Страници: [1]   Оди долу
  Отштампај  
Автор Тема: Проблем со ТВ MEGA шасија 11AK30S-2  (Прочитана 269 пати)
0 Члена и 1 Гостин ја гледаат оваа тема.
totii
Ентузијаст
**
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 62



« пратена : 11 Август 2017, 18:32:33 »

Здраво колеги како што кажува насловот имам проблем со овој тв поточно проблемот е што несака да стартува,стендбај свети црвено кога ќе пробам да го вклучам се пали зелената диода на кратко и повторно се врака во стендбај.Ги проверив електролитите во хоризонталата,сумливите ги заменив го проверив и Q603 на негово место е BU508 не е оргиналниот некогаш е менуван но ми изгледа добар.Ве молам за помош.
Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12567


Не фалширам


« Одговор #1 пратена : 12 Август 2017, 01:58:29 »

Пробај гаси изгаси го rail-от за хоризонтала (B+). Ако остане запалена зелената диода откако ќе го откачиш, значи имаш проблем некаде во хоризонталата.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
Toma
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 1081


Дали доблеста ви е приоритет...


« Одговор #2 пратена : 12 Август 2017, 11:27:33 »

Цитирано
Ги проверив електролитите во хоризонталата
За кои електролити станува збор, мислам на позиција и вредност/работен напон.

Цитирано
...го проверив и Q603 ...
А кондезаторот C613 10uF 63V замени го со 22uF 63V.

Кондезаторите C623 и C826 се мерат извадени и тоа посебно!

Правило е при вакви ситуации да се исклучи врската со третиот извод од ВН трансформаторот и на местото на B+ да се постави сијалица во однос на минус (маса). Ако сијалицата свети тогаш проблемот е во како што напиша и GigaWatt во хоризонталниот излезен степен i после ВН трансформаторот (пример вертикален излезен степен). Во спротивно проблемот е „назад“ во напојувањето!

Забелешка за тебе и сите останали потенцијални баратели на помош!
Многу е штуро , сиромашно со податоци и историја на постанокот на проблемот!
Пример. На што се пожалил сопственикот и каква е неговата приказна за постанокот на проблемот.
Што ти (или некој кој го поправа ТВ-от) си прегледал, што си измерил, кој се напоните во stby (режим на подготвеност).
Сето тоа а и повеќе треба да се напише во првиот пост.


Овде имаш доста теми за шасија 11AK30xx
Код:
http://fanzo.org/forum/search.php?keywords=11AK30&terms=all&author=&fid%5B%5D=4&sc=1&sf=all&sr=topics&sk=t&sd=d&st=0&ch=300&t=0&submit=Pretraga
Сочувана

Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! Зеленко
Наместо со - Цитирано - одговарај со - ОДГОВОР -
totii
Ентузијаст
**
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 62



« Одговор #3 пратена : 12 Август 2017, 14:04:53 »

Значи вака најпрво го послушав GigaWatt го откацив В+ но ситуацијата не се промени,ги заменив и останатите електролити во хоризонталата иако беа исправни(заокружените на сликата)го заменив и C613 со 22uF 63V како што кажа Toma но сепак ситуацијата остана непроменета.Сучајно забележав ладен лем на  R667 означен на сликата го прелемив и запали,но се слуша зуене од кај високонапонското трафо,а BU508 премногу грее.Во врска со повеќе податоци за кварот од страна на сопственикот и јас би сакал да знам повеке но најчест одговор од нивна страна е НЕРАБОТИ  Љутко Љутко освен тоа некој го има чепкано пред мене,а ми го донесоа и без капак па и затоа не го знам моделот и не е напишан во насловот.

« Последна промена: 12 Август 2017, 21:54:48 од GigaWatt » Сочувана
GigaWatt
Глобален Модератор
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 12567


Не фалширам


« Одговор #4 пратена : 12 Август 2017, 22:04:20 »

Правило е при вакви ситуации да се исклучи врската со третиот извод од ВН трансформаторот и на местото на B+ да се постави сијалица во однос на минус (маса). Ако сијалицата свети тогаш проблемот е во како што напиша и GigaWatt во хоризонталниот излезен степен i после ВН трансформаторот (пример вертикален излезен степен). Во спротивно проблемот е „назад“ во напојувањето!

Да, заборавив да пишам да го оптовариш напојувањето за хоризонталниот излезе степен со сијалица. Со ова ја тестираш напојувачката секција за хоризонталниот излезен степен (B+).

