Author Topic: Проблем со Windows 10  (Read 1482 times)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Проблем со Windows 10
« on: 19.06.2017, Monday, 22:24:59 »
Почитувани колеги како што кажува насловот имам нов лаптоп и кога му инсталирав нов оперативен систем нормално виндоус 10 ставив. Инсталиравме со еден пријател тоа е лесно е сега нормално виндоусот си прави автоматски абдејти само за форумов и за проекти го користам и два филма што сум симнал и изгледам. Изгледа закачив вирус некој еве дур ви пишувам сега ми пее музика сама си се пушта како да си отвара некои слики сам. Нормално јас ги гасам сам. Не ми правеше проблем секогаш вака но сега почна не е страшно. Но ме нервира дур еве пишувам на форумов си отвара сам како некои реклами за игри и си пее. Или дур куцам ми отвара некои страни за еликсир за кожа. Ќе ги угасам и после три минути пет пак помагајте. Кажете некој антивирус препорачан од вас. Не се разбирам баш во ова. Имав виндоус дифендер али кога му правам open вели престанал да работи ради некој апдејт фактички изгледа имам вирус инсталирав аваст и уште еден антивирус детектираат два вируса. Но кога ќе кликнам рипеир ми бара пари да го купам антивирусот. Може некако да симнам антивирус без да платам пиратски на некој начин. А да е колку толку функционален. Знаете што приметив кога го користам интернет експлорер еве сега него го пуштам нема гајле се лета слушам песни на јутуб куцам на форумов нема проблем. Еј а да го избришам хромот гугл.Со тој пребарувач кога отварам ми прави проблеми.Вака еве го нејќе спие а и антивирусите во инсталацијата на хромот го да покажа вирус. Да го избришам хромот еј интернет експлорер лета еве со него проблем немам а ова хромов ќе го делитнам што мислите на него пред еве десет дена ми се јавија овие проблеми тоест пред една недела кога го симнав филмот пи. Само тој еден го имам во компјутер ми рекоа дека математички бил и е добар. Колеги мислење да ставам некој антивирус и ова хромов скроз да го бришам.Еј еве сурфам отварам и даташит ѕа елементи гледам преку интернет екплорер саат време шиба не ме прекинува со реклами ѕа еликсири и игри неѕнам како да не му е ништо абе тој хром скапан.Колеги ако сте имале сличен проблем секое мислење ќе ми е добродојдено. Дали хромот да го иѕбрисам лета се сега ѕа сега или ако имате некој пиратски антивирус да ми дадете некој совет. Не сум многу искусен во овие работи,затоа барам помош.Иначе првпат работам со интернет експлорер закон да ти било. Дајте некој совет што да правам да терам со екплорер можно ќе е без антивирус нема филмови да симнувам или неко пиратски да ставам.Дефендерот виндоус незнам зошто не ми работи но со експлорер лета сурфам нужни работи супер е. Ми рече еден на ФЕИТ инженер виндоус 10 не фаќа вируси ти си луд. Ве молам сакам мислење и од искусните ако може. Срдечен поздрав. Секое искуство,совет и мислење ми е добродојдено. Ви благорам многу однапред ;) ;)
« Last Edit: 20.06.2017, Tuesday, 00:55:10 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #1 on: 20.06.2017, Tuesday, 02:04:18 »
Прво ова:

Code: [Select]
https://www.bleepingcomputer.com/download/junkware-removal-tool/
Па ова:

Code: [Select]
https://www.bleepingcomputer.com/download/adwcleaner/
Може и по обратен редослед, не е проблем.

Како за крај, ако ништо од овие две не го среди проблемот, ова:

Code: [Select]
https://www.bleepingcomputer.com/download/combofix/
При работа на алатките, пожелно е да си во Safe Mode. На Win10 во Safe Mode се влегува на следниот начин: држиш Shift пред да кликнеш на Restart. Ако не ти е баш најјасно, прашај го чичко Google ;).

