Author Topic: Димензии на навој на Dremel 300 и други модели  (Read 583 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
По многу пребарување, конечно успеав да ја најдам оваа информација, а бидејќи верувам дека не сум единственот кој се соочил со овој проблем, решив да ја споделам. Ова не важи само за Dremel 300, важи и за цела плеада модели на гравирки на Dremel, а тоа се: 4000, 400, 3000, 398, 395, 300, 285, 275, 200, 100, 8200, 800, 780, 770, 7700, 750.

Навој со димензии 7mm x 0.75mm: Димензиите се метрички, дијаметар на навојот е 7mm, одот на навојот е 0.75mm. Не знам точно кои производители ги користат овие димензии, на некои форуми начекав дека некои батериски модели на Dremel ги користеле овие навои... не знам.



Навој со димензии 8mm x 0.75mm: Димензиите се исто така метрички, дијаметар на навојот е 8mm, одот на навојот е 0.75mm. Пред се го користат Кинеските копии на Dremel. Mожно е да го користат и некои други производители.



Навој со димензии 9/32-40: Е овој навој го користат Dremel за сите нивни нови модели. Да појаснам. Дијаметарот на навојот е 9/32 инчи, односно 7.14mm. Одот на навојот е 40 TPI (Threads Per Inch), односно 0.635mm.

Инаку, најчести се Кинеските копии на првите два типа (7 x 0.75 и 8 x 0.75) ги има мал милион на ebay, особено 8 x 0.75, кои одговараат на копиите на Dremel, но има Кинески копии и од футерчиња со навој 9/32-40.

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/152534791231


Е сега, можеби некој ќе праша, од каде знам дека е копија (ако некој поседува оригинал футерче на Dremel, ќе зебележи дека е исто како на сликата). Прво, во однос на цената (оригиналните се далеку поскапи) и второ, изработен е од Алуминиум (пишува во описот), а оригиналните се железни.

Со среќа во изборот на футерче... јас изгледа од втор пат ќе го погодам навојот... се надевам нема да има трет пат ::).
« Last Edit: 04.05.2018, Friday, 01:06:17 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Code: [Select]
https://m.aliexpress.com/item/32326887387.html?spm=a2g0n.orderList.0.0.5fb853ebEZ8kQb#autostayЈас ја зедов оваа на моторче од принтер/фен/бормашина (од ѓуп-пазар т.е. бувљак за 50 ден земена) ја набив и тера до ден денес без проблем. Има и со моторче со адаптер комплети цели за 20$...  Не е вренд али се доста солидни за ппк.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не знам дали може нешто ваково да се додаде на гравирка. Не поради друго, ова е прилично големо, а минимална брзина на овие гравирки е 10.000 вртежи во минута. Можеби на 4000 или 5000 нема да прави проблеми (да вибрира), ама на 10.000, нешто волку големо сигурно ќе вибрира.

Можеби нешто вакво да се набави... со тоа што најверојатно ќе треба да се пререже навојот бидејќи наведено е дека навојот е 6mm, а таков навој најверојатно имаат мал број на гравирки.

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/253048881223
Ова е како твоето... ова нема навој и има дупка со дијаметар од 6mm... што знам, можеби може да се нареже некако навој на ова... кој знае.

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/322499847671
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2891
  • Gender: Male
Првиот е со 6 аголна основа, многу циркузи се потребни да го адаптираш на стандардна гравирка. Да не речам не возможно.
Вториот линк е иста како таа што ја постирав, само е комплет.
Е сега јас имав мотор од фен и мотор од штампач, па порачав таков футер со содветен адаптер од месинг од кај чичко али. (Алиекспрес).
Тие месинганите адаптери се многу по стабилни од овие другиве, футерот "спие" од 1рпм до макс рпм.
Евеј се тие адаптерите за на моторче од фен/штампач
Code: [Select]
https://m.aliexpress.com/s/item/32404428074.html?spm=a2g0n.orderList.0.0.5fb853ebH83DhX&#autostayАко можеш види овај фитер што адаптер има
Code: [Select]
https://m.aliexpress.com/s/item/32514016107.html?spm=a2g0n.search-cache.0.0.70bc08b98W7Eko#autostay
Мислам ваков модел би одговарал кај тебе, футерите се со клуч, значи не мора на секое да се расклатува навојот, а и футерите се прилично ефтини за овие модели на адаптери (јто мислам беше моделот)
Е сега што е поентата кај овие "самостезни" футери. За да биде стабилен футерот навојот треба да се стегне за таа луфта измеѓу да биде константна, а кај самостезниве зависи колкава ќе е бургијата, па така и се погодува футерот по лево или по десно... кај другиве пак кога ќе го стегниш адаптерот, долниот дел треба да се потшри на главината од гравирката што го ограничува наклонот да адаптерот т.е. адаптерот се потпира на рамна површина и е прав, а потоа футерот се навиба на конус што значи се стега рамномерно од сите страни, а се отвара/стега со клуч при што не влијае на останатите елементи и не се децентрира.
Тие адаптерите што се стегаат со штрафче од стана (линкот подолу) треба да се избегаваат, скоро е не возможно да се воспостави соодветен соосднос на тензија на двете штрафчиња, што значи секогаш едното ќе "влече" повеќе. Башка треба нели да го фиксираме футерот во една постојана рамнина нормална на осовината, што пак е невозможно да се постигне со 2 точки т.е. 2 штрафа.
Code: [Select]
https://m.aliexpress.com/s/item/32695175428.html?spm=a2g0n.search-cache.0.0.70bc08b9CAGshp#autostayТоа е тоа од мене, колку што ги разбирам јас таботите, само не знам точно како да побараш таков адаптер т.е. како би дошло на енглески.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не не, првиот си има футерче кое се монтира на шестоаголното шипче. Принципот е ист како кај класичните футерчиња за гравирки. Шестоаголното шипче навлегува во футерчето и ги бутка трите запци за стегање ;).

Прашање е само дали може да се пререже како што треба винтот за да фати на гравирка или не. Имаше слики од некои продавачи кои го продаваа истото тоа футерче на кое на слика е монтирано на гравирка ::). Кинеска работа, мора некако да го продаде. Од тоа што барам, винт со 6mm нема ниедна гравирка, или се 7 или 8mm.

Околу адаптерчето, ќе пробам да најдам. Најверојатно може да се најдат и посебно да се купат.

А тие адаптери со две или со едно шрафче, не ги бива за ништо. Нема поента такво нешто да се купува освен ако не го користите на потенциометар или нешто слично. Ако се користи на бормашина или гравирка, во право си, нема шанси да го погодиш центарот како што треба. Тоа може да се користи само за спрега, меѓу сајла и некој мотор, и тоа ако нема голем број на вртежи, ама на гравирка, нема шанси.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10856
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Димензии на навој на Dremel 300 и други модели
« Reply #5 on: 27.06.2018, Wednesday, 01:22:02 »
Пред некое време нарачав три футерчиња од ebay за копиите на Dremel MultiPro што исто така ги земав од Кинезите. Две стигнаа без опаковка (само пластично кесиче), ама една од нив беше во следното пакување.



Значи, ако случајно начекате футерчиња од Hilda кај нас, најверојатно се фаќаат на Кинеските копии на Dremel MultiPro со 8mm-тарски футер ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."