Author Topic: Ми треба помош околу BTA25  (Read 1533 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10788
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #15 on: 25.09.2017, Monday, 07:49:38 »
Само гледам овие со оптокуплериве немаат потенциометар, најверојатно он/оф ги драјва, како пбм, значи ќе треба додатна електроника. Или зависи од напонот на оптокуплетор кога ќе окида ?

Штом има оптокаплер, каква сакаш може да ја направиш регулацијата. Дали PWM, дали класична, со сечење на синусоиди, каква сакаш.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2875
  • Gender: Male
Одг: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #16 on: 25.09.2017, Monday, 12:01:26 »
И бака ќе мо/е да се сечеи?  Дали некој разбира што е напишано, јас не!



Добро намерна примедба од Toma

Quote
„Својот културен и национален идентитет Хрватите настојуваат да го сочуваат преку хрватскиот јазик и образованието од градинката до универзитетот...

А каде сме ние македонците!
Дали имаме чувство за идентитет и литературен македонски јазик !
« Last Edit: 01.05.2018, Tuesday, 02:51:41 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10788
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #17 on: 25.09.2017, Monday, 15:11:52 »
Да, се разбира дека ќе може. Ова би била „класична“ регулација со триак, ама може и PWM да ја направиш ако сакаш.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2875
  • Gender: Male
Одг: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #18 on: 25.09.2017, Monday, 16:52:15 »
Со оптокуплер, према напонот на влез (3-30в) ќе зависи кај се сечи полупериодата? Не мора да е pwm, нека си е класика.
Патем...
Како се викаш?-Баги, ама настината сум :))) (инаку Маги се викала)
Де па ти за 2 симболи санки компајлер е ова :D
А стварно сум настинат може ми летнала некоја буква.....

Патем... со добра намера од Toma ...

Јас на мојата сваќа и реков дека не сфаќа дека bicikle не сфаќа што сакам да речам со моите добронамерни забелешки...
Џабе не рекле една нула цела кула така и со буквите...
« Last Edit: 25.09.2017, Monday, 18:11:01 by Toma »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10788
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #19 on: 26.09.2017, Tuesday, 03:14:21 »
Со оптокуплер, према напонот на влез (3-30в) ќе зависи кај се сечи полупериодата?

Не те разбирам баш што сакаш да кажеш со ова. Дали ќе зависи каде ќе се пресече полупериодата ако донесеш различен напон на оптокаплерот? Да, кога ќе е доволно висок или низок напонот за да окида триакот, тогаш ќе ја пресече полупериодата (ќе прејде од ON во OFF или обратно).

Ама не гледам поента да правам комбинација со оптокаплер ако сакам класична регулација, без PWM. Па и ако е со PWM, пак нема потреба од оптокаплер... освен можеби во индустриски околини каде има многу уреди, па се треба да е галвански одвоено, ама за домашна употреба, доволно е и галванско одвојување со пластичен потенциметар и класична високонапонска шема, без оптокаплер. Ако добро ја изведеш изолацијата, дури и ако некој вода истури врз целата конструкција, пак нема висок напон да се јави никаде. На пример, ја ставиш целата конструкција во пластична или метална кутиичка и ако треба да биде во близина на грејното тело (се разбира, тогаш треба да е метална), само стави силикон на спојките од кутијата. Ако е кутијата метална, ако сакаш може и по конструкцијата целата да ја залиеш во силикон, ако случајно мислиш дека некој сепак може да ја допре или да истури нешто врз неа (имаш бебче нели ;)).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2875
  • Gender: Male
Одг: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #20 on: 26.09.2017, Tuesday, 11:57:44 »
Мислев дека е подобра регулацијата со оптокуплерот, инаку секако си има фабрички метално куќиште кај што стоеше стариот прекинувачот безбедно изгледа ( мада на малово секаде му зо збира пртињата ;D ), али секако ќе биде пазено на изолацијата. Контола која почнува од помали снаги ми треба ради што просторот е мал за печката и за саат време се прави сауна( сега е директно врзана) па на секое треба да ја гаснам од штекер. Инаку ни мене ни на греачот ни е сосема небитно дали регулацијата ќе биде пмв или класична. Како о да е ќе пробам некоја од предложеноте шеми, зима иде :)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3212
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #21 on: 26.09.2017, Tuesday, 18:24:05 »
И бака ќе мо/е да се сечеи? 

ако тоа црното ти е кога тријакот не спроведува (според мене) е мааалце потешко зашто тоа ти е веќе trailing edge регулација што е по сложена и по скапа за изведба, а за еден грејач не ти треба такво нешто...
« Last Edit: 13.07.2018, Friday, 00:30:04 by GigaWatt »
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2875
  • Gender: Male
Одг: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #22 on: 26.09.2017, Tuesday, 20:25:28 »
обратно, црното спроводлив момент..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10788
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #23 on: 27.09.2017, Wednesday, 01:10:15 »
Мислев дека е подобра регулацијата со оптокуплерот...

Нема везе, сеедно дали користиш оптокаплер или не, конкретно од аспект на регулација. А од аспект на галванска изолација, да, дефинитивно посигурно е да се користи оптокаплер, ама како што пишав, барем според мене, за домашни услови, апсолутно непотребно... само запази ги класичните сигурносни мерки (пластичен потенциометар, пластично или бакелитно капаче) и нема проблем да имаш ;).