Околу проблемот со зуењето и прегревањето на BU508, можно е високонапонскиот трансформатор да е пробиен. Ако имаш на располагање LOPT/FBT тестер, провери го со него. Ако е пробиен, ако можеш да најдеш заменски, замени го и види дали пак ќе зуи и дали ќе прегрева BU508.

Ако немаш LOPT/FBT тестер на располагање, извади го високонапонскиот трансформатор и визуелно провери дали некаде е напукнат. Ако е напукнат, пробај наполни ја пукнатината со силокон и види дали пак ќе зуи. Ако не зуи и ако не прегрева BU508, решен проблем, не мора да го менуваш високонапонскиот трансформатор, би требало уште долго време да работи репариран со силикон Шмекерко.
Сочувана

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."
Toma
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 1081


Дали доблеста ви е приоритет...


« Одговор #5 пратена : 12 Август 2017, 22:35:09 »

Под услов BU508 (со кои суфикси A, D, AF, DF...) и‘ да е исправен (а оригиналот е BU808xxx или C5388 Sanyo) не е за тоа место и ако нема преправки може да грее а другото да е исправно. Затоа пожелно е да се стави сигурно квалитетен BU808xxx или C5388 Sanyo и ако и тогаш зуи трансформаторот, веројатноста да е неисправен е голема. Во пракса кога грее Хор. излезен транзистор, најчест причинител е трансорматорот.Кај оваа шасија најчесто трансформаторот се заменува со HR7950 кој е релативно ефтин (кинески).
Теми од овој форум и некои потребни податоци!
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10156.0
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11924.0
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13238.0
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13878.0
Сочувана

Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! Зеленко
Наместо со - Цитирано - одговарај со - ОДГОВОР -
totii
Ентузијаст
**
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 62



« Одговор #6 пратена : 13 Август 2017, 11:48:39 »

Го забележав тоа дека не е оргиналниот транзистор на него но во моментот немам BU808*** да го заменам за да поробам иако мислам дека проблемот ке е до него бидејки предходниот кој го чепкал тв-то најверојатно го има ставено овој BU508.LOPT/FBT немам но трансфорамторот е исправен,најдов ВН трансформатор го заменив но ситуацијата не се промени.Сега за сега ке почека додека набавам транзистор па откако ќе го заменам ке пишам дали проблемот се решил.
Сочувана
Toma
Топ Експерт
*****
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 1081


Дали доблеста ви е приоритет...


« Одговор #7 пратена : 13 Август 2017, 13:53:28 »

Не мора да чекаш. Ако си спремен пробај го оваа на сликата.

« Последна промена: 13 Август 2017, 19:32:24 од GigaWatt » Сочувана

Ако си ја сакате Македонија пишувајте со македонски правопис !
           Дијалектот негувајте го дома, никој не ви пречи ! Зеленко
Наместо со - Цитирано - одговарај со - ОДГОВОР -
BOBO
Ентузијаст
**
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 87


« Одговор #8 пратена : 14 Август 2017, 22:41:23 »

Една од темите кои ти ги постави Тома е моја.Го имав истиот проблем како и ти па и јас експериментирав.Ставиго оригиналниот BU 808 и ќе го решиш проблемот.
Сочувана
totii
Ентузијаст
**
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пол: Електроничар
Порака: 62



« Одговор #9 пратена : 15 Август 2017, 14:24:08 »

Како што пишав погоре го оставив тв-то да почека а јас да одморам Cheesy кога ќе се вратам ке го заменам транзисторот и ке пишам каква е ситуацијата и дали проблемот е решен.
Сочувана
gapostolski
Нов член
*
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Порака: 3


« Одговор #10 пратена : 17 Август 2017, 13:40:19 »

bu808 dfi -HIGH VOLTAGE FAST-SWITCHING NPN POWER DARLINGTON TRANSISTOR
BU508AF is a High voltage NPN power transistor .
разликата е што оригиналот е дарлингтон со диода ,bu508 e обичен и затоа се грее толку.
Тома прати добар спој кој што добро функционира во недостаток на оригинал bu808dfi ,a ги има и доста оригинали со лош квалитет и се греат доста.

Споено мислење: [time]17 Август 2017, 14:10:27[/time]
во attach има доста проблеми на кои се наидува кај оваа шасија.Не наидов во претходните постови да госпомне некој вртикалниот степен,кај проблеми со него се јавуваат слични симптоми на стартање.

* 11AK30 VESTEL all chassis.doc (102 KB - преземено 7 пати.)
« Последна промена: 17 Август 2017, 14:21:26 од gapostolski » Сочувана
Страници: [1]   Оди горе
  Отштампај  
 
Префрли се на: