Author Topic: Уште една DIY кинеска лемна станица  (Read 232 times)

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 153
Уште една DIY кинеска лемна станица
« on: 05.10.2017, Thursday, 00:22:21 »
Сите делови (од клипот) се земени од ebay освен трафото од член на форумот.
Куќарето стандардно од PSU фарбано со автолак спреј.

Не ме држеше срце а да не се пофалам, фала на сите оние кој што ми помогнаа во избор на делови и стручна помош :)

p.s. На моето хоби му нема крај :)







Hakko 936 ESD Safe
« Last Edit: 07.10.2017, Saturday, 02:43:26 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10600
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #1 on: 05.10.2017, Thursday, 01:16:25 »
Искрено ќе пишам, ама да не се лутиш ;) :).

Се е супер, ама маскава напред... не знам... не ми иде :S. Баш за бојата ќе ти пишев „е, што убаво му текнало“, ама маскава... ми расипа се.

Можеше да побараш од Zan веќе готова предна маса, баш за ATX PSU му беше правена (можно е и да ја имаше ставено во темата за Кинески лемни станици на форумов), одлично му беше направена ;).

Не ме сваќај погрешно, искрено, се ми се допаѓа кај изведбата, се е супер изведено, добро изолирано, средено, спастрено, цакум пакум, и бојата ми се допаѓа, не е класична црна или бела како кај повеќето лемни станици... ама маскава :S... Како да ти се скршило куќиштето на копија на Hakko 936, па си немал каде да ставиш се што било во неа... мене барем, таков впечаток ми остави маската.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 153
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #2 on: 05.10.2017, Thursday, 01:49:35 »
Маската заедно си дојде со плочката, друга идеја немав како да ја монтирам, гледав што помалку да бушам и да правам отвори на кукиштето + гледав место за трафото да има.
Бојата не ја бирав, тоа што имав по дома, со тоа фарбав :)

Како и да е добредојдени се сите критики, сепак ова ми е прв DIY проект.

п.с. Giga
Како што те разбрав, требаше маската да ја ставам точно во центар!? Или?

едит:
Разгледав во темата „кинески лемни станици“, сликите од Zan веќе ги нема, а чинам дека нема поставено за предна маска никаде.
Ако се најде идејно решение, ќе го дотерам надворешниот изглед :)
« Last Edit: 05.10.2017, Thursday, 02:06:57 by krema »

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2688
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #3 on: 05.10.2017, Thursday, 10:05:31 »
Најнапред со здравје да си ја користиш лемната станица и долго нека те служи... :D
Како за прв проект добар е ;), мене не ми смета толку маската, во слична ситуација најверојатно и јас така би ја монтирал, битно е да работи. Ако веќе гледаме, мене лично повише ми боде очи трафото, кое што е overkill за лемна станица, преголемо е. На страна тоа што нема изолација над намотките од секундарот, ама тој изводот за 380V ептен ми боде очи, кога ќе донесеш напон на изводот за 220V (230V по ново), на тој од 380V исто имаш напон (400V по ново). За тој напон лемната ушка ми е некако преблиску до штрафчето за монтирање, а свашта сум се изнагледал по уреди, верувај, една бубачка да влезе може да ги преспои тие две точки и ете беља... јас би ја свртел ушката подалеку од штрафчето и би го изолирал тоа малку подобро, на пр. со течна пластика или сл...
Just my 2 cents... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10600
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #4 on: 05.10.2017, Thursday, 11:10:23 »
Маската заедно си дојде со плочката, друга идеја немав како да ја монтирам, гледав што помалку да бушам и да правам отвори на кукиштето + гледав место за трафото да има.

...

п.с. Giga
Како што те разбрав, требаше маската да ја ставам точно во центар!? Или?

Ако правеше своја маска, нема да има уште кој знае колку повеќе дупки. Можно е да нема ниедна повеќе, зависи како ќе ја изведеш.

Како прва опција, на пример, можеше да ја изведеш со дебела самолеплива хартија во некоја боја (жолта, зелена или некоја друга, која сакаш, по избор). Ако е доволно дебела хартија, не мора ни да е самолеплива, може да биде и обична, па да ја залепиш со некој лепак. Спомнувам „ако е доволно дебела“ бидејќи ако не е, кога ќе го ставиш лепакот, може да пробие од другата страна и да изгледа како да е мокра на местата на кои е ставан лепакот :S. Ако е дебела, од моето досегашно искуство, барем со потенок слој Неостик, не пробива од другата страна ;). За да ја заштитиш од надворешната страна, може да ставиш леплива проѕирна фолија. Не знам која е цената, ама барем јас лично, никогаш немам купено, а место леплива фолија, користам проѕирен селотејп. Е сега, проблем е само тоа што, поради големината на предната маска, ќе треба да ставиш два или три реда и да пазиш да не направиш набори или воздух да не влезе, ама и да влезе, лесно се решава и тоа ;), ќе направиш мало дупче со игла на местото на кое се направило балончето и ќе се испушти воздухот, потоа само ќе го стиснеш салотејпот на тоа место и готово ;). Ако мислиш дека проблем ќе ти бидат дупчињата на таа страна од ATX куќиштето, не се секирај, под подебела хартија нема да се познаваат, ниту пак ќе ги осеќаш при стискање ;). Евентуално може да ставиш мало лимче од внатрешната страна на дупката од каде излегуваат каблите за ATX-от и да го залемиш за самото куќиште. Ако сакаш да биде во ниво со предниот панел, направи лимче со адекватни димензии (големо колку дупката од прилика), постави ја кутијата од таа страна на работна маса, намести го лимчето на местото на дупката (за да биде во исто ниво, во иста рамнина со остатокот од лимот) и пак леми ;). Нема да се познава ништо, ќе видиш ;). А ако сакаш ептен профи да биде, може и кај дупките за ладење на ATX-от да нашибаш калај и потоа да го стругаш со гравирка дур не дојде до исто ниво (рамнина) со лимот ;).

Ова е лесно изводливо во домашни услови. Се разбира, има и многу подобри и поскапи решенија. На пример, може целосно да го извадиш лимот од предната страна (од страната на маската), да оставиш мал дел за шрафење на долната страна и да ставиш ново алуминиумско или железно парче, да го изгравираш со CNC или ласерски (може и со сито печат да го правиш, како сакаш) и потоа тоа се да се зашрафи за остатокот од кутијата ;). Најверојатно ќе треба и да го закривиш горниот дел за шрафовите, за што ќе ти треба и апкан.

Како што пишав, овие изведби веќе бараат помош или услуги од други луѓе, така да, онаа изведба што ја пишав прва мислам дека ти е најдобро решние во домашни услови, а и не е скапо ;). Ти треба само дебела хартија, лепак, ласерски печатач, селотејп и стрпливост ;).

Бојата не ја бирав, тоа што имав по дома, со тоа фарбав :)

Без разлика, не си ја оставил металик сребрена ;). А и налепниците си ги извадил колку што видов ;).

Како и да е добредојдени се сите критики, сепак ова ми е прв DIY проект.

А, епа добро тогаш, се простува ;). Бидејќи си подолго време на форумов, мислев дека и нешто друго имаш правено, ама поради X причини, не си го презентирал ;).

Ајде, со среќа нека ти е и секој нареден нека ти е подобар од претходниот ;).

Разгледав во темата „кинески лемни станици“, сликите од Zan веќе ги нема, а чинам дека нема поставено за предна маска никаде.

Пиши во темата или пиши му на Zan ПП, ако сеуште го чува CDR фајлот (претпоставувам во Corel ја има работено предната маска), сигурен сум дека ќе ти го прати фајлот ;). А ти ако сакаш, потоа може да си го преправиш и по твој терк, ако нешто не ти се допаѓа ;).

@LordZi: Сега го забележав тој 380V-ниот извод. Инаку да, во право си. Ама може и само да го одлеми тој вод од ушката, да го свитка и да стави малку подебело панцир црево околу него и на крај панцир цревото да го залепи со супер лепак за некој дел од трафото (по можност, некој дел кој не е метален ;)).
« Last Edit: 05.10.2017, Thursday, 11:17:43 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2688
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #5 on: 05.10.2017, Thursday, 12:04:17 »
Сега го загледав и другиот крај од примарот („заедничкиот“), и тој ми е преблиску до штрафчето, може да го свртиш малце навнатре... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5248
  • Gender: Male
  • admin[@]elektronika-mk.net
    • Македонски форум за електроника
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #6 on: 05.10.2017, Thursday, 12:38:49 »
Пред некој ден ја гледав и јас оваа на ebay, за некои си 25$ можеш да ја нарачаш на делови и тоа
- сет од сите можни врвови што одговараат (10-тина парчиња)
- 2 рачки за лемење со греач без врв
- контролниот панел
- куќиштето, пластично и со оригинални димензии како на  станицата што е

Јас се мислев за нешто такво да нарачам :/
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила, куќните правила на форумов се овие правила. Почитувај ги куќните правила!

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 153
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #7 on: 05.10.2017, Thursday, 19:21:42 »
Вака,

за финиширање не ме бива баш до толку, знам дека изгледа малку фушерајски и дека некои работи бодат во очи, доколку имам можност ќе ја дотерам предницата за да заличи малку од малку. @Gigawatt, фала за инструкциите :)
А што се однесува до ушите на трафото не се толку блиски до шрафовите, но сепак тоа ќе ми биде приоритет да ги изолирам најдобро што можам, сепак како што наведе @Lordzi да се избегнат шансите за краток спој од разноразни бубачки кој би можеле да влезат од отворите на кукиштето.

Во однос на намотките од трафото, да, не се изолирани, но уште пред да го монтирам трафото, на долниот дел од куќиштето под трафото (може да се виде од сликите) имам залепено преку целата површина исечено четвртасто парче од внатрешна гума за коли, исто такво парче имам залепено и на капакот од внатрешната страна, ваквата изолација ја направив за да елиминирам било каква можност за допир на трафото (или некоја од жиците) до кукиштето.

