Author Topic: Лабораториски извор на напојување 0-30V / 0-3А  (Read 2386 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Нека стои на форумов како attachment ;). Не знам дали си ги прочитал правилата, ама апсолутно дозволено е документација за проекти да стои како attachment на форумов ;).
« Last Edit: 30.08.2018, Thursday, 00:07:52 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Веќе подолго време го имам следново напојување , но не можам да најдам соодветна кутија за него. Дали некој можеби би знаел каде може да најдам или пак продава?
« Last Edit: 14.08.2018, Tuesday, 02:40:51 by GigaWatt »

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2739
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Или стисни заби и купи си кутија од Логинг или импровизирај нешто, нема друго...  ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Во кутија од ATX не го собира?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Re: Лабораториски извор на напојување 0-30V / 0-3А
« Reply #19 on: 15.08.2018, Wednesday, 00:05:59 »
Би требало во ATX да го собере.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Како што имам кажано во оваа тема и претходно, веќе некое време го имам овој KIT составено и досега стоеше во фиока, поради тоа што немав соодветен трансформатор за него. Пред неколку дена пронајдов еден, односно сум го имал од претходно извадено и стоел така во кутија, трансформаторот е од стар Искрин телевизор. Комбинирајќи 2 секундари од тој трансформатор, успеав да добијам 25V AC, колку што е потребно и за ова напојување. Го поврзав трансформаторот на влез од напојувањето и се беше во ред, се додека не започнав да го нагодувам излезниот напон со потенциометарот. Како што го вртев потенциометарот, забележав дека најмногу што може да даде напон е 24V DC ( а по правило треба да бидат 30V DC ). Е, сега моето прашање е, што би можело да биде проблемот? Сите елементи пред лемењето ги проверив и беа исправни, а и вредностите исто така беа точни. На шемата од ова напојување, која ја има во оваа тема, има еден тример означен како VR1, кој прочитав служи за калибрација на напонот. Но, иако го вртам тој тример, не забележувам никаква промена на напонот, така што не знам што би бил проблемот.

Секоја идеја за решавање на овој проблем е добредојдена.  :D

Во прилог, еве галерија од трансформаторот:

Code: [Select]
https://imgur.com/a/yEyqo9y

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Провери некоја компонента да не ја имаш ставено на погрешно место. Јас прво на тоа би се обложил ;).

И околу мерењата на трансформаторот (од галеријата), тоа е се ОК, ама мерењата ти се погрешни ;D. Не сите, ама ти фали уште едно мерење за да ја одредиш моќноста на трансформаторот ;). Всушност, ти требаат само две мерења ;). Види го дијаграмов, ќе ти стане јасно ;).

Треба да ги измериш димензиите на шрафираниот дел ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Ги проверив елементите и ми изгледаат дека се на точно место залемени, не верувам дека тоа е проблем.

Online krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 202
  • Gender: Male
Провери го означеното место!

« Last Edit: 24.08.2018, Friday, 02:07:47 by GigaWatt »

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Од долната страна е залемена таа диода.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 719
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Го мериш со товар?
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Да, како товар користам отпорник од 560 оми 5W.

Направив неколку мерења на плочката, и тоа прво започнав со мерење напон после грецот каде добивам 36V. Операциските засилувачи ги нумерирав подолу на сликата подолу, за полесно распознавање. Напоните за нив се следни:

На 1 операциски: на влезните пинови 2 и 3 напонот изнесува 4,4V, на пин 6 напонот е 8,8V, на пин 7 напонот е 35V.
На 2 операциски: на влезните пинови 2 и 3 напонот изнесува 4,4V, на пин 6 напонот е 38V, на пин 7 напонот е 39V.
На 3 операциски: на влезните пинови 2 и 3 напонот изнесува 13V, на пин 6 напонот е 29V, на пин 7 напонот е 39V.

На транзисторот означен како Q4 на шемата измерив напонит на неговите: база ( максимум 24V, се нагодува со потенциометарот за напон ), колектор 34,6V, емитер 24V.
Во краток временски интервал ( 1-2 секунди ) направив краток спој помеѓу базата и колекторот и добив 33V на излез ( емитерот ), но кога го прекинав краткиот спој напонот повторно се врати на 24V.

Тоа за сега го испитав, доколку треба уште нешто да измерам посочете ми.  :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
На 1 операциски: на влезните пинови 2 и 3 напонот изнесува 4,4V, на пин 6 напонот е 8,8V, на пин 7 напонот е 35V.
На 2 операциски: на влезните пинови 2 и 3 напонот изнесува 4,4V, на пин 6 напонот е 38V, на пин 7 напонот е 39V.
На 3 операциски: на влезните пинови 2 и 3 напонот изнесува 13V, на пин 6 напонот е 29V, на пин 7 напонот е 39V.

Превисок е напонот за напојување на U2 и U3. Максимален напон на напојување на TL081 е +-18V или 36V (и тоа е дефинирано како Absolute Maximum Rating). 39V е премногу. Стави неколку диоди за пад на напон по грецот за да падне напонот. Можно е да не работат баш како што треба поради превисокиот работен напон.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Ќе пробам.
.................................

Пробав, поврзав плус 3 диоди после грецот и го спуштив напонот за 2 волти. На пин 7 од операциските добив 37 волти, што сеуште е повисок за 1 волт. Не можев да поврзам уште неколку диоди, бидејќи немав такви кои можат да издржат толкава струја.

Е, сега, дали можам да го користам напојувањето како што дава 24 волти, без да го модификувам т.е да правам измени за да добијам пад на напонот, туку да си биди како што е склопено? Односно со 24 волти на излез место предвидените 30 волти.
« Last Edit: 24.08.2018, Friday, 22:04:10 by Toma »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10858
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Пробав, поврзав плус 3 диоди после грецот и го спуштив напонот за 2 волти. На пин 7 од операциските добив 37 волти, што сеуште е повисок за 1 волт. Не можев да поврзам уште неколку диоди, бидејќи немав такви кои можат да издржат толкава струја.

Пробај со послаби, ама не ставај голем товар, нешто само колку да тече некоја струја низ него, 200, 300mA, само колку за проба ;).

Е, сега, дали можам да го користам напојувањето како што дава 24 волти, без да го модификувам т.е да правам измени за да добијам пад на напонот, туку да си биди како што е склопено? Односно со 24 волти на излез место предвидените 30 волти.

Јас не би го користел така, а ти како сакаш. Операциските засилувачи работат над граница од нивниот максимален работен напон... а ти, како сакаш.

Или смени ги TL081 со некои други операциски засилувачи со повисок работен напон (не знам дали има некои со повисок работен напон од +-18V или 36V ???).