да јавува фолт пошто нема доволно вода да влече.. и тој мерач на проток дава сигнал дека е намалена количината на вода и така се исклучува пумпата.
Види ако имаш некакво упатство од пумпата, дали под овие услови дава fault.
И ако е ова случај тогаш, еден мој предлог наместо да бушиш прекидачи низ цел двор и низ куќа  ;D ;D земи направи едно коло за ресет и кога ќе јави фолт после 10-тина секунди (или некое друго време) автоматски нека ја ресетира пумпата.
Така ќе знаеш дека настанал fault и повторно ќе имаш вода :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
@Giga
Гол тријак не се препорачува со индуктивен потрошувач ни за OFF/ON. Солид стејт е базиран на тријак,но има Snubber коло, ZeroCross детектор, коло за генерирање на импулс и оптоизолатор. И покрај тоа, повторно, не е препорачлив за индукцони (или асихрони) мотори, псебно на места каде машината работи автономно (без оператор).

Е да Марко може така но кој ќе ја гаси пумпата пак треба некој да е задолжен а што вика Гига и жени има.Еј јас во жените немам доверба се шалам за ова луѓе.Така е професор Муро исто секоја чест за убавите објаснувања се трудам и јас еве убаво да пишувам и да го споделам она мое помало искуство и тоа се што сум го учел.Оператор nicht arbeiten
« Last Edit: 09.06.2017, Friday, 19:16:35 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
@nsu

Автоматиката ќе си остане на пумпата и ќе ја гаси.. само ќе се додаде коло што ќе ја ресетира состојбата на fault  ::)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Ах марче сега те сватив убаво што сакаш да кажеш повеќе пати прочитав да електро механичкиот прекидач си останува се како што си било ќе ја гаси он а овој само да ја ресетира само да не не е нешто во ред па добро и многу пати во fault да оди безброј пати ќе ја ресетира чудово којзнае што ќе биде ајде да најде време Гига ќе ни пише што ќе прави што му е план што ќе одлучи еве сите помогнавме сите милион мислења сме изнакажале 8) ;D Гига онака си вели збунето сега што ќе правам 8) 8) ;D
« Last Edit: 09.06.2017, Friday, 20:29:45 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Гига, малце ако размислуваме во друг правец... ти колку време го користиш тој хидрофор???
Пошто со тек на време се намалува количината на вода која може да се црпе од изворот, па оттука можно е и самата пумпа да не е дефектна, туку да јавува фолт пошто нема доволно вода да влече.. и тој мерач на проток дава сигнал дека е намалена количината на вода и така се исклучува пумпата.

Всушност, овој бунар им ја „краде“ водата на околните бунари бидејќи околните се до кај 10-тина метри (нешто можеби над 10 метри, ама далеку од 24 метри). Буквално немало момент да нема вода во него. Цел ден се наводнува бавча со градинарски култури од него, тера без проблем, никогаш не се случило да снема вода. Баш го перевме тогаш кога всушност и го разгледувавме проблемот (да утепаме две муви со еден удар ;)), од сабајле, цел ден друкаше компресорот, поплава направи, вода не снема :), што да ви кажам. Самата пумпа е барем 1 метар под вода (ова е минимум, баш сме мереле, во најсушни периоди и кога максимално се црпи вода од него, не паднало нивото под 1 метар над самата пумпа), а најчесто е 2 до 3 метри под вода.

Само ќе додадам дека под пумпата има уште 4 метри вода (цевката оди уште 4 метри надолу), ама не ја спуштам толку ниско бидејќи ми имаат спомнато дека може да се закопа пумпата во песок ако водата од жилата што си ја погодил носи и песок и/или кал, а таква е оваа жила... нема премногу песок и кал, ама знае ако врне многу или ако врне долго време да се замати водата... што значи дека носи песок и кал при поголем наплив на вода. Паметно е тој песок и кал да се таложи на дното, под пумпата, значи да оставиш некое метро празен простор за таложење, односно пумпата да ја поставиш неколку метри над максимално ископаната длабочина и кога ќе го переш бунарот, да го исфрлиш тој песок и кал од дното. Му се имаше случено тоа на еден од комшиите, не го перел редовно бунарот и потоа не можеше пумпата да ја изади од бунарот, целата била закопана во кал и песок, пробале да ја извадат, се скинало јажето со која се спушта, потоа пробале и со кабелот преку кој се напојува пумпата да ја извлечат, и тој се скинал... тоа е тоа... ништо, се прости со пумпата, стави нова врз неа, ама бидејќи новата е барем на метро повисоко поставена (старата пумпа е под неа), се случува да снема вода :S.

Види ако имаш некакво упатство од пумпата, дали под овие услови дава fault.