@Lordzi
А за overkill на трафото, долго време барав и не можев да најдам соодветно (некаде барем 2,5А), ова трафо кај мене е малку над 4А и добро е што го собра во кукиштето :D  хехе Станицата е тешка како олово :)
btw ... фала за забелешката :)

@Devil
Треба да планираш и трафо за целиот кит, трафото во овој случај е пола од цената на целата лемна станица.

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2688
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #8 on: 05.10.2017, Thursday, 20:03:23 »
А за overkill на трафото, долго време барав и не можев да најдам соодветно (некаде барем 2,5А), ова трафо кај мене е малку над 4А и добро е што го собра во кукиштето :D  хехе

Има во логинг 50-ватни 2х12V тороидчиња за неполни 800ден. кои се измислени за лемна станица, чисто како информација ако некој друг прави... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

LightCraft Studio

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 153
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #9 on: 05.10.2017, Thursday, 21:28:47 »
Quote
Има во логинг 50-ватни 2х12V тороидчиња за неполни 800ден

Ова ќе му дојде 2А, ќе биде поспора станицата, побавно ќе ја постигнува температурата. Како што се сеќавам за оваа плочка и рачка најдобро ќе биде трафо меѓу 2,5 или 3А, односно 60 до 70w.

Како и да е, мене не ми пречи големината и тежината на трафото, не планирам да ја шетам со мене + нема да загрева трафото :)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 777
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #10 on: 06.10.2017, Friday, 18:43:04 »
Во темата за кинески лемни станици, додадов фајлови нацртани во Corel и поставив нови линкови за сликите.
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10728.msg120822#msg120822
Жан

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 153
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #11 on: 06.10.2017, Friday, 21:24:12 »
@Zan
Фала :)

Инаку ушите ги изолирав со термо шринк, така да од таа гледна точка овој недостаток е среден. :)
За предницата имам неколку решенија, но за тоа малку подоцна.
Фала ви на сите :)

« Last Edit: 07.10.2017, Saturday, 02:47:21 by GigaWatt »

Online bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2778
  • Gender: Male
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #12 on: 06.10.2017, Friday, 22:57:41 »
Во случај да ти текне да ставаш изолирани уши или папучи
Code: [Select]
http://www.lira.com.mk/index.php/mk/proizvodi/elektromaterijali/kabel-papuci-cauri-tuljciНе рекламирам, само инфорирам, секако добро би било и некој друг ако знае кај би се набавиле вакви ситнурии да пише.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10600
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #13 on: 07.10.2017, Saturday, 02:54:31 »
Море кога ќе стегне калај... не верувам на ништо друго освен лемење. И да ставам некаков вид на стеги, ставам само ако е сијалица или некој друг потрошувач до кај 200W, се над тоа, освен ако не е греач, се знае, само лемење. А и кај грејни тела, ако треба да се надоврзуваат жици, не ставам лустер клеми, папучи или нешто слично. Тоа само на крајот, каде што апсолутно не може да се примени лемење поради толина (клемите што се врзуваат за греачот). Се друго... леткум, калај, цинол или некоја друга паста за лемење, панцир црево и изолир трака. Само така работам. Премногу пати се имам зезнато со стеги и слични глупости. По две, три години континуирано користење... нешто почнува да мирисааа... веднаш ми е јасно ::). Или е некоја стега, лустер клема, папуча или нешто слично. Иди залеми ги, да видиш дали пак ќе ти мириса ;).

@krema: Со здравје да си ја користиш ;). И ако ја средиш предната маска, стави слики и од тоа ;). Zan ги има ставено работните верзии во Corel, така да, може да ги преправаш како сакаш до немај каде ;). Јас би ја доџиџал уште малку предната маска ;D. Ако ја печатиш на хартија, може и transparent layer да ставиш со нешто... оганче, змејче, alien, некој трајбл ;D... абе ко тетовирана ќе биде, знаеш како ќе и стои, па па па... ;D ;D ;D.
« Last Edit: 07.10.2017, Saturday, 03:02:39 by GigaWatt »
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2778
  • Gender: Male
Одг: Уште една DIY кинеска лемна станица
« Reply #14 on: 07.10.2017, Saturday, 04:50:18 »
Секако дека може на крај да го калаисаш, али ако е добро стегнато па уште некоја изолација од типот на силикон/термо шринк 10 год мака не гледа. А да тие лустер клемите знаат да зезаат, освен ако не се квалитетни керамички. ( ама и не се баш лустер тие)
Инаку цинол ако е за "outdoor" употреба не би рекол, се имам 2-3 пати зезнато...  калофониум најсигурна работа а и најефтина. Фаќа корозија од цинолот.
Како и да е овде струите се 2-3 ампери, трафото е масивно, деловите се добро распределени, влага нема да има нешто посебно, краевите колку што гледам калаисани, добро изработено би требало да се служи долго време.
Патем за ситуации кај што е местото кнап а треба солидна изолација, како кај штрафчињата и изводите ( мада овде може да се потргнат жиците ) санитарен силикон, од тој прозирниот, најобичниот, крепи и киловолти. Секако треба да се исуши барем ден два.
Со здравје да се користи ! :)