Author Topic: Продавам се останато што не спаѓа во IT опрема  (Read 268 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Оние што сакаат нешто да купат, а не се членови на форумот, може да ми пишат на .

1. Футерчиња за гравирка (multi chuck). Димензии на опфат на футерчињата, од 0.4mm до 3.2mm. Димензии на навој: 7mm x 0.75mm. Ги купив мислејќи дека ако се 7mm-таски, дека ќе се фатат на мојот Dremel 300, ама излезе дека навојот на оваа гравирка е за малку „поситен“ од 0.75mm (најверојатно 0.6 или 0.5mm), така да, футерчињава не ги фаќа на Dremel 300. Као демек, се фаќале на оригинал Dremel MultiPro, ама немам таков, така да, не знам. Можно е овие навои да ги користат и некои други производители на гравирки, не знам, ама Dremel ги менувале навоите од генерација на генерација и :S... тоа е тоа. Ги купив и сега ми стојат, не можам да ги искористам ни на едната ни на другата гравирка што ги имам :S. Нови се, воопшто не се користени, две се пократки, две се подолги. Цена: 100 ден. еден, 300 ден. за сите четири.



Ако сакате, слободно може прво да пробате, дали ви фаќаат футерчињата на вашата гравирка или не ;).

2. *ПРОДАДЕНО* Мерни сонди: CAT III, 1000V, 10A. Имам 5 парчиња (парови, црни-црвени). Имав идеја нешто да правам и затоа ги купив, арно ама, ништо не излезе од тоа и сега така ми стојат, а не ми требаат. Целосна должина: 100cm (заедно со мерните сонди). Дожина само на кабелот: 80cm. Сте се нови, неотпакувани, освен тие што ги отпакував за да ги сликам ;). Цена: 50 ден. еден пар, сите за 200 ден.



3. *ФРЛЕНО* Делови од џоистици за Нинтендо. Ми стојат со години, ни имам нинтендо веќе, ниту пак имам намера да играм ;D. Ги давам гратис, кој прв пише, негови се ;).



4. Правосмукалка на пареа Ченто Гради. Искрено, не знам точно како се пишува на латиница, мајка ми од кога сум дете така ја викаше ;D. Целосно исправна, многу малку е користена, неколку пати е само пуштена. Принципот на работа е многу прост. Има малечко бојлерче во неа, се става вода во котелчето, има греач, се загрева и пареата од водата преминува преку цревото и цевките и чисти и дезинфицира истовремено (поради високата температура на водената пареа). Искрено, немам намера да ја користам, а можеби на некој ќе му притреба за чистење... или некој проект, кој знае. Уште еднаш ќе потенцирам, не работи на принцип на мотор, значи не влече ништо низ цревото, само испушта пареа низ него, се става крпа на главата и со неа се чисти. Цена 200 ден. (колку да не биде за џабе).



« Last Edit: 15.08.2017, Tuesday, 00:58:50 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2778
  • Gender: Male
За футерите мислам дека може да најдеш адаптери, а за чистачотнајверојатно ќе се препишеме за некој ден ако не го дадеш до тогаш, моментално сум во гужва малце...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Адаптери, дури и да има, немам намера да ставам, се губи на прецизност и центрираност, почнува да шантра футерот и гравирката. Сум имал до сега такво искуство. Можеби ќе отворам тема на форумов, ако може некој дреар да ми каже колкав е навојот, ќе ставам слики со линијар на навојот, па да барам такви футерчиња. Имам оригинал Dremel футерчиња, не е проблем да се најдат, ги има, ама центрираноста на нив е катастрофа. Овие Кинексите подобро се направени, ги користам на Кинеската копија од MultiPro, супер е, ама винтот не е ист, тие се 8mm, а на Dremel-от е 7mm. Затоа и барав Кинекси копии што одговараат на Dremel 300.

За машината, пиши ми, ќе се договориме ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2778
  • Gender: Male
Адаптер нема теорија на дреар да направиш, јас најдов кај личко али, но тоа беше пред 3-4 год така да не знам како би те упатил :( Инаку беа скроз прецицни, сеуште немам проблем со ними.

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1131
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Оклолу „футерите„ .
Колку е висината (a) и посебно пречникот (b) на двата типа!


Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10599
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Димензии на повисоките: висина а = 2.3cm, дијаметар b = 1.3cm.

Димензии на пониските: висина а = 1.8cm, дијаметар b = 1.3cm.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."