Ех... упатство ::). Прашај овој, прашај оној мајстор за пумпи... а и они врска немаат од електрониката за контрола, само знаат дека ја гаси пумпата кога треба да ја гаси и ја пушта кога треба да ја пушта ::). Прашај ги зошто влегува во fault, ќе ти кажат „дефектира нешто“ ::). Па тоа и јас го знам, кажи ми што ::).

Муабетов, чичко, чичко, јас знам што му е на автобусот, расипан е ::).

А и 100 пати со нив се расправав, повеќето го решаваат проблемот со „смени се и ќе работи како што треба“. Ова е втора пумпа, сличен проблем имаше и со првата, па излезе дека е се ОК со неа, си работи како што треба... па згора на тоа сакаше и да ја земе, као демек, дефектна е, тебе нема да ти треба :o. Па тебе што ќе ти е ако е дефектна ::).

Не е поентата да сменам се, тоа и сам можам да го направам, тебе те викнав за да установиш што е проблемот, а не да ми продадеш нова пумпа, електроника за контрола, да ми наплатиш и за работна рака и да ми кажеш дека сега би требало се да е ОК ::).

И ако е ова случај тогаш, еден мој предлог наместо да бушиш прекидачи низ цел двор и низ куќа  ;D ;D земи направи едно коло за ресет и кога ќе јави фолт после 10-тина секунди (или некое друго време) автоматски нека ја ресетира пумпата.
Така ќе знаеш дека настанал fault и повторно ќе имаш вода :)

Ех, да си ми жив и здрав ;D.

Има, не еден, два тастери има ;D. Едниот е за ресетирање на електрониката, а другиот е за „ресетирање“ на кондензаторот за start-up (тој тастер само го прекинува напојувањето до пумпата, кондензаторот пак се полни и кога ќе го пуштиш, пак почнува пумпата со работа). Проблемот се средува на еден од неколку начини. Или рестирај ја електрониката, или пумпата или изгаси се од напојување или некоја комбинација од овие три (мислам дека нема правило во комбинирањето, еднаш „пали“ едно, друг пат друго ::)). Ама и ова не е решение. Зошто? Бидејќи и кондензаторот и електрониката за контрола се во шахта заклучена со катанец (проблематични се комшиите, прават пакости... не прашувајте зошто, комплицирана е работата ::)... кога ќе размислам, и не е баш така комплицирана, типична Македонска работа, да му цркне козата на комшијата ::)), па барај клуч за катанецот, па отклучувај, па ресетирај, па пак по 10 минути прави го истото ::). А и да ја оставиш отклучена и отворена шахтата, треба да ја затвориш откако ќе завршиш со полевање, миење садови, што и да е, а некогаш сигурно ќе заборавиш и... наредниот ден може и да нема пумпа во шахтата или да имаш камен фрлено во цевката (бунарот), па иди извади ја пумпата кога ќе треба да го переш бунарот ::). Му имаа така направено на еден од комшиите ::). Човекот таман си платил да му го ископаат бунарот, наредниот ден да стави пумпа во шахтата, јок... не поминува пумпата повеќе од 2, 3 метри. Светеле да видат што е проблемот... што да видат, камен заглавен во цеката ::). Македонска работа ::), ти имаш бунар, јас немам, е сега и ти ќе немаш ::).

@Giga
Гол тријак не се препорачува со индуктивен потрошувач ни за OFF/ON. Солид стејт е базиран на тријак,но има Snubber коло, ZeroCross детектор, коло за генерирање на импулс и оптоизолатор. И покрај тоа, повторно, не е препорачлив за индукцони (или асихрони) мотори, псебно на места каде машината работи автономно (без оператор).

Па не мислев баш да биде „гол“ (;D)... ќе има и пасивни филтерски компоненти... што знам... можно е да пробувам нешто да експериментирам со онаа фазла пумпата (онаа која „као демек“ беше неисправна ::)), ама тоа... кога ќе имам време и кога ќе бидам таму (во село)... не сум често таму, така да, ако има update на оваа тематика, ќе има по подолго време. Сега за сега... најверојатно пак ќе се оди со решение со реле. Купена е нова електроника за контрола (само електроника, без додатните мембрани, пластични цевки, итн., односно без системот за мерење притисок), па ќе пробам со неа... ако е се ОК, значи проблематична била таа, ако пак зеза... ќе се бара друго решение.