За in depth protection, по чистењето, препорачувам ESET Endpoint Antivirus. Пиши ми PM, ќе ти дадам линк за download ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Clear Sky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
  • Gender: Male
  • Се шо се прај е убоо!!!
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #2 on: 20.06.2017, Tuesday, 02:07:14 »
Тие често се закачват и во extensions, провери таму и избриши ако има нешто шо не треба

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #3 on: 20.06.2017, Tuesday, 08:28:14 »
Еј Гига ти благодарам за помошта но кога го симнувам првиот линк ќе се симне и ми вели твојот администратор нешто ти забрнил па кога ќе му anyway run this application ми вели дека овој фајл е коруптиран исто и за вториов линк така ми прави.Е сега третиот линк се симнува му одам на ран се инсталира и кога треба да се отвори ја прима апликацијата се вели жал ми е оваа апликација е за виндоус7.виндоус8, виндоус виста,но не и виндоус 10.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #4 on: 20.06.2017, Tuesday, 10:08:20 »
Можно е намерно да ги зезнува exe-ињата она што си го/ги закачил. Ова не е ретка ситуација, многу од malware-ите имаат signatures за антивируси и алатки и ако пробаш да ги симнеш, менуваат нешто бинарно во инсталацијата, па не сака да се подигне. Истото може да го прават и на stand alone аликации, како оние од кои ти дадов линкови. А може и да е самиот Win10... треба мноооогу работи рачно да исконфигурираш за да работи како што треба... слично на Win8 и 8.1. Out of the box е катастрофа.

Boot во Safe Moode with Networking, земи Ethernet кабел, врзи лаптопот за рутер, симни ги алатките и тогаш пробај ;). Ако не успееш да ги симнеш или пак го јавува истиот проблем, симни ги на друг компјутер/лаптоп (невиросан), copy на flash, подигни го лаптопот во Safe Mode (сега без Networking), ископирај ги некаде алатките (Desktop, било каде) и пробај подигни ги, би требало да се подигнат ;).

ВАЖНА НАПОМЕНА: На секој оперативен систем од WinVista па наваму, многу важно е да ги подигнуваш апликациите како Администратор, во спротивно, можно е да не работат како што треба. Ова е поради UAC и фактот што не си default admin кога се инсталира оперативниот систем. Се до XP, ваква беше ситуацијата (ти си default local admin) кога се инсталира оперативниот систем. Од WinVsita па наваму, постои уште еден администраторски account (Administrator) кој е disabled, но тој е default elevated admin и никој не може сам да си направи ваков администраторски account. Тој е единствен elevated admin. Ако сакаш да бидеш elevated admin, мора рачно да го активираш тој account и да го користиш него, за да ги немаш овие зезанции, кои и мене, искрено, многу ме нервираат ::), па затоа јас него го користам :D. Затоа пишав, Win10 и Win8/8.1 out of the box suck ::).

Е сега, како да ги подигнеш апликациите како elevated admin? Right click на апликацијата --> Run as administrator ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #5 on: 20.06.2017, Tuesday, 11:11:37 »
Гига им одам така run as administrator              
                                                                         Пак ми јавува вака           Значи на првите две алатки вака ми прави а третата не е за виндоус10. Имаш ли некоја иста како третиот линк само да е и за виндоус10. Пошто ми рече да не одам со инсталација на антивирус без да го исчистам со алаткиве прво Гига. Ако нема здравје боже ќе пробаме директно антивирус да инсталираме ќе почекам твое ценето мислење Гига до вечер ако не ќе инсталирам и антивирус.Секако пробував еј несака некоја апликација. А како третиот линк сака а некој нејке чудно има ли некоја како третиот твој линк а да е за виндоус10 ај ќе ја барам истата програма а за виндоус десет да е.Ах проклети нови лаптопи те обврзува со тоа виндоус10.Многу глуп виндоус xp беше најако бе  8)
« Last Edit: 20.06.2017, Tuesday, 11:19:29 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #6 on: 20.06.2017, Tuesday, 11:30:04 »
Во Safe Mode ли си?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #7 on: 20.06.2017, Tuesday, 12:17:54 »
Гига не бев влегов легендо хакерска фала ти еј седум трејтора предавнички ме јаделе баш во пребарувачот                                   Еве клинерчето ги делитна           Еве уште

