Author Topic: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2  (Read 816 times)

Offline totii

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
  • Gender: Male
Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« on: 11.08.2017, Friday, 19:32:33 »
Здраво колеги како што кажува насловот имам проблем со овој тв поточно проблемот е што несака да стартува,стендбај свети црвено кога ќе пробам да го вклучам се пали зелената диода на кратко и повторно се врака во стендбај.Ги проверив електролитите во хоризонталата,сумливите ги заменив го проверив и Q603 на негово место е BU508 не е оргиналниот некогаш е менуван но ми изгледа добар.Ве молам за помош.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10796
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #1 on: 12.08.2017, Saturday, 02:58:29 »
Пробај гаси изгаси го rail-от за хоризонтала (B+). Ако остане запалена зелената диода откако ќе го откачиш, значи имаш проблем некаде во хоризонталата.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1171
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #2 on: 12.08.2017, Saturday, 12:27:33 »
Quote
Ги проверив електролитите во хоризонталата
За кои електролити станува збор, мислам на позиција и вредност/работен напон.

Quote
...го проверив и Q603 ...
А кондезаторот C613 10uF 63V замени го со 22uF 63V.

Кондезаторите C623 и C826 се мерат извадени и тоа посебно!

Правило е при вакви ситуации да се исклучи врската со третиот извод од ВН трансформаторот и на местото на B+ да се постави сијалица во однос на минус (маса). Ако сијалицата свети тогаш проблемот е во како што напиша и GigaWatt во хоризонталниот излезен степен i после ВН трансформаторот (пример вертикален излезен степен). Во спротивно проблемот е „назад“ во напојувањето!

Забелешка за тебе и сите останали потенцијални баратели на помош!
Многу е штуро , сиромашно со податоци и историја на постанокот на проблемот!
Пример. На што се пожалил сопственикот и каква е неговата приказна за постанокот на проблемот.
Што ти (или некој кој го поправа ТВ-от) си прегледал, што си измерил, кој се напоните во stby (режим на подготвеност).
Сето тоа а и повеќе треба да се напише во првиот пост.


Овде имаш доста теми за шасија 11AK30xx
Code: [Select]
http://fanzo.org/forum/search.php?keywords=11AK30&terms=all&author=&fid%5B%5D=4&sc=1&sf=all&sr=topics&sk=t&sd=d&st=0&ch=300&t=0&submit=Pretraga
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline totii

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
  • Gender: Male
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #3 on: 12.08.2017, Saturday, 15:04:53 »
Значи вака најпрво го послушав GigaWatt го откацив В+ но ситуацијата не се промени,ги заменив и останатите електролити во хоризонталата иако беа исправни(заокружените на сликата)го заменив и C613 со 22uF 63V како што кажа Toma но сепак ситуацијата остана непроменета.Сучајно забележав ладен лем на  R667 означен на сликата го прелемив и запали,но се слуша зуене од кај високонапонското трафо,а BU508 премногу грее.Во врска со повеќе податоци за кварот од страна на сопственикот и јас би сакал да знам повеке но најчест одговор од нивна страна е НЕРАБОТИ  >:( >:( освен тоа некој го има чепкано пред мене,а ми го донесоа и без капак па и затоа не го знам моделот и не е напишан во насловот.

« Last Edit: 12.08.2017, Saturday, 22:54:48 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10796
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #4 on: 12.08.2017, Saturday, 23:04:20 »
Правило е при вакви ситуации да се исклучи врската со третиот извод од ВН трансформаторот и на местото на B+ да се постави сијалица во однос на минус (маса). Ако сијалицата свети тогаш проблемот е во како што напиша и GigaWatt во хоризонталниот излезен степен i после ВН трансформаторот (пример вертикален излезен степен). Во спротивно проблемот е „назад“ во напојувањето!

Да, заборавив да пишам да го оптовариш напојувањето за хоризонталниот излезе степен со сијалица. Со ова ја тестираш напојувачката секција за хоризонталниот излезен степен (B+).

Околу проблемот со зуењето и прегревањето на BU508, можно е високонапонскиот трансформатор да е пробиен. Ако имаш на располагање LOPT/FBT тестер, провери го со него. Ако е пробиен, ако можеш да најдеш заменски, замени го и види дали пак ќе зуи и дали ќе прегрева BU508.

