Author Topic: Скрипта за вадење на сите Pre-Installed Apps во Windows 8.1 и 10  (Read 434 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10713
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Имајќи проблеми со корисници кои... практично не знаат што прават, морав да најдам начин да ги тргнам сите Pre-Installed Apps под Windows 10 и Windows 8.1. Бидејќи не можам (а и не сакам) да помнам команди на памет или да морам да правам copy/paste на команди во Command Prompt или PowerShell, решив да напишам batch фајл кој повикува PowerShell скрипта. Само преку PowerShell може да се извадат од App Store, нема друг начин ::). Можно е и да има некои third party алатки кои може да ги вадат, баш видов дека CCleaner има имплементирано ваква алатка, ама недостаток е што морам една по една да ги вадам :S. Ми требаше начин како наеднаш сите да ги извадам ;).

Скриптата се состои од еден batch фајл кој повикува PowerShell скрипта (.ps1) во која се дефинирани командите за вадење на Pre-Installed апликациите од App Store. Намерно е поделена скриптата на два дела (два фајла) бидејќи не знаеш кога ќе им текне на Microsoft нешто да сменат и да се сменат командите за... што и да е, па вака беше полесно. Една скрипта повикува друга која всушност ги содржи командите за вадење на апликациите, па ако нешто во иднина се смени, секогаш можам само да ги сменам командите во PowerShell скриптата и готова работа, наместо да барам „сега кои беа командите во batch фајлов за вадење на овие чуда“ ::) ;) 8). Се разбира, може команди да се задаваат преку cmd на PowerShell (мислам дека на скоро се што може да се зададе како команда под PowerShell, може да му се направи и parsing преку cmd), но како што веќе пишав, кој ќе помни сега која команда за што беше ;).

Десен клик на "Remove All Pre-Installed Windows 8 And 10 Metro Apps.bat" --> Run as administrator и остатокот ќе си го завршат скриптите ;). Заедно спакував и неколку registry entries кој треба да го спречат Windows 8.1 и Windows 10 повторно да ги инсталира апликациите (и ова ми се има случено, најчесто при дефинирање на нов local user на некој компјутер). Би требало да ги почитува овие registry entries, но ако случајно не ги почитува, ќе треба преку Group Policy да ги дефинирате: Win + R, gpedit.msc --> Enter --> Computer Configuration --> Administartive Templates --> Windows Components --> Store. Знаете како е со Microsoft, ништо не е лесно ::).

ПС: За оние кои имаат само еден локален Administrator account, не мора се ова да го правите. Се разбира, може да ги извадите бидејќи одземаат простор, но може да го користите и Default Administrator-от, кој е наменет за Domain Administration, ама ако не сте дел од Domain, како што се повеќето домашни корисници, може enable на овој account да му направите. Тој е единствен Elevated Admin account на било кој кориснички оперативен систем на Microsoft од Windows Vista па наваму. Не може сами да креирате Elevated Administrator account, тој е единствен и исто така не може да го избришете. Но, затоа може да му го смените името (на пример, наместо Administrator, да биде Trajce :D), да му направите enable на account-от, да му дефинирате password (и autologon преку netplwiz, ако сакате) и со него да работите. Предноста е, не може да подигате Windows Apps (не може ништо да се подигне и да сакате, апликацијата само ќе врати назад дека не може да се подигне под default Administrator account и тоа е тоа, се гаси), а уште една предност е што не мора да потврдувате дека сте Admin за секој copy/paste или промена на фајл во Program Files, Windows, system32, SysWOW64 или кое и да било друго место во кое, начелно, не смеете да чепкате ::). Со ова автоматски се губи и поентата на целото "Run as administrator". Поедноставно, работа под elevated Administrator е исто како God Like mode на игрите ;). Исто како да работите како root под Linux, односно како што беше под Windows XP. Секоја програма се подига со Administrator privileges ;).

download links:

Code: [Select]
http://app.box.com/s/830ivpd0pok9yztmx3730aeexh5wnv4p
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/50356DF1996444C8B54A2BBA1E57A9B9W
« Last Edit: 24.05.2018, Thursday, 04:50:52 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10713
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Мал update на скриптата. Во batch фајлот се интергрирани PowerShell командите за вадење на stock апликациите, така да, сега нема потреба од дополнителната PowerShell скрипта ;). Во секој случај, потребно е да го импортирате барем registry фајлот кој забранува пристап до апликациите и надградба на истите за повторно да не се инсталираат преку Windows Update. Со забраната за updates, се забранува и нивна повторна инсталација, што автоматски го прави Windows 8 (исто и 10), без разлика дали имате изгасено Windows Update или не (што и не е можно кај Windows 10, освен ако не го изгасите Windows Update сервисот). Registry фајлот кој гаси Live Tile Preview на апликациите (Apps) е опционален (само шминка, да не ги ротира квадратчињата со секакви опции, реклами, history и што ти не, на оние апликации кои мора да останат во Windows 8 или 10 бидејќи се составен дел од оперативниот систем... за жал... како на пример калкулаторот на Windows 10 ::)).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."