Баш сакав дома да пробувам и експериментирам со онаа старата, ама немам време сега :S, за жал. Ај, ако има некој напредок и во оваа насока, ако стигнам да ја отворам и да си „играм“ со неа, ќе пишам ;).
« Last Edit: 11.06.2017, Sunday, 04:45:22 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 929
  • Gender: Male
@Gigawatt, па поентата ми беше да направиш некое коло, и секогаш кога ќе светне fault, на пример, да го исклучи комплет напојувањето на пумпата и после одредено време да го уклучи... да не влегуваш ти во шахта него автоматски да биде.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Гига браво што ќе ти биде првин избор реле.Инаку може да се види и идеата на Марко не е лоша.Ајде кога че имаш време за експериментирање чекаме секогаш го правиш тоа во темите и на еден доста добар начин се споделуваш 8) ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@Gigawatt, па поентата ми беше да направиш некое коло, и секогаш кога ќе светне fault, на пример, да го исклучи комплет напојувањето на пумпата и после одредено време да го уклучи... да не влегуваш ти во шахта него автоматски да биде.

Е да, ова ти е добра идеја ;). Ќе видиме дали и оваа новава електроника ќе прави проблеми. Ако не прави, нека тера сега за сега вака. Ама идејава ти е добра и може да се работи на ова подоцна ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2866
  • Gender: Male
Гига секако може да пробаш со поголем/друг кондензатор, но од моето искуство не со повеќе од 200% од  препорачаниот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да да, јасно, да не се претерува ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ај малку да се навратам на проблемот, најдов нешто слободно време и ја расчепкав електрониката за контрола. Еве слики од неа.

Зелената LED диода означува Power On, жолтата означува Pump On, а црвената означува Fault. Кога пумпата е во Fault, свети црвената и зелената. Кога пумпата работи, свети зелената и жолтата. Кога пумпата има постигнато притисок и електрониката ја има изгасено од работа, свети само зелената (Power On).

Остатокот од контролата (пластика, мембрани, шипето, итн.) најчесто online може да се најде под името blue pump control. Пишете на Google, ќе ви извади слики и начини на монтажа/инсталација. Кој прв почнал да ја произведува, не знам, но сега, најверојатно само Кинески копии може да се најдат од неа.

Мислам дека лоцирав каде е проблемот. На плочката има две reed релиња, во посебни стаклени шпулни, без намотка или нешто слично. Пластичното шипче кое поминува низ средината на плочката има перманентен магнет во него и тој ги активира двете релиња.

Од оние испитувања кои успеав да ги направам, релето RD2 е проблематично и тоа е она кое е одговорно за fault позиција. Изгледа fault се појавуава секој пат кога шипчето ќе отиде премногу навнатре (премногу ќе навлезе) и го активира ова реле. RD1 е од долната страна на плочката и тоа прво се активира, па ако шипчето отиде премногу навнатре, се активира и RD2. Електрониката, мислејќи дека пумпата не пумпа (притисокот е многу намален), бидејќи шипчето е премногу навлезено навнатре, јавува fault (проблем со пумпата) и ја деактивира пумпата („нешто не ваља, боље ја да изгаса“ :D ::)). Не ја разгледав шемата детално, станува збор за проста автоматика, дел е одговорен за напојување на 4093, дел за релето за прекинување, малиот кондензатор во долниот лев агол од горната слика е одговорен за временска база (контролата не ја гаси веднаш пумпата штом ќе се активира RD1, туку по определен временски интервал, чека да се „напумпа“ мембраната, не мерев, ама околу 10-тина секунди е временскиот интервал), остатокот се компоненти за филтрирање и конфигурирање на 4093. Притоа, треба да се напомене дека RD1 треба да стои преспоен барем 10-тина секунди (колку што е времетраењето на временската база) за да контролата ја изгаси пумпата, што е малку лош дизајн. Можело да се реши и на подобар начин, со две временски бази, едната пократка од другата и едната да биде „основа“ за другата, за да се „стабилизира“ работата на колото (и онака има слободни NAND порти, се гледа од плочката дека не се искористени сите), но тоа е тоа... ако го направеле како што треба, немаше да има потреба да купувам нови пумпи и контроли секое лето, нели ::).

Можно е и да грешам, можно е и при определена комбинација на RD1 и RD2 да се активира fault позицијата. Како и да е, прилично сигурен сум дека без RD2 не може да се активира fault позиција.

Е сега, дали сум во право, ќе видиме на терен ;D. Сега за сега, го извадив ова реле, па ќе видиме како ќе се однесува електрониката за контрола... на тест со рака („бутај вади“ шипче :D) се покажа добро... со сеќа нека ми е ;) :D.

ПС: Меркав една контрола од ebay, не знам дали некој имал искуство со неа, дигитална е.

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/252914357442
Ако не ми успее експериментов со оваа контрола, ќе ја земам оваа. Колку што пребарував online, Руси на некој форум ја имаат развиено оваа шема, ама Кинезиве им ја собрале и... толку, ојде јабана работата.
« Last Edit: 26.06.2017, Monday, 03:23:05 by GigaWatt »