Страници: 1 [2]   Оди долу
  Отштампај  
Автор Тема: TV Vivax 32LE60 шасија TP.SIS231.PT85  (Прочитана 426 пати)
0 Члена и 1 Гостин ја гледаат оваа тема.
Toma
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 1081


Дали доблеста ви е приоритет...


« Одговор #15 пратена : 10 Август 2017, 15:22:00 »

Цитирано
.. со соодветни диоди...
Дали диодите се нови или втора употреба од иста лента?
Ако се нови дали ги знаеш карактеристиките на истите како струја и моќност ?

Цитирано
Зошто да не се стави на макс backlight-от
Тоа е исто како мотор да работи под “туража“ или “саух“ (choke) или поточно диодите при првото вклучување се на повисок пик напон и струјата е поголема од предвидената со нивните производни карактеристики а при максимум backlight имаме и максимална струја низ диодите.
Сочувана

Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! Зеленко
Наместо со - Цитирано - одговарај со - ОДГОВОР -
abece
Нов член
*
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 39


« Одговор #16 пратена : 10 Август 2017, 15:27:30 »

Втора употреба се, само знам оти работат на 3в.
Секако дека нема да е на макс backlightot, а и пред тоа backlightot бил е наместен на 50% и така го оставив.
Сочувана
Toma
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 1081


Дали доблеста ви е приоритет...


« Одговор #17 пратена : 10 Август 2017, 16:05:55 »

Ако се две ленти или траки треба да се како на сликата
 LED LAMP STRIP KB-FR-4 LE-600

Сочувана

Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! Зеленко
Наместо со - Цитирано - одговарај со - ОДГОВОР -
abece
Нов член
*
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 39


« Одговор #18 пратена : 10 Август 2017, 16:10:10 »

Не се овие, немам слики сега од лентите, но како што се секавам дупките за штравови се наогаа на средината.
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12567


Не фалширам


« Одговор #19 пратена : 11 Август 2017, 01:33:50 »

Зошто да не се стави на макс backlightot кога диодите се заменети со соодветни диоди, и напонот си е како што треба ?

Ова општо не е паметна работа.

Над 90% од проблемите со LCD телевизорите/мониторите, спаѓаат во три категории.

1) Проблеми во напојувачка секција. Најчесто подуени електролитски кондензатори, но може да се јават и други проблеми (пробиен SMPS трансформатор, изгорени SMPS контролери, зезнати оптокаплери, пробиени диоди, итн.). Тука спаѓаат и проблемите со напојувањата за неонките (CCFL) кај постарите модели на LCD телевизори.

2) Проблеми со неонките (кај постарите LCD телевизори). Најчеста ситуација е скршена неонка, па не работи ни едната ни другата (ни долната ни горната неонка од екранот), но имаш и ситуации каде што едноставно, со време... веќе престанува да проведува гасот во неонката. Како и да е, имаш три опции: фрли го мониторот/телевизорот, смени ги неонките (ова веќе не е опција бидејќи ги нема да се купат повеќе кај нас) или смени ги со LED strips (моментално, најевтина, но и најмакотрпна варијанта).

3) Зезнати LED диоди (кај поновите LCD телевизори). Кај телевизорите, најчесто диодите се сместени во таканарчени „кади“, а кај мониторите по краевите на LCD екранот (најчесто горе и долу, исто како што претходно правеа со неонките). Без разлика, изведбата може да биде сериска, паралелна или комбинирана. Кај сериските изведби (ова е најчеста ситуација кај LCD телевизорите), ако една LED диода откаже, сите не работат (логично, нема кој да го затвори колото). Ако ја преспоиш изгорената LED диода, ќе проработат останатите, но сметај дека ќе се јави дополнителен напон кој ги товари LED диодите уште повеќе од претходно. Ако ја смениш изгорената (изгорените) LED диоди, напонот на краевите на другите LED диоди нема да порасне. Без разлика, ако еднаш изгорела една LED диода, паметно е backlight-от да го намалиш бидејќи очигледно е дека ова е маана на тој модел (кој и да е). Ако не го направиш ова, ќе треба телевизорот да го отвараш на 5, 6 месеци и да менува по една или 2 LED диоди. Вака, со намален backlight, мирен би требало да бидеш барем година или две... можеби и засекогаш.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
abece
Нов член
*
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 39


« Одговор #20 пратена : 13 Август 2017, 17:54:58 »

Потполно си во право Гига за оваа, имам поправано и LCD монитори кои имаат проблем со backlightot поточно со неонките, и на секој уред backlightot го местам на 50% или помалко во зависност од моделот.
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12567


Не фалширам


« Одговор #21 пратена : 13 Август 2017, 19:52:41 »

Кај LCD мониторите/телевизорите со неонки не мора да го правиш тоа. Тие се трошат без разлика дали се поставени на minimum brightness или maximum brightness. Нема правило кај нив. Имам читано дека баш напротив, им го продолжуваш животниот век на неонките ако ги работиш на maximum brightness... до некаде има логика. Не го „мачиш“ гасот во неонката за да проведе (што во принцип го правиш ако е поставен на било која вредност под максимум). Колку е точно ова... искрено не сум проверил. Еднаш или два пати имам начекано монитори или телевизори со откажани неонки „од ништо“ (со време престанале да проведуваат), така да, не сум се замарал да видам на колку brightness биле поставени. Само знам дека и во тие неколку случаи што ги имам начекано, мониторот/телевизорот биле многу стари (мислам дека во едниот од случаите мониторот беше 15 години стар, така да... очекувано е да се случи вакво нешто).

Заборавив да ги напоменам и проблемите со T-Con-от, но бидејќи тие најчесто се средуваат со „смени цел панел“, затоа не ги ни наведов. Панел чини над 50% од вредноста на телевизорот/мониторот, така да, нема поента да се купува. Купи нов телевизор и готово. Ретки ситуации се оние во кои ќе откриеш каде е проблемот во T-Con-от и ќе го средиш... без да смениш панел се разбира.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
abece
Нов член
*
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 39


« Одговор #22 пратена : 13 Август 2017, 20:04:31 »

Почест проблем кај LCDто е инвертерот него ли неонките. Тоа што велиш за теоријата на неонките може и да си во право, но мислам дека не е така, поголема струја/светлина повеке Греење.
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12567


Не фалширам


« Одговор #23 пратена : 14 Август 2017, 00:12:50 »

Почест проблем кај LCDто е инвертерот него ли неонките.

Да, апсолутно. Чисто муабет околу самите неонки Шмекерко.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
Страници: 1 [2]   Оди горе
  Отштампај  
 
Префрли се на: