Author Topic: Проблем со Pioneer VSX-C300  (Read 1621 times)

Online dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 331
  • Gender: Male
Проблем со Pioneer VSX-C300
« on: 16.09.2017, Saturday, 13:21:45 »
  Имам два засилувачи PIONEER vsx-c300.
Едниот покажува на дисплејот amp err и 5 секунди по вклучувањето оди во standby  а другиот се однесува потполно исто само што не работи дисплејот
Ги пробав сите можни комбинации на плочи помеѓу двата засилувачи но секојпат исти резултат и двата после неколку секунди влегуваат во standby..
Некоја идеа зошто и двата засилувачи би се однесувале исто??
« Last Edit: 17.09.2017, Sunday, 18:01:50 by GigaWatt »
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2865
  • Gender: Male
Одг: Проблем со PIONEER VSX-C300
« Reply #1 on: 16.09.2017, Saturday, 14:21:44 »
Излезите во каква состојба се?

Online dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 331
  • Gender: Male
Одг: Проблем со PIONEER VSX-C300
« Reply #2 on: 16.09.2017, Saturday, 15:47:37 »
Ги немам проверувани излезите сеуште.
Двете плочи беа исправни, ги замени да видам дали ке работи дисплејот и на другиот засиоувач
Откако ја сменив плочата дисплејот проработи и почна да покажува amp err.
Ја вратив старата плоча дисплејот не работи а засилувачите оди  во standby  за 5 секунди исто како и со другата плоча само не работи дисплејот
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2865
  • Gender: Male
Одг: Проблем со PIONEER VSX-C300
« Reply #3 on: 17.09.2017, Sunday, 11:56:45 »
Епа амп ерор ти е ваљда дека појачалото има проблем, прво мего треба да го отклониш, па после плочата. Може и кодирани да се дисплеите т.е. да не пасуваат од еден на друг.

Online dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 331
  • Gender: Male
Одг: Проблем со PIONEER VSX-C300
« Reply #4 on: 17.09.2017, Sunday, 13:28:13 »
Проблем не се дисплеите и двата дисплеи функционираат на едната плоча  а на другата  не,  едната плоча (која не работи) има 5, 22 и 26 волти на пиновите на дисплејот а другата (која што работи) има 5  6.7 и 12 волти на пиновите на дисплејот.
Amp err  покажува бидејки има ДЦ на излезите од STK, вчера мерев и има -4.5в на сите излези од модулот.
Кога ги заменував плочите ги прелемив контактите н STK бидејки вибрираат ладилниците.
Најверојатно сум ги оштетил тогаш.
Сепак се ВРТИ !!!

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со Pioneer VSX-C300
« Reply #5 on: 17.09.2017, Sunday, 18:21:12 »
Значи колку ги мразам тоа засилувачите со STK, тоа е чудо >:(.

Извади ги и двата излезни засилувачи (за rear/center и за front) и види дали ќе го јавува истиот проблем. Ако не го јавува, најверојатно проблематични се излезните засилувачи.

Врати ги назад излезните засилувачи, прво тој за front, краткоспои го влезот и мери. На пинови 6, 7, 10 и 11 треба да имаш излезен напон околу 0V (може да варира малку околу нулата +-0.1V). Ако имаш било која вредност драстично поголема од оваа, измери колкав е влезниот напон (пин 1 и 15, 1 е за left, 15 е за right од STK402-040). Ако добиеш било која вредност различна од нула, проблемот е некаде во претходните степени. Ако добиеш вредност нула (0V), најверојатно е изгорен STK402-040.

Истото направи го и за STK-то за rear. Процедурата е слична, само треба да се снајдеш со различниот pinout.

Service manual:

Code: [Select]
https://elektrotanya.com/pioneer_vsx-c300_sm.pdf/download.html
Шемата за излезниот степен е на страна 28.

Провери го ова што го пишав, па ќе видиме понатаму ;).