А за проведувањето, нема везе како проведува дали на растечки или опаѓачки раб. Греач е, ќе грее и вака и така ;) ;D.

Пробај ја таа шемата со грецот, мислам дека ќе ти одговара за тоа што ти треба ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2875
  • Gender: Male
Одг: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #24 on: 27.09.2017, Wednesday, 03:08:55 »
Да де чим е пластично шипчето за пот нема гајле, па внатре ако сака нека прај куршлуси, само да грее хехе. Инаку од што зависат вредностите на R4,5 и потенциометарот?
Дијакот не треба да е на 35 волти ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10788
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #25 on: 27.09.2017, Wednesday, 10:17:33 »
Вредноста на потенциометарот не треба да ја менуваш, добра е ;). Ако имаш 470K, може и таков да ставиш. Јас мислам дека ставив 1M со 1M отпорник врзан во паралела меѓу двата краја на потенциометарот за да добијам 500K (немав 500K на располагање :)).

Со R4 и R5 се одредува колку брзо ќе се празни C1. Со зададените вредности во шемата за 240V (56K), некако споро ми се празнеше, дури и кога беше 100nF, а со вредност од 100nF и некако не окидаше како што треба. На пример, ако си на почеток на окидањето (кога треба да почне да пропушта триакот дел од полупериодата), секоја втора или трета ќе ја пропуштеше. Како да немаше доволно голем капацитет за да може да го „погони“ триакот. Е кога го сменив со 470nF, веќе си окидаше како што треба, секоја полупериода, арно ама не се враќаше до нула (да пропушта само една полупериода) кога ќе го поставев на минимум потенциометарот. За празнење на онаа полупериода или дел од полупериода која „не треба“, се одговорни овие два отпорника, што значи дека не успеваат на време (за времетраење од една полупериода) сосема да го испразнат кондензаторот. И затоа им ја намалив вредноста, за да може побрзо да го празнат C1. Ги намалив на 15K. Е сега, не ми текнува точно колкава моќност поставив да бидат (мислам 3W или така нешто), ама пресметај според вредноста на мрежниот напон и нивната отпорност.

А за диакот... искрено појма немам каков беше. Мислам дека беше DB25, ама не ме земај за збор. Знам дека немав ниеден на располагање и LordZi ми позајми некои, мислам дека беа DB25. Диакот е помал проблем, би требало да работи со било каков диак.

Ова што го пишав, не го пишувам напамет, значи се е пробано и видено на осцилоскоп. Видов разлика меѓу оние „обичнине“ шеми само со диак и оваа со грец, има разлика во работата. Прва разлика е тоа што со оние обичнине имаш регулација само во еден квадрант, значи кога потенциометарот е на минимум се крати само половина полупериода (четвртина периода), а тоа ми беше премалку (барем за моите потреби). Втора разлика беше хистерезата. Навистина се елиминира хистерезата со оваа шема со грецот. Пробував, разгледував и во однос на број на делови и она што, горе долу, би ми ги задоволило потребите, шемата со грецот беше најдобар компромис. Имаш контрола на цела полупериода, за разлика од половина полупериода и се елиминира хистерезата... а бројот на делови е само плус 3 (ако го сметаш грецот како една компонента, јас барем така направив).
« Last Edit: 27.09.2017, Wednesday, 10:26:35 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online batka

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9351
  • оптимист до крај!
Одг: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #26 on: 27.09.2017, Wednesday, 16:50:06 »
Бицикле не глеледам проблем да си направиш проста регулација на напон од 3 до 30 В со еден LM 317 и врзи ја на опто-каплерот.Ќе имаш регулација без хистерезија со било каков триак. Просто и едноставно.Jaka  струја тука не треба! 8)

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=538.0
« Last Edit: 01.05.2018, Tuesday, 02:29:18 by GigaWatt »
Понекогаш неуспехот е голем напредок,особено ако сте ја уочиле причината за вашиот неуспех.Успех е ако направената грешка никогаш повеке не ја повторите,..Немој да помислуваш никогаш дека се знаеш- секогаш ке се најде некој да те подучи.За жал,во Македонија има премногу приврзаници на Марфи.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2875
  • Gender: Male
Re: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #27 on: 01.05.2018, Tuesday, 01:06:57 »
Иако помина зимата...
Сега ми се "вдаде" (по слободен сум)
Прво, молба до батка за риаплуд (до пола се oтвара, или па може е трајал верзија :) )
Втор, нели на линкот подолу е шема која има опсег од 0в до 220в, поедноставна ми изгледа ?
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4219,0
Благодарам.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10788
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #28 on: 01.05.2018, Tuesday, 02:21:15 »
Ај разгледај ја шемата... буквално иста е со онаа која јас ја имам post-ирано ;). Само се разликуваат вредностите на компонентите. Тие кои се наведени во шемата што ја има post-ирано во таа тема се поблиски до оние кои јас ги имам искористено за R1 и R2.

Ќе ја post-ирам и целосната шема со вредностите кои јас ги имам искористено во шемата од претходната страна, не е проблем ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2875
  • Gender: Male
Re: Ми треба помош околу BTA25
« Reply #29 on: 01.05.2018, Tuesday, 02:31:16 »
Поскоцкана ми се виде оваа хехе, дека со пцб :) Чим е истата да ја дотерам деновиве :)