Author Topic: Проблем со LG FFH-185AD  (Read 161 times)

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Проблем со LG FFH-185AD
« on: 06.10.2017, Friday, 14:23:45 »
За вовед, не ми е планот сам да го отварам, нити поправам уредов. Прашувам за да видам до каде е моево досегашно самообразование, дали сум разбрал нешто од електрониката.
Станува збор за Stereo Compactdisc cassette receiver LG FFH-185AD. Системот беше вон електричната мрежа. При вклучување во истата, веднаш, без да биде вклучено копчето Standby/ON, даде гласен звук на звучниците. Звукот уствари е ripple, претпоставувам македонскиот израз е брум. Звучи како трафо да е приклучено на звучниците. Пробав да го вклучам копчето Standby/ON и дисплејот се вклучи. Но ништо не се промени со брумот. Ниту копчето за volume не реагираше. Звукот како да е на максимум постојано и се додека е вклучен во мрежа системот.
Немам искуство, но сакам да анализирам. Ја надов шемата на уредот и она што ми дојде како идеја е дека најверојатно има проблем со излезниот степен. Тука тоа е TDA7265. Колку можам да заприметам, единствено ова коло влече струја директно од трафото. Се останато е преку напонски регулатори. Не сум баш сигурен, но претпоставувам на прв поглед, дека TDA7265 е во краток спој и пренесува директно на звучниците.
Уште еднаш, не сум отварал ниту мерел и претпоставкава ми се темели единствено на куса анализа на шемата и заклучокот дека се останато е исклучено, а само TDA7265 влече струја. Уредов ќе си оди на доктор  :)  
Што викате, дали има логика во мојава "теорија"?
Тука може да се види и шемата
Code: [Select]
https://app.box.com/s/nkqz3i9tbwyjuwfu2jia97p7237xv3x1
« Last Edit: 07.10.2017, Saturday, 03:09:38 by GigaWatt »

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 10753
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со LG FFH-185AD
« Reply #1 on: 07.10.2017, Saturday, 03:17:28 »
Да, има логика теоријата. Земи сигнал од C701 и C751 и донеси го на засилувач. Ако има звук, значи точна ти е теоријава. Ако нема или пак бруи, значи има некој друг проблем.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."