Споено мислење: [time]20 Јуни 2017, 11:21:24[/time]
Значи хакериште си делитнав овие седум двете програмчиња синхронизирано си работеа првин едното па другото шкорпијата ги најде убавкото клинерче ги делитна еј.Ваљда толку се е сега пристапувам кон инсталација на антивирус и тука ќе ги следам твоите инструкции легендо

Споено мислење: [time]20 Јуни 2017, 13:54:06[/time]
Значи легендо антивирусот што ми го даде го инсталирав следев твои инструкции најде уште девет вируса ги избришав и лета сега ептен. Но кога ќе пребарувам преку хром фала богу сега не ми дава некој видеа со музика за игри. Но ми ги отвара оние бет135 спортски залози и нешто друго на руски некоја реклама онаа за бинарно заработување. Абе кога користам мозила огнена лисица нема ништо експлорер е најдобро само од страна оние рекламчињата например на форумов што ми се појавуваат на пример гранап ништо не смета кога сурфам. Затоа ќе го делитнам хромот. Фала за антивирусот избришав девет вируса него друго ме мачи Гига имам проблем со апдејтите негови не ми се направија он работи се и за апдејтите вели треба на маил да добијам порака и да внесам пасворд. Добро барем оваа верзија од антивирус ми ги избриша вирусите .Дали Гига пошто ги нема апдејтите ќе е функционален за подолго време. Фала уште еднаш. Со нетрпение го чекам твојот одговор
« Last Edit: 20.06.2017, Tuesday, 23:19:04 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #8 on: 21.06.2017, Wednesday, 02:25:39 »
Ако ти ги отвора кога ќе ќе отвориш некој сајт или ако кликнеш некаде, дури и на празна површина од сајтот, тоа се pop-ups... нормална работа во денешно време. Стави си pop-up blocker (не знам кои ги има за Chrome, не го користам и строго го избегнувам) и терај работа ;).

Пробај го Pale Moon. Базиран е на Firefox. Јас скоро исклучиво него го користам.

За што updates? За Windows? Ако ти бара password за updates, нешто не е во ред. На 10-ка, тие автоматски се симнуваат и не можеш преку некое мени да ги изгасиш, но не треба да бара password за нив.

Можеби не ти е активиран. Провери под Properties на This PC/Computer/My Computer, најдолу треба да стои едно поле Windows Activation и ако ти е активиран, треба да пишува Windows is activated.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #9 on: 21.06.2017, Wednesday, 09:37:29 »
Не друже виндоус10 си прави сам апдејти точно. Него апдејтите на антивирусот го инсталирав custom не automatic за кракот да не се зафркне нели како што ме советуваше и подучуваше. И антивирусот беспрекорно си работеше брише вируси се. Него кога ќе го отвориш кај апдејтите негови се појави сега еден извичник за апдејтите да се во тек ти треба username и пасворд да се најавиш кај нив изгледа за да биле во тек и автоматски да се прават вака нешто зезаа апдејтите на антивирусот. Но и вака си функционира. Само ме известува со црвено дека не сум најавен и пасворд за апдејти немам. А работи скенира и смарт и полека и трејтора и вируси ми избриша. Дали е опасно тоа ќе тера ли вака антивирусот. Или за да тера мора апдејтите да му се во ред. Немам веќе вируси иначе. Но сакам да знам дали е добро со антивирусот он ловеше и бришеше иначе
« Last Edit: 21.06.2017, Wednesday, 09:57:03 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #10 on: 21.06.2017, Wednesday, 12:53:09 »
Не си го кракувал, затоа ти бара Username и Password.

Има процедура. Не е баш целосно објаснета во текст фајлот.

Сега ќе треба uninstall да му направиш и од почеток да почнеш.

Uninstall на антивирусот (ако те праша зошто, избери нешто и нека продолжи со uninstall), boot во Safe Mode, подигни го PureFix (десен клик --> Run as administrator). Има еден таб, пишува Extras, избери го него, има една секција ESET Registry Cleaner, кликни на Clean Up!