EDIT: Само стои дилемата кој засилувач да го работиш прв. Јас би одел со тој кој на FL AC1 и FL AC2 од CN303 (CN4201) покажува симетричен наизменичен напон (колку што разгледав, напонот за дисплејот не се исправува) во однос на маса. Тоа се напоноте FLAC1 и FLAC2 од TRANS 2 ASSY (AWX7907). Колкави треба да бидат овие напони... не начекав во шемата. Во секој случај, по некоја логика, во однос на масата треба да биде симетричен... но, да бидам искрен, и не мора. Тој напон се користи само за напојување на VFD-то, така да, тој може и да е (како што и е, колку што разгледав, според шемата) сосема засебен и воопшто да не е дефинирана никаква заедничка точка меѓу него и останатите напони за напојување.

Ај вака, да бидам пократок, работи го оној засилувач на кој му работи VFD дисплејот ;).
« Last Edit: 17.09.2017, Sunday, 18:47:21 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Одг: Проблем со Pioneer VSX-C300
« Reply #6 on: 17.09.2017, Sunday, 20:24:12 »
Те чека многу работа во прелемување ;D

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13203.0

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со Pioneer VSX-C300
« Reply #7 on: 17.09.2017, Sunday, 23:46:07 »
Море добар е, барем не е со STK ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 331
  • Gender: Male
Одг: Проблем со Pioneer VSX-C300
« Reply #8 on: 18.09.2017, Monday, 00:05:57 »
Моментално и двата засилувачи се растурени :)
Ги проверив и двете плочи со стк и на двете плочи 2те стк се изгорени (со одлемини контакти од излезите на стк не покажува amp err).
Ке порачам стк па ке видиме како ке функционираат.
Сега останува да го направам едниот дисплеј или да го умрам и другиот :)
Плочата на која не работи дисплејот напоните кои одат до дисплејот се скоро дупла поголеми од плочата со исправен дисплеј, сите стабилизатори кои ги најдиов ги проверив се исправни. Незнам што би ги зголемило напоните на едната плоча.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
Одг: Проблем со Pioneer VSX-C300
« Reply #9 on: 18.09.2017, Monday, 00:29:20 »
Ајде погледни и овде за секој случај.
Code: [Select]
http://www.marole.dk/pioneer/pioneer.htm

Online dr-mr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 331
  • Gender: Male
Одг: Проблем со Pioneer VSX-C300
« Reply #10 on: 18.09.2017, Monday, 00:36:55 »
Гледав и таму.
Кај мене сигурно се отидени стк та и на двете плоч.
Порачав нови СТК па ке видиме.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2711
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Проблем со Pioneer VSX-C300
« Reply #11 on: 18.09.2017, Monday, 09:43:59 »
Нови оригинални STK... е практично невозможно да се најдат, а најголем дел од копиите се со ужасен квалитет, да не се чудиш ако поработи само десетина минути, ако и толку... Јас би ти препорачал да исфрлиш тоа и да си направиш нови излези со LM3886.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2865
  • Gender: Male
Одг: Проблем со Pioneer VSX-C300
« Reply #12 on: 18.09.2017, Monday, 20:44:35 »
Мисла дека пентата е во верзијата на стк-та, а дека се со лош квалитет-ужас се. Е сега за преправка со лм сериите све ми се чини ќе треба мн перипетии, премостувања прелемувања...

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со Pioneer VSX-C300
« Reply #13 on: 18.09.2017, Monday, 23:13:17 »
Никој не пиша дека ќе биде лесно... ама оди најди оригинал STK за некоја „нормална“ сума... или некоја солидна копија.

Затоа пишав, не ги сакам и преценети се. Квалитет на звук одличен, тинтири минтири ::), ама се ми е џабе кога заштита немаат никаква. Еве, самиот засилувач има заштита, најверојатно изреагирала, ама џабе, пак изгорело IC-то :S. Фала многу, јас ќе си се држам до транзисторски или до некои со некои полесно достапни интегрирани кола, по можност со интегрирана заштита.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2865
  • Gender: Male
Одг: Проблем со Pioneer VSX-C300
« Reply #14 on: 19.09.2017, Tuesday, 17:14:46 »
Имаат заштита, али тие се 20$+...Али истите транзистори се со ефтините.
Радо би проверен транзисторски засилувач, сепак далеку поедноставно е да прелемиш слично иц... зависи од намената нели....