Ако немаш LOPT/FBT тестер на располагање, извади го високонапонскиот трансформатор и визуелно провери дали некаде е напукнат. Ако е напукнат, пробај наполни ја пукнатината со силокон и види дали пак ќе зуи. Ако не зуи и ако не прегрева BU508, решен проблем, не мора да го менуваш високонапонскиот трансформатор, би требало уште долго време да работи репариран со силикон ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1171
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #5 on: 12.08.2017, Saturday, 23:35:09 »
Под услов BU508 (со кои суфикси A, D, AF, DF...) и‘ да е исправен (а оригиналот е BU808xxx или C5388 Sanyo) не е за тоа место и ако нема преправки може да грее а другото да е исправно. Затоа пожелно е да се стави сигурно квалитетен BU808xxx или C5388 Sanyo и ако и тогаш зуи трансформаторот, веројатноста да е неисправен е голема. Во пракса кога грее Хор. излезен транзистор, најчест причинител е трансорматорот.Кај оваа шасија најчесто трансформаторот се заменува со HR7950 кој е релативно ефтин (кинески).
Теми од овој форум и некои потребни податоци!
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10156.0
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11924.0
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13238.0
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13878.0
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline totii

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
  • Gender: Male
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #6 on: 13.08.2017, Sunday, 12:48:39 »
Го забележав тоа дека не е оргиналниот транзистор на него но во моментот немам BU808*** да го заменам за да поробам иако мислам дека проблемот ке е до него бидејки предходниот кој го чепкал тв-то најверојатно го има ставено овој BU508.LOPT/FBT немам но трансфорамторот е исправен,најдов ВН трансформатор го заменив но ситуацијата не се промени.Сега за сега ке почека додека набавам транзистор па откако ќе го заменам ке пишам дали проблемот се решил.

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1171
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #7 on: 13.08.2017, Sunday, 14:53:28 »
Не мора да чекаш. Ако си спремен пробај го оваа на сликата.

« Last Edit: 13.08.2017, Sunday, 20:32:24 by GigaWatt »
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline BOBO

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 87
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #8 on: 14.08.2017, Monday, 23:41:23 »
Една од темите кои ти ги постави Тома е моја.Го имав истиот проблем како и ти па и јас експериментирав.Ставиго оригиналниот BU 808 и ќе го решиш проблемот.

Offline totii

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
  • Gender: Male
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #9 on: 15.08.2017, Tuesday, 15:24:08 »
Како што пишав погоре го оставив тв-то да почека а јас да одморам :D кога ќе се вратам ке го заменам транзисторот и ке пишам каква е ситуацијата и дали проблемот е решен.

Offline gapostolski

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #10 on: 17.08.2017, Thursday, 14:40:19 »
bu808 dfi -HIGH VOLTAGE FAST-SWITCHING NPN POWER DARLINGTON TRANSISTOR
BU508AF is a High voltage NPN power transistor .
разликата е што оригиналот е дарлингтон со диода ,bu508 e обичен и затоа се грее толку.
Тома прати добар спој кој што добро функционира во недостаток на оригинал bu808dfi ,a ги има и доста оригинали со лош квалитет и се греат доста.

Споено мислење: [time]17 Август 2017, 14:10:27[/time]
во attach има доста проблеми на кои се наидува кај оваа шасија.Не наидов во претходните постови да госпомне некој вртикалниот степен,кај проблеми со него се јавуваат слични симптоми на стартање.
« Last Edit: 17.08.2017, Thursday, 15:21:26 by gapostolski »

Offline totii

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
  • Gender: Male
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #11 on: 08.09.2017, Friday, 15:54:15 »
Здраво колеги дојде времето да се вратам на овој телевизор го набавив транзисторот BU808 го заменив и телевизорот си стартува најнормално,но сега има проблем со сликата поточно преовладува жолта боја кога нема никаков сигнал значи кога има снег,а кога има сигнал сликата некако е бледа.Пробав со тримерите на вн трафо се менува фокусот и светлината на сликата но жолтата боја или бледата слика останува непроменета.Ве молам за помош околу овој проблем.

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1171
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #12 on: 08.09.2017, Friday, 16:58:00 »
Колкави се напоните на Rk, Gk, Bk.
Ако имаш регенератор, измери ја емисијата на катодите.
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -

Offline totii

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
  • Gender: Male
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #13 on: 09.09.2017, Saturday, 18:38:46 »
Регенератор немам а напоните се следниве:
G-35V
R-35V
B-192V

Online Toma

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1171
  • Gender: Male
  • Дали доблеста ви е приоритет...
Одг: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2
« Reply #14 on: 09.09.2017, Saturday, 20:37:43 »
G-35V  Индикација за лош екран под услов UG2 да е во границите на 300-400V
R-35V  Индикација за лош екран под услов UG2 да е во границите на 300-400V
B-192V Оваа катода воопшто не е во функција.
Голема е веројатноста дека екранот не е во ред !
Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! ;D
Наместо со - Quote - одговарај со - REPLY -