Restart, boot во regular mode. Control Panel --> Folder Options --> View, избери Show hidden files, folders and drives, отштиклирај Hide empty drives, Hide extensions for known file types, Hide folder merge conflict и Hide protected operating system files (Recommended).

Влези во C:\Program Files и избриши го ESET фолдерот. Влези во C:\ProgramData и избриши го ESET фолдерот. Влези во C:\Users\[твојот Username]\AppData\Local и избриши го ESET фолдерот.

Изгаси мрежа (Airplane mode или изгаси мрежни, како сакаш). Почни со инсталацијата на антивирусот. На првиот прозорец избери Next, потоа Accept terms... бла бла бла, па пак Next. Сега избираш Custom и пак Next. Од локацијата за инсталација, го бришеш ESET. Значи default install location е C:\Program Files\ESET\ESET Endpoint Antivirus\, ти го менуваш во C:\Program Files\ESET Endpoint Antivirus\ и кликаш Next. На наредниот прозорец, штиклираш Set update parameters later и кликаш Next. Сега избираш I do not use a proxy server и пак Next. Наредно, во Type of update, кликаш на Change и кај Program component update, избираш Never update program components, па OK и потоа Next. На наредниот прозорец, Protect configuration settings with a password, само кликаш Next. Наредно, отштиклирај I agree to participate in ESET Live Grid, па Next. Кај Please select one of the options, избираш Enable detection of potentially unwanted applications и кликаш Next. Сега веќе доаѓа Install и кликаш на Install. Чекаш да заврши инсталацијата и кликаш Finish. Потоа се подига антивирусот, бла бла, splash screen, тантара пантара.

Restart во Safe Mode. Го подигаш PureFix-от (десен клик --> Run as administrator). Има едно копче Enable, кликаш на него и во Output полето треба да ти пишува All done! - Please restart your PC. Кликаш на копчето Close, се затвора PureFix-от. Има еден фајл ESET Endpoint Antivirus 5.0.2237.0 (Settings).xml во фолдерот во кој се наоѓа инсталацијата за ESET Endpoint. Ископирај го во C:\Program Files\Common Files.

Restart во Normal Mode. Почекај да се подигне антивирусот. Откако ќе се појави икончето со окцето во tray, почекај уште едно 20, 30 секунди. Ако не го гледаш, кликни на стрелкичката што покажува нагоре во tray, би требало да биде таму. Ако си сеуште во Airplane Mode или ако ти се изгасени мрежните картици, вклучи ги. Почекај да направат resolve на IP (да добиеш интернет). Дупли клик на икончето со окцето (ESET Endpoint) во tray. Ќе се појави GUI-то на Endpoint и од левата страна има една секција Update, кликни на нејзе и потоа кликни на Update virus signature database. Ако ти пишува Update progress: 0kB / 0kB и веднаш потоа се гаси update-от, кликај на Update virus signature database се додека не се појави Update progress: 8kB / 0kB. Тогаш ќе почне да го update-ува ;). Почекај да заврши update-от (може да му треба 5, 6 минути).

Откако ќе заврши со update, од левата страна на прозорецот на антивирусот има Setup секција. Избери ја неа. Во долниот дел има опција Import and export settings. Кликни на неа, избери Import settings (по default треба да е избрано тоа), кликни на копчето со три точки (...), позиционирај го прозорецот во C:\Program Files\Common Files и избери го ESET Endpoint Antivirus 5.0.2237.0 (Settings).xml фајлот. Open, па OK и на крај X (close) на GUI-то за ESET Endpoint.

За последен пат, класичен Restart (не во Safe Mode).

Done. Lifetime unlimited updates ;).



Знам, не е лесна процедурава, ама сега, ако сакаш server grade AV, ќе се помачиш малку ;).
« Last Edit: 21.06.2017, Wednesday, 13:07:14 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #11 on: 22.06.2017, Thursday, 10:00:20 »
Да да Гига видов каде сум утнал реков ќе наjдам но неможам да го избришам прво другар. Де бе да не треба и во safe mode да сум за да го избришам тоест деинсталирам антивирусот и други програми. Сакам и Гугл и други деинсталација да им направам леле бе кај е контрол панел кај виндоус 10 сега уште повеќе ми ја објасни процедурата видов кај сум згрешил. Сакам да се помачам но има ли чудово контрол панел. Глуп виндоус не стварно срање. Еј и виндоус 12 ако е ваков крај а ќе е. Значи оди паси кози,овци,овни,свињи,крави,прчови,биволи,јунци,волови. Еве сега влегов во safe mode со надеж да го средам да барам деинсталација. И ништо пак нема копче како човек uninstall да му направиш и на антивирусот и на други програми пак. А да не треба со делит мислим богати љубим и чао свршена приказна 8) ;D ;D
« Last Edit: 22.06.2017, Thursday, 10:15:59 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10859
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #12 on: 22.06.2017, Thursday, 16:54:21 »
Има, кликни на Start (Win logo) и почни да пишуваш Control Panel, ќе го извади, под него ќе пишува Desktop application. Кликни на него и ќе го извади Control Panel.

Под Safe Mode нема ни да можеш да направиш Uninstall, не работи MSI сервисот под Safe Mode.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #13 on: 22.06.2017, Thursday, 22:03:13 »
Гига пред се благодарам од се срце.Си велам што е со мене се уозбилувам се мачев со програмирање што ми е. Како кажа ти на срч контрол панел деинсталирав и хром и антивирус како што кажа ти Гига така бидна ме праша зошто му реков дека пак ќе го инсталирам пак. Го симнувам од твојот линк си викам полека бе коњ. Имаме зип фајл јас во брзање првиот пат ме збуни текст фајлот нив не ѓи ни инсталирав.Ги отварам тие двете алатки ги инсталирам во обичен мод. Па почнувам со инсталација на антивирусот. Еј минатиот пат сум изгрешил не отштиклирав кај што требаше. Кога ја сликав на телефон на Гига пораката и гледам Гига се помачил се културно ми напишал кога гледам Гига како читам така ми искача. Само го следев Гига. Е на крај финиш. Си велам од Гига научив да влагам во safe mode. Рестарт па избираш и стискај F4 пушчајјјј. Си влегувам каде ми е зачуван зипот го наоѓам дотичниот хтмл фајл. Да бидам искрен го отворив кога гледам код го гасам. И ми текнува абе машко како кога те оценуваа на сервер екстракт правиш. Бам екстракт каде што Гига ми кажа комон фајлс. Бам enable гледам како вика Гига се така иде. Во нормал мод се враќам пуштам нет одма кликам да почне со апдејти за пет минути се направи и тоа сетинзите Гига што ми ги кажал и тоа го направив. И гледам Гига ми пишал и икс да стиснам да не заборавам прозор да изгасам. Гига легендо пред се многу ти благодарам со тебе научив како се инсталираат антивируси. Ме воведе во виндоус10 на сличен начин се инсталираат така и други програми. Ги инсталирав сега ме научи некако брзо го работам виндоус10 се осеќам моќно. Како кога баратав во убавите времиња XP. Гига уште еднаш од срце благодарам сила си. Еве за некој како мене што купил лаптоп едно гуру. Гига еј до колку се си предвидел а да земеш ти вака и програмирање човеку чекори за деца да пишуваш како мене колку да се снајдат да го откачат не повеќе. Познавајќи те лично голем човек си еве сега со еден ESR метар со кондензатори се мачам ги мерам па суви и ми текна на твојот муабет. И за хардови ме научи. Гига е ти си човекот за во министерство за информатика а не ондека ојле е државо државо. Ми текна на муабетот и темелниот пристап што го имаше кога темелно ми објасни за програмите за здравје на хардисковите и воопшто се околу нив. Кој не го познава Гига незнае ништо. Be a legend. Be like GigaWatt.
« Last Edit: 22.06.2017, Thursday, 22:24:56 by nsu »
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9363
  • оптимист до крај!
Одг: Проблем со Windows 10
« Reply #14 on: 22.06.2017, Thursday, 23:46:16 »
Гига со вака дефинирано СV ,  толку исфален, далеку ке догураш  ;) ;D 